Како го облекувате вашето бебе?

Дискусија во 'Бебе' започната од sweet.woman, 18 октомври 2011.

  1. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    435
    како го облекувате вашето бебе? откако ќе му ставите пампер па гаќи после долги гаќи и панталончиња од горе а на горе боди потенка блузичка и подебелка дали облекувате нешто повеќе или помалку од тоа.. за овој ладен период мислам
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.818
    Пол:
    Женски
    потребна облека

    Мојата беше зимско бебе, па малку повеќе ја облекував да не настине-памперс, тетра и осмица пелени, бенкица или боди, чорапчиња, бебешки ѕиврички, шпикознички и капче, а на рачињата за да не се гребе со ноктињата-ракавички.
    Кога потпорасна и` облекував врз памперсот холахопки, боди, тренерчиња или панталончиња со блузичка. Ако е поладно и елече врз блузичката.
    Кога излегувавме ја облекував во скафандерче (ако има снег), или јакна, капче, шалче, ракавички.
     
  3. mamaHana

    mamaHana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    30
    потребна облека

    Моментално имаме 7 месеци и му облакам боди по долги ракавчиња и тренерче или дуксер,надоле врз памперсот хулахопчиња,па тренерка долна или панталончиња и зависи чорапчиња некогаш му облекувам некогаш не.Најчесто топлинки пошто е у дубак.Или евентуално место тренерки му облакам спихозни за по дома.
     
    На vlademali му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    1.157
    Пол:
    Женски
    Облека за бебе

    Иако сеуште е многу мал (30 дена денес) не го тунтам со алишта. Му ставам памперс, чорапчиња кратки, бенкица и шпилхозни, ништо повеќе.
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.682
    Облека за бебе

    Речиси 4 месеци е моето бепче. Му ставам памперс, потоа хулахопчиња и боди (зависи какво ќе ми дојде при рака-на долги ракави, кратки или без ракави) и тренерки. Ако е поладно нагоре му ја оставам пижамата (како поткошулка би му дошло тоа).
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.758
    Допаѓања:
    133.734
    Пол:
    Женски
    Кога беше мал, пролетта, му ставав еднократна пелена, широк повој, боди бенкиче или само бенкиче, чорапчиња и шпилхозни, капа кога како, не ја сакаше. Летото го облекував малку полабаво, најчесто над пелените му ставав памучни шпилхозни со кратки ногавици и кратки ракавчиња или без ракавчиња, ако беше малку поладно, ќе му ставев чорапчиња. Сега освен еднократната пелена носи и боди со долги ракави, хулахопки ако е поладно, инаку само чорапи и меки чевлички, тренерчиња и послаба маичка. Ако залади внатре (кога термостатот ќе го исклучи парното) му облекувам одозгора плетено пуловерче (ми шмрка прилично деновиве). Инаку не го облекувам многу.
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.588
    Допаѓања:
    73.388
    Пол:
    Женски
    Моето бебе е скоро 7 месеци и ако е мн. ладно ја облекувам во хулахопки одозгора тренерки , блуза а најодоздола боди.на нозете чорапчиња и топлинки. ако не е толку ладно сето ова наведено само без хулахопки :) а ако излегуваме надвор , ја дотерувам во фустанче/сукничка , хулахопчиња , чевлички и одозгора јакна :)
     
  8. barbie1511

    barbie1511 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    5
    Веш маица,боди,блуза трењерка,зиврички,трењерки и чарапчиња.
     
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Мојата ќеркичка е 2 месеци и бидејќи 99% од времето е дома и облекувам боди со долги ракави ,чорапчиња и шпилхозни ,а кога ја вадам надвор и облекувам само скијачко оделце .
     
  10. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.113
    Мојава бебушка е два ипол месеци. Ја облекувам со боди обавезно, ако е по долг ракав не облекувам подкошулче, а ако е по краток ракав, облекувам и подкошулче. Одозгоре најчесто носиме шпилхозни, понекогаш тренерчиња, панталонки со блузка, а деновиве како е поладно, облекувам и хулахопки и термо чорапчиња. Ако има потреба да се оди до некаде, обавезно ја облекувам во скафандер и ја моткам во ќебенце. Капа не носиме нон стоп, само после бањање неколку часа. За спиење навечер, ја пресоблекувам во пижамчиња, бодито си останува, без хулахопки, и само со еден пар чорапчиња. :)
     
  11. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Слично како girl1985.. бебушот има 5 месеци - преку ден боди на долги ракави, хулахопки одозгора шпикозни (плишани) или тренерчиња (дебелки), чорапи или топлинки ретко, капче само за надвор со скафандерче - за спиење боди на долги, пижамчиња и чорапки и обавезно во вреќичка спие. После бањање обавезно капче ама во спиење го вади :)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.113
    Мамички, каде низ Скопје можам да најдам бебешки бодиња со македонски кирилични натписи? Видов на слики на фб кај пријатели ама не знам каде има такви. Кажете ајде која видела :clap:
     
  13. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    496
    Имам видено на излог во продавничка во ТЦ Бисер, плаво боди и пишуваше на кирилица Сонце на мама и тато (сонцето беше нацртано). Верувам таму е најдеш.
    Е сега продавницата е на приземје, спроти аптека Виола има продавница за долна облека (Лисца мислам е), па една за патики и уште една мислам има, па оваа. Малечка е. Се надевам добро објаснив. ;)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    40
    Не сум мамичка ама кума сум на преубаво бебенце и обожавам да гледам и купувам работи за него :) Ако не се лажам такви бодиња има во повеќето македонски продавници за текстил, како Стружанка, Виница, Илинденка и сл.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    397
    И јас имам видено во македедонските продавници за текстил (Стружанка, Македонка и сл.)
     
  16. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    157
    ОВие два-три дена е само по боди или само по летно памучно фустанче. И ладно кога беше се потеше па не сега.
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.588
    Допаѓања:
    73.388
    Пол:
    Женски
    насабајле и навечер- пантолончиња капри и блуза на кратки ракави
    а поручек- летни фустанчиња
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.758
    Допаѓања:
    133.734
    Пол:
    Женски
    Дома е само по боди со кратки ракави или без, ако не ја рачунам пелената, скоро гол, за излегување му облекувам кратки панталонки и маичка или пак памучни комбинезонки, како шорцеви се, и без ракави. Навечер спие по тенки пижамки со кратки ракави над бодито и покриен со тенко кебенце (ладничко е кај нас во спалната, колку толку).
     
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    21.655
    Пол:
    Женски
    Овде е ладничко и морам подебелко да ја облакам
    Преку ден во боди на кратки ракави , тренерчиња и чорапчиња
    Навечер стандард си спие во врекичка за спиење . а оддоздоле боди , чорапчиња :)

    Кога е потопло и облакам кратки пантолончиња и маичиња на куси ракави
    :)
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.818
    Пол:
    Женски
    Мајки јас сум збунета, па ми треба совет.
    Моето прво дете беше зимско и знаев од прилика како да ја облечам т.е се снајдов некако.

    Е сега за некоја недела кај и да е би требало да ни дојде и другово детенце...проблемот е што појма немам како да го облекувам бебето. :(
    Една продавачка во Енци-менци ми рече дека првите 40 дена на бебето можно е да му студи (во утробата му е топло) и би требало да го облекувам по долги ракавчиња, лесни памучни, ама сепак по долги, а јас пак си мислев дека треба по кратки или евентуално на прерамки да биде облечено (пр. само боди и чорапчиња покрај пелените или и капче ќе ми треба).

    За изнесување од болница (термин ми е 18 јули, ќе биде надвор пекол претпоставувам) купив комплетче по долги ракавчиња со капче (по препорака на една моја братучетка ) бидејќи нема никаде комплетчиња по кратки, а шприкознички по кратки уште немам купено, ама и тоа ќе биде деновиве. Имам и плико за изнесување.
    Имам слушнато дека детето треба да се облекува како што и ние се облекуваме, т.е. ако мене на пр. ми е топло и сум по кратки и бебето треба да биде по кратки. Да не ме караат во болница или да не ми се смеат што сум спремила по долги. Навистина сум збунета. :(

    Прашањето ми е што да подготвам да ми донесат за бебето во болница т.е. за изнесување? ...какви алиштенца по долги или по кратки. :?: ...па и некој совет за облекување на летно бебе.
    Благодарам.