1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви свекрви се хороскопските знаци?

Дискусија во 'Канта' започната од Dala, 22 февруари 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Еве каква ќе бидете вие,или каква ќе биде вашата свекрва според хороскопскиот знак :D

    Сверква Овен: Во моментот кога ви се приближува, се чувствувате како војник пред генерал. Во куќата влегува како ураган и се однесува како да не ја интересира вашиот личен живот, но не дозволувајте тоа да ве излаже, ја интересира повеќе отколку што мислите. Готвењето ќе биде една од главните мети за напад, затоа што нејзиниот син „пати“ поради вашата кујна. Таа е импулсивна и не сака само да учествува туку и да наредува. Важно е да и се спротивставите уште од самиот почеток и да го спречите овој ураган од свекрва.

    Сверква Бик: Таа ќе биде горда на жената на својот љубимец, но кога најмалку ќе се надевате ќе ве потсети на својот тестамент, тоа ќе значи дека нешто не и се допаѓа. Можеби е малку повеќе материјалист, но ќе биде идеален советник за вашите финансии. Манијакално бара чистота и ред. Доколку сакате да и угодите со некој подарок, обрнете внимание на цената, нема да ја воодушеви убавината толку колку цената на подарокот. Доколку премногу и ги оставате децата на чување, постои голема шанса да си ги „најдете“размазени и здебелени.

    Сверква Близнаци: Доколку и оставите добар впечаток, исто како да сте добиле на лотарија. Тешко ќе ја разберете, едно мисли, друго зборува, а трето прави. Но, идеална е за чување на децата затоа што е многу одговорна. Има потреба да се меша во личниот живот на својот син, затоа што тоа е првото нешто што ја интересира. Меѓутоа, во кавгите со вашиот партнер, знае да ја заземе и вашата страна, не затоа што многу ве сака, туку речиси секогаш е совршено правична.

    Сверква Рак: Таа е вистински Рак. Не е избувлива, ни опасна, но затоа е во состојба да лие крокодилски солзи за секоја ситница. Нејзините непрестани промени во расположението ја прават многу расдразлива. Не пробувајте да ја лажете, има неверојатна интуиција, а за нејзината кујна употребувајте ги зборовите – сјајно, совршено, одлично, во спротивно ќе се најдете на нејзината црна листа. Премногу е чувствителна, но се што прави прави за да биде поблиску до семејството.

    Сверква Лав: Ваква свекрва и не е баш најсреќна прилика. Вас единствено ќе ве гледа како своја конкуренција, затоа немојте да очекувате пофалби. Важно е уште на почетокот да и покажете заби, затоа што баш таа се смета за една од најинтелигентните жени во зодијакот и можно е да си игра валкано со вас во секоја ситуација. Непрестано ќе ве контролира, затоа што има вродена потреба да управува со секоја ситуација. Позитивна страна е тоа што е одличен педагог и покрај огромната љубов кон внуците, никогаш нема да ги размази или „разлигави“.

    Сверква Девица: Таа е многу разумна и едноставна личност, која не сака да се наметнува. Клучот за успех кај неа е чистотата! Доколку куќата не ви е доволно уредна и чиста, ќе влета како фурија и ќе направи рација за расчистување. Многу е штедлива, па кога е во прашање економијата, одлична е за совети. Тоа може да го зајакне вашиот однос со неа во иднина.

    Сверква Вага: Таа секогаш ќе биде ваша десна рака, ќе биде тука да ве поддржи во ситуации во кои ви е потребнаи во кои не ви е потребна, а главно ќе в биде непотребна. Меѓутоа, кога случувањата ќе добијат опасен и нервозен тон, таа ќе одлета како пеперутка, бидејќине може да се сноси со големи расправии. Секогаш ќе биде добро расположена, а својата пензија ќе ја троши на скапи подароци за своите внуци.

    Свекрва Скорпија: Во овој случај, голем е факторот на среќа. Свекрвата Скорпија може да биде голема вештерка и тиранин која со поглед ќе ги сече сите ваши зборови и отворено ќе ви покаже колку не ве сака. Средина нема да има или ќе ве сака или едноставно нема да ве поднесува. Во двата случаеви, важно е да и го покажете својот став и да бидете искрени и директни, затоа што тоа навистина го цени. Ако преќутите на почетокот, со времето ќе видите колку е чувствителна, внимателна и колку е во состојба да ви даде поддршка во секоја ситуација.

    Свекрва Стрелец: Во оваа ситуација, свекрвата ќе биде потполно отсутна. Смета дека нејзиниот син повеќе не е нејзина грижа, туку ваша, така воопшто нема да ви се меша во вашиот живот. Покрај неа можете да се чувствувате опуштено, а бидејќи ја интересира астрологијата, можете со неа да запалите цигара и да испиете едо кафе, разговарајќи за гледање на грав, на кафе и слично. Сигурно дека во тој случај ќе ве воодушеви.

    Сверква Јарец: Ќе се меша само во финансиите, бидејќи таа работа ја окупира. Другото многу не ја интересира, но сака да горви да прави колачи. Меѓутоа, не и ги оставајте премногу девата на чување бидејќи може претерано да ги размази поради нејзината чувствителност. Доколку ви затреба пари, бидејќи имамногу, секогаш ќе биде тука за да ви помогне и за да ви даде корисен совет.

    Свекрва Водолија: Оваа свекрва најголемата цел и е општо добро во светот, нема скоро воопштп да ви се меша во вашиот брак. Ќе биде окупирана со членување во разноразни добротворни организации, здруженија и цркви. Доколку не и парирате интелектуално, помалку ќе ве сака, но и во двата случаја ќе ве почитува. Ако и побарате помош, веднаш ќе направи се за да ви помогне. Ќе ги учи внуците секогаш да бидат независни и да имаат свое мислење.

    Свекрва Риби: Нема да ве остави сами дома, не од злобна намера, туку од што сака да ви помогне и што сака да се почувствува корисно. Клучот на успехот е вешто да ја држите на дистанца, но постојано да и напоменувате колку ви е важна и колку ви е од корист. Тоа ќе ја направи да се чувствуав пријатно. Оваа мала манипулација ќе биде од помош, поради нејзините чести промени на расположението, но знајте дека ќе ви биде од корист поради грижливоста кон внуците.
     
    На Lovy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Свекрва Водолија: Оваа свекрва најголемата цел и е општо добро во светот, нема скоро воопштп да ви се меша во вашиот брак. Ќе биде окупирана со членување во разноразни добротворни организации, здруженија и цркви. Доколку не и парирате интелектуално, помалку ќе ве сака, но и во двата случаја ќе ве почитува. Ако и побарате помош, веднаш ќе направи се за да ви помогне. Ќе ги учи внуците секогаш да бидат независни и да имаат свое мислење.

    :rofl: Се надевам дека ќе сум ваква :lol:
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.753
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.