1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како Бог го променил вашиот живот?

Дискусија во 'Религија' започната од afrodita94, 6 ноември 2018.

  1. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    531
    Бог се чувствува.Во животот на секој човек делува на милион начини и кај секого е различно.Чудни се некогаш неговите патишта. Какви сте биле порано пред да го запознаете Бог и сето тоа што сте го правеле дотогаш сте сметале дека е во ред? Што е тоа што ве промени вам и вашиот живот? :)
     
    На tiggyboy, Keiner, LUCI 99 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.488
    Допаѓања:
    47.589
    Пол:
    Женски
    Гледам никој нема пишано.Ајде да скршам лед :D
    Уште од мала сум крштевана во црква.Уште како мала сум практикувала некои работи кои се карактеристични за христијанството.Ама како мала не го сфаќав тоа толку озбилно.Како што растам почнувам сè повеќе да верувам дека има Бог.Едноставно знам дека постои и на барам некој да ми докажува, нити пак планирам да докажувам некому.Кога и да сум се молела на Господ ми се исполнувале желбите.Кога нешто убаво ќе се случи нему му се заблагодарувам.Ги почитувам моите и ми се авторитет во животот ама ај да не кажам повеќе ми е ,,страв” од Бог него од моите.Не страв во буквална смисла дека ако не отидам во црква во недела, дека ќе ми експлодира куќата или ќе се случи нешто.Туку имам претстава дека од горе Он сите не гледа и ги пази сите постапки кои ги правиме, и отоп-потом секој си го добива заслуженото.Убаво се чуствувам што верувам во нешто.Независно кој на која религија припаѓа мислам дека сите духовно се чувствуваме подобро со вербата во Бог.
     
    На Keiner, Sejfullai, worrieddd и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.098
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски
    Не ми го менуваше на никаков начин ниту животот, ниту ми ги управуваше моралните вредности и идеалите, додека верував. Едноставно ми беше доза над/нереална стравопочит во животот, пренесена преку традиција. Затоа, кога го сфатив тоа - јас ги променив религиозните гледишта, т.е. ја исфрлив целосно религиозноста од својот мајндсет.
     
    На piksooki, Tan4ence, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.205
    На подобро и поубаво!
     
    На worrieddd, MarigoldA, SeaMermaid и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Да не беше вербата во Бог одамна ќе ме немаше на овој свет,после сите гадости и лошотилоци што ме снајдоа во животов,јас живеам единствено со љубовта и вербата во Него,исто и стравопочитта....
    Многу пати сум тргнала по лош пат,Тој ме вратил од тој пат,ми дал совест,ми дал покајание и така ми го промени животот,особено последниве 15 години,од најмала возраст верував во Него со цело срце,ама последниве 15 години сум се повеќе уверена во неговото влијание во мојот живот...
     
    На Elenpelen, Keiner, Sejfullai и 10 други им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Гледајќи го овој прекрасен свет со сета негова прекрасна природна убавина, реки, океани, планини..растенија и животни....и гледајќи го овој суров човечки род или изрод..попрво би ти го сменила прашањето на темава..
    КАКО ЧОВЕКОТ МУ ГО ПРОМЕНИЛ ЖИВОТО НА БОГА...

    ЗГРЕШИЛ НЕШТО СО НАС, ДЕФИНИТИВНО..можеби кога сите би се раѓале насмеани а не да плачеме при пораѓај и животот би ни бил весел и убав..вка цел живот ни е плаќки и маки.
     
    На Herrera, daylight и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  7. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    898
    Мислам дека името на темава е сосема во ред, дека ние од Бога сме создадени..
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Од бога сме создадени, точно така, но сигурно не сме за да уништиме се тоа што он создал!?
     
    На worrieddd, Herrera, Orthophill и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.488
    Допаѓања:
    47.589
    Пол:
    Женски
    Тоа е бабе бидејќи не цениме што имеме.Такво ни е целото човештво.Дали тука дали во Ирак, дали во Англија.Секаде има добри и лоши луѓе.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    2.695
    Пол:
    Женски
    Едно време,водена од преголеми желби и уште поголема увереност дека сум не знам колку посебна,мислев дека родителите ми ги скратиле можностите,воспитувајќи ме погрешно. Добрината кон сите им ја толкував како слабост,преголемата чесност како наивност.
    Но,за среќа се одвоив од нив,ги погледнав од далечина и видов нешто поинаку.
    Денес сум уверена,дека токму тие се заслужни што го запознав Бога.
    Иако не класично религиозни,ми дадоа добар темел кој ме воведе во верата.

    А,средбата се случи,како и кај многу, во тежок момент.
    Само влегов во црква,очајна, и како давеник,ја изговорив својата молба со стиснато грло,па почнав да плачам.Река од солзи,јас изместена од реалноста.
    Утредента молбата ми беше исполнета.
    Бог ме подаде рака.
    Почнав да го запознавам и самата во неверување од преголемата глад по него.
    Чекор по чекор,зрнце по зрнце благодет.Милост,моменти на среќа,олеснување душевно.

    Да,Бог ми го измени животот.
    Нема веќе постојан немир и страв.
    Ми го избистри видот,ми праќа сила преку нови луѓе,кои се појавуваат токму кога треба.
    Најдоминантно чувство е дека сум напокон дома,заштитена.
     
    На Triniti93, KittyAgnes, Keiner и 14 други им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Бог е пасивен. Тие промени кои ги наведувате потекнуваат од вашите глави. Можеле да бидат поттикнати и без да се свртите кон религијата, на пример од ново место на живеење, работно место, емотивен партнер итн.

    Ако нешто не му чини може да реагира, ама ко што гледам, премолчува, значи таков му е планот и така треба да биде.
     
    На candy.cane и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    531
    Бог се чувствува.Не си осетила на своја кожа или пак некогаш ти рекол Не за некоја работа па затоа велиш пасивен. Не се споредуваат промените кои Бог ги прави во човекот и оние промени кои се прават од материјалниов свет.
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека се споредуваат. Има атеисти а и тешки грешници кои почувствувале поголем мир и сатисфакција од вас. :D
    И вие како и секој човек, се од некои себични побуди тргнувате - чувствувате како Бог стапил во контакт со вас, како на вас ви помага и одбивате објективно да погледнете на работите. Остави ме мене, што е со оние луѓе, честопати и деца кои се разболуваат, па умираат превртувајќи се? Мислите дека повеќе вредите од нив?
     
    На Lianna Anna и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  14. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    531
    А кој тоа рече дека вредиме повеќе од нив? И ако сум верник не значи дека рози ќе ми цветаат во животов.
    А како може да знаат тие атеисти чиј мир е поголем ако никогаш не го почуствувале оној мир од Бог па да проценат?
     
    На LUCI 99, worrieddd, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Така испаѓа, дека сте повредни од нив за Бог. Зашто нив ги малтретира, а вас не. Без разлика дали се тие верници или атеисти. И на големи христијански верници им се случуваат лоши работи што им го одземаат мирот.
    А за тоа другото, доволно е некој да набљудува и лесно може да процени кој е позадоволен и кој подобро се чувствува во своја кожа. Еден куп грешници кои не го следат божјиот пат (небитно дали се верници) искусуваат лагодна егзистенција. Како да не му менува на Бог многу дали си верник или неверник, грешник или праведник.
     
    Последна измена: 20 ноември 2018
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    531
    Пак ќе ти кажам, се што е материјално завршува.Па дури и т.н мир од овој свет кој го имате.
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Мирот не е материјално опиплива работа, туку душевна состојба.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    531
    Ама на атеистите ви доаѓа од материјалниот свет ко што викаш ти.
     
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Ама останува нематеријален.
    И материјалниот свет, кој го создал?
     
  20. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    531
    Истиот Бог кој вели да не ги бараш богатствата од таму бидејќи се минливи.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.