Како би ја опишале љубовта према децата?

Дискусија во 'Дете' започната од ArabellaStarfall, 18 февруари 2024.

  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    7.670
    Пол:
    Женски
    Самиот наслов кажува се. Како вие ја доживувате љубовта према децата? Што претставува таа за вас? Опишете ги вашите чувства, иако знам дека многумина ќе не можат да најдат соодветни зборови за опис на оваа посебна љубов. Но, и една реченица е доволна кога има силна позадина.

    Бидејќи јас ја отварам темата, ќе ја напишам прва сопствената мисла.

    За мене љубовта према своето дете е една од најсилните чувства што може човек да ги доживее. Ниедна врска не е толку цврста, силна, јака и челична како онаа од родител према дете. Искрена, чиста и несебична љубов која може само да се дава, а не очекува ништо за возврат. Ако алтруизмот не може никаде да го вклопиш во овој несовршен свет, станува химна во односот меѓу родител и дете.

    Бакнежот и прегратките се поразлични кога даваш љубов према своето дете. Го нудиш светот во своите дланки и најголемата заштита. Со бакнежот ја нудиш цела нежност и невиност.

    Љубов без рок на траење. Љубов која додека дишеш неизмерно ја даваш. Љубов која те прави супер човек за да го заштитиш своето.

    Таа за која вреди да се живее и се има секоја смисла.
     
    На Lady*Bug, Ане. и Zumbulche им се допаѓа ова.