Каква улога треба да има градинката за децата кои престојуваат во неа?

Дискусија во 'Дете' започната од forumce, 26 октомври 2021.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.701
    Допаѓања:
    40.072
    Пол:
    Женски
    Инспирација за оваа тема ми е коментарот на една баба на дете кое оди во градинка со мојата поголема ќерка. Воспитувачката им даде песнички кои треба да ги научат за приредбата која следува и јас го прашувам детето дали ја научил, а бабата на тоа одговара со: Пу, тоа ли е градинка, знае се што е градинка, да ги чуват, да ги заиграт, а не само обврски да им дават и на децата и на родителите. А детето оди само 2 месеци во градинка. Баш непријатно се изненадив од коментарот. Јас сум задоволна од сите активности кои ги прават децата во градинка, мојата има научено многу работи таму.
    Што мислите вие дали во градинката треба децата треба само да се дружат и згрижат и дали е потребен тој воспитно образовен карактер кој треба да ги припреми за понатамошно образование?

    *ако сметате дека нема да има дискусии нека се избрише темата
     
    На MilaSs12, mal.ecka, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.634
    Пол:
    Женски
    Темава повеќе ми дојде како какви очекувања имаме ние од градинката?!

    Очекувам да е згрижено меѓутоа и да има поента времето кое го поминува таму.На таа возраст највеќе на што треба да се посвети внимание мислам дека е осамостојување на детето.Дома се трудиме многу,меѓутоа таму постои она што го нема дома,деца на слична возраст кои се натпреваруваат кој побрзо ќе изеде кој подобро ќе нацрта.Учат на различности.Еве кај поголемиот во група имаме аутистично дете,па учат дека постојат поинакви деца,да се солидаризираат,помагаат на учителките околу него.Сами да се бришат после тоалет,да се облекуваат соблекуваат сами.Да си соберат играчки.Да делат.Учат и многу други нешта,овошја,зеленчук, сообраќај,корона,песни еден куп.Се спремаат и за завршна приредба,играат на две песни.Учат и ора.Надвор се често,машките играат фудбал,девојките ластик.
    Син ми брои до 100 и повеќе,ги знае буквите,сам ги научи,воопшто не е форсиран,ама што ми вреди ако догодина појде на училиште и незнае носот да си го избрише,облече соблече јакна.А многу учителки кажуваат дека баш тоа децата не го знаат на училиште.Врвки незнаат да си врзат.
    Мислам дека повеќе доаѓа до израз тој воспитно образовен карактер на училиште него во градинка.
    Според мене треба од се по малку во градинка.
     
    На glosipgirl, Гладиоли, boo3 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Бидејќи немам деца, ќе си кажам за мене од онаа малку што се сеќавам на градинката. Ако немаше никакви активности ќе беше само караници за играчки, јадење, спиење и крадење кикици. Не знам како е сега, но во мое време се учеа песнички за годишно време, празници се на се дали во тек на една година 10 ќе имавме. Во тие години децата од тв шо слушаат песни ги паметат, така да умерени образовни активности се супер за развој на дечињата.
     
  4. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ако не им даваат активности децата никогаш не би ја засакале. Ке ја замислуваат како казна. Доаѓаат па ајде да јадете (има деца што мислам казна им е да јадат) , ајде на нокшир (исто додека се во фаза на одвикнување им доаѓа како казна) ајде еве ви играчки и карај те се кое е од кого , ајде сега спијајте ( казна трауматична) и кога ке станат ајде јадење....
    Зошто да не учат што е тешко? Секако се во фаза каде што мозокот им е сунгер ако не ја научат песничката сигурно ке научат некој наш муабет т.е од бабата со другарката.
    Јас сум за повејќе активности. Не мислам математика и логика. Но песнички,боење,учење за годишни времиња,фискултура и се она што е прилагодливо за нивна возраст апослутно
     
    На glosipgirl, Гладиоли, Oneo и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.201
    Пол:
    Женски
    Се сложувам дека треба да имаат активности кои влијаат врз физичкиот и психичкиот развој, се социјализираат, ги тераат да мислат и имаат логички игри. Сепак градинката ги подготвува за во училиште нели :) ама давање на децата задачи за дома, па и не сум баш за.
    Времето поминато дома со родителите треба да биде релаксирано и со по-опуштени активности, разговор, читање приказни, цртање, готвење и слично.
    Учењето песнички го оставам за во градинка.
    И мајка и дете се уморни на крај од денот и наместо да уживаат заедно, тие два часа ќе поминат во учење песничка.
    Да ги оставиме децата да си го живеат детството, а песнички се учат кога се сите заедно и сконцентрирани на тоа. Плус како што кажа @simona_baby се натпреваруваат меѓу себе, и полесно ќе запамтат.
     
    На pianogirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.573
    Пол:
    Женски
    Ние па сите сме среќни кога има песничка за учење. Си ја повторуваме, си аплаудираме, таа се радува дека научила. Што има лошо во тоа песничка да спремаат и дома да се повтори. Поарно песничка ќе учиме, отколку таблетот в раце и терај!
    Кај ќерка ми во градинка учат за планетите, за растенијата, за човечкото тело итн, на едноставен начин за нивната возраст. Па одговараат, ги снима учителката, ни ги праќа... после дома заедно гледаме заедно, па се гордееме, се радуваме. Сега кога шетаме вика, види мамо дрвото има корен, стебло и лист, па бараме растенија ги покажуваме деловите. Ништо форсирано, се со љубов, со кејф.
    Мене многу ми е драго што учат во градинка отколку само да денгубат колку да се згрижени, и да збеснуваат 8 саати.
     
    На pianogirl, Гладиоли, Oneo и 7 други им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.701
    Допаѓања:
    40.072
    Пол:
    Женски
    Кога имаат приредба малце е потешко да ги учат песничките таму, оти секое дете различна песничка треба да науче, па затоа си ги учат дома. Имаат и една заедничка, ама таа ја учат сите заедно таму. Во овие 2 години дали 3,4 песнички за дома им дале да научат, секако прво таму им ја читат па дома е полесно оти веќе скоро ѝ да ја знаат. Мене ми е глупаво мислењето дека градинката е само за да се чуват децата и да си играт. За детето од примерот погоре, негувателката ѝ рекла на мајката да го учат дома сам да се пресоблекува, а мајката ми кажува Па зошто била таа таму, требала негувателката да го науче:^). Никако не чини
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    22.800
    Пол:
    Женски
    И пак бабата кажува што и како мисли.
    Мене искрено малце ми фали тој период на приредби, односно ние не ни дочекавме приредба. Со коронава кај нас се е забрането. Учат песнички, ама онака општо и дома не ни дале никогаш.
    Баш зборевме со учителката дека многу им е криво што нема можност за претстави како што правеле порано.
    Ама малава се што прават таму сака, а и таму полесно учи.
    Убавината е во тоа што таму се е низ игра и на соодветен начин според возраста.
    Да, сакам кога учат ново и не ми пречи.
    Времето и е исполнето, па после ни останува време дома за се друго.
    Кога е дома и е досадно, збеснува, плаче, не знае што со себе, бара друштво за игра.
     
    На Гладиоли, Mnik, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.701
    Допаѓања:
    40.072
    Пол:
    Женски
    Kaj нас ќе ја снимаат со телефон приредбата и ќе ја стават на страната на градинката. Родителите нема да присуствуваат
     
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.634
    Пол:
    Женски
    Кај нас завршната приредба ќе се одвива надвор во дворчето,барем таков е планот сега за сега.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.816
    Пол:
    Женски
    Според мене последната година пред школо треба да е едукативна, за спремање за школо, нешто како забавиштето кога беше порано.
    До тогаш, се треба да се одвива преку игра и само игра.
    Градинките имаат далеку поголема улога во денешно време зашто децата повеќе време минуваат таму отколку со родителите, па соодветно мора и да преземе нешто што би требало родителите да го научат детето. Ама, истото да е низ игра, да имаат слобода исто и за слободни активности.
     
    На gjoker4e, glosipgirl, Гладиоли и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    По коментариве многу од градинките не си ги вршат обврските и функцијата. Покрај згрижувачки карактер градинката има и образовна функција. Има програма од министерството за образование која учителките се должни да ја спроведат. Колку што памтам првиот учебник го имаа на 3 години, со цртање, линии, учење за годишни времиња и слично. На 4 години веќе има 3 книги, меѓу кои и математика. Значи тоа не е класично учење како во школо, учителката да предава и овие мирни да седат и слушаат, туку запознавање преку активности и образовни методи преку разни игри.

    Греота е да ги оставиш на таа возраст без никакво образование, и фактот дека дури ни родителите не се запознаени со тоа, кажува многу за тоа во кој правец се движиме како општество.
     
    На Luciferka, Ladybug98, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Градинката има воспитно-образовна функција. Значи не е само за згрижување на децата. Тука е да ги подготви за живот, да ги научи на одредени работи и да ги подготви за школо. Најбитно е да им развие моторика, критичко мислење и слично. Сите истражувања укажуваат дека децата што оделе во градинка имаат подобри резултати подоцна на ПИСА (на тестирање за логичко мислење на 15 годишни деца). Според податоците и во нашата земја е така.
    Јас лично сум презадоволна од градинката. Навистина многу научи таму. Си ја следеа програмата за Ран Детски развој имаа и плус програма за емоционален развој. Супер беше.
    Во школо појде подготвен донекаде зашто е различен сетинг. Знаеше дека ќе треба да седи сам таму, ека ќе треба да учи, рачето му беше подготвено за пишување, мозочето да слуша наредби од учителка, ама не очекуваше дека толку многу структура ќе има во школо. Од градинка каде што имаат еден час дневно (структуриран) премина на 5 часа активности без можност да прилегне, да се одмори, да се растрча кога сака. Ама затоа првото одделение е подготвително и нема огромни очекувања се оди постапно.
    Е сега има дискрепанца помеѓу градинки и школи. Од тоалети со прилагодени шољи за деца влегуваат во простор што е огромен и има чучавци во голем дел од школите. Не знам кој и каде може да подготви дете за такво нешто. И не знам како би се подготвило. Имавме среќа во школо кај син ми да имаат шољи па не му е проблем.

    Инаку врвки сеуште не знае да врзува. Добивме задача од учителката да научат ама некогаш му успева некогаш не. И не е ни битно. Ќе научи во теков на годинава. До тогаш ќе носи патики и кондури со лепенки. Не знаев ни јас до 3 одделение. Едноставно не ми одеше. Ништо не ми фали како возрасна.
     
    На mal.ecka, LadyLollypop, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.816
    Пол:
    Женски
    Да беше така секое дете ќе мораше да оди во градинка и ќе беше обврзна, а не е.
    На толку мала возраст се развиваат и учат преку игра. Воопшто не им требаат книги, да седат и да цртаат линиички, треба да ги јакнат рачињата преку игри со пластелин, со редење коцки, да имаат физичка активност, а не на две години, три, да седат поголемиот дел од времето.

    Игра и само игра е најважна за малите, никакви книгички и глупости уште од толку мала возраст.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Мислам дека јасно пишав како се спроведува програмата, не е класична настава нормално, туку докажани методи за развој на деца на таа возраст преку игри и активности. Сепак учителките треба да ги водат, а не само да им ги остават боичките на маса.
    Играта е важна, да ама во нивен интерес е да преку истата развијат креативност и моторика и особено е важно за понатамошниот развој да им биде посветено внимание.
    Програмата е воведена без разлика што ние мислиме, а колку се спроведува на терен е знак прашање. Ете општо мислење да ти било дека градинката е бебиситер служба, ништо повеќе.

    А за ставот "никакви книгички и глупости на таа возраст" немам зборови (facepalm)
     
    На Mnik и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.816
    Пол:
    Женски
    Немаш ни потреба да имаш зборови, има експерти за такви работи кои имаат зборови.
    Рачињата на децата пред 6год не се уште физички развиени како што се после 6 за убаво држење на молив.
    Инаку, како да не се разбираме некако. Што ти мислиш дека треба активности да имаат деца до 5 години еве нека биде, што да прават?
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  17. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Препорачливо е да бојат со секакви боички, фломастери уште од 2 години. Затоа експертите вовеле држење на истите уште во градинка.
     
    На Mnik и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.816
    Пол:
    Женски
    Боењето како активност е сосема океј. Но, секако на 6 год физички е раката спремна, а активностите кои ги наведов се супер за тоа. А книги да има на 4ри години е претерано, физичка активност, истражување, игра и социјализација со врсниците, тоа е потребно. Не книги.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Е па еве книги имаат од 3 години, не не прашале што мислиме за тоа :D
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.242
    Допаѓања:
    19.027
    Ова е интересно за задолжителна посета. Еве пример во Унгарија породилното трае 2г..после 2г задолжително е детето да оди во градинка. За другиве земји низ ЕУ не знам како е нека споделат членките.
    Кај нас не е задолжително и така нема место се со врски се фаќа...

    На темата треба да имаат образовни активности цел ден се таму. Ние пример, доаѓаме во 17ч дома. Додека се средиш фатило 18ч и времето е многу кратко да му посветам внимание или да го учам работи. Ја додуша и не знам што да го учам, затоа има таму воспитувачи што треба да кажат да се обрне внимание пример на зборење, цртање, држење предмет итн... па дома да вежбаш и усовршуваш.
     
    На mal.ecka и Mnik им се допаѓа ова.