1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да го задржам за постојано

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од felisity, 3 септември 2012.

  1. felisity

    felisity Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    13
    Драги Феминки,
    се наоѓам во ситуација за која знаев како ке се одвива и свесно ја прифатив играта. Пред околу два месеци се впуштив во игра која неможе конкретно да се нарече врска туку повремено состанување. Имено, и јас и тој сме слободни, немаме обврски и на почетокот некако се изјаснивме да имаме врска за секс, потоа продолжи и во некои излегувања на кафе и секојдневно кратко контактирање на телефон. Се смени ситуацијата, поради неговата работа сега веке е во друг град и поретко доага во нашиот град а мене некако ми се јавува желба да бидам за постојано во врска со него а не да го гледам еднаш во петнаесет или дваесет дена. Контактираме, на повеке теми отворено разговараме и кога си дојде се видовме и имавме прекрасна вечер заедно. За срека сексот е совршен и мислам дека засега тоа е некоја сигурна спојка помеѓу нас. Што би можела јас да направам за да го наведам и тој да добие желба да остане со мене во врска и да му значам повеке од сега? Сега веке знам дека би можела да бидам со него засекогаш а сакам и тој да почне така да се однесува кон нашата т.н врска.
     
  2. Angel-Heart

    Angel-Heart Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    9
    Епа не ти требело да прифатиш таква игра.. ти сакаш да му значиш повеке, а си дозволила да се состанувате само за секс... :!: и што сега? тој кога ке дојде во твојот град ке си ја завршите работата... и никому ништо...
    Зборувај со него отворено.. кажи му дека несакаш да продолжиш да се состануваш со него само за секс,, прашај го дали планира да биде во врска со тебе.. да не се надеваш беспотребно..
    И што ако сексот е совршен? тоа не е некоја сигурна спојка меѓу вас.. тој си ги задоволува само своите потреби.. Ако вистински е заинтересиран затебе ке ти понуди и врска.. а вака само со секс ништо..
    па види самата ке одлучиш, разговарај сериозно со типот.. позз.. :)
     
  3. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Па нема некоја тактика за да го задржиш за постојано. Ако тој сака да биде со тебе ќе биде. Ти си направила грешка уште на почетокот што си се согласила да се гелдате само за секс. Разговарај со него,прашај го дали сака врска со тебе,а не само секс,кажи му дека не сакаш вашите состаноци да се сведуваат само на секс и ништо повеќе.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Како и другите феминки, и јас ќе те советувам да разговараш отворено со него и да му ги кажеш своите чувства. Од кај знаеш, можеби и тој се наоѓа во истата ситуација, ама се плаши да ти каже, можеби му е страв да не го одбиеш. Сепак разговарајте, така најдобро ќе знаеш дали те сака или му служиш само за разонода :*
     
  5. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    И јас би те советувала како другите девојки отворено да му кажеш дека сакаш да имате врска,ако си го потиснеш тоа во себе и продолжиш по старо ке остане само на тоа верувај.
     
  6. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Јас би те советувала отворено да не му кажуваш дека сакаш врска со него, туку следниот пат кога ке ти се јави да го откачиш, држи го малце на работ, ако е упорен и сака да се видите и да разговрате значи колку-толки му е гајле за тебе. ако не , тогаш ќе си најде некоја друга за замена и тоа е тоа.
     
    На Name, lloovveellyy и felisity им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
  8. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Никогаш ама никогаш ништо не е сигурно и не е засекогаш.И омажени се разведуваат а не пак врска.
    Е сега ако тој сака да остане со тебе ке остане и нема што многу да се трудиш , а ако не сака ти можеш да правиш што сакаш и тој пак нема да остане со тебе!Е така малку сурова но реална сум :)
     
    На tessie и kikav им се допаѓа ова.
  9. felisity

    felisity Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    13
    vo mojot slucaj za sreka uste sme zaedno i zasega odime na podobro :)
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mni

    mni Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Мојата приказна е ваква...со дечкото сме како friends with benefits, и почнуваат да ми се појавуваат чувства но ги кријам многу и си ги поттиснувам чувствата мислам дека ќе експлодирам некој ден...заедно сме околу година дена...а се знаеме 3 години... и двајцата се однесуваме ладно еден кон друг ќе се договориме да се видиме идеме средуваме работа и си продолжува секој на свој пат но сакам да го сменам тоа а незнам што да правам.Последниот пат коа се видовме се најдовме на договорено место и ме фати за рака цело време ме гушкаше ме бакнуваше одејќи на седнеме негде во некое паркче а не се однесувал никогаш така секогаш бил ладен лабав да го кажам..како да го сфатам ова ? Дали тој ми дава знаци дека сепак нешто му значам или?
     
    На Leona.L му/ѝ се допаѓа ова.
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.276
    Пол:
    Женски
    самата си кажа,се состанувате само за секс,и мислам дека и на тоа ќе остане.тоа што во овој икс случај дечково те бакнувал и гушкал е чисто некоја страст,посебно ако е необрвзан и не се плаши никој да не го открие,па и дури да чувствува нешто за тебе,тоа сигурно не е љубов :!: .
    времето ќе покаже,ако случајно грешам,слободно исправи ме ;)
     
  12. Li-Li

    Li-Li Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Мене истото ми се случи пред 8 месеци.Запознав дечко кој е постар од мене 10 години.Се гледавме исто само за секс.Јас во него се заљубив уште истата вечер кога го видов.Тој кон мене не покажуваше никаков интерес.На почеток не знаеше дека сум вљубена во него.Една вечер седевме во парк јадевме сладолед.Зборевме на тема што сакаме во животот и тој ми рече посакај што сакаш од мене и ќе добиеш.Погрешка ми се испушти од уста дека го сакам него (што тоа никогаш во животот не ми се случило да ми се испушти од уста).На почетокот се противеше и во лице ми кажуваше дека не сака ништо со мене и инсистираше да се разделиме.Последните денови пред да се разделиме ми се отвори и ми кажа дека самата помисла дека се разделуваме го боли.Му оставив неколку дена да размисли што сака и како ќе се чувствува без мене.Тие неколку дена немавме никаков контакт.Кога се видовме после неколку дена тој самиот ме побара и ми рече дека не му се верува дека се заљубил во мене.Кога бил без мене и помислата дека нема веќе да се гледаме му го притискало срцето како да има камен на него и му доаѓале солзи на очи.Сета таа авантура траеше два месеци.Сега фала богу сме заедно веќе 6 месеци многу ни е убаво и многу се сакаме.Сето свое слободно време ми го посветува мене.Така да мила не се секирај што е твое ќе си дојде и како викаат надежда последна умира.
     
  13. meri24

    meri24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    ретки се тие типови кои после мување за секс ,се одлуцуваат за врска!
     
  14. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    350
    Ќе прашаш и ќе ги дознаеш неговите чувства, вака можеш само да си погодуваш вака би било така би било.
    Шансите ти се 1:100 за да бидете во врска, но секогаш вреди да се проба.
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Познавам една што го врза со “несакана“ бременост. Но, предобро го познаваше типот и знаеше дека нема да и` дозволи да абортира или пак да го чува детето без него. Не е препорачливо, големи се шансите да останеш ем сама ем со багаж на крајот, или пак да те земе а да не чувствува искрена љубов кон тебе, што, доколку ти се вљубуваш веќе би било мошне тешко. Инаку во горенаведениов пример, веќе одамна нема љубов, мажот знае колку е саат и беше свесен дека таа сака да го задржи по секоја цена и си праи шо си сака со бракот и со неа. Значи ќе повторам, не е препорачливо.
    Во целост се согласувам со ова. Нема некој рецепт кој со гаранција ќе го врзе машкото за постојано. Џабе ти изглед, џабе ти памет, џабе ти добар секс, ако тој не сака да биде со тебе за сериозно, нема да биде, ако тој не се чувствува така во твое друштво, не, доколку не може да гледа на тебе како на сериозен партнер, џабе ти воени стратегии од Александар 3ти.

    Тоа што можеш да го направиш е да разговараш отворено со него за ова, а доколку тој сака да продолжи исклучиво за повремени средби, ти предлагам (ма колку болно да ти изгледа сега) да одбиеш затоа што само можеш да излезеш уште потажна и многу повредена од целава ситуација. Расчисти и прекрати (ако треба) со време.

    Иако (не би да те обесхрабрувам), да има некои луѓе кои си ги наоѓаат животните сопатници со кои почнале со нешто како one night stand, но има многу кои не би се чувствувале доволно комотно во таква промена на ситуацијата.
     
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Кога читам вакви прашања искрено си мислам дека насилно си затварате очи пред фактите. Посебно на 29години да прашуваш како да задржиш маж, за постојано? :^)
    А за другата врска само за секс на 17години сум многу конзервативна да ја коментирам.

    Нема формула, нема црни магии и вуду кукли што функционираат, проверено ;) :D

    Од односот на партнерот јасно се чита што сака со тебе. Мавнете ги зборовите многу често се параван за сокривање чувства или добивање нешто.
    Ништо нема да врзе една личност трајно крај вас, па дури ни брак, единствено можете да глумите, да потиснувате чувства ама и од тоа ќе ви скисне еден ден.
    Ако некој сака да е со вас поради вас самите-ќе биде. Макар и по цена на погазување на сопствените принципи и зборови и гордост.
    Манипулациите не траат долго.

    Лесно е да глумиш идеалната девојка, дека обожаваш да гледаш фудбал со него (а во себе умираш од досада), дека сакаш да готвиш и си совршена домаќинка (а не си), дека не ти пречи цела недела да не се видите туку да излегува со другарите, дека уживаш во вечерите дома (а си препукнала за излегување).
    Ама додека го правите ова губите ваше драгоцено време за кое може да налетате на некој кој ги сака истите работи како вас. Тогаш нема ни на крај памет да ви падне прашање како да го задржам. Едноставно, ќе прави да се чувствувате сигурно.
     
    На Водолија му/ѝ се допаѓа ова.