Ќе зборувам во женски род, бидејќи повеќето сте дами. Со партнерот сте неколку години во врска, или брак. Можеби ве фатило монотонија и имате некоја потреба за авантура, за малку адреналин. На анонимните социјални мрежи (твитер, форум и сл) правите акаунт и запознавате некој нов, исто така анонимен дечко. Муабетот ви тргнува уште во сам старт, како да се познавате со години. Но и двајцата умешно го криете вашиот идентитет. Не кажувате каде поточно живеете, ниту што точно работите, име и слики ни под разно. Само искрено кажувате дека сте во сериозна врска/брак, но дека сепак, вашето чудно пријателство сакате да продолжи. Од ден во ден, од ноќ во ноќ, комуникацијата станува се поинтензивна и најпосле одлучувате да се видите. Избирате неутрална и безбедна локација - соба во хотел каде не одат локални. Тој дошол пред вас, ве чека во собата. Вие се доближувате до вратата. Ја посегнувате раката да тропнете по вратата, но во милисекунди се предомислувате. Најпосле храбро и одлучно чукате. Вратата се отвара полека. Човекот што го здогледувате е вашиот дечко/маж. Се гледате зеници во зеници и не ви се верува. ... Како би изреагирале во оваа чудна ситуација?
Ееее значи ич не сте интересни. Мислев ќе разгориме некоја жустра дискусија тука, а на вас ви е поинтересна темата „Врска со атеист“
Ќе нарачаме пица на рецепција. Ќе јадеме у кревет и ќе гледаме филм. На одење ќе ги украдеме шишенцата алкохол од шкафчето. И сапунчиња ако има неотворени. И ќе се смееме. И ако ни се свиѓал хотелот пак ќе доеме
Ова е многу индивидуално прашање. За мене допишувања кои не се пријателски, се еднакви на неверство. Во тој случај треба да се запрашаат дали е се во ред со нивната врска/брак.
Hahahahaha ja na samiot post se presmeav a zamisli pa uste da mi izleze mojot maz pred mene vo hotelska soba ke se presmeam a i da sekako nema da ostavam na prazno da pomine dejtot ke se se frlam vo akcija da ja iskoristam hotelskata soba
Прво би била збунета во ваква ситуација реално, као мини шок ќе му дојде, после би се изнасмеала. Кај баш од толку други па и со мажот ми анонимно да се допишувам. Игра судбине.
Вака некако: не го покажува линкот, стриптизот од true lies Ќе се прокараме кој кого зашто како па ќе се исексаме како странци и секој по дома. јас баш би сакала ваква авантура да ми се деси (особено со мојов) ама он е намќориште, душа ќе ми извади после
Ќе му раскинев на дечкото ако планирав да шврљам. Ко ќе видам дека ќе шврљав со него можи ќе се смиревме хехе, дур романтично ќе дојдеше.
Па прво би било шок за двајцата после би си се изнасмеале но после би седнала да размислам што е тоа што него го натералало да пишува со друга(и дали пишува со други дали ме изневерил ќе се појави сомнеж црвот ќе проработи) но,и мене исто што ми/ни фали во врската што може и дали може да промениме нешто за да бидеме и двајцата задоволни и среќни во врската. Ноќта би ја поминале таму во таа хотелска соба со многу разговор па ако ова не возбудува и го крева адреналинот и можеме да бидеме задоволни и е всушност тоа што ни треба и не задоволува и ни ја убива монотонијата може да продолжиме со допишување и повремени секс авантури како двајца непознати..Надвор од таа хотелска соба дечко и девојка. Имаше бг филм тој се допишуваше и излегуваше со медицинска сестра он доктор жена му го фати но другарка и ја натера да направи профил на сајт за запознавање ја послуша и направи мажот и од толку жени му фати око на нејзината биографија а и фотографија на кое лицето и беше затемнето но се вљуби во нејзиното телото.Се допишуваа и најинтерсено беше кога она го раскажуваше нејзиниот живот дека е изневерена дека маж и не и обрнува внимание а овој одг каков глупак како може покрај ваква жена да изневерува и на ваква жена да не и обрнува внимание.Тој не те заслужува.Глупак! Тој инсистираше да се видат таа одбегнуваше овој полуде по неа на крај дозна дека е жена му. Интересен филм.
Ќе се правам дека сум знаела оти е он цело време и дека намерно сум договорила дејт за да видам дали е спремен да ме изневери. И ќе почнам да урлам како можеше, како не ти е срам.. Шала на страна, сигурно би била шокирана и прво не би знаела што да кажам. Овде би биле криви двајцата и не би го напаѓала туку би седнала да разговарам што не натерало и двајцата на тој чекор и дали може нешто да се реши да си ја спасиме врската/бракот.
Би била сто посто сигурна дека овој брак не е функционален,не само од моја страна туку и од негова,после случката реално одма би требало да си појдеме накај адвокат за развод.