1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го практикувате христијанството?

Дискусија во 'Религија' започната од ynboo, 15 април 2019.

?

Колку често ја читате Библијата?

  1. Често

    14 глас(а)
    23,0%
  2. Понекогаш

    19 глас(а)
    31,1%
  3. Никогаш

    28 глас(а)
    45,9%
  1. ynboo

    ynboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    115
    Целта на оваа тема е да споделите како го практикувате христијанството? Дали имате свое лично молитвено правило при молење? Колку често одите во црква? На кој начин ја читате Библијата?
     
    На Orthophill, Bitter-Sweet, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    За мене лично немам некое молитвено правило, кога се молам -се молам онака од срце тоа што ми излегува, да не речам натежнува.
    Ама кога се молам за болест за ближните, читам молитви за оздравување од електронски молитвеник со убави молитви.
    Во црква одам често, многу ретко одам на служба во недела, ама знам во обичен ден често да отидам да поседам во црква, и да се помолам таму :)
    Библијата ми е прочитана двапати, Новиот Завет целосно со се Откровението, значи по ред ги читав како што се евангелијата напишани, додека Стариот Завет не ми е целосно прочитан, секогаш го читав со прескокнување, не знам зошто.

    Како го практикувам христијанството?
    Ќе излажам ако речам дека сум безгрешна, напротив имам гревови и често се каам за нив, се трудам да бидам добар човек, не сум арогантна или злопамтило во душа, знам да се извинам и да простам...никогаш не повредувам прва никого, некогаш се случува и да ми се здосади од тоа да го вртам и другиот образ и престанувам и тоа е тоа.

    Порано доста почесто постев, во последниот период не се осеќав спремно за постење и не постев за жал...
    Верувам со цело срце и душа во Господ, никој и ништо нема да ми ја одземи таа верба никогаш, можеби грешам понекогаш што се придржувам до стари адети и традиции стари со векови, ама се во границите на нормалното, не правам нешто што ќе наштети некому.
     
    Последна измена: 16 април 2019
    На Lolipop23, Victorian, KateKane и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.488
    Допаѓања:
    47.589
    Пол:
    Женски
    Искрено.
    Библијата ја немам прочитано.
    Ги знам 10те Божји завети и имам прекорачено некои од нив.
    Во црква за празници редовно одам, а вака одам кога чувствувам потреба.
    За молење скоро секој ден му се молам ако има нешто, а кога нешто убаво ќе се случи му се заблагодарувам.
    Верувам во Господ уште од мала, само кон него имам стравопочит.
    Имам гревови, грешна сум признавам.
    Затоа си барам прошка од Него.Само и само од Него.
    За постење не постам никогаш.
     
    На Kate Rina 93, Rama, ynboo и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.975
    Пол:
    Женски
    Се трудам да бидам подобар човек во очите на Бога,за ближните и за општеството.
    Имам секојдневно молитвено правило кое ми го даде духовниот отец. Во него се и утрените и вечерните молитви,читање на Новиот завет,( една глава од Евангелието и 2 глави од Посланијата и метании.
    На почетокот имав проблеми со станување сабајле во недела за на Литургија,ама Фала му на Бога сега без проблем си станувам и често одам во црква,секоја недела и работни денови освен кога ептен сум спречена поради здравствени проблеми или неодложни обврски.За постење постам од 2011 година без внесување месо и млечни производи на своја рака.А од 2016 година според типик.
    Го љубам Бога поради вистината и неговата милост,и длабоко верувам во него. И искрено сакам што повеќе од православните да ја спознаат неговата љубов и благодат и да се зарадуваат во него :l:
     
    На carangigia, Rama, ynboo и 5 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    Почнав да ја читам Библијата, на 30та страна куршлус ми напраја синапсите, и запрев.
    Иначе, ќе ја прочитам.. еден топол, сончев ден...
    И Куранот го имам, и него ќе го прочитам.. исто.. еден топол, сончев ден...
     
    На candy.cane, ane.bella и Luminary им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.485
    Допаѓања:
    78.334
    Пол:
    Женски
    Препорачувам секој Христијанин да ја прочита Библијата. На тој начин подобро ќе ја запознае верата. Откако ја прочитав, тогаш сфатив колку претходно всушност не го познавав Христијанството. Само, секој си ја сфаќа различно и криво ми е што на Христијанството, како и на било која друга религија, поединци гледаат како на нешто негативно. Се препорачува Библијата да не си ја толкуваме самите, туку да имаме свој духовник кој би одговарал на нашите прашања.

    Во Христијанството, најважна е љубовта кон ближниот, љубовта кон Бог и покајувањето за своите гревови. Спрема тоа, Христијанство го практикувам така што живеам еден мирен живот и колку што можам ги следам правилата и обврските што ги имам како верник, кои ни се дадени во Библијата. Безгрешен нема, па така и јас отстапувам од некои од нив и грешам, но се каам и се надевам на божјата милост. Одам на исповед, понекогаш постам и се причестувам, сепак најчесто се водам според она Не е важно што влегува во устата, туку што излегува од неа. Одам на литургиите, покрај Библијата ги читам и светите отци кои имаат одлични совети. Некои од нив многу ми помогнале кога сум скршанала од патот. Молитвите, се разбира, се неизоставен дел.
    Едноставно, се трудам да бидам олицетворение на доброто и застапник на моралот.
     
    На tessie, cresa-jagoda, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Ја имам прочитано Библијата и ја имам повеќе пати читано, најчесто кога сум бил на големи маки.
    Христијанството како концепт го практикувам според учењата на Исус и божјите заповеди.
     
    На cresa-jagoda, Rama, Shalitra и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.462
    Единствено @Orthophill @Rama @daylight (како ученик и следбеник на пророчицата Габриеле) @Serafima и @EvAngelos (иако протестант) ги сметам за вистински посветени поданици на сопствените религиски правци и идеологии. Не навлегувам во тоа колку се legit нивните сфаќања, само велам дека очигледно е дека добро ја владеат теоријата, а некои од нив и праксата.

    Останатите жалам, ама постои мала веројатност дека ќе ги видиме портите на рајот ако постојат. (Се шалам). :D

    Патем, мора да напоменам дека не ги покренувам овде етичките и моралните дилеми, бидејќи дури и меѓу нас атеистите има чесни луѓе, само зборувам во кој вистински верувам дека е посветен на своите учења.

    Луѓе како @Prijatelot, @WildMk мене и некои други немаат право да се изјаснат дека ги следат и почитуваат Божјите закони и верувања, зошто мноштвото од тие искази не се вистина. Но, тоа секако не нѐ прави лоши луѓе.
     
    Последна измена: 17 април 2019
    На candy.cane, Lianna Anna, lovestoneddd и 8 други им се допаѓа ова.
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.604
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    Па родена сум како православна христијанка,но иако сметам дека сум со добра душа,се сметам и за обичен грешник.И библијата ја читам но конечно ја сфатив пред неколку години,да речеме се просветлив .Се молам кога можам со молитвата Оче наш.а за на црква одам ретко едноставно таму веќе не го осеќам божјиот дух .Најтешко ми е психички бидејќи живееме во последните времиња,а за ова разговарам и со брат ми за Исус .А христијанството го практикувам со добри дела и верба.
     
    На ynboo и Rama им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    Ти ќе ми кажиш како да вервам!

    :smoke:
     
    На sjdgo, tessie, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.462
    Мех, не си зимам за право некому да кажувам во што да верува. Само носам заклучоци по пат на анализа.
     
    На Gosh, Shalitra, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.462
    Not really.
    Земјата е сеуште релативно млада. Според научните пресметки и статистики сеуште не сме ниту на половина од крајот, бидејќи староста на Земјата изнесува околу 4.543 билиони години. Оставете ги декларациите на Креационистичките изворни религии и Христијанството. Далеку сме од Армагедон.
     
    На Lianna Anna, DAngel и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Верувам во Бога, теоретски а практично Не...библијата ми е почната неколку пати и оставена..незнам дали некогаш ќе ја прочитам цела, мислам дека нема никаква смисла и да ја прочитам.
     
    На daylight и WildMk им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Одорке, апсолутно се сложувам со се што кажа.
    Вербата и религијата е интимна работа, не сакам да наметнувам на никого, иако често може звучи така оти знам да се "докажувам" со неистомислениците, ама далеку од тоа дека мислам оти сите атеисти се лоши или нечесни луѓе, напротив, баш сум видела поголеми луѓе во нив од верниците.
    Стопати имам нагласено дека тоа што сум верник и се трудам да бидам добра и попустлива, не ме прави ни совршена, ни безгрешна, имам јас и свои лоши страни, и гревови и блудства и што не... Ама на крај на денот се борам да опстојам во таа моја верба, љубов и страв кон Господ, без разлика дали на некого му е смешно или не, ама токму поради тоа и сум жива, после се што ме има снајдено во животецов...

    П.с нема гаранција кој ќе се најде пред портите на рајот, верувај не сум ни јас 100% за таму, ама сметам дека во оваа наша грешна (внатрешна) природа, сите имаме шанса да се покаеме, исповедаме и да живееме мирен и скромен живот, без разлика дали верник, дали атеист.
    На крајот сите сме само луѓе, и само еден ќе не суди за се направено на земјата....
     
    На Dr.Zzz, cresa-jagoda, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.604
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски





    Еве ти бидејќи ми реплицира,а и те како сме во последните денови:!:
     
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.462
    @hermosa

    Шминкањето е уметничка вештина. Не мислам дека е природна и прекрасна ако се практикува често, особено со продукти кои содржат не толку добри хемиски елементи во својот состав, и се тестирани на животни, но дури и да е така, тоа сигурно не е последица или одлика на Сатанизмот како што е претставено во видеото.

    Впрочем по не знам кој пат - Сатанизмот не е ѓаволска филозофска доктрина. Ве молам едуцирајте се.

    Второто видео..
    Не чув корисен аргумент кој би можел да го побие претходно кажаното. Измамници, крадци, илузионисти, и не толку добри луѓе имало од секогаш. Злото доаѓа во сите големини и форми, ама тоа не значи дека го диктира некаков нематеријален ентитет - Сатаната.

    Не дозволувајте да бидете манипулирани олку лесно. Ве почитувам како следбеници на религија, но, мора да сфатите дека науката, физиката, астрофизиката и новиот технолошки напредок генерално не го водат човештвото во регрес. Напротив, го олеснуваат процесот на егзистенција, и продолжуваат животниот век.

    И ти самата, сигурно некогаш во животот си ставила шминка на своето лице, си ги боела ноктите и слично, зарем не?
     
    Последна измена: 18 април 2019
    На Orthophill, WildMk, Animali и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.975
    Пол:
    Женски


    а според тебе кој го диктира злото? и зашто користиш термин како нематеријален ентитет? кога веќе зборуваш,биди концизен/на до крај.Злото од кого би потекнал ако не од сатаната?
     
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.098
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски
    @hermosa, те молам, значи другарски и од срце те молам и ти препорачувам да ги баталиш тие видеа и да бегаш од кој и да те вовлекол од твоја околина во ова (ако има таков).
    Ова е дебело загазување и штетна религиозност, да сум ти другарка би се загрижила за тебе озбилно. Сега ми текнува на муабетот во другата тема од членкава над мене, со наводното потсмевање на кое наидувала, и ниту ми е веродостојна перцепцијата на тоа „потсмевање“, а и да е така - подобро ви мислат и тие што ве исмеваат отколку оние што ве поддржуваат во ова.

    Самата велиш дека си тажна и ти мава на психа идејава за „последни времиња“. Вреди ли бе фикција да ти влијае на квалитет на живот и расположение, жити сè?! Би гледала ли некој филм или серија на пример, што ти влијае лошо на психата? Пошто ова е рамно на тоа, на shitty продукција, од жанр фантазија се разбира.
     
    На Orthophill и WildMk им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.462
    Новиот Светски Поредок. (Политиката, организираниот криминал на чело со воените и паравоените структури, црните финансиски фондови).

    Затоа што вашата концепција за ѓаволот, е токму таква, недефинирана и (не)концизна.
    Според христијанската и исламската религија Адот или пеколот се наоѓаат во задгробниот нематеријален свет. Вие го следите тоа учење.
    Сатанистичките постулати и концепции од друга страна, немаат врска со тоа.

    По не знам кој пат го пишувам ова овде на форумот, но ајде уште еднаш. Сатаната е човекова умствена творба/креација, настаната како резултат на бујна имагинација и примордијален/инстиктивен страв.

    Праисторискиот homo sapiens, во дивината бил изложен на постојан стрес и терор како резултат на надворешните влијанија. (Временски непогоди и диви животни). Под таков притисок бил склон да замислува разни непостоечки појави, а еден од нив е и одговорот на твоето прашање - ѓаволот.
     
    Последна измена: 18 април 2019
    На KateKane, Someonespecial и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.604
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    Драга Спешал,те молам немој сега и ти и онака е напнато по сите теми.Ајде да ги тргнеме видеата настрана,но моите христијански убедувања се такви а членот кој ми реплицира дека не сме биле во последните времиња за него ставив видеа,кои патем сама ги наоѓав оти сум љубопитна и сешто наоѓам јас.И да,тешко ми е оти денешните луѓе се такви,си тераат по свое без да се обидат друг да сфатат како му е.И на форумов е се потешко ,и во живо.Ок како и да е јас бев дошла на темата и се изјаснив доволно е толку .