Јас сум Скорпија и обожавам да зборувам за мојот знак. Сепак, оставам простор и на вас за кажете по нешто за вашиот знак. А плус и ова ми треба за да знам како да се однесувам со одредени личности. На некј начин, треба да се опишете себеси, вашиот карактер. Мислам дека повеќето знаци се гордат што го имаат тој знак, како и јас, па затоа многу сакаат да зборуваат за тоа. Без разлика дали некој претходно напишал мислење за вашиот знак, напиушете и вие, повеќе ќе ми помогнете. Ве очекуваам!! П.С. Разгледав и мислам дека нема слична тема, ако има - слободно канта. Е фала многу !
Овен - порано многу повеќе се замарав со читање дневни хороскопи, со карактеристики на знак, подзнак, бакнување според хороскоп, како да го заведеш Сметам дека хороскопот не е тој што може да го одреди однесувањето на една личност. Повеќе влијание има начинот на воспитување и животното искуство. Кaко и да е, мојот знак го карактеризира упорност, тврдоглавост. Се сметаме за родени водачи, сака да доминира, желен е за авантури. Не дека нема вистина, ама мислам дека повеќето луѓе би се препознале во овие карактеристики.
Јас сум ЛАВ и нормално се гордеам со мојот знак. Сметам дека лавовите се родени како искрени пријатели и лидери
Водолија - ужасно сум тврдоглава и упорна. Не знам дали сите водолии се вакви, но повеќето од тие што ги познавам се.
Овен - инаетот најмногу ме карактеризира Некогаш добро е да си инаетлив ама многу пати и не.. од лично искуство
Лав,со фантастични позитивности и негативности за кои не сакаме често да дискутираме . http://www.youtube.com/watch?v=HYUu9GWJn_E Клипов е фантастичен од повеќе аспекти. Прво,на почетокот гледаме дека женката се обидува да биде ептен блиска додека лавот дреме...Првиот обид поминува неуспешно.Не дирај лава,док спава .Он знае се,ама сонот...Сонот .Женката се обидува со маневри да му привлече внимание па као запаѓа у кома,меѓутоа на лавот уво не му чуе. Вториот момент е гордото држење и да не речам прчење у јавност.Крал на џунглата не е шала. Тука женката повторно се обидува нешто со маневри,повторно запаѓа у кома,ама на типов уво не му чуе. Третиот момент е кога официјално започнува самолижењето на шепата.Тука е веќе јасно дека станува збор за его трипање у природен амбиент,и на некој начин демонстрирање на самодоволност.Иако му годи флертот,вниманието и умерената нападност на женката,сепак таа активност особено ако е предозирана ја чувствува како "инвазија" на приватниот простор.Женката конечно на крајот укапира и ја најде формулата.Почна да го следи својот лидер и партнер и започна и она со самолижење на шепата .Толку се блиску,а така далеку .Тоа е тоа.Тука се раѓаат првите искри на вистинската љубов . Омилена активност: мазење,его трипање.Активност како лапање(самолапање) со партнерката преку стаклена површина е нешто што дефинитивно би поминало .Толку блиску,а така далеку . Омилени места: паркови и зеленило,и главно природа.Да прилегнеме,да се одмориме у некоја длабока сенка,и нормално да си поспиеме...Ах сонот .
Јас сум рак. Да не препишувам од фемина затоа што се е точно „ Општи карактеристики за раковите “. http://www.femina.mk/хороскоп/рак
И јас сум Рак. Ама сум тотално не-типичен претставник на мојот хороскопски знак. Знам,и подзнакот и месечината влијаат тука. Голема улога имаат и други фактори во оформувањето на карактерот на една личност,безразлика кој знак сме. И секако,не велам дека не личам на моменти на рак,ама во повеќето особини не се пронаоѓам. Сметам дека секој знак си има свои предности и слабости. Секогаш сум оптимистички настроена кон животот,со ведар дух.Уметноста ја ценам многу.Исто така ценам директни и јасни луѓе.Не сакам заобиколувања.Секогаш ги вреднувам средбите во четири очи.Отворена сум и без влакна на јазикот.Понекогаш знам да бидам многу емотивна и да си сватам некои работи лично.Обично плачам од лутина и нервоза.Негативната енергија мора да се исфрли на некој начин.Поретко избувнивам и се карам,но и тоа се случува. Кога нешто ќе ми дојде преку глава,одма го откачувам и започнувам нешто друго.Понекогаш сакам да драматизирам. Упорна сум во своите цели,но исто така барам подршка и внимание. Сакам авантури,патувања и некогаш мистерија. Знам да бидам многу тврдоглава и цврсто да си стојам позади мојот став,иако знак дека грешам. Мислам дека не постојат пречки за оној кој е решен да направи нешто.Обожавам да фантазирам и да филозофирам.Е во овој поглед никој не може со мене. Често пати ќе кажам нешто што не треба во лице,ама подоцна ќе ми биде жал за она што сум го направила.Во некои ситуации знам да бидам тешка за разбирање.Убедена сум дека го заслужувам само најдоброто.Сакам да помагам на сите.Сакам да правам добрини и се чувствувам убаво кога ќе помогнам.Но,барам и за возврат. Мразам навраќање кон минатото.Кога ќе го прекинам контактот со некоја личност-ги задржувам само убавите спомени. Сакам да сум во центарот на вниманието. Не се сметам за срамежлива личност.Не се наметнувам.
Јас сум овен,но не сум типичен преставник на овој знак.Сите ми викаат,а и јас така мислам дека ја ги имам особините на хороскопскиот знак скорпија,а во познак сум рак.Е сега имам некоја особина на ракчињата .Затоа мн не верувам во хороскоп.
Јас сум Скорпија и типичен претставник на знакот.Тие што ме познаваат и знаат што сум во хороскоп ќе кажат само дека сум права Скорпија. Јас сум голема уметничка душа и сакам се што е поврзано со уметност.Многу ретко ги искажувам своите чувства и емоции пред некого,затоа многу ретко ќе ме видите како плачам.Ако ми се плаче ќе се тргнам настрана,ќе се исплачам,а потоа пред другите ќе се правам како ништо да не ми е. Исто така сум тврдоглава,што ќе си зацртам во главата тоа е,ретко некој може да ме предомисли.Сакам да помагам,да имам многу пари,дел би дала во добротворни цели.Претходно сум помагала и премногу на некои луѓе кои не го заслужиле тоа.Мразам да чекам некого,а најмногу ме нервираат луѓе кои не почитуваат туѓо мислење.Многу сум амбициозна,упорна(иако понекогаш знам да не сум многу упорна) и љубопитна.Сакам да запознавам луѓе од цел свет.Да научам нешто за други традиции и култури.Не сакам да ми заповедуват и да ми кажуваат што да правам,но сакам авантури и мистерии.Понекогаш знам да водам инат и да си страдам заради тоа. Имам многу каректиристики на Скорпија.
БИК -амбициозна,принципиелна, одговорна, по малку тврдоглава - Ако не на врвот, секогаш сака да биде близу до него - Натпреварувачки дух -често избрзува со своите одлуки и зборови, брзоплета -емоционална и чувствителна личност -горда -сака да докаже дека е во право кога некој ќе и се спротистави -филозоф -сака: литература, ја влече по малку математика, авантура, , убаво тело ( па кој не сака ), а воедно е гурман ; слатки, благи работи многу многу не одбира, се си јаде -не сака: па не сака толку спорт, ама пак затоа сака убаво тело Манџа ако нема мевце -ја нервира: дволични и лицемерни луѓе кои во една ситуација се однесуваат на еден начин, во друга поинаку , фини , разгалени ДАМИ И ГОСПОДА кои упорно мислат и тврдат дека се во центарот на вниманието и светот не знаејќи дека центарот се бележи со нула -другар, знае да донесе погрешни одлуки само да види кој ќе ја поправи , чува тајни -приврзана за одредени личности од најблиската околина Ова за женско, машките малку поинакви се , барем тие што ги познавам
Фала ви на сите многу, ми помогнавте... Инаку... Исто како јас. И јас сум целосно по особините на скорпиите. Гледам не си го спомнала нашиот „убиствен поглед“ во кој сите се џарат како да не речам чукнати. Извинете за дугите, ама такви сме ние скорпиите - ЗЗЗЗЗЗЛОБНИ...
Не знам дали имам "убиствен поглед".. Треба да прашам Инаку сите велат дека Скорпиите сакаат да се одмаздуваат и дека знаат да бидат многу лоши и злобни,но не е така и кај мене.Напротив не можам на некого да се одмаздувам.Тоа не сум јас.Можам на некого да бидам многу лута и во тој момент да му посакувам лошо,но најчесто подоцна се смирувам и заборавам.Но понекогаш знам и јас да покажам заби. Единствено тие каректиристики ги немам како Скорпија.
Скорпија ...Јас кога го прочитав ова се запрепастив .. Како јас да сум го пишувала хах .. Мотивација Скорпијата не го прифаќа животот лесно. Има чудесна меморија: не заборава неправда, ниту љубезност. Мислењето за другите штом еднаш ќе го формира, може да биде за цел живот. Скорпијата е критична кон другите, лесно ги наоѓа нивните слабости и ги користи за да си игра со нив. Оние што ѝ сметаат може да бидат „каснати“. Скорпијата е фасцинирана од сè што е скриено, мистериозно, окултно. Тежнее да ги истражи тајните од било кој вид (од вашите лични тајни до тајните на униврзумот), а понекогаш тоа ќе го направи и со сомнителни средства. [уреди]Во работа и интереси Повеќето Скорпии сакаат да работат во професии каде нивниот талент за истражување може да биде корисен. Ги има во сите видови истражувачки проекти (научници, детективи, судски експерти, доктори, ветеринари, хирурзи, психолози). Ги привлекуваат подземни или подводни активности (рударство, археологија, нуркање), и секогаш им е потребно да бидат сфатени сериозно. Во односи Скорпијата е срамежлива и ги крие своите чувства. Одбира да остане сама, побрзо отколку да биде одбиена. Но, кога еднаш ќе биде вовлечена во врска, постојана е и како љубовник и како пријател и како непријател. Скорпиите поседуваат личен магнетизам и се привлечни за спротивниот пол, но можат да чекаат со години додека да го најдат вистинскиот партнер за себе. Екстремно се љубоморни, а скандалите ги сфаќаат како можност за раздвижување на врската. Домашен живот Почестени сте ако сте поканети во домот на Скорпијата, затоа што тоа е приватна територија во која смеат да влезат само одбраните. Жената Скорпија ќе се занимава со средување по дома, а машкото Скорпија ќе го начекате како се занимава со поправка на некакви апарати, и сите делови ќе бидат на подот. Се разбира дека вие како гостин ќе бидете оставени сами да се забавувате, па можете да прочитате некоја книга од нивната домашна библиотека со детективска содржина. Вашите домаќини не си легнуваат рано, но од разговор ќе слушате само за болести или за нечија смрт, или сите заедно ќе се загледате во филмот на телевизија. Скорпиите родители се многу горди на своите деца, и ги поддржуваат во сите младешки глупости. Зборови што ги опишуваат Скорпиите Важи и за двата пола: длабоки, страсни, продорни, моќни, со јака волја, со само-контрола, мистериозни, темелни. Понекогаш: свирепи, критични, неискрени, љубоморни, морбидни, посесивни, навредливи, осветољубиви.
Скорпија - Типичен претставник сум на мојот знак . Многу сум мистериозна и затворена личност , па дури и тука на форумот кај што никој не ме знае , ретко се отварам вистински затоа што јас не сум таква личност . Моите мисли и чувства сакам да си ги задржам само за себе , а посебно кога имам некој проблем, ретко го споделувам . За продорниот поглед и мене ми имаат спомнато , некои дури ми имаат кажано кога ме гледаш во очи чувствувам како да ми ги читаш мислите . Премногу сум љубоморна и многу сакам да се одмаздувам , кога некој ќе ми згреши можам да чекам и неколку години додека да сковам добар план за одмазда . Всушност ако некој сака сосема да ми го дознае карактерот доволно е да ги прочита на Фемина карактеристиките на Скорпиите . Да додадам дека многу си го сакам знакот и не би сакала да сум ниеден друг хороскопски знак освен Скорпија.
Јас сум водолија но на самата граница со јарец,подзнак шкорпија-многу сум упорна никогаш не се откажувам,секогаш имам поставена цел и се стремам да ја остварам,многу сум тврдоглава,претерано искрена,многу сакам искрени луѓе,комуникативна,аналитична,сакам несекојдневни работи и секогаш сакам да сум поинаква од околината затоа и ги напишав сите овие работи ,бидејќи многу значи знакот и подзнакот
абе ние стрелците сме нај нај најзабавни, најпаметни, најснаодливи, најдругари еех џабе е друго што да зборувам кога тоа се знае
Јас нема што да пишувам. Потполно се согласувам со тебе... На интернет имав гледано некои клипчиња... Ама сеа неможам никако да ги најдам. Луѓето кои имаат блиски скорпии зборуваа за убиствениот поглед... Еве една слика најдов како изгледа ако некој не видел: Од кафепауза. На клипчињата гледав дека луѓето велат дека кога скорпија ќе ги погледне се убиствен поглед тие делуваат како да се хипнотизирани. Всушност нешто ги тера да гледаат во нашите очи и да не престанат додека ние не посакаме. А погледот ги штити нивните мисле. Некои велат: тоа е поглед кој што и да сакаш не можеш да ги погодиш нејзините мисли... тоа е невозможно и неможе да биде. А еве што мислат скорпиите за сево ова: Една девоојка вели... кога дечко ми ќе ми каже НЕ... јас сомо ќе го погледнам онака убиствено и тој веднаш се согласувс. Воглавно, ние сме горди бидејќи можеме да ставиме „се“ под наша конрола, ама можеби и не баш се... А за стаклените очи... Овде неможам ништо да зборувам: Само: Убиствен поглед и стеклени очи е комбинација - 10