Форумџика на годината

Какво е чувството кога бебето мрда во стомачето?

Дискусија во 'Бременост' започната од princess11ska, 15 октомври 2011.

  1. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Здраво феминки. Не сретнав ваква тема, ако случајно има префрлете ја.
    Многу би сакала да знам какво е чувството кога бебето мрда во матката. Дали се чувствува како грч, како болка, или пак сосема е различно од ова? Ме интересира и во кој месец во бременоста бебето почнува да мрда, односно мајките го чувствуваат тоа? Како вие се чувствувавте кога за прв пат осетивте? :) :*
     
  2. ss80

    ss80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Изгледа прва се најдов да одговорам:) Јас сум во шести месец, прва бременост, не знам како би било кога бебенцето ќе порасне, ама засега, чувството е како да ме гали од внатре со нежното телце. Некаде го опишуваат како да те гали пеперутка со крилцата:) Едвај чекам да ми мрдне, и кога мрда дома е општа узбуна-со маж ми се радуваме како никогаш:) Чувството е неповторливо:) Ви посакувам на сите што немате деца, да ги имате кога ќе посакате:) Поздрав до сите!
     
    На verena, okcenzi, Isabel и 11 други им се допаѓа ова.
  3. mamaHana

    mamaHana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    31
    На почетокот сим ми кога мрдкаше беше преубаво како што кажа ss80 како да те гали одвнатре.Е покасно со оглед дека цела бременост бебето ми беше понапредно за еден месец,кога мрдаше тоа беше хаос.Цел стомак ми се поместуваше,па знаеше цел да се заврти на едната страна.При крајните месеци може дури и да заболи кога клоца...незнам неможе да се опише тоа чувство само да се доживее.
     
    На guguence и Annath им се допаѓа ова.
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Jaс прв пат го почувствував некаде во 3ти месец ама ептен онака како скокоткање од внатре. Надворешно се познаваше веќе во 4ти месец (мали вибрации на стомакот). Е потоа веќе од 7ми месец натаму, чувстував болки кога ме удараше, бидејќи тој си беше крупно бебе, внатре му било најверојатно тесно :D и добивав страшни удари.
    Е веќе во 9ти пискав на секое негово клоцање :D постојано си испружуваше де рака, де нога :)
     
    На barbyyy, Ognenija, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Преубаво. :) Како нешто да те скокотка од внатре. Некојпат знае да е малку непријатно ама, кога ќе ти текне што ја предизвикува таа непријатност, насмевката инстантно се враќа назад. :)
     
    На antonina, Annath и Mayyya им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.536
    Пол:
    Женски
    Преубаво!
    Јас почнав да го чувствувам некаде во 14-15 недела, како пеперутки и нежни струења во стомакот. И убаво ми беше кога ќе мрдаше, а особено кога реагираше на мојот глас. Пред породувањето веќе болеше кога мрдаше, бидејќи в ребра ме удираше (високо го носев). Понекогаш ми фали тоа чувство, признавам... ама ќе си почекам малку за второ :)
     
    На okcenzi, DeMelo, girl1985 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    чувството е прекрасно едвај го чекам секое негово клоцање.. веќе сум крајот на седми месец и сеуште не ми е болно неговото мрдање.. реагира на моите допири по стомак и ми возвраќа со мрдење и мн ми е убаво кога си го гледам стомакот а тој си претка
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.789
    Допаѓања:
    100.291
    Пол:
    Женски
    Читам и изгледа јас сум еднинствената на која мрдањето не и се допаднало :D .Да чувството во почетокот е како лесно треперење ,а подоцна баш се чувствуваат ударите. Ми се случуваше дури и целиот стомак да ми отиде на едната страна т.е. да се искриви :) ,во повисоката бременост.И да се навратам,мене некако ми беше чудно,никако да се навикнам на движењето.Едноставно не ми беше убаво :tmi:
     
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.541
    Допаѓања:
    106.195
    Пол:
    Женски
    јас ја почувствував керка ми 19-та недела прв пат и тоа од десна страна во долниот дел на стомакот. како некој да ме допре од внатре. тоа се чувствуваше ептееен слабо. но потоа како поминуваше времето се повеке и повеке а пред да се породам 8ми месец па се до крајот ми се поместуваше стомакот те од лева те од десна страна дури непријатно ми беше :D :inlove:
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.804
    Допаѓања:
    39.510
    Пол:
    Женски
    бебето прв пат го осетив во 16 недела како пеперутЧиња во стомакот. Прекрасно е
    Сега од време на време го осекам, како претка низ стомак :) :)
    Нема поубавко нешто :$
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Првпат го почуствував на средина на петтиот месец мислам...И ве читам велите пеперутки, какви пеперутки кај мене беше како мало животинче да претрча од едниот до другиот крај на стомакот...Се здрвив, се наежив и се препотив во рок од неполна минута...После тоа се навикнав нормално, станува убаво чуството...но првиот пат беше scary...
    Најинтересно е последниот месец, седиш во друштво а стомакот ти бранува, менува форма, па оние кои не виделе дотогаш зачудено зјапаат во тебе мислиш ново светско чудо...
     
    На ancetupance, Ognenija и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  12. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    јас влегов во осми месец и ептен е интересно како ми бранува стомакот
     
  13. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Керкичката беше доста активна :) Kако што опишаа некои феминки, целиот стомак ми одеше на лево и имав болки колку ме растргаше при крајот.
    Наспроти неа, синчето беше мрзливко. На моменти се вознемирував бидејки ке се случеше цел ден да не го почуствувам. Аххх, посакувам сега да имам таков момент, да го смести газето на едно место барем на 5 минути :doh: :D
     
  14. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Охохо, усештането е многу интересно... Ми се мрдаше, се превртуваше, икаше многу. Кога веке бев во 9 месец дури на 2 пати усетих скокот под најдолното ребро.
    Нема да ги заборавја овие моменти никогаш. Си ја кревав блузата и го гледав стомакот како подскока, како се мести.
    Чувството е скоро исто како да го притискаш стомакот со прст, али однатре е по нежно и има лек скокот. :inlove:
     
    На Divinebutterfly, Annath и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Прв пат бебушот го осетив накај 16 недела, како пеперутче во стомакот и така тие движења си беа нежни и скокотливи до пред некоја недела, сега да е живо и здраво како фудбалерче е не престанува да шутира , и во сон ме буди.Па и високо го носам кога се мести мислам дека ке ми пунки некое ребренце :D Тек сега кога е кицле, се прашувам што ке биде кога ке биде 3 и више :lol:
    Да ни се живи и здрави само и да ни носат радост цел живот :clap:
     
  16. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Јас чувствувам дако нешто да ме гребе одвнатре, де од едната, де од другата страна.. на почеток сум на 5ти месец.. можно е да е бебето или треба да се загрижам?
     
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.804
    Допаѓања:
    39.510
    Пол:
    Женски
    да бебето ке да е :)
    нема потреба да се грижиш ;)

    ИнаЧе моето кога ја ставам раката на стомак поЧнува да удира :D преубавко е
     
  18. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Ме загрижува тоа што читам дека чувството е преубаво, како пеперутка да те гали, а мене воопшто не ми е пријатно ова чувство. Како ли ќе биде кога ќе потпорасне? :o
     
  19. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    јас сега влегов во 16 та недела и од пред една недела осеќам како некое прелапнување на долната десна страна на стомакот како некое црево да ми се прелапнува ама еднаш денот и толку.... ама во последно имам многу гасови и си викам да не не е од бебенцето да не е од гасовите.... дали некој знае да ми каже... свекрва ми ми вика нема шанса сега да го сетиш рано е ама јас сум слаба 50 кила имам па затоа викам дека можеби е од бебенцето поради тоа што ми имаат речено дека тие што се послаби побрзо ќе го осетат... ако знае некој нека пише...
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.541
    Допаѓања:
    106.195
    Пол:
    Женски

    не се секирај пак е убаво чувството :D само малку ке биде појако колку повеке расте , јас кога бев 9 месец бебето се сврте на целата лева страна и толку се извадив од памет , ама не дека болеше туку стомакот како `планина` ми стана хаха, потоа еднаш отидов во клуб од гласната музика кога почна да ме клоца си викам абе што стана но потоа ми текна дека и сметала гласната музика :rofl: уживајте во бременоста, клоцањето , па потоа ке ви фалат тие моменти :wasntme: ^_^