Каква промена мислите дека треба да направам со мојата коса?

Дискусија во 'Коса' започната од miss-sunshine, 31 јануари 2013.

  1. miss-sunshine

    miss-sunshine Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Здраво Ladies :)
    Значи мојата коса е долга во паралела со дијафрагмата, а бојата е светло лешникова.
    Ми треба некоја промена која што не би се состоела во екстремно кратење, туку во промена на боја.
    Бтв, имам темни очи и прилично темен тен :)

    Некој совет??
    Ви благодарам :*
     
  2. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    2.037
    Пол:
    Женски
    Каква промена мислиш дека треба да направиш со твојата коса ? :)
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.840
    Допаѓања:
    75.803
    Пол:
    Женски

    Ако ти е тенот потемен си помислила ли да се офарбаш црвенокоса? :)
     
    На redheaded му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.781
    Пол:
    Женски
    Ишишај се (избричи се) "лустер", да не му ја мислиш многу што како, вака мирна глава.
     
  5. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    267
    Браво за вас, многу и годеа советите. |(
    Ако не ви се свиѓа темата, можете да ја прескокнете, т.е едноставно да не ја читате. Секој можи на форум да се однесува како светот околку него се врти, демек се знае. Господ да чува.
    Он топик. Можеш да си направиш некои прамени посветли (накај плаво) и потемни (накај кафе темно) и повеке ке ти дојде до израз косата...позз
     
    На Elena..T, SimonaTino и miss-sunshine им се допаѓа ова.
  6. CocoLady

    CocoLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    76
    Да ти кажам би можела некако да ја ишишаш на пример на степен и офарбај ја некоја друга боја што ти би сакала .. :)
     
  7. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.706
    Пол:
    Женски
    незнам за тебе..Но јас мислам вакво нешто да направиш.. (сепак ако немаш повеке од 25 год ;) )
     

    Прикачени фајлови:

  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    19.697
    Пол:
    Женски
    можес да ставис некоја фото од твојата коса :) мислам би добила подобри совети(барем од мене) :)
     
  9. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Може ќе прочитате, може не ама сакам да прашам :lol:

    Јас сум бринета со долга коса и ми е скоро рамна. Природната ми е виткана (не премногу, убави локни имам кои почнуваат од самиот корен, не се ситни така накршени се и преубаво изгледа). Одам често кај една фризерка што ме фенира и си ја исправувам понекогаш за да имам и права коса. И така ми стои убаво. Имам мало лице. Косата ми е ПРЕУБАВА и си ја обожавам но, сега е жешко и пошто неможам да ја носам пуштена оти ми е густа и долга, ја носам во репче. Ама џабе ми е репчето коа ми е долга косата и исто ко да не ми е врзана. И плус тоа сакам да сменам оти долго време ја носам долга а преубава ми е. Ќе ми стои и кратка до коса до под раменици ама сепак не ми е сигурно.

    [​IMG]
    Инаку вака ми е виткана само замислете долга и бринета. Е сеа ако ја скратам може да се разбушави или да биде погуста и страв ми еее :sweat: Инаку не ми викајте да ја фарбам, к'на да и ставам, колор шампон, шатирање, прамени, омбре оти сум алергична и не поднесувам никаква боја за коса :worried:
     
  10. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    719
    Пол:
    Женски
    Девојки дај кажете нешто слично на колор шампонот, што паѓа постепено со секое миење ама не толку брзо како колорот. Во парфимерија ми рекоја да земам фарба со амонијак и се мијала како колорот, само подолго ја држела бојата.. Дајте некој совет, или препорачајте ми нешто :roll:
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.957
    Пол:
    Женски
    Имам долга црна коса до половина. Но сакам да ја скратам до раменици...би одела и на пократко ама после нема да можам ни во најмало репче да ја врзам. Значи сакам онаа должина во која ќе можам макар мало репче да фатам на жешково. Утре си закажав да одам на фризер,....а немам никаква претстава како да се шишам...ве молам дајте некоја идеа, слика...
     
  12. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    ^
    Па Сноу еве нешто од мене онака чисто колку да имаш некоја замисла.
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    А ако сакаш да видиш на твоето лице како ќе стои некоја форма на коса и друга боја, може знаеш за страницава, а може и не, па еве тука можеш најубаво да видиш како ќе ти стои некоја форма на косата, јас така правам :lol: :rofl: http://www.taaz.com/
     
    На Dimkovska123 и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  13. susi

    susi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    здраво сакам да направам промена со косата да сменам малце, а бојата ми е наки темно кафена , долга ми е некаде половина до грбот, и имам зелени очи ,овална форма на лицето и косата секогаш ја носам пуштена. не ја фенирам но малку ми е разлетана сакам да ми е мазна. некој совет од вас шо ќе ми стое некое фризурче. :) фала однапред