Како да го намалите масното ткиво?

Discussion in 'Диети' started by wellnesscoach, Jan 26, 2011.

  1. wellnesscoach

    wellnesscoach Истакнат член

    Joined:
    Dec 2, 2010
    Messages:
    19
    Likes Received:
    3
    Треба да знаете дека залуден е целиот труд вложен во вежбање, ако мускулите не можат ни да се видат од масни наслаги. Да се симне масното ткиво воопшто не е лесна работа и не може да се направи за кратко време.
    Еве неколку совети:

    1.5-6 помали оброци во денот

    Не се слабее со 3 оброци дневно! Секој пат кога јадеме, нашиот метаболизам се забрзува, согорувајќи ја храната што ја јадеме. Ако јадеме само 3 оброци во денот,нашиот метаболизам забавува од еден до друг оброк, а тоа не е начин на кој ќе го согориме насобраното масно ткиво.
    При слабеење, важно е да се забрза нашиот метаболизам и да се одржува такво темпо преку целиот ден, за да се потроши што повеќе маснотија. Ова се постигнува со консумирање 5-6 помали оброци дневно, што значи дека ќе мораме да јадеме на секои 2-3 часа. Тоа никако не значи дека секој оброк ќе ни биде комплетен со месо, прилог и десерт!
    Помеѓу 3-те главни оброци, можете да имате ужинка составена од некое лесно јадење или најдобро, протеински напиток.

    Заклучок: со јадењето меѓу оброци, го забрзувате метаболизмот, помалку сте гладни меѓу 2 оброка, а со тоа и секој нареден пат, имате помалку желба за јадење.

    2. Пијте многу вода
    Нашето тело содржи 70% вода, потребна за разни биохемиски процеси во организмот.Водата треба редовно да се надополнува. Таа помага во разградувањето и преносот на материите кои ги внесуваме при исхраната.
    Секој молекул од протеините, јаглехидрати, секој витамин ќе бидат доставени онаму каде што се потребни, токму со помош на водата. Водата им помага на нашите мускули да добијат доволно хранливи материи, а истотака помага и во плакнењето на штетните елементи и токсини. Таа ја помага и еластичноста на кожата, која се шири онака како што расте мускулната маса.

    3. Без оброци пред спиење
    Важно е да запомните дека не треба да јадете 2-3 часа пред спиење.
    Зошто? Кога спиеме, метаболизмот е забавен. Бидејќи тогаш не му е потребно многу енергија за одржување на виталните функции, храната се наталожува во облик на маст, а тоа најмалку ни треба :)
     
    sonuvacka likes this.
  2. dakii

    dakii Истакнат член

    Joined:
    Apr 23, 2010
    Messages:
    6
    Likes Received:
    9
    Три главни оброка и две ужини,па дури вечерата може да се прескокне или да биде најкасно до 20.00ч.
    Најважен е појадокот.Кој не појадува не може да слабее.
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    3,624
    Likes Received:
    9,806
    Неточно. Незнам од каде ова. Јас од кога знам за мене неможам да појадувам. Јадам после 2-3 поручек, дури во 8 кога станам, минимум 4 часа по станување. Дури и имам енергија прво да се изнавежбам еден час па дури потоа ручек. И немам вишок килограми, и кога ќе накачам некое килце многу лесно го симнувам. Немам појадувано од 90тите :D
    Секој организам е резличен и неможеме вака да генерализираме, што за еден има ефект на слабеење кај друг може да има сосема спротивен
     
  4. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2010
    Messages:
    284
    Likes Received:
    110
    Може ти си од тие среќните што имаат супер метаболизам , но ние што не влегуваме во таа група треба да си внимаваме на тоа. И да појадокот е најважен оброк во денот, значи не само заради диети и слабеење туку заради здравјето на самиот организам.
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    3,624
    Likes Received:
    9,806
    Точно, тоа не го оспорувам никако. Само сакав да кажам дека таквиот заклучок не е доволен.
    А масното ткиво (долгорочно) се намалува само на еден начин, здрава храна и вода и чаеви + активности + трпение....се друго ти се лажги со опашки
     
    lovergirl19 likes this.
  6. wellnesscoach

    wellnesscoach Истакнат член

    Joined:
    Dec 2, 2010
    Messages:
    19
    Likes Received:
    3
    Па јас бев иста како тебе, значи првиот оброк ми бесе во 15ч, само што јас правев така затоа што мислев дека ако јадам еднаш во ден нема да се здебелам. Проблемот беше што кога бев да се мерам испадна дека имав многу масти во телото(сало). Тие се прават кога немаш редовни оброци, единствената работа што се складира во телото се мастите, а тие можат да ти направат проблеми понатаму во здравјето, не е само изгледот во прашање.А во право си кога викаш здрава храна, вода и чаеви, ама доручекот е најбитниот оброк во текот на денот,тогаш телото ги има истрошено сите хранливи состојки вечерта и му е потребно нешто за да има енергија, ако не му дадеш подоцна кога ќе ручаш ќе ти складира масти за да има за резерва
     
  7. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Joined:
    Jun 9, 2010
    Messages:
    130
    Likes Received:
    34
    имам јас многу масно ткиво на бутовите, и со текот на годините се качува нагоре , перничињата веќе се тука па почнува и на грбот, а пред една година ребрата ми се броеја но тоа е
     
  8. LadyAna

    LadyAna Нов член

    Joined:
    Jan 18, 2014
    Messages:
    7
    Likes Received:
    0
    Дечки, се надевам дека сум на правото место за да се обратам пошто како и во горенаведените коментари видов дека има некој проблем со подувам стомак :/ ама пробем кај мене не е до храната бидејќи многу внимавам што јадам, добро- не баш многу ама избегнувам леб, тестенини, избегнувам храна како што велат дека дува стомак пошто тешко се вари и ствара гасови, ама ова моето е не знам што да кажам. :(
    Секое сабајле стомакот ми е нормален, ама и чашка вода да се напијам се ПУМПА за секунда :/ , не само што е подуван, туку забележувам мноогу салоо што ми виси од страна а и целулиит, а не сум дебела, напротив имам 59 кг али сега сум поправена килце= две. Избегнувам бел леб, јадам еднаш преку сила два пати во денот и тоа по малку, пијам многу течности, посебно вода и лимон, чај, ама салото и подуеноста пак стои. Бев и на лекар, да видам да не имам некој проблем - НЕМАМ НИШТО, се е во ред. :/ За вежбање немам многу време пошто работам. :/
    Има ли некој да ми каже веќе проверен метод со диета кој што сте го испробале на вас, или некој чај, или било штоо ??
    Ќе ви бидам многу благодарна ако ми упатите било каква помош пошто вака не се трпи, не можам фустан да облецам пошто ми рипа стомакот страшно :(, а и од панталоните ми лета спољерот и стомакот и се нервирам многу. :(
    Препорачајте ми било што , и да е скапо ќе го земам само да се решам од овој проклет проблем. :(
     
  9. Dee

    Dee Популарен член

    Joined:
    Jan 4, 2013
    Messages:
    289
    Likes Received:
    334
    Јади по 5 помали оброци во ден, односно 3 главни оброци и 2 ужинки, и последниот оброк да ти е 2-3 часа пред спиење. Наутро пиј млака вода со пола лажиче ѓумбир ( или помалку од пола, зависи како ќе можеш ) и цеден лимон. Без благо, газирано, мрсно и брза храна, со редовно вежбање. За вежбањето можеш да одвоиш 15-20 минути барем 3 пати неделно, иако работиш, времето што го трошиш на интернет можеш да го потрошиш покорисно.
     
    pink1991 likes this.
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Joined:
    Aug 11, 2012
    Messages:
    1,655
    Likes Received:
    493
    1.Фрекфенцијата на оброците немаат никаква врска со зголемување и намалување килажа.
    Енергетскиот баланс има и % на исхраната на макронутриенти.
    Повеќе протеини=повеќе губење тежина и помалку губиток на мускулна маса.
    2.Јаглехидратите се складираат во форма на гликоген,ако резервите се целосни телото ги конвертира во масти,но се зависи дали си во позитивен или негативен енергетски баланс.
    3.Проверувај ги аргументите :)
    http://muscleevo.net/meal-frequency-wei ... tz-C9I1i70