1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го доживувате форумот?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Theodora, 28 декември 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Насловот на темата е во прашален облик и доволно говори сам за себе. Еве го моето доживување -

    - Форумов е виртуелно катче каде налетуваш на различни ставови, идеи, (не)знаења, фрустрации, мудрости, рекорди и тешки концентрации на глупост на квадратен пиксел, шеги, лош обид за хумор и промашен сарказам, доживувања, наивност, искреност и за крај, но воопшто не и незначајно - лаги помножени со бројот на мислења, ама суптилно и внимателно украсени или накитени бетер од најкичестата елка што може да ја замислите и по не знам кој пат им се верува (ама тоа е веќе цела друга тема). Плус секогаш се наоѓаат лесно секакви моментални групирања (пр. снегомразачи, па мразачи на снегомразачи и мразачи на мразачите на снегомразачите :D ) и останати интересни и помалку интересни групи. Под интересни читај и од интерес за (зло)употреба;

    - Форумов е често голем добар расадник на сеир, групен сеир, свингер сеир и останати (не)оправдани варијации. Кај секој/а просечен/на форумџика/ја тлее желба за добар виртуелен сеир, што повеќе е хардкор тоа подобро :D .

    - Форумов за мене лично е место каде мерам каде да ја олабавам и каде да ја стеснам либералноста на сопствената мисла. Исто е место каде анализирам кому ќе ја дадам својата доверба иако е тоа лик бихајнд аватарчето, тоа е истовремено и жива личност со свој единствен карактер, темперамент и фул пекиџ на она што ја чини тоа . Имам интуиција и добро ме служи во овој поглед. Ситни поднапумпани себеприкази не ми сметаат нешто посебно ги сметам за нешто доста високо фреквентно и практично безопасно, ама со фејк крупниците имам проблем и би го цитирала со ценетиот Кили со ,,немој да не‘ је*еш,, со мала модификација ,,немој да мислиш дека можеш, леба ти ;) ,,.

    - Форумов е место каде стануваме и побогати со искуства, било да се позитивни или негативни, најчесто е комбинација во прашање, каде имаме непосредна интеракција и шанса да согледаме дека имаме и слични и различни на себеси какви и да сме и да учиме низ различностите, ова е непроценлива можност :) .

    - Форумов е место каде сите со над 500 мислења (макар биле и со по една реченица и амбиција да станеш спамер на годината) сме оставиле дел од себеси, од своите животи, емоции, таги, успеси, кој ќе остане тука трајно и еден ден ќе ни буди спомени. Иако правам разлика меѓу виртуелен и реален живот, ова што го напоменав, барем за мене - и не е баш малку.

    Вие сте на ред ...
     
    На Someonespecial, galapce, FortuneTeller.xD и 3 други им се допаѓа ова.
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Теодора, одлични теми создаваш периодов. :hai:

    Форумов го доживувам како поле на културни...се шегувам.
    Форумов го доживувам како прибежиште од реалниот свет. Всушност и овде постојат реални личности со реални приказни ( mas o menos ), но за мене сите овие луѓе се само виртуелни, бидејќи не сум запознала ниеден форумски лик овде in live.
    На форумов можам да се изнадерам со зборови, кога немам глас тоа да го кажам некому.
    На форумов искажувам љубов која во моментот ја чувствувам и сакам да ја споделам со сиот свет.
    На форумов пишувам за мојот ден, мојот живот без срам и без чувство дека открива премногу.
    На форумов сум онаа која што сум, реално. Но, малкумина ме познаваат вистински како што на форумов се покажувам, и малкумина знаат што всушност чувствувам, доживувам.
    На форумов сочувствувам и се радувам заедно со сите форумџики кои ќе напишат тажна/среќна вест. Искрено се натажив за „воскреснатата“ Наташа, (дури дечко ми се чудеше, вика: Жалиш за човек кој воопшто не го познаваш), со заминувањето на дечко и на Марама во Дубаи (мислам беше :^) ); се израдував со веста за бременоста на Лолита, со успесите на Љубам и сл.

    Можеби некогаш ќе запознаам некој од овде, можеби не, но јас сум приврзана за форумов и ликовиве овде. Што да правам, таква сум и приватно, лесно се приврзувам за луѓе. Но и уште полесно се откажувам, ако ме разочараат.
     
    На Hipster, Strumfeta93, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Го доживувам како место каде што можам да кажам се што ми лежи на душа без да наидам на осудување, едноставно да ми олесни, како еден вид дневник. Често доаѓам во ситуација да немам кому да кажам нешто, се двоумам или пак не сум сигурна. Тука можам да си кажам апсолутно се. :)

    Можам да ги искажам чувствата, било да се позитивни или негативни, било да сум заљубена или разочарана, весела или депресивна.

    Исто така, место каде што можам да добијам одличен совет, во секое време. Место каде што можам и јас да помогнам некому.

    Место за одмор. Можам да се релаксирам, да се насмеам, да не мислам на моето секојдневие...
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Го доживувам како место каде слободно можам да си ја испразнам душата,срцето, мозокот,
    Можам да кажам ама баш се, да добијам совет, да помогнам некому,
    Место каде што се кријам, и каде што бегам од секојдневието,каде што бегам од проблемите и грижите
    Моето мало царство ! :$
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    А бе цела сиви мозочни ќелии си :wasntme: ]:) ... Добра тема, има многу што да се кажува ... :geek:

    Кога дознав за форумов само читкав ... искрено ми беше интересен, поучен ... некако реален и приземјен. Малку членови беа но функционираа како семејство ... Па добив идеја да се зачленам.Инаку уште месец дена ќе правиме роденден со Фемина :inlove: :wasntme: ...
    Ми тргнаа мислењата, уживав да читам и да пишувам ... Забава, релаксација ... добро совети, мислења итн. Некако форумов навистина си доби на смисла и на убавина. Го доживував како потребно и пријатно катче за секого ... каде можеш да го поминуваш своето слободно време. Да напоменам дека е место каде може да си запознаеш многу пријатни и мили девојки и момци нали :$ ...
    Хмм но годинава некако форумов доби голем пресврт. Сега ќе врти некој очи но реалноста е таа ќе сум искрена ... Почнаа препирки, поделби, конкурирање ... борба за подобра позиција, за внимание ... чат пат и тролови му даваат негативна енергија. И еден период го доживував како место каде одредени дошле за лечење на своите комплекси и место каде имаат да докажат нешто и да манипулираат, да сплеткарат. Така форумов и почна да си губи од својата вистинска смисла.
    Но, сепак го доживувам како дел од мене. Секогаш со задоволство читам, чкртнувам по некој пост ... ми е пријатно место за релаксирање и дружење. Нема ден да не го посетам.
    Се надевам дека некои работи конечно ќе си го најдат својот пат, за да форумов биде повторно позитивно и семејно ... како што го доживувам јас ... катче за одмор, забава и насмевка.
     
    На galapce и nesa им се допаѓа ова.
  6. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Го доживувам како место каде можам да да научам мн користи работи за се и сешто.
    За дружење и не баш затоа што никој не познавам лично, за жал.
     
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Е да цркнам и мене веднаш од Гоце реченицата ми иде.
    Јас форумот го разбирам како поле на (не)културен натпревар меѓу 20.000+ жени (и по некое машко де), секоја со свои квалитети и маани, со свои ставови кои се цврсти или променливи во зависност од „противникот“ на темата. Место кај што се трча да се достигне некаков си форумски престиж за да се покажам демек као кул личност, кај што се плукаат или (најчесто) лижат газиња за некакво си смешно лајкче и покачена репутација, а наредниот момент се зборува против истиот кој дотогаш бил лижен. Место на кое како анонимна личност можеш да си го покажеш вистинското јас и искажеш што ти лежи на душа или пак сосема да ја избегнеш реалноста и да се претставуваш онаков каков што би сакал да бидеш (што за жал е се` почесто), за некоја си никаква лична сатисфакција. Место за мрчкање за она што не ти го прави ќефот (јас).
    Од позитивната страна: Одличен начин за дознавање корисни информации, барање и делење совети, степени на приватност (која искрено многу ми значи), анонимност, дружба (кога ќе го изоставиме умилкувањето), пукање сеир и едноставно тепање време.
    Нит го сфаќам пресериозно како цел живот да ми е овде, ниту пак место на кое што би седнала и би плескала мислења насекаде само колку да ме има.
    Го доживувам како место на кое можам да си искажам како се чувствувам и размислувам на одредени теми, без непотребни размислувања дали некому ќе се допадне или не, па кој, што, како и дали ќе ми реплицира, па што би вратила.
    Штом стиснам „Одјави се“, излегувам од виртуелноста и форумите ми се само низа од веб страни преку кои виртуелно си средувам впечатоци од секојдневието.
    И сега сама себе ќе си кажам „Ај ве молам марш“ пошто ептен фатив да мавам филозофии.
     
    На galapce и Hipster им се допаѓа ова.
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Форумот не го сфаќам толку сериозно, барем не како некои други.
    Место каде ќе можеш да го искажеш својот став за некоја тема, актуелна или неактуелна. Мада повеќе ги избегнувам тие „актуелните“ за снегот, за кој како ќе биде облечен за дочекот на нова година, Дадар или не и сл.

    Секакви карактери ги има. Постојат и карактери кои демек треба да служат за пример, а позади нив стои едно исплашено човече. Ќе се сретнат и сеирџии, креативци, уметници, саркастични и сите тие плус вана би како префикс. Секој си се прикажува каков е или каков тој сака да е... Никој не ми смета, слободно...

    Само форумот не е баш за секој. Некој го доживува како нешто лично или пак црпи пример од накитени мислења од трнлив човек. Не се расудува правилно, па се доваѓа до конфликт со самиот себе или со друг, се набиваат комплекси, се склучуваат влажни пријателства итн итн.

    Место каде ќе можеш да најдеш интересни луѓе со интересни приказни. Каде ќе научиш нешто ново и ќе те набилда со способност подобро да ги анализираш другите.
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Како издувен филтер, барем лично од себе ќе тргнам. Нема да се правам светица дека не ми се случувале испади, затоа што ми се, и свесна сум за тоа. Еве оваа прилика ја користам да се извинам ако на некој сум му предизвикала да се чувствува непријатно :) ама едноставно тоа сум јас, може да ми се случи денес да фрлам камења по некоја, утре да најдеме некој заеднички интереси и да се спријателиме форумски. Така да, ништо лично не сфаќам, ниту пак фаќам некоја на пик ако некаде не сме се согласиле. Значи, воопшто не, ако на пример денес сум се расправала со Скорпионка во политика, утре може на друга тема ќе се согласиме и така :)
    Но има форумџии што ужасно ме иритира и ми го пореметува дигестивниов систем, при што ми се повраќа од дново на стомакот и потоа ме фаќа ужасен пролив, со тоа добробитисување наоколу, стварање на идеална слика, дали со некаква цел или не, незнам, значи се согласувам по одредени точки во воведниот текст на Теодора. Едино тоа ме нервира, во глобала немам некое лошо мислење за форумов, со повеќето стојам добро, и мило ми е поради тоа.
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Форумов ми го разубави слободното време, не дека пред тоа не ми беше убаво, ама сега па и покорисно ми е.
    Форумов го доживувам како решение на многу проблеми што ми се појавуваат, што совети за лепота, депилации, пилинзи, коса тело.... совети за мода, љубовни совети, здравствени.... многу, многу ми користи форумов.
    Го доживувам како место за продуктивно тепање на време, некогаш од фаќање сеири, некогаш од читање прекрасни статии небаре колумни.
    Го доживувам како катче за олеснување од проблеми и нервози, отварам, си читам што ми се чита во моментов и се релаксирам.
    Да сублимирам, го доживувам како виртуелно катче за споделување и употребување на корисни и не толку корисни работи.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Форумов го доживувам како место полно со идеи, ставови, свои мислења, размислувања за некои работи или области во животот. Виртуелно место за дружење со многу паметни и интелегентни девојки, кои во секој момент се подготвени да ти помогнат за некој проблем, како што ми помогнаа и на мене, за тоа сум им многу благодарна. :hug: Фала девојки.

    Место каде што можеш слободно да искажеш свое мислење на некоја тема, да искажеш свој став или свое размислување, место кое те обогатува со знаење од било кој аспект. Тука можам слодобно да кажам како се чувствувам, каков проблем имам, без претходно да бидам осудувана за тоа...
    Башка форумов е и одлично место да ја убиеш досадата аххахаха :D

    Многу мислења(коментари) често знаат да ме насмеат и со тоа да ми го ''направат'' денот :D :rofl:

    Тука, научив многу нови работи, иако сум кратко тука (ми пишува од август дека сум, ама тогаш сум зачленета а последниов месец сум како активна кориснична). Мода и стил мојата омилена категорија, каде што често знам да споделам мислење со форумџиките во врска со модата, места со попусти на облека итн итн..

    За разлика од другите членови кои се наоѓаат на форумов, чие годиште е далеку поголемо од моето, мислам дека сега-засега добро функционирам и се снаоѓам некако помеѓу сите овие девојки :)

    :hai:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Еве, јас како нов член ќе кажам како искрено го доживувам форумот :)

    Мислев дека е генерално поразличен од другите, ама не е. Новите членови тешко се прифаќаат, освен ако не влезат во „високо интелектуален“ дуел со некој од „познатите“ и високо ценети форумџии/ки. На презентиран проблем поголемиот дел од девојките не одговараат со совет, туку со осуда, чиниш Големата порота ја сочинуваат. Секогаш сум се прашувала Што е тоа што не` тера нас жените да се „јадеме“ меѓусебно, небаре собираме поени за подобар третман кај Господ!

    Овој форум не ми е прв, нормално, ама го чувствував како свеж почеток. Како најпосетен, а со тоа следствено и најмногу различни мислења и ставови од кои ќе може нешто да се научи, очекував многу повеќе, можеби затоа и се разочарав....Јасно ми е дека поголемиот % на девојките тука се околу 20на и помалку години, но знам дека има и доволен број на „зрели“ жени, кои бај д веј, секогаш обожавам да ги читам и сметам дека треба да се многу многу поактивни оти тие го држат балансот :geek:

    Не знам која е таа мода, и кој тоа го започнал, ама секое ќоше од форумов вришти од сарказам и иронија! Да не има некаков натпревар, а не сум прочитала? :lol: Стварно не разбирам зошто...каде отиде обичноста на човекот, добриот и мил збор, едноставноста во одговорите? Зошто зад секој збор мора да се крие отров наменет за некоја жртва?

    Читам повеќето од вас велат дека не ги „регистрираат“ искомплексираните и напувани форумџики, ама сакале или не, таквите го трујат форумот....секоја злоба, искажана на било каков начин, го носи катчево во сосема поинаков правец од оној кој треба да го држи. И не, не сметам дека треба да се глумат лажни скромности, божји добрини и отворени срца - треба ВИСТИНСКИ да сме поемпатични, покултурни и со почит кон секоја различност, зошто ако не можеш да го разбереш другиот, никогаш нема да се разбереш ни самиот себе.
     
    На Bozica1980, galapce, glosipgirl и 16 други им се допаѓа ова.
  13. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    како дневник,исполнет со приватни работи кои не секогаш можам да ги кажам некому...
     
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Најпрво како забава.
    Место на кое некогаш можам да кажам нешто што ми е во глава и што сакам да го исфрлам од мене.
    Место на кое има многу интересни форумски ликови,некои обожавам да ги читам,некои не до толку.Но воглавно секој си е посебен на свој начин.
    Место на кое можам слободно да се жалам и да мрчам кога нешто не ми е во ред.
    Место на кое можам да кажам свој став во врска со одредена тема.
    Место на кое понекогаш можам да побарам и некој совет.

    Не откривам којзнае какви тајни но сепак се прикажувам таква каква што сум.Кога се зачленив не ни се надевав дека толку ќе се навлечам на форумот.Буквално нема ден а да не се вклучам или цел ден да го поминам на форумов.Едноставно има што да се прочита овде :) .
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Место на кое може многу да се праша, научи, согледа но и убаво се изнасмее :D
     
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Баш како форум. Недозволувам да е ова мој личен дневник за исповедање, ниту место каде ке стварам пријателства. Ја сакам слободата на анонимноста, затоа и се зачленив, и сметам дека треба да се избере што ќе се напише, ова водено од сама себе. :)
    Во момент на среќа имам напишано 2-3 поста, и жалам што нема опција да ги тргнам.
    Што е тука е, повеќе внимание друг пат.
    Применувам совети и искуства за одредени продукти, рецепти, читам искуства и доживувања, си градам мои мисли и желби.
    Сметам дека треба да е за нијанса поопуштено, оние без-везе тензични ситуации да се изостават, да биде секое мислење оставено такво, без да следат после него 100 цитати, и најважно да се запази основната функција- форум и секакви индивидуални и слободни мислења, а не дневници и приврзувања за срце.
     
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Форумов го доживувам како едно витурелно општество составено од неколку претседатели (администраторите), министри (модераторите) и граѓани (останатите членови).
    Како и во секое општество така и во ова, ако сакаш поубаво да поминеш пожелно е да си со власта.
    Граѓаните ги има од различни видови и подвидови, но јас грубо ги делам на угледни и неугледни граѓани. Угледните се оние староседелци, најчесто во коалиција со власта. Тие ја имаат моќта и силата.
    Неугледните се оние новодоселените, па тие мораат да се борат со сите сили за углед. Некои го стекнуваат, некои не. Некои често се откажуваат. Има и такви кои не се борат да го стекнат.
    Како и во секое општество и овде ставовите мораат да ти се поклопуваат со ставовите на мнозинството.
    Ако не ти се поклопуваат наидуваш на страшни осуди...
    Колку страшни зависи од самата личност т.е. како таа ќе ги доживее.
    Од овде произлегува и тоа дека некои граѓани едно мислат друго кажуваат со надеж дека тоа ќе им овозможи поголем углед кај мнозинството. Ова е според мене целосен апсурд, но што е тука е. Личен избор е во прашање.
    Една многу интересна појава овде ми се „хуманитарците“. Ги има во изобилие на форумов. Тоа се најчесто оние кои би вдомиле милениче, но немаат услови, би донирале средства, но немаат кредит моментално...
    Сепак, не е се така црно. Во ова витурелно општество настанаа многубројни пријателства, се прочитаа многубројни корисни совети, шеги и ред други работи.
    Една, така поголема разлика, од реалното општество е што овде можеш да читаш како некој го поминал денот, дали дечкото ја изневерил, кој те изнервирал денес, кај одиш вечер и сл. работи кои често се толку банални и невредни за читање според едни, а според други пак се клучна важност.
    Исто така, овде можеш да оставиш мислење за некоја тема за која реално ти не се прашуваш, па ова ти е единствено место за изразување став (независно дали си го стекнал под нечие влијание или самостојно).
    И секако, овде можеш да се испукаш, а никого да не повредиш. :D
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Као фејсбук, али со повеќе розево на него.
     
    На Princess.S, JoxyTheFreak и mims-89 им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Како меанче за женчулиња!

    И само тука, гласовите во мојата глава се стишуваат ко попарени кокошки пред вителот на сардисаните, вудвосани души, врескачи, какачи ѕвездулести.... чучурлиги, пелиндуши, ламји, чуруци, ташаккурлести моми... сите до една под притисок на сопствениот ХX хромозом со болен самоистребувачки нагон!

    Тука човек може да си најде разбирачка со себе и да се најде во недоразбирачка со другите, прибидејќи, од жешкиот ХY костен си патиме, којшто многу тешко да го погодиш, да го држиш, уште потешко да го додржиш (кога му се бега), пошто изгледа најтешко е да го пуштиш поради друг ХХ и уште потешко да го одржиш по неговиот „ал би бек“ нагон.
    Значи, се додека ХХ и ХУ се во добри односи, се е убајни, прав рај.
    Пекол имаш потоа.
    А, на некои едноставно природата им е таква- од адот ги пратиле да ве побркаат во умовите ваши.
    А, ХХ е добар и кога ќе се обедини со заеднички сили против ХY... и онда БИ рај.

    Се друго опишано во постовите погоре е реалноста надвор.
    Разликата е што, во нашиот ’реален’ круг имаме помалку луѓе вклучени, за разлика од меанчево тука... па, чуму- пошто, чуму уопште?! Секогаш има некој кој има потреба да се восхитува некому, такви кои имаат потреба да бидат објект на нечиј восхит, онакви кои сосем случајно ќе влезат во кругот на восхитувањето, пак попатно ќе си се најдат во улогата, како и такви кои ќе сакаат да излезат од сето, пак ќе станат - читачот, заедно со оние чии „скриени“ намери наводно биле откриени или такви кои сосем небитно ќе им изгледа да се замараат со било што во меанчето, затоа што е меана сепак, домата им е на друго место.

    И значи децо, во меначево, еден е бог на меанчето (Билката), чијшто лик нажалост беше откриен од неверните анѓели- истражувачи на разликите меѓу луѓето и боговите-анѓелите.
    Сите се анѓели, само што меѓу нив има такви кои би на престолот на меанчето, пак затоа, секој од нив си има свои анеѓи- серафими, херувими и тронови. Останатите се луѓе, демек небитни, незабележани во меанчето(само што меѓу нив има вистински анѓели, но и бисери) кои чат-пат се вклучуваат во борбените трупи на анѓелите или самоиницијативно си се класираат кај читачите.
     
    На Nymeria и ljubam им се допаѓа ова.
  20. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Го доживувам како место каде што можам виртуелно да се дружам,каде што можам да бидам она што сум без да се грижам кој какво мислење има за мене и да научам нови поучни работи :)