Ете, ќе си почнам од моето гледиште. Најмногу си ја поштувам Жената-Мачка од Бетмен серијалот. Ги сакам сите интерпретации, но онаа на Мишел Фајфер ми е врв. Селина Кајл, нејзиниот лик, е исфрустрирана секретарка која работи за корумпиран бизнисмен. Селина делува онака многу чудно, патетично, несамоуверено, потиштено и уште од старт согледав дека има склоност за темна страна, долго пред таа всушност да се развие. Инаку мошне несреќна во љубовта и општо во животот, утеха бара во нејзината телефонска секретарка. Фасцинирачки ми се сите од овој тип женски улоги. Ме фасцинираат и другите дами од Бетмен филмовите, Никол Кидман, Ким Бесиџер, Алиша Силверстоун... Склона сум исто да ми се свиѓаат и другите актерки од другите филмови за суперхерои. Очигледно е дека освен за Бетмен серијалот, негувам љубов и за Спајдермен (освен новиов), па така ќе ги спомнам и Мери Џејн Вотсон и Гвен Стејси. Кои ви се вам? Се надевам ќе развиеме интересна дискусија.
(„Пре“)еманципирани како што велеа на трагикомичната кампања на радијана наши Јаки и комплетни личности, храбри, прогресивни, а сепак полни со човечки вредности. Напнав со Клер од Outlander (Блонди, како уметничка душа силно ти препорачувам да ја гледаш серијава! ), ама не само затоа што моментално ја гледам серијава, туку навистина посебен впечаток ми остава како лик. Патува наназад низ времето, а со вредностите и интелигенцијата оди и пред своето... чувствителна, праведна, храбра и амбициозна личност со силна одговорност и потреба да им помага на другите, посветена на својата професија да спасува животи. Прекрасен лик едноставно!
Не се фасцинирам лесно, тоа се само филмови, замисла на некој режисер, не моја. Не се барам себе таму, и не си барам идол. Впечаток ми оставаат убави Јас тоа гледам, површна сум Не можам да дефинирам точно, повеќе е до актерките и до нивната харизма, начинот на кој го доловиле и пренеле ликот, отколку до самиот лик. На пример, ме фасцинира Малена на Торнаторе. Не ми е најјасно зошто, кога повеќето карактерни особини и се непожелни - слаба е, не знае да се спротистави, беспомошна и растргната од лешинари и хиени... ама појавата на Белучи, во овој филм особено, зрачи со нешто што како да не е од овој свет... Никол Кидман како Џилиен Овенс во Практикал Меџик, прекрасна е, ја има најубавата коса што сум ја видела во животот и скроз е искулирана во тој филм (и покрај abusive boyfriend делот). Да не набројувам други, идеалните женски ликови би биле убави, млади, без деца, нежни лица, ведри, не зборуваат многу, или зборуваат и директни се, на некој интересен начин, без да бидат хистерични и напорни, онакви кои на ќутенка си го тераат своето... отприлика. Ова какви ликови преферираш изгледа многу говори за сопствениот карактер, нели? Не го обожавам стереотипот за борбена жена, пожртвувана, оти ми се чини дека се форсирани да постигнат нешто што на жената од раѓање треба да и припаѓа.
Фала Спешл на предлог, баш ќе ја чекнам. А убава ли е? Тонот на серијата да не е премногу сериозен?? Неќам многу сериозност.
Никол беше многу... воздушеста во тој филм, флирти што би рекле. И пре преубава, цела, како бонбонче беше. Добар тандем со Сандра, многу спротивни меѓу себе... И мене ми е најбитно да се убави...
Ми се допаѓаат женски ликови со природна убавина, со појава карактеристична за жените од минатите векови, ненаметлив изглед, едноставни црти на лицето Омилена ми е Alicia Vikander во the Danish girl Исто и во royal affair Keira Knightley во Pride & Prejudice Во улогата на Ана Каренина
Natalie Dormer во Elementary. Се прифаќаат серии, така? Одбирање на "омилени" личности никогаш не ми оди прво поради карактеристиките на толкуваната личност туку глумата. Натали е божица за глумење и кога ја видов очи не можев од неа да тргнам. Глуми силна, високо интелигентна личност, одличен уметник и добро раководи со оружје. И кога прочитав темата само на неа ми текна. Има многу ликови кои би можела да ги издвојам, ама една ми е женска верзија на Мориарти. Сепак ќе ја издвојам и Jenna Coleman во Доктор Ху. Толку ми се допаѓа што би сакала доколку некогаш имам девојче да се вика Клара. Без психопатскиот дел на Мориарти, Клара е силна, индивидуална, умее да се пожртвува, умее да биди лидер и зрачеше со пријателство, до самиот крај. Некој друг пат ќе пишам и од филмови кои ми оставиле впечаток, треба подобро да размислам за тоа.
Дефинитивно девојките од Death Proof ми се омилен girl squad. Ми се допаѓаат такви какви што се: лојални, самоуверени, секси, забавни, забегани, ride or die attitude. Не трпат булшит, се спротивставуваат храбро на неправда. Cool & badass девојки. Особено ми се допаѓа ликот на Rosario Dawson, my ultimate girl crush.
Ликот кој го игра Шерон Стоун во оној филмот со Сталоне, The Specialist. Бил прогласуван за најдобриот меѓу најлошите филмови ама мене ми е изгледан повеќе пати, заради главната женска улога. Мирна вода брег рони. И таа навидум фрагилна, потчинета, а трпеливо го истера своето.