1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви се хороскопските знаци во младоста и староста

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 1 ноември 2012.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Карактеристиките типични за некој астролошки знак во младоста понекогаш може да се претворат во својата спротивност "во староста". Ви претставуваме анализа на карактеристиките, во согласност со хороскопот, од младоста па до староста...

    ОВЕН

    Во младоста: Младите припадници на овој знак на своите родители не им даваат мир. Тие се деца полни со живот и секогаш се во акција. Подготвени се на сите видови искуства. Ги интересира се, а најмногу ги интересира животот. Не чекаат да се впуштат во тоа што ги привлекува, па подобро е кон нив да бидете максимално отворени. Можат нагло да стапат во брак или цел живот да го избегнуваат. По природа се индивидуи и секогаш на својата жена или маж ќе подготвуваат различни возбудувања. Со нив животот е динамичен и никогаш не е досаден.

    Во старост: Може да продолжат со брзиот ритам, ако здравјето им го дозволи тоа. Тие тешко можат да водат мирен живот и ако им недостасува активност или возбудување, може многу да досаѓаат. Ако можат, до последниот момент од својот живот ќе се занимаваат со спорт.

    БИК

    Во младоста: Децата во знакот на Бик се многу мирни. Тие многу ги сакаат благите работи. Знаат да се додворуваат и да обземаат со шармот. Ако живеат во благосостојба, тогаш се среќни. Ако се сиромашни, нивното детство ќе биде запамтено како многу тежок период. Во брак воглавно стапуваат од љубов или поради материјален интерес. Парите им се важни како и саканата личност. Ќе избегнуваат брак со личност која има слаба материјална состојба. Сакаат да уживаат во животот.

    Во старост: Ако се збогатиле, староста ќе ја поминат уживајќи во богатството. Не сакаат да делат по секоја цена. Доколку останат сиромашни, може да бидат исполнети со горчина и незадоволство.

    БЛИЗНАЦИ

    Во младоста: Движењето и контактот е тоа што ги радува Близнаците додека се деца. Овие деца мора постојано да се свижат за да го потврдат својот идентитет. Комуницираат со голема леснотија и затоа им е важно друштвото. Кога ќе проговорат, обично не ја затвараат устата. Ако се во врска, личноста со која се заедно мора да биде свесна дека на нив им е важен друштвениот живот. Патувањето и движењето меѓу луѓето е нешто што ги прави богати и среќни.

    Во старост: Во староста на нив им е важно да ги задржат контактите и да ги обноват старите, за да има со кого да разговараат. Доколку се осамени, тие се премногу несреќни. Ако нивниот партнер е друшвен, староста се него ќе биде многу забавна и исполнета со различни искуства, дали низ патувања, различни друштвени активности или оние од интелектуален карактер.

    РАК

    Во младоста: Ова чувствително дете често ги загрижува своите родители. Со него треба да се биде внимателен и нежен, но не да се држи под стаклено ѕвоно. Во светот на возрасните треба да го внесете постепени. Потребата за повлекување во светот на соништата и фантазиите е добра, но ако тоа го прави многу често треба да го охрабрите за некои отворени активности. Во бракот влегува кога има вистинска потреба да основа семејство. Повремената лабилност ќе настапи поради субјективни промени во расположението, а во длабочините на душата тие имаат зацртана цел.

    Во старост: Ако изградите стабилен дом и семејство, ќе имате пријатна старост исполнета со многубројни собирања на најблиските членови. Ако останете сами, ќе станете тажни и меланхолични. Овие луѓе се памтат, па поради тоа често живеат во минатото.

    ЛАВ

    Во младоста: Јас морам да бидам главен, а ако не сум ќе направам се за да го привлечам вниманието - така се однесуваат малите Лавови. Ако не им посветите внимание, тешко на вас. Некогаш треба малку да ги спуштите на земја и да ги подготвите за да не биде секогаш како тие што сакаат. За нив најголема навреда е кога некој ги игнорира. Влегувањето во брак мора да биде арогантно. Тие мислат дека бракот им носи некој статус. Сакаат сјај и раскош, а уште повеќе ја сакаат популарноста. Ако нема публика тогаш се несреќни.

    Во староста: Важно им е да се слушнало за нив и да се знае за нив. Ако нешто постигнале во состојба се со часови да кажуваат за своите достигнувања. Ако резултатите изостанале, се претвараат во личности кои се подготвени и да лажат да за покажат дека се нешто што не се. Кога ќе дојдат дома и сами ќе го анализираат својот живот, гордоста нема да им даде да признаат дека не успеале.

    ДЕВИЦА

    Во младоста: Тие се угледни и елегантни деца. Тие внимаваат на своите родители и се обидуваат да бидат пристојни и добри. Обично се пример за другите со своето однесување. Родителите со нив немаат поголеми проблеми. Пред да стапат во брак ќе го "скенираат" партнерот и неговиот иден живот. Ќе се занимаваат со некои беззначајни детали. Има и такви кои на својата сакана личност или ситуација ќе и најдат недостаток и ќе го одложат бракот.

    Во староста: Со тек на времето стануваат вистински фармацевти. Ако имаат сложен брак ќе водат добар живот исполнет со организација. Ситниците кои за другите ништо не значат, за нив може да имаат смисла. Доколку Девицата во животот пропуштила нешто важно, кога ќе остари ќе приговара и ќе се жали.

    ВАГА

    Во младоста: Децата во знакот на Вага се во состојба да ги шармираат сите околу себе. На нивното лице постојано има насмевка. Без проблеми остваруваат контакти. Проблеми се јавуваат кога треба нешто да одлучат. Ако како пријател сакате да им помогнете, со својата неодлучност ќе ве доведат до лудило. Бракот им е нешто најважно во животот бидејќи тие на животот гледаат како на нешто што треба да се преживее во пар. Љубов и искреност, придружена со праведноста се нивните идеали.

    Во староста: Ако успеале во личните односи, ќе имаат хармонична старост и најверојатно во двојка. Ако останале сами ќе се чувствуваат осамено и ќе се обидуваат да ја најдат својата поубава половина.

    ШКОРПИЈА

    Во младоста: Сакаат да провоцираат додека се мали. Рушат стари модели за да направат нови. Некогаш се многу сериозни, а како деца не се емотивно врели и може да паднат во замка на одмаздата. Тука треба паметно да се насочат, а ако е потребно и да се запрат. Кога стапуваат во брак изгледаат најсериозни. Доследни се и не страдаат од плиткост и мрзеливост. Сексот им е важен и настојуваат постојано да го развиваат низ врски или брак.

    Во староста: Ако во текот на животот успеале да завладеат со сите промени, ако постигнале нешто што за нив е важно, староста ќе ја поминат длабоко размислувајќи за тоа што е зад нив. И тогаш ќе бидат активни колку што можат, дали во некој спорт или еротски игри. Ако се сами ќе се посветат на проучување на се што е сокриено, а посебно ќе се занимаваат со темата- смрт.

    СТРЕЛЕЦ

    Во младоста: Тоа се весели деца кои го исполнуваат животот на нивните родители. Со нив нема големи грижи, се се` одвива изедначено и постепено. Патувања доживуваат уште во детството. Мали проблеми може да настанат поради вишокот килограми, па треба да им се органичат благите работи. Кога стапуваат во брак, тоа го прават спонтано. Тие се умерени и урамнотежени, па сите мора да ги прифатат. Смислата за хумор кај нив игра важна улога во животот и им помага да ги совладаат потешкотиите.

    Во староста: Кога ќе остарат некои се претвораат во вистински филозофи кои секогаш знаат да дадат мудар совет. Други, ако нешто важно пропуштиле во животот нема да бидат огорчени туку ќе се обидат тоа да го надвладеат со филозофија или хумор.

    ЈАРЕЦ

    Во младоста: Овој знак е обратно пропорционален во временскиот распоред на работите. Во детството и младоста тие се однеуваат како возрасни луѓе - многу се сериозни, малку груби и ладни. Позади се всушност се крие чувствителност, ранливост, амбициозност и потребата нешто да се постигне. Затоа внимателно се се` подготвува, организира и зрело и контролирано се однесува. Обично имаат одбрамбен став, а на училиште се паметни ученици. Во брак стапуваат само поради љубовта.

    Во староста: Кога ќе остарат настапува интересен пресврт. Целата сериозност и зрелост кои се појавувале во младоста, отстапуваат место на релаксираниот став, опуштеноста и веселбата. Тие се како виното. За луѓето во знакот на Јарец се вика "Во младоста старец, во староста дете".

    ВОДОЛИЈА

    Во младоста: Овие деца обично се посебни или имаат некој специфичен талент. Сакаат да изненадуваат со различни лудории кои нивните родители неможат ни да ги замислат. Ако се толерантни и отворени, родителите ќе уживаат со својата мала Водолија. Важно е да не им се даде многу голема слобода. Бракот за нив е партнерство мешу двајца рамноправни луѓе и така живеат. Понекогаш во брак стапуваат нагло и на сосема неконвенционален начин или пак живеат како патници одржувајќи некои испрекинати врски.

    Во староста: Сакаат да истражуваат се што не успеале да постигнат. Секогаш смислуваат нешто ново и се многу забавни. Тоа е тие случаи кога жена на 80 години ќе полага за кола или ќе вежба јога.

    РИБИ

    Во младоста: Рибите се нежни деца кои често ги мешаат фантазијата и реалноста. Уметничката црта е нешто што треба да се негува, но во одредена мера. Треба да се учат реално да гледаат на животот. Очекуваат брак од љубов и подготвени се за идеализација на саканата личност. Ако имаат добар брак, тие се среќни личности.

    Во староста: Тие обично се предаваат на фантазијата, креативноста или уживаат во слободното време. Може да бидат малу збунети, зависно од карактерот, знаат и да одглумат. Ако сте со некој таков обидете се на неговата фантазија да и дадете корисна насока
     
    На danichap, Sara123 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    ВАГА

    Во младоста: Децата во знакот на Вага се во состојба да ги шармираат сите околу себе. На нивното лице постојано има насмевка. Без проблеми остваруваат контакти. Проблеми се јавуваат кога треба нешто да одлучат. Ако како пријател сакате да им помогнете, со својата неодлучност ќе ве доведат до лудило. Бракот им е нешто најважно во животот бидејќи тие на животот гледаат како на нешто што треба да се преживее во пар. Љубов и искреност, придружена со праведноста се нивните идеали.

    Во староста: Ако успеале во личните односи, ќе имаат хармонична старост и најверојатно во двојка. Ако останале сами ќе се чувствуваат осамено и ќе се обидуваат да ја најдат својата поубава половина.



    Баш сум одлучна и не барам совети од никого.
    А значи кога ќе остарам и ако останам вдовица , ќе си барам друг маж :D Never alone :D
     
  3. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    ЈАРЕЦ

    Во младоста: Овој знак е обратно пропорционален во временскиот распоред на работите. Во детството и младоста тие се однеуваат како возрасни луѓе - многу се сериозни, малку груби и ладни. Позади се всушност се крие чувствителност, ранливост, амбициозност и потребата нешто да се постигне. Затоа внимателно се се` подготвува, организира и зрело и контролирано се однесува. Обично имаат одбрамбен став, а на училиште се паметни ученици. Во брак стапуваат само поради љубовта.

    Во староста: Кога ќе остарат настапува интересен пресврт. Целата сериозност и зрелост кои се појавувале во младоста, отстапуваат место на релаксираниот став, опуштеноста и веселбата. Тие се како виното. За луѓето во знакот на Јарец се вика "Во младоста старец, во староста дете".
     
  4. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Тоа подвлеченото не е многу точно... :?:
     
  5. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Ууууу,точно за младоства,за староста ќе видиме...
     
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Има вистина :)
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Многу интересно

     
  8. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Аманте бе ,какви ли не хороскопски знаци имало...Колку и какви да сакаш :rofl: :rofl:
     
  9. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    интересно :) :) :)
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Погодено...Јас сум стрелец, да патувам тоа ми е најголемо задоволство...И не се сомневам дека во староста ќе биде како што е напишано...
     
  11. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам со тебе! :)
     
  12. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    ,,,,,,,,,,,,,,и едното и другото се вистина..... :D
     
  13. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    точно за рак :)
     
  14. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    ВОДОЛИЈА

    Во младоста: Овие деца обично се посебни или имаат некој специфичен талент. Сакаат да изненадуваат со различни лудории кои нивните родители неможат ни да ги замислат. Ако се толерантни и отворени, родителите ќе уживаат со својата мала Водолија. Важно е да не им се даде многу голема слобода. Бракот за нив е партнерство мешу двајца рамноправни луѓе и така живеат. Понекогаш во брак стапуваат нагло и на сосема неконвенционален начин или пак живеат како патници одржувајќи некои испрекинати врски.

    Во староста: Сакаат да истражуваат се што не успеале да постигнат. Секогаш смислуваат нешто ново и се многу забавни. Тоа е тие случаи кога жена на 80 години ќе полага за кола или ќе вежба јога.

    хаха на 80 години со јога хихихи!
     
  15. DramaQueen1

    DramaQueen1 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    156
    Интересно и точно,сеа ќе видиме во староста колку ќе биде точно.
     
  16. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    СТРЕЛЕЦ

    Во младоста: Тоа се весели деца кои го исполнуваат животот на нивните родители. Со нив нема големи грижи, се се` одвива изедначено и постепено. Патувања доживуваат уште во детството. Мали проблеми може да настанат поради вишокот килограми, па треба да им се органичат благите работи. Кога стапуваат во брак, тоа го прават спонтано. Тие се умерени и урамнотежени, па сите мора да ги прифатат. Смислата за хумор кај нив игра важна улога во животот и им помага да ги совладаат потешкотиите.

    Во староста: Кога ќе остарат некои се претвораат во вистински филозофи кои секогаш знаат да дадат мудар совет. Други, ако нешто важно пропуштиле во животот нема да бидат огорчени туку ќе се обидат тоа да го надвладеат со филозофија или хумор.
    во ред :D
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.517
    Пол:
    Женски
    Леееллее...точноо ?
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    РАК

    Во младоста: Ова чувствително дете често ги загрижува своите родители. Со него треба да се биде внимателен и нежен, но не да се држи под стаклено ѕвоно. Во светот на возрасните треба да го внесете постепени. Потребата за повлекување во светот на соништата и фантазиите е добра, но ако тоа го прави многу често треба да го охрабрите за некои отворени активности. Во бракот влегува кога има вистинска потреба да основа семејство. Повремената лабилност ќе настапи поради субјективни промени во расположението, а во длабочините на душата тие имаат зацртана цел.

    Во старост: Ако изградите стабилен дом и семејство, ќе имате пријатна старост исполнета со многубројни собирања на најблиските членови. Ако останете сами, ќе станете тажни и меланхолични. Овие луѓе се памтат, па поради тоа често живеат во минатото.

    Тоа за младоста е точно. А за староста ќе видиме. :D
     
  19. girl.heart

    girl.heart Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    4
    Во младоста: Тие се угледни и елегантни деца. Тие внимаваат на своите родители и се обидуваат да бидат пристојни и добри. Обично се пример за другите со своето однесување. Родителите со нив немаат поголеми проблеми. Пред да стапат во брак ќе го "скенираат" партнерот и неговиот иден живот. Ќе се занимаваат со некои беззначајни детали. Има и такви кои на својата сакана личност или ситуација ќе и најдат недостаток и ќе го одложат бракот.

    Во староста: Со тек на времето стануваат вистински фармацевти. Ако имаат сложен брак ќе водат добар живот исполнет со организација. Ситниците кои за другите ништо не значат, за нив може да имаат смисла. Доколку Девицата во животот пропуштила нешто важно, кога ќе остари ќе приговара и ќе се жали.
     
  20. UnPaso

    UnPaso Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Хах, погодено :D