Здраво феминки, разгледував по темиве и невидов дека има тема за сколски ранци, Ајде да поразговараме малку и на оваа тема мислам не е лоша нели? Сега во ова вереме има насекаде ранци со секакви цени за секој џеб. Но кога ке види човек не е само да се купи било каков ранец. Ние пред некој ден земавме за детето ранец од Стилос-Рамстор преубави се сум зимала и патнички куфери и торби и супер се погодиле. Можам слободно да кажам дека моето дете не ги обожува нешто многу ранците со бакуган, бен тен и др. Ајде напишете сега и вие нешто.
уште сме мали ние за да размислуваме за ранец на училиште (претпоставувам на таков мислиш). Сега си имаме оној Пинутс од United color of Beneton затоа што ја надминавме фазата со кучиќи, мечиќи, зечиќи и сега ми треба нешто по практично т. е поголемо за да можам да го полнам со све и свашта - од алишта, пијалоци, влажни марамици... А кога станува збор за училишен ранец, веројатно би гледала да е некој квалитетен кој нема веднаш да се искине т.е рачките да потрае бар една год. во обзир дека носат еден тон тетратки, прибори... и практичен. Малиот и сега нешто не се пали на Бакуган, бен 10 затоа што избегавам да му ги пуштам да ги гледа, ги знае не да не, има по некоја играчка и од нив ама нешто посебно не. Дај му мотор или кола и ќе си брмчи цееел ден во комбинација со Том и Џери
Здраво кога читав исто како јас да сум пишувала и моето не е по нив иако е голем, а и нема ништо добро што да се научи од тие цртани, друго е Том и Џери снаодливост се учи.
Имаме и ние ранец и торбичка, ама не за на училиште туку за во градинка. Ранецот е со принцезите од Дизни-розев е, го купив од една продавничка кај мене во маало за 600 ден., прилично ефтино, го користиме две години, сега за сега е супер, се` уште е читав (изненадувачки, со оглед на цената мислев одма ќе се скине). Патентон се расипа ама јас го средив , инаку го перам во машина на 40 степени. Торбичката е од Џамбо (циклама боја) и таа ја земав за некои 300-400 ден., со Братз (ваљда вака се пишува ). Ќерка ми не е многу пребирлива, барем сега за сега, битно и е да има барбики на сликата Сонце мое, сега е во фазон на принцези и барбики. Инаку и ранецот и торбичката бајаги се експлоатирани, ги полнам со се` и сешто зависи од потребата....од храна и пијалаци па се до алишта и сето она што и` е потребно каде и да излегуваме.
Ние купивме ранец Габол, шпанска фирма, исклучително квалитетна. Го купивме во Грција, не знам дали некој продава Габол во Мк. Инаку квалитетот на ранецот е многу важен, иако на децата нормално им е поважен изгледот. Битно е нели и да одговара на анатомијата на грбот на детето, да е водоотпорен, и со оглед на тоа колку книги носат, да е јак.
Ќерка ми лани отишла со мајка ми и си одбрала еден ранец со Ѕвончица од Петар Пан. Ранецот е на тркалца. Мене ми беше сеедно, зошто оди во целодневна, и ранецот го носи само во понеделник и петок, со сите книги, и секако не го носи сама, туку и го носи оној кој ја носи или зема.
Уф сега купивме со дизни принцес,розов ранец за трето одделение и таков прибор за моливи,гуми-многу сакаше таков ранец така што мама се опрчи 1800 ден за ранец и уште 480 ден за прибор
Пред некој ден го купивме ранецот на мојата внука која годинава оди во второ одделение! Малата гледаше по сликички со барбики, принцези, задолжително во розева боја и со многу шаренила , а ние пак повеќе обраќавме внимание на квалитетот на ранецот, поточно да биде анатомски! На крај се совпаднаа желбите на детето и возрасните , купивме анатомски ранец во розева боја Hello Kitty 1500денари и ептен и е по кејф на внука ми бидејќи е голем обожавател на Hello Kitty!
еве ние ваков купивме ранец за трето одделение,до сега супер се покажа,го полниме со книги,учиме............
Ќерка ми сакаше ранец за во градинка со Спајдермен, ама некако ми изгледаше многу мал, а поголемите беа па отров скапи - ова во просветно дело. Моментално има мој ранец за во градинка, најобичен сив ранец, доволно голем за јас да и го носам, и да го наполнам со алишта за пресоблекување кога одиме на гости некаде. Малава моја, освен со Бен10, Спајдермен, Бетмен и др. машки ликови не сака други ранци. Нема шанси да ја убедам да земеме со Јагодица Бобица, некоја принцеза и сл.
крај на септември земавме ранец на таргет ортопедски или анатомски незнам како да се изјаснам 2850 денари бидејки рбетот малку ни е искривен па заради тоа моравме посолен ранец да купиме не гледав со со слики ке биде туку битно ми беше да е што може поцврст и да го држи исправено
Најубав ранец е правилниот,бидејќи просечен ранец наполнет со училишен прибор тежи од 4 до 6 кг. А се носи на тело кое има 30 до 40кг Постојат и ранци на тркалца кои се многу практични и максимално го растеретуваат грбот затоа што последиците на грбот можат да бидат фатални да доведа т до намалување на капацитетот на дишењето