1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го одбирате местото каде ќе го поминете вашиот одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од rossonerka, 4 јули 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Знам дека пред се при избор на место за летен одмор се парите. Колку ти е долга чергата, толку и ќе си допуштиш нели. ;)
    Но не мислам на парите во темава, битно ми е зашто ќе ја одберете Паралија или Тенерифе или Хвар или Пефкохори или Закинтос или Анталија или Хургада или Сицилија или што ти ја знам кој.

    Што барате да задоволува едно место за таму да го поминете летниот одмор?
    Што ви е најбитно? (слободно надополнувајте си го списокот).

    - Водата. Морето, езерото, океанот да е чист, да нема животинки, да нема бранови итн. Или гајле ви е, битно да има вода.
    - Плажата. Да е песочна, долга, некаменеста, лежалки да има, да нема лежалки, сеедно ви е...
    - Сместувањето да е блиску до плажа. Игра ова некоја голема улога? Дал е 20 метри, дал 320? Или ако сака и во шума нека е, само нека е поефтино.
    - Ноќен живот. Да е бучно навечер или напротив што помирно место толку подобро?
    - Државата и народот. Некои едноставно се приврзани со некоја држава па само може гратчињата да ги менуваат но не и државата. Некои секоја година одат во Турција. Некои не сакаат да стапнат во Грција. Некои не можат да се замислат во Албанија. Други ги нервира Бугарија. Трети ја сакаат Црна Гора. Некои се презадоволни од пријатноста и условите кои хрватите ги даваат. Имате некои омилени и неомилени држави и народи?
    - Големината на местото. Некои сакаат мало местенце, мирен тивок, релаксирачки одмор. Некои сакаат големи гратчиња, голема фрекфенција на луѓе, гужви, забава, повеќе за прошетки, повеќе ресторанчиња, поголема забава.
    - Климата. Некои сакаат посвежо време, па ги одбираат Хрватска, Црна Гора па тука може и да е свежо а и водата е ладна. Додека некои во Турција ил Египет сакаат да се печат на 50 степени и немаат проблем со жештината. А со климата важи и водата е потопла ил поладна.
    - Знаменитости. Некои под одмор подразбираат 10 дена плажа и море. А други пак посетуваат се во околината. Дали при изборот околината има улога? Дал ви се битни тие излети, тие знаменитости, тие стари градби?
    - Интернет/ТВ. Битно ви е кај што ќе сте сместени да има интернет и телевизија?
    - Клима уред. Мора да има во сместувањето?
    - Базен. Колку ви значи хотелот или во сместувањето да има базен?

    ииии слободно искоментирајте си што ви е битно а што небитно при избор на место за одмор. Со исклучок на парите :)

    Кои ви се првите топ 3 услови кои мора едно место да ги исполнува? :)
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.024
    Допаѓања:
    154.705
    Стварно не знам. Ама веројатно според мојот карактер.
    Важно ми е да ново,различно место,важно ми е да има што да се посети,а не само водата и плажата. Важно ми е да биде повеќе од едно место во прашање. Важна ми е различноста и инсистирам на место кое ќе ме раздвижи,од кое ќе довлечкам нешто ново и ќе научам нешто ново.
    Што се однесува до сместувањето, не сум тип на човек што оди во некои минорни танчини кои танчат џеб. Кога и да одам на одмор,буквално сум во соба само за туширање и спиење. Толку. Па и немам некој посебен критериум од аспект на тоа да биде со поглед на водопади кои формираат виножито и да пирка југозападно ветерче. Сакам само да е чисто и уредно,е тука може и да биде тепачка ако не ми го задоволува тој единствен,а најважен критериум. А и не поднесувам луѓе кои се понашаат ко дива на одмор. Па ало бре,оди на Карибите јеботе,што ми одиш у Турција?! Парите кои одат во ол инклузив, јас ги користам максимално за нешто по мој ќејф и од јадење и од пиење.Со моите сум одела и така,ама оков и обврска е,а се случувало храната да не можам да ја поднесам па дупло да си платиме за јадење надвор.

    Сместувањето сакам да ми биде на прикладно место и за ноќен живот и за плажа. Нејќум блиску до едното или до другото,туку токму. Не сум мрза па се да ми биде до гз. Општо сум голем шетач, па мислам дека една од причините зошто тешко е некој момак да ме поднесе, зошто душата им ја вадам со долги пешачења. За појаснување,влагам по продавници,не ни гледам што има,ко занимација уз прошетка.

    Немам предубедувања за народот и државата. Всушност што поразличен,толку подобро,како и за климата. Од пеколно жешко,до свежичко,мене ми е убаво се дур убаво се забавувам.

    Еднакво важно ми е да има добар ноќен живот кој не мора активно да го живеам,иако се дешавало, но ете ако ми текне да имам каде да се спастрам со алкохол. Ко што ми е важно и да има мир. А оно мир можеш и самиот да си направиш ако така сакаш, ама галама не.

    Клима и тв,интернет...наречете ме олдфешн,ама ми е моронизам пар екселанс. До душа клима увек доплаќав пошто со склетџии одев на одмор,сега како ќе биде не знам. Ама мене лично,не ми се предуслови.

    Базен...при цело море,што ќе ми е базен да се бањам у нечии мочки или да дишам хлор?!

    Топ три, да имам чисто и пристојно место за сместување со сите потребни услови. Да има динамика, да има културно уметнички обележја кои ќе ми го одвлечат вниманието и ќе ме забавуваат и ќе научам нешто фино и ново. Да има солиден ноќен живот, а за плажа,пошто преферирам да менувам плажи, е де, ќе си изберам таму. Ама да,различноста.Сакам да комуницирам со мештаните. Лани дури и проблем отворив на придружбата од многу муабетење со еден нападен мештанин :D . Одморот го доживувам како замор со убави и поразлични активности од вообичаените. Психички се одмарам,физички,мање-више.Ако живееш нередовно, 10 дена нема да ти го средат физичкиот умор,па што сака нека биде.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Досега како семејство сме биле три пати на одмор и тоа само во Грција.
    Првата год. бевме во Неи Пори, втората-Олимпик Бич и третата-Неа Врасна.

    Јас ги бирав местата и приоритет ми беше најпрво патот т.е. колку долго се патува зашто сепак одиме со мало дете кое не знаевме првата год. како ќе го издржи патот.
    Со распрашување по пријатели, роднини, познаници дознавав се` за местата на кои биле, малку сурф на интернет и падна одлуката.
    Се одлучив за Грција (иако Турција ми е се` уште неостварена желба, ама и тоа се надевам еден ден ќе биде :nod: ) баш поради тоа што е некако најблиску од сите мориња кои ни се на располагање (Јадран-се патува мин.18ч како што дознав, Црно море т.е Бугарија-15ч...плус пред 6-7 год. бев во Несебар, не ми е фамилијарно место, и Грција-4-6ч. зависи колку ќе се задржиш на граница.)

    Следно беше плажата и водата -дали плажата е песочна или има камчиња, дали има лежалки, дали е пренатрупана или има доволно место да се распостелиме без да не прерипуваат, каква е водата, дали е чиста пред се (единствено се зезнав со Олимпик бич-таму веќе никогаш нема да одам :!: , водата е катастрофа, со тревки и матна ако вечерта има ветер или пак ако има бранови), топла и дали постепено се оди од плитко кон длабоко или одма е длабоко...мене ми е битно заради детето.

    Исто многу ми е битно сместувањето да е блиску до плажата бидејќи ние одиме 2 пати на плажа (наутро 8-9ч и попладне околу 16-17ч, т.е.. додека е многу жешко се повлекуваме во соба), и да има клима затоа што навечер нема шанси да се спие без клима. Таков проблем имавме првата година, немаше клима, балконската врата цела вечер беше отворена и не изедоа комарци.

    Значи ова ми е најбитно, останатото е споредно...
    Ние сакаме мирен, типично пензионерски одмор...сонце, плажа, јадење, спиење....Нормално навечер и шетаме, да лапнеме по некое гиро :lol: (ќерка ми па обожаваше печена пченка да јаде), ако има знаменитости ОК ќе се сликнеме, ќе посетиме, а и да нема многу- многу не ни е битно. :)

    Што се однесува до базенот, без да се навреди некој, ама мене ептен ми е глупо при море да гледаш да имаш базен кај што ќе се сместиш |( ...Навистина, ако сакам да се бањам во базен, ќе останам дома и секој ден ќе одам на Олимписки, Воен или пак ќе си наполнам еден во двор и ќе се брчкам. Разбирам да се сака да се посети аква парк, ама базен :^)

    Од сите места најубаво си поминавме последната година, местенцето (Неа Врасна) се погоди баш по наш кеиф и вкус, тивко, мирно, непрометно, без гужва на плажа, клима и вода екстра....
    На само 5 км. се наоѓа и Асправалта, малку побурно место, повеќе гужва на плажа, поголема фреквентност навечер, повеќе млад свет, нефамилијарни луѓе.

    А следната дестинација се надевам ќе биде Турција, каде?...уште не знам, ама дефинитивно би одбрала хотелче all inclusive. :P
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Најбитно ми е таму каде што сум сместена да ми биде чисто и да имам свое ВЦ. Што е до тоа значи не барам луксузи.

    Сакам местото да е поголемо, да има забава, од културни и пријатни таверни, ресторанчиња, до гласни диска и клубови кај што ќе можам квалитетно да се напијам :drunk: Значи, сакам да ми е на располагање и мирна и луда варијанта, па кај ќе одам ќе зависи од расположение.

    Битно ми е морето да е чисто и плажата да е песочна и на сама плажа да има нешто за пиење и јадење, да не морам да мкнам или пешачам саат време ако ожеднам или огладнам.

    Пожелно е во самото место или блиска околина да има нешто вредно да се разгледа и види, сепак сафра ме фаќа да сум 10 дена на едно исто место и да го правам истото, па истото.

    Околу далечината не правам проблем, можам да издржам долг пат без да кенкам и да се лигавам на секои 5 минути дека ми се моча, дека сум се здрвила итн. За таа страна сум многу пријатен патник :D Си слушам музика, читам нешто или си правам муабет со тој до мене без да ги замарам луѓето наоколу со моите физиолошки потреби :D

    Што се тиче клима и ТВ, ама ич не ми се потребни и така сместувањето ми служи за спиење и бањање.

    Базен не ми е пресудно, ама не би било лошо да има. Секако покрај море нема на базен да седам, ама се случувало навечер да има интересни собиранки баш на базенот после излегување..што не значи дека таквите собиранки не може да се прават во двор, на плажа или друго место, затоа тоа не ми е воопшто битно.
     
  5. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Затоа што одам со моето семејство на одмор,па и не го бирам баш јас местото каде што ќе одиме.Но секако земам учество во бирањето на местото,така што барам кое место е поблиску,по далеку,барам на интернет слики,потоа мислења од некој кој што бил таму и ред други работи.

    Инаку морето нас ни е некако најбитно,да биде чисто,да не се влечкаат низ море некои гадни зелени растенија и друго.Мислам дека никој не би сакал да отиде на одмор и да се бања во таква вода.

    Плажата би сакале да е долга и песочна,да нема премногу гужва,па да скокаме луѓе додека стигнеме во вода или нас да не скокаат. :tmi: Ама не е премногу важно дали ќе биде песочна или со камчиња ако другите работи во местото ни се допаѓаат.

    Сместувањето би било подобро да е блиску до плажа.Како прво ние одиме два пати на плажа.Првиот пат наутро крај 8/9 чатот до крај 1 и потоа од 4 до крај 7 часот.Лани ни беше ептен одалечена плажата од сместувањето и стварно ми беше без врска тоа.Секој ден со автомобилот одевме до плажата,па плаќање паркинг и други такви глупости. |(

    Тоа со државата и народот,немаме никакви проблеми со тоа.Па на 10 дена одиме,нема засекогаш таму да останеме. :lol: И да,не планирам да се правам преголем патриот,па да се занимавам со политика.Одморот нема никаква врска со политиката.И тоа :D

    Ние не одиме во големи места,преферираме мали местенца за мирен и тивок одмор.Инаку кога би одела на одмор со друштво тогаш ваљда би одбрале некое поголемо местенце за забави и повеќе прошетки.

    Кога го бираме местото,не бараме мора да има знаменитости.Ама кога веќе си појден на некое место,секако би било убаво да го прошеташ и да видиш некои знаменитости.

    Клима... Зависи од месото кај што се наоѓаш,лани во апартманот/студиото имавме клима ама воопшто не ни потреба,зошто беше планинско местото.А сега нормално ако е пожешко во местото,тогаш ќе ни треба.

    Интернет и телевизор имаме дома. :D Во апартманот одиме само за спиење и туширање,така да не е потребно :) А да и базен не е потребно,некако безпотребни трошкови ми се тоа.

    И за нас топ 3 најважни при одбирањето на местото за одмор би биле:морето,плажата и сместувањето да е блиску до плажа. :!:
     
  6. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Битно ми е да е блиску, повеќе од 6-7 часа со автобус не би патувала, уште од старт ми е веќе замор, а не одмор. Затоа ако веќе одам некаде подалеку тоа ќе биде кога ќе можам да си платам авион, а да се клацкам со кола/автобус 15 саати нема теоретски шанси.
    Плажата МОРА да е песочна, не ми е одмор ако нема песок. Сакам кога ќе излезам од вода да се залепам на песок и да лежам додека не добијам топлотен удар од жештината на песокот.
    Водата, да сакам да е чиста и убава ама судејќи според изборот во последно време, изгледа поприоритетна ми е плажата. На водата и се радувам првите 2-3 дена после влагам да се разладам и евентуално да поиграм одбојка.
    Сместувањето не мора да е во прв или втор ред од плажа, сепак сум млада не ми смета да попешачам, ама ако е на некое брдо тогаш веќе не би ми било ептен мило. Ако е самото селце/градче без плажа и мора секој ден да се патува до истата одма го шкртам од список, дури и со кола да сум не сакам да се мрцварам секој ден до плажа.
    Важно ми е дали е државата подолго во туризимот или од скоро како Албанија на пример, таму сеуште не би отишла од причина што мислам дека не е доволно развиено за мој вкус. Мене не ми треба луксуз, ама не сакам ни да гледам 60% недоградени хотели во околината. Народот, мање више, доволно е да ме услужат културно дали во продавница/ресторан/дискотека, не мора да ми се смешкаат, ама не мора ни да ми го фрлаат тањирот на маса (како Охриѓани на пример) ете тоа би ме одвлекло да отидам пак.
    Ноќниот живот, не ми треба провод, ама не сакам ни да нема ниеден кафич во местото.
    Големината на местото ми е делумно важна, битно ми е ако е екстремно мало да има во близина некое друго за кога ќе ми здосади да имам опција кај да прошетам.
    Знаменистости воопшто не ми се битни, мене лично не ми е тоа синоним за одмор, туку повеќе за екскурзија така да не би потрошила ден за посета на некој храм, а со тоа да изгубам ден на плажа.
    Климата ми е многу битна, мора да е многу, многу топло и надвор и водата. И да има мала влага за да може да преживееме :D
    Интернет/Тв на одмор не ми треба ама ич.
    Клима за мене лично и не е потребна бидејќи не ми е баш топло, ама секако е пожелно да ја има.
    Базен и да има нема да влезам, мразам базени. А особено кога сум на море не ја гледам поентата да се бањам во базен, па дури и да има 2 метра бранови и 300 видови животинки во вода ќе седам на плажа без да се бањам порадо него на базен.
     
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.464
    Допаѓања:
    172.832
    Со две деца ,бирамеГрција-најблиску е ,морето е ок и сл.Здравје боже,да пораснат,ќе биде и Турска.
    Сместување-апартман(немам намера да одам по хотели ида јадам на саат-да местам аларм за да не го преспиеме појадокот :o .Бирам исклучиво прв ред ,со поглед на море-сакам кафето додека го пијам наутро ,преку цвикер да си ги полнам очите со синилото.Земаме 2+2 кревета,така да и секслајфот си го задржува континуитетот ;) Хигиената во собата -памислам дека веќе немашто да се дискутира -се знае.ТВ ако има,а во сите речиси има,ок,ако пак се случи да нема пак ок-во апартманот сме само за ручек,пладневен одмор и ноќе за спиење.
    Плажата-песок да е,лежалки и немора да има,си имаме наши кои се нешто измеѓу лежалка и наслоњача. :P .Културни знаменитости :?: Па не им значат тие знаменитости на моите две деца ама баш ништо,така да тоа го оставаме на страна со мм-кога ќе бидеме пензионери,здравје боже тогаш ќе обрнеме повеќе внимание на знаменитостите(нели,ние стари,нема да можеме цел ден на сонце :lol: )
    Значи,се на се,првите две точки:
    1.Близина на дестинацијата
    2.Сместување исклучиво прв ред со поглед и песочна плажа.
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Реално, најмногу зависи со кој одам.

    Со моите кога одевме, они секогаш гледаа да има голема плажа и чисто море. Неа Врасна е за нив рај на земјата :rofl: , евтинко, блиску до плажа, се е тишина после 23ч, сите спијат, а јас дремам на некоја тераса како був. :geek: Насабајле одеа уште од 9 на плажа, со 3-4 чадорчиња, креветчиња, столчиња, фрижидерче, уште цигли да зимаа и да заѕидаа куќа на плажата. Лани ми пукна филмот и им реков дека јас веќе на одмор со нив НЕ ОДАМ, макар и по цена цело лето дома да го преседам. :D Па мислам, Неа Потидеа, убаво местенце, се фино, лепо, ама село бре, село. Немав никаква занимација, шеталиштето беше малку поголемо од мојот двор, не ми се одмараше пензионерски и не сакам да сум затворена со нив во една соба. Џабе водата и плажата беа чисти ко солза, ради повредата на ногата одвај можев да одам по тоа камењата и се на се, во 7 дена, двапати се избањав. |(


    Годинава најслучајно испадна договорот за на одмор, јас прво изгубив надеж дека ќе мрднам негдека. Е откако се договоривме, зборувам за со друштвенце, прво што ни падна на памет беше Бугарија. Најискрено да ви кажам, ми се оди негде да се издувам и да се испувам за сите пари, некаде каде што има салам ноќен живот, млади луѓе. :D Додека бев на факултет, можам на двете раци да ги избројам проводите кои биле ТОП, оноа, да си речеш супер бе, вака така. Затоа, се острам за овде. :D

    Е знам сега, Черно море, вака така, ама па од друга страна, лани двапати се избањав. Какво е такво, е има хотелов базен каде што ќе одиме. Не ми е многу битно каде ќе се бањам, што знам. Сеедно ми е дури за ова. Само да нема камења.

    Сум за да има клима, затоа што некогаш НЕ СЕ ИЗДРЖУВА навечер, а ако сте склет човек како мене, сите ќе ги укочите во вратовите и половината. :devil: Некои ми викаат, абе море, дувка, вака така... Кое бре, лани тропска клима имаше буквално, а дувкаше само на плажата. Меѓу првиот и вториот ред куќи беше неподносливо, а не па за другите редови поназад.

    И тоа заборавив, на домашниве животинчиња дома им одговара само 2 или 3 ред, подалеку не одат, макар и по цена да сме збуткани во една соба. :D Јас порадо би да сум последен ред во некое апартманче со клима, широко, да се бркам внатре, неголи во соба со поглед на море во која не се диши. Не дека седиме којзнае колку внатре, ама ете, сакам да ми е комотно.

    Склет човек, тоа е. :D
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    1. Водата. Прв и најбитен услов. Сакам чиста вода. Несакам тревки, прљавштини, медузи и останати животинчиња, по можност и да нема бранови, брановите се интересни еден ден, потоа напор се. Не дека постојано сум во вода, ама па сакам да пливкам, да се шлапкам, да нуркам, сакам водени лудории и затоа водата мора да ми е бистра. Нели на нови места кога идеш имаш знак прашалник, се имам зафркнато како да речеме во Паралија и Олимпик Бич и затоа сум рекла дека и 20 други мои услови да бидат исполнети во овие места, бидејки водата има оценка чиста единица, затоа нема шанси таму да одам пак на одмор. Чистото тиркизно море е она што ми го прави одморот совршен.

    2. Големината на местото. Ова ми е посебно битно ако одам преку некој аранжман и без сопствена кола, па колата ти дава слобода да шеташ, вака бидејки ја немаш таа слобода ми значи тоа да не е местото селце со 3 ресторанчиња и 1 супермаркет. Сакам френкфетни места и гужви, не ми пречат, нормално неќам галами и музика од дискотеки до 5 часот наутро да слушам, ама неќам ни пуста тишина уште во 10 часот. Средина некоја.

    3. Клима уред. Ако порано не ми беше битно сега ќе го ставам на трето место. Добро е да има клима. Таа ми е најпотребна во моментот кога ќе дојдам од плажа и не се диши во собата. Имало ситуации кога климата дури и не сум ја пуштала, ама има и ситуации кога буквално сум плачела за клима, како лани. Па можеби заради искуството лошо од лани ми е на трето место :)

    За останатите работи да си кажам.
    Плажата. Нормално кој не сака голема песочна плажа во недоглед? 8) Ама ќе излажам ако кажам дека ми е пребитна. Да ја спомнам само Хрватска, нема убави плажи, ама како да им замериш на плажите покрај сета друга совршеност? :)
    Сместувањето да е блиску до плажа. А кој не би ја сакал оваа глетка секое утро?
    [​IMG]
    Нормално секој сака. Но не ми пречи, јас сакам да пешачам. Јес да имало ситуации кога сум пешачела и по 500 па и 700 метри до убава плажа (во Будва меревме и повеќе од километар додека стигнеме до Moгрен), дури и сум правела пауза бидејки не е лесно на 40 степени да одиш, ама за убавина каква што е чистото море и песочната плажа вреди одење. Така да засега додека немам семејство и деца не ми игра улога близината на плажата.
    Ноќен живот. За ова се мислев дал да е 3ти услов ил тоа да е климата. Пффф климата победи :D Обично со дечкото одам на одмори, ама ако имаме во близина барови си ги посетуваме. Убаво е да се пијат коктелчиња, да уживаш во алкохолот, а утредента покрај море да се трезниш.
    Државата и народот. Ако ова ми значеше мислам дека немаше да одам никогаш на одмор ни во Македонија (нормално ќе најдев изговори зашто не ги сакам охриѓани), а да не зборам за грци, турци, бугари итн. Не ми е пресудно. Дури многу сакам да менувам места и да посетам што повеќе. Еден народ не го први група луѓе. Но од оние места што сум била со задоволство би отишла пак во Хрватска и Шпанија како најгостопримливи.
    Знаменитости. Воопшто не се пресудни. Јас сум за лежарење на одмор и уживање. Ако имам пари ќе си овозможувам убави одмори летни и потоа уште едно патување низ некој европски град каде ќе запознаам нови култури и народи и ќе се уживам во благодетите на културните знаменитости.
    Интернет/ТВ. Интернетот подобро да го нема. Кај секој ден дремеме на него, добар е 10дневнен одмор. На претходниот одмор тој ми беше предуслов, морав поради работата, ама подобро одмор со интернет, него никаков одмор. Во секоја друга ситуација не ме интересира дал го има или нема. А ТВ би сакала, бидејки со љубовта сакаме да си заспиеме со добар филм. Сега речиси да нема соба без ТВ.
    Базен. Покрај море секако дека базенот не ми е на памет. Ама после плажа, после пешачење ако веќе го има добро е да се брцнеме за разладување. Инаку речиси ич не значи.
    Патот Ако треба и 24 саати ќе патувам до убаво место. Сакам патувања, сакам зјапање од прозор, сакам да патувам многу со автобус, така да никаков предуслов за мене не е, за разлика од дечко ми на кој должината на патот му е најголемото зло при едно летно летување.

    Епа толку :lol:
     
  10. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Прво и најбитно ми се морето и плажата ,на пр го обожавам јонското море таа тиркизна убавина ми е приврзана за срцево некако ,и сакам песочни плажи го обожавам оној момент кога ке се испружам во песокот и ќе си се заиграм со него како мало дете :lol: ,несакам да одам на плажи со камчиња .
    Не ми ебаш најбитно сместувањето да е блиску до плажата ама и не би се лутела кога би била сместена во некоја соба со поглед на море :) Битно ми е да не патувам 5-6 саати до местото ,затоа што неможам да издржам долг пат клацкајки се во кола или автобус .
    Сакам да сум сместена на некое помирно место ,можеби сум малце старомодна ама кога одам на одмор не идам да се журкам туку идам да се одморам и да уживам во морето и плажата по цел ден.
    Знаменитости - што знам зависи на кое место ,ако сум отишла на пр во Египет номално дека би сакала да се прошетам да одам да ги видам пирамидите,ама ако сум во Грција ,Бугарија или пак Црна Гора баш и не ме интересираат знаменитости .
    Интернетот и телевизијата ич не ми се битни и онака одам на одмор да одморам од нив :)
    Базен -искрено не сум љубител на базени а и што ќе ми е базен коа сум отишла на одмор на море.
    Клима ако има океј ,ако нема пак океј никому ништо :)
     
  11. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Парите се пресудни. Не ми е важно да бидам сместена во луксузни апартмани или хотели. И 2* вршат работа, само да е чисто. Важна ми е културата и сите значајни места што можат да се посетат и видат. Не сум тип што лежи и се пече на плажа. Сакам замор, не одмор :D
     
  12. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Иако досега одев со родителите на одмор на некои соседски држави, секако и јас дадов свое мислење кога се зборуваше за тоа.
    Водата ми е важно да е чиста, и да нема животни.
    Плажата не ми е битно многу за лежалки, бидејќи не би трошела многу пари на тоа. Важно е да има песок. ;)
    За сместувањето битно е да најдеме нешто поблиску до плажата, ама да биде и поевтино. :P Како минатата година што си најдовме охоооооо :lol:
    Ноќниот живот не ми е битен,ИЧ,ама ИЧ, бидејќи сум со родителите и не одиме по дискотеки, одиме по ресторани, мирни кафулиња :)
    Државата,народот никако не допринесуваат за тоа кај да одиме.
    Големината на местото секако дека ми треба нешто поголемо , за да има секоја вечер кај да шетам. Лани ми беше здодевно цело време во Аспровалта и секој ден одевме на различни места.
    Климата, знаменитостите - никако. Интернетот ми треба да, ама не ми е толку многу битен. Телевизорот и клима-уредот не ми се битни, бидејќи не сум цело време таму кај што престојувам, не сум отишла таму телевизор да гледам. Иако добро би ми дошло некое радио да си слушам летни грчки или било какви хитчиња.
     
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Зависи дали сум со друштво или со моите. Ако одам со друштво гледаме само да има добар ноќен живот. Се останато е небитно.

    Ако сум со моите ,тоа ми е одмор во права смисла на зборот.

    Водата/плажата сакам да биде чиста , без медузи , без бранови. Топла и пријатна. Сакам песок на плажа и какви такви услови таму зошто пак скоро цел ден го поминувам таму.

    Обично одиме со кола така што не ми е проблем големината на местото,одалеченоста од супермакркети и сл. Повеќе ми одговара мирно место , некое мало селце, малку населено со тиркизно море ,чисти плажи и без досадни и често пати некултурни туристи.

    Клима уред ми е важно,ама далеку поважно ми е да нема комарци местото , алергична сум. И и тоа како можат да ми го зафркнат одморот.

    Сместувањето да е релативно блиску до плажа, слабо стојам со пешачење. И поготово мачно би ми било враќањето од плажа кога се што ми паѓа на памет е туш и спиење.

    Државата/народот не ми пречат. Сакам да запознавам нови култури и традиции.

    За знаменитости ич не ми е гајле првите 7-8 дена од одморот , после тоа може да ѕирнам нешто такво ако има карактеристично за местото.

    Интернет/ТВ претпочитам да нема. Сакам да се одморам. Јас и мобилниот кога сум со моите го оставам дома.

    Базен- не ми треба. Гнасно ми е. Покрај море , не би ми текнало на памет да влегувам во базен. Благо кажано одвратно ми е ,макар хотелот да е најлуксузен и најчист на свет.

    Патот , мене не ми е битно,на моите им е. Сакаат брзо да стасаме и да има можност за не дај боже брзо да се вратиме.
     
  14. babyboy123

    babyboy123 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    17
    Не дека темава е најсодветна ама од тие што ги најдов најсоодветна е.
    Значи јас се троумам каде да одам на патување, не знам како да е одлучам-
    Русија, Турција или Хрватска? Што мислите вие и зошто? :)
     
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Па зависи од тоа која ти е целта на патувањето, одмор, прошетка, да видиш знаменитости... Јас Хрватска би ја одбрала за летен одмор, а Турција за на есен, еве да речеме за 11 октомври. Русија, што знам, во зима многу е ладно, така што би ја оставила за некој потопол период од годината :)
     
  16. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Јас не одлучувам секако, одиме со друштво и не зависи од мене треба и другите да се согласат, ако повеќето не с есогласуваат со одредено место бираме друга дестинација :) ;)
     
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    172.634
    Пол:
    Женски
    Чиста вода И плажа
    Пристојно сместување
    Големината на местото - средно до големо.. мало :shake:
     
    На kala21, referentka, Aleksandar1212 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.081
    Пол:
    Женски
    Ако нема историски знаменитости, не ни помислувам, оти досадно ми е по цел ден на плажа
     
    На Briar Rose, Aleksandar1212, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.755
    Допаѓања:
    12.253
    Имам проблем и не сакам да одам во Грција, сум се изнаснила и претходно. Знам повеќе случаи кога за Македонија рекле Грците дека е Манкидонија, дека нема таква држава, дури имаше и една другарка искуство кога 10 дена Гркот не им сменил постелнина кај што биле сместени. Грција НЕ!

    За одмор пресудни ми се парите, близината, па и македонски места сакам. Правам комбинација од езеро и планина во Македонија. Последните две години беше така.

    Инаку, не сум човек што пребира и прави драми за сместување. Имало случаи каде превртуваат со очи за сосема пристојно сместување и евтина цена.
     
  20. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    47.958
    Пол:
    Женски
    Додека ми беа помали децата,близината ми беше пресудна,така што дестинацијата за летен одмор ни беше во соседството.Ми беше важно да има услови за деца,сместувањето да е пристојно,плажата и морето да бидат блиску.

    Сега сакам да одам на места каде што не сум била,децата се поголеми и бараат и тие нешто поразлично. Да истражуваме и да доживееме нешто ново.Имаме среќа што се наоѓаме во близина на Медитеранот,кој нуди толку многу за туристите,од културно историски места,до преубави плажи.Сакам комбинација од одмор на плажа и шетање.


    Веќе си ја одбрав дестинацијата за ова лето според овие критериуми.
     
    На joy1, Dust, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.