Форумџика на годината

Каков татко, таков син

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Dream-Girl, 20 декември 2018.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Имаме тема каква мајка, таква ќерка, па инспирирана од истата решив да отворам и ваква дискусија.
    Често ако таткото е некој пијаница, коцкар, наркоман, некои карактеристики се препишуваат и на неговиот син.
    На пример кај мене брат ми како расте, стана копија на татко ми во однесување, а и ја на мајка ми делумно. Сепак ги копираме однесувањата од нашите родители, бар некои однесувања.

    Исто така, не секогаш значи ова, но сум била сведок како татко расипал син со зборење и пренесување ставови дека машкото без алкохол пиење не е машко, ако не врти неколку жени во месец е смотан, па синот во обид да му се допадне станува алкохоличар и воедно женкар, чиста копија на таткото. Сепак родителите имаат влијание често врз однесувањето на децата.

    Па, што мислите вие за ова? :)
     
    На Victorian, Dust, Unique__ и 3 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.242
    Пол:
    Женски
    Има многу случаи каде што може да се рече каков татко-таква ќерка и каква мајка-таков син.И научници велат дека гледано на светско ниво почест е случајот кога ќерката е копија на таткото,а синот на мајката.Исто е и за поврзаноста,ќерката е повеќе поврзана со таткото,а синот со мајката.
    Секако дека има и исклучоци.
    Ама,секогаш едно е јасно : од гените не се бега !
    За мене конкретно...Јас сум женска верзија на татко ми.Сите се чудат... :rofl:
     
    На PaLaVa, hermosa и Stressed Out им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.791
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи. Ако не му се наметнува ништо, детето само си го бира својот пат. На пример, таткото може да пуши, да пие, и тоа да го прави пред очите на детето, а детето да не ги следи неговите примери. Но, ако на детето му се наметне некое однесување, па и став, да му се постави шаблон како треба да се однесува како машко, тогаш многу е веројатно дека детето ќе почне да го следи тоа. Поаѓам од примерот дека јас не сум прифатила што ми било сервирано и не сум тргнала по примерот кој сум имала можност да го проследам.
    Родителите се рол модели на децата, но не секогаш тие се метнуваат на нив. Тинејџерските години се посебно осетливи, кога и друштвото игра голема улога во однесувањето и размислувањето на едно дете, а не само неговиот родител. Тогаш се случуваат најголеми промени, децата одат во крајности, додека не созреат и одлучат кој е најдобар пат за нив.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    55.827
    Пол:
    Женски
    Има случаи, но не мора да значи. Брат ми се повеќе приметувам како станува сличен со татко ми, како на пример пцуење при нетрпеливост и секогаш другите му се виновни за се никогаш тој.
    Имам еден комшија чиј татко е лош човек генерално, а пак неговиот татко (дедо му на комшијава) уште полош од него бил, но комшијава не е како нив колку што го знам. Има доста синови што воопшто не се како татковците, сепак зависи од воспитувањето а потоа повеќе од тоа каков карактер ќе изгради личноста под влијание на околината. :)
     
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи.Кај нас во фамилија е каков татко, таква ќерка (јас и тато) знам 2 такви пример во поблиска околина.Само што синовите се колку-толку поуспешни од татковците.
     
    На Shmizla94 и marlonbrando69 им се допаѓа ова.
  6. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    2.632
    Пол:
    Женски
    Карактерно имам по нешто и од двајцата. Ама голем дел ми е само мој и не личи на никој друг.
     
  7. sagittarius989

    sagittarius989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Машки
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Круша под круша паѓа, ако не падне ќе се дотркала.

    Во околина имам голем број пример.
     
    На hermosa и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.486
    Пол:
    Женски
    Нормално дека не мора да значи ама факт е децата учат од средината и срединскиот фактор е многу важен за нивниот напредок. Е сега и зависи дали детето ќе успее да развие критичко мислење, и од таму соодветното реагирање.

    Јас сум секој ден фасцинирана од работите кои брат ми ги има "украдено" од татко ми, зошто секогаш има нешто ново, скроз несвесно има исти движења, зеење пример и слично. Јас карактерно низ годините се доближав до мајка ми, брат ми не е доближан уште карактерно со татко ми ама има земено некои потсвесни ситници.

    Е сега во првото мислење седи ако пример татко е алкохоличар.
    Детето (1) ќе прифати да биди алкохоличар и самиот зошто мисли дека е исправно затоа што тоа е тоа што го гледа во своја непосредна средина. Тоа го гледа од човек кој треба да е пример за него.
    Детето (2) ќе развие критично мислење со кое ќе увиди дека таткото не е во право и ќе гледа да се дистанцира. Многу често можи да се развијат до крајно негативни и одбивни чувства.

    Татко ми има одредени мислења, но и самиот вели дека е ново време и мора да се адаптира и ме остава да ги водам и двата кон поздрав развој за брат ми. Па некни кога неговите пријани другари душа му вадеа на детето, а јас неќев да зборнам зошто неќев атмосфера да му кршам зошто сепак е име на татко ми, само ме виде изнервирана и му збораше како брат ми е голем и способен сам да одлучва за себе и дека е грешно да го убедват во работи шо ги неќи. И искрено, таков чоек сакам да порасни брат ми, самостоен и способен.

    И често кога брат ми "имитира" однесување на татко ми, татко ми реагира "ех гени", не, не се гени. Тоа е апсолутно средински фактор каде несвесно набљудуваме и попримаме од она шо набљудуваме. И затоа често се вели дека со кој си, таков си. И самата гледам како сум менвала пријатели низ годините сум се менвала и самата.
     
    На Victorian, Doozy, Feminka22 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Физиономијата ја носам од татко ми, ама карактерно сум посвоена :rofl::rofl::rofl:не личам ни на мајка ми, ниту пак на татко ми :)додека пак брат ми е типично кодоминантно дете, личи како мајка ми има карактеристики и од неа и од татко ми. .. Од друга страна пак мм е чиста копија на татко му :)посветен вреден семеен човек.... Во опкружувањето пак имаме случај каде што синовите се слика на татко им...Значи држи вода до некаде дека децата се копија од родителите колку тоа и да се негира....исто од женски аспект... Секогаш бараме партнер кој наликува на нашиот татко, зашто тој е првиот маж во кого ги гледаме убавите и не толку убавите карактеристики на спротивниот пол.
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Кај нас е обратно
    Ќерка копија на татко :inlove: во секоја смисла на зборот
    Мали е копија на мама,карактерно се уште се реализира :D на тато карактер нема тоа сигурно
    Синот на тато е ќерка му :D
     
    На Doozy, Feminka22, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Брат ми е ко дедо ми (на татко ми татко)... најногу.
    Ама кога беше мал, со него беа 'најдобри другари'. Шах играа заедно :inlove:

    Мажот ми е исто на дедо му по карактер. Дел има и ко татко му, ама повеќе е на дедо му.

    Индивидуално е. Зависи кој ти е рол модел за кој пол.
    Не секогаш за 'татковска' и/или 'мајчина' фигура ги земаме родителите.

    п.с. јас сум скроз ко татко ми... освен за тоа, што тој беше поконзервативен, а јас сум либерална. Иначе, емотивно, интелектуално, смислата за хумор.. се' ни е исто.
    Е да.. ќе заборавев, брат ми има иста смисла за хумор :)
     
    На Dust, candy.cane, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Имам професор чиј татко бил пијаница и често имале проблеми !! ради тоа.

    Сега тој не пие воопшто алкохол, ниту неговата сестра, зашто не го поврзуваат со убави спомени.

    Се зависи како се воспитани. Има многу случаеви кога синовите во фамилија се разгалувани, учени да бидат 'мажи' како што беше споменато погоре и тоа не е добро за никого.

    Ама се зависи како, колку се воспитувани. Тоа е.
     
    На Alisa22, Mr. Right и Д.Чобанова им се допаѓа ова.
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.162
    Допаѓања:
    50.561
    Пол:
    Женски
    Индивидуално е.
    Доста примери знам каде што кај некои татковците им се пропалици, ама ете децата се спротивно од него или пак обратно.
    Јас пак за мене не знам карактерно на кого личам :D у фаца понекогаш личам на мајка ми.
    Ама карактерно не би сакала ништо од нив да имам.
     
  15. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Сакам да верувам дека не е точно каков татко таков син, но ако синот е растен со татко и воспитуван од него во голема мера поприма од воспитанието на тој татко.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    @Dream-Girl баш уште пред некој ден пред да ја отвориш ти темава, кога ја видов темава каква мајка-таква ќерка, ми дојде помисла, а зошто не би можело да се каже каков татко-таков син.

    Моето мислење е дека колку синот е близок со својот татко, толку тој ќе биде негова копија.
    Важно е каков однос ќе се изгради меѓу нив уште од мали нозе, т.е. колку време ќе му посветува таткото на синот, како ќе го воспитува, колку синот ќе биде отворен кон својот татко да разговара на било која тема, колку ќе биде отворен да му каже за сè што го мачи.
    Од цела таа нивна комуникација, од сите добиени животни совети и насоки ќе зависи дали синот карактерно ќе биде како својот татко.

    Ако има ладен однос меѓу нив и покрај гените не верувам дека би си личеле карактерно.
     
    На Herrera, Mari*, Mr. Right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Потпишувам. :)
     
    На Herrera и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Јас сум копија на татко ми, во инает, во изглед, абе... ко печатена и нарачана!
    Брат ми во изглед на мајка ми, ама карактерот е - по себичен од него не верувам дека ќе најдете било каде на овој свет.
    Па тоа само за себе си гледа, гази, навредува, монструм.
    Ниту еден од родителите не се такви, тој на кого е погоден не знам.


    Моето мислење е дека релацијата е мајка син, татко ќерка, во повеќе случаеви.
    Ја сум поблиска со мајка ми, со татко ми и да сакам не можам, иако за некои работи сме повеќе согласни.
     
    На Mari*, Feminka22 и Mr. Right им се допаѓа ова.
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    И гените играат голема улога, но најчесто многу зависи и самиот карактер на личноста, а карактерот го градиме сами со тек на време, додека си дете нормално е да ги правиш истите работи како родителот, децата се одлика на родитетиле, но како растеме и созреваме сваќаме што треба да попримиме, а што не.
    Јас физички премногу личам на мајка ми, а карактерно повеќе влечам на тато, а брат физички е како да му ја скинал главата на татко ми, а карактерно како мајка ми.
     
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Не секогаш но е честа појава. За голема среќа не делам заеднички карактеристики со таткоми. И мислам дека ова повеќе се должи на воспитувањето и навиките на една личност одколку на генетиката. Ако синот од мал го гледа таткаси како има лоши навики или прави одредени работи погрешно тоа дете ќе мисли дека тоа е добро и ете после како плукнат на тате, каков татко таков син.