Форумџика на годината

Како го приготвувате вашето кафе дома?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Srckata28, 27 август 2022.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Ме интересира вашиот начин на приготовка на кафе дома, такво какво што пиете и разни tips за поубаво кафе. И кое кафе користите. :lol:

    Не пијам турско, затоа ќе зборам за инстант. Моите не купуваат оргинално Нескафе, туку некое си кафе од КАМ и искрено, се навикнав до степен што повеќе го сакам од баш Нескафе.

    Јас порано правев топло „нес“ во микро, пола вода - пола млеко, стоплам во микро и додавам 1 лажичка кафе + шеќер според расположение.

    Откако купивме кафемат, не го користам за кафе од капсули, туку како диспензер на топла вода. :D И сега ставам една пуна грбава лажичка кафе, една рамна лажичка шеќер и ставам мааалку вода колку да се раствори и потоа полнам со ладно млеко. Вака ми е моментално највкусно.

    Еден „трик“ од мене, ако ви се допаѓа ирско кафе, во ладните месеци кога правам топло кафе додавам неколку капки рум арома (обична во колачи што се става) и многу убав вкус ми прави. Не е за секој, но можете да пробате.

    И ако може помогнете ми како да направам убаво матено Нескафе - никако, никако не можам да си го погодам. Имам и оргинално Нескафе, сум пробала да матам и со друго инстант кафе, имам и нова машинка, ама секогаш ми излегува или премлечно или прегорко и се нервирам. Кој размер кафе/шеќер/вода ставате вие? Порано многу убаво нес правев, сега не знам што ми стана, едно ладно нес не можам да направам. Хелп. :D
     
    На minne992, senjorita-v, gjoker4e и 10 други им се допаѓа ова.
  2. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Хелоооу, наздравје кафе :)
    Вака, имам работено на шанк, затоа ќе ти кажам некои tips. Ако ставаш шеќер пример две лажички, колку долго и да матиш, ќе биде течно, нежа да е матеното густо. Ние стававме 1 кафена лажичка нескафе 1 кафена лажичка шеќер, а вода отприлика 2 прста (хоризонтално) за да не биди премногу густо/ниту течно. Е сеа, од оваа доза, плус нескафе да ставиш ќе биде попамучна смесата и покафена (погорко нормално). Ако ставиш плус шечер ќе биде посветла бојата и потечно(нема да имаш онака тврда смеса). Ако ставиш повеќе вода од ова, пак ќе биде потечно и цела чаша на со тоа ќе ти дојди, за млеко нежа да остани простор. И друго, ако матиш со млеко наместо со вода, пак ќе биде течно. :)
    Ако некоја варијанта пропуштив, прашувај :)
     
    На Dancewere, gjoker4e, sunshinebabe и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.586
    Допаѓања:
    7.559
    Пол:
    Женски
    2 лажици нес, 2 шеќер, 50 ml вода во тегла матиш отприлика 1 минута и после само додаваш млеко. Никогаш го немам утнато. Инаку темава ти е супер. Баш ме интересира како женскиве подготвуваме кафе.
     
    На sunshinebabe и CarrieBradshow им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Малку вода, немам мерка, отприлика ставам минимално и 1 лажица нескафе, матам со апаратче за кафе, додавам млеко и толку е, спремно е кафето за 2 минути :D. Без шеќер пијам кафе, со шеќер знам дека се прави погуста пена, но не ми пречи нешто многу и вака без шеќер. Секогаш си го погодувам вкусот. :D
     
    На minne992, senjorita-v, sunshinebabe и 2 други им се допаѓа ова.
  5. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Со шеќер иди потечно, за разлика од ссмо нескафе чисто.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Можно, кога сум правела така за други некако погусто и побалансирано ми делувало дека излегува кафето. :)
     
  7. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Турско пиев едно време, па престанав.
    Ставав вода по мерка од една чаша, 2 лажички кафе и една шеќер. Средно го пиев затоа толку шеќер, за некој ако треба поблаго додавав уште.:coffee:
     
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.444
    Допаѓања:
    24.944
    Од инстант кафињава, пијам Нес или Јакобс, сè друго што имам пробано ми е грдо, скоро сите имаат кисела жичка.
    Или пијам само со 1 лажичка кафе со вода до врв на шоља, без шеќер и млеко, така само кафе. Или ставам вода скоро до врв и малку од соино или овесно, овие напитоциве ми даваат некоја јаткаста арома и ми се допаѓа. Од кравјо во кафе ме утепуваат киселини после.
     
  9. love is illusion

    love is illusion Нов член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Многу ретко приготвувам, ако правам тоа е нес ладно со пена или ирско со рум или bayleise.
     
  10. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    5.181
    Пол:
    Женски
    2 лажици нес крем со 2/3 топла вода, малку шеќер, дополнувам филџан со ладно млеко и тоа е тоа :coffee:
     
  11. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.299
    Пол:
    Женски
    Мислев само јас сум психопат :inlove:

    2 лажици кафе, 1 шеќер, малку вода колку да се раствори и долевам со ладно млеко.
    Зимно време само подгревам во микро :wasntme:
    Нема некој што не ми го бендисал кафето. Додуша повеќе е млеко де :inlove:
     
    На senjorita-v и Srckata28 им се допаѓа ова.
  12. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    66.430
    Пол:
    Женски
    2 лажички кафе, вода колку да се покрие кафето, млеко, 2 коцки мраз и чоколаден шлаг. :inlove: 18672D84-9C25-43FC-A157-EC3185E13706.jpeg
     
    На firequeenn, minne992, Dancewere и 10 други им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.022
    Пол:
    Женски
    Не е до шеќерот, до водата е.Ако премногу ставиш вода, потечно е и не се мати убаво.
    Нес Класик брзо се мати, Нес Голд е малку побавно.
    Зависи и што се користи за матење.
    20220829_184056.jpg
    Јас имам вакво.На втора брзина мати поубаво и побрзо.Кафињата биднуваат за минута и пол-две.
     
    На senjorita-v, melissa, sunshinebabe и 2 други им се допаѓа ова.
  14. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.187
    Ставам една лажичка кафе една шеќер, вода колку да ги покрие кафето и шеќерот. Матам со обична машинка за нес на струја. Ако сакам погусто повеќе време матам. Ставам млеко и тоа е тоа.

    Ама повеќе фан сум на турско, без него не ми проаѓа денот. Немам посебен ритуал, стандард една лажичка кафе една шеќер, додека се вари еднаш промешувам да има повеќе кајмак.
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. metallicaAa

    metallicaAa Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2022
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Машки
    Нескафе голд најчесто пијам
    Две лажички кафе, 1 лажица шеќер, потоа вода малце па го матам. И на крај млеко.
     
  16. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Јас сум ептен голем љубител на кафе,најчесто пијам турско горко или еспресо долче густо исто горко. Турското го правам стандард само му ставам едно лажиче преполно и плус уште малку од другото и вода мерам со шољата во која го пијам,обично наутро пијам во голема. Во варењето еднаш го мешам. А ептен мерак ми е турско во мало шољиче после ручек. На второ место ми е нескафе,го пијам тоа од кам ама што е 95%кафе да речам поскапото околу 170ден,оти има од истата фирма во исто пакување кафе ама ептен малку кофеин. Ова го пијам буквално според расположението, некогаш само лајче и пол кафе со врела вода, исто вака само плус додадено млеко и во текот на летото ако сакам ладно нес,го правам со мраз,матено со машинче од нескафе на батерии есно сино го имаше на наградна игра,мало е ама брка работа. Ставам две лажички кафе, вода околу 50мл и матам ама во матењето чашата ја вртам малку на страна како закосено дијагонално :rofl:,кога ќе се направи убава пена додавам млеко во остатокот од чашата да се наполни. Мраз ставам во водата шред матење оти отпосле ми се прат дупки во пената :rofl::sun::coffee:
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Шоља млеко. Ладно оти го чувам во фружидер, ако отворам ново-собна температура.
    1 лажиче кафе.
    1 и 1/2 лажиче шеќер.
    Мешам со лажичето.
    Пијам. :coffee:
     
    На senjorita-v и Srckata28 им се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Јас сакам Нескафе фрапе и баш вака ги правам. Лажичка кафе, лажичка шеќер и наместо два ставам еден прст вода зашто не сакам пола чаша пена да ми биде. На ѕидовите од чашата ставам чоколаден прелив, полнам со млеко и ладна вода ама гледам млеко да не е повеќе од 20-30% од течноста. Не сакам кога има повеќе млеко од вода. На крај може да му нацртам полжавче со чоколадниот прелив и со чепкалка да го претворам во цвет. А кога сакам екстра благо ставам шлаг пена од спреј па чоколаден прелив.
    Да бидам искрена, сега ретко пијам вака. Си правам со Долче густо апарат макијато. Една ќесичка стевија, 35 мл од капсулите и малку млеко обезмастено. Ако немам капсули може да ставам лажичка Нескафе и да ја употребам водата од Долче густо апаратот за побрзо.
     
  19. Caramell

    Caramell Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2021
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    378
    Кога правам инстант Нескафе, лажица кафе, лажица шеќер, малку вода еден прст некаде...во друга часа додавам малку чоколаден прелив, мраз, кафето и млеко а за турско повеќе кафе сакам и во помала шолја
     
    Последна измена: 30 август 2022
  20. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Само лажичка кафе, нескафе инстант, ставам малку топла да го растопам и после со ладна дополнувам.
    Го пијам без шеќер и без млеко, чисто црно, толку, побрзо нема :D
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.