Како да заминам, а да не го повредам?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Angela-2403, 1 април 2012.

  1. Angela-2403

    Angela-2403 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Jas sum nova tuka no se nadevam ke mi pomognete da donesam pravilna odluka vo vrska so mojot problem.Imam decko vek 6 godini zaedno pominavme mnogu niz ovoj period, a vek i 4 godini ziveeme zaedno.Od pocetok funkcioniravme kako da sme stvoreni eden za drug si posvetuvavme dovolno vnimanie si gi resavavme problemite sami bez da vklucime nekoj tret se na se bese kako edna prekrasna bajka.Pred 3 godini toj imase nekoi familijarni problemi koi mnogu ni gi smenija odnosite vo nasata vrska.Jas setrudev za toj period koj traese se do pred edna godina da go razberam i da mu ja dadam mojata celosna podrska.Mnogu se odalecivme resavajki gi tie problemi i sekogas si vetuvavme deka koga ke zavrsat ke se pogrizime za nas.Prestanavme da izleguvame i da se druzime so drugi luge, so eden zbor se zatvorivme doma.Koga pred 7 meseci zavrsija site problemi toj nekako se izgubi i prodolzi da go zivee istiot zivot, no jas ne go sakav toa i pocnaa kavgite.Sakav da se vratime na nasiot zivot ne se bese bezuspesno.Pocnavme da se oddalecuvame eden od drug.Pred 4 meseci zapoznav edno momce koe me privlekuvase fizicki i se trudev da bidam distancirana od nego.Za da si ja sredam glavata zaminav kaj moite i bev eden mesec no mojot decko ne me svati seriozno deka sakam promeni a ne da stojam vo toa mesto.Za razlika od nego X osobata pocna se pocesto da mi se javuva i da mi pisuva.Neznam sto se sluci no znam deka pocnav i jas da flertuvam so nego i posle nekolku sredbi i spievme zaedno.Toa bese prv pat posle 6 godini da bidam so drug a da ne e mojot decko.Svativ deka ne se raboti samo za obicen flert i zadovolstvo tuku deka pocnav da custvuvam nesto poveke barem od moja strana.Razgovarav so decko mi za moite custva deka se smenite i deka ne go sakam kako porano a toj kako gluv da e na toa i se mi vika kako ke umrel ako go ostavam kako ke ziveel so toa i se sto sleduva.A nie veke 4 meseci ne sme imale nikakvi intimni odnosi so nego.Ne sakam da bidam kucka i da prodolzam da go lazam no neznam kako na poinakov nacin da stavam kraj.Se obidov so se no seuste nemam sila da zaminam , a mnogu sakam da prodolzam ponatamu.Ve molam za sovet
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    102.813
    Kako da zaminam a da ne go povredam?

    Тебе не ти треба совет. Многу зрело си ја испекла ситуацијава. Тебе ти треба само храброст. Очигледно е дека љубов нема, а ти си јасна и чиста пред себе. А од друга страна си од оној грижлив тип на луѓе кои често знаат да ги стават другите пред себе,само за да не ги повредат и на крај изгледаат лошите само затоа што веќе биле уморни да удоволуваат на себичните околу себе.
    Тој можеби ти вика ќе умре без тебе и не знам што,ама мислам дека ако пресечеш и ставиш крај,сериозно ќе ги сфати твоите намери и ќе почне да се менува за себе најпрво. И на него и за себе ќе направиш добро. Што си пак ти должна да трпиш нешто кое не ти одговара,затоа што некого го мрзи да промени нешто во животот и е влезен во долг период на летаргичност. Возрасни сте,веројатно знае да си ги решава сам проблемите.
    Премногу сте навлезени од повеќе аспекти,па затоа е тешко. Ама ете,штом си отишла кај твоите секако ќе наидеш на нивната поддршка. А конкретно за новото момче,би ти препорачала да не избрзуваш за да не ги измешаш емоциите. Си била незадоволна,па тој наплив на ново и елан може и да се лажни. Ок би ти било малку да се излечиш самата и да самуваш некое време,па потоа кога ќе ги закрепнеш емоциите да си побараш врска. Изгледа овој ти дава само тоа што ти недостигало во врската,но не значи дека е љубов и дека се работи за добар човек за тебе. Може повторно да биде разочарување.
     
    На zhap4e, Angela-2403, enca.69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Angela-2403

    Angela-2403 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Kako da zaminam a da ne go povredam?

    Vo pravo si za se samo sto jas ja nemam podrskata na moite tie mislat deka treba da pominam preku se i da ostanam so negoduri i pokraj toa sto znaat deka poveke ne custvuvam isto.A vo vrska so drugoto momce znam deka ne treba da ocekuvam nesto i da pravam film.Se sto sakam e da prodolzam ponatamu i da stavam kraj na nekoj bezbolen nacin za nego i celata okolina koja misli sprotivno od mene.
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    102.813
    Kako da zaminam a da ne go povredam?

    Па може твоите не се согласуваат сега,ама ако убаво им ја објасниш ситуацијата, мислам дека ќе прифатат. На крајот,те сакаат сигурно тебе многу повеќе,отколку него.
    Обиди се да им покажеш дека ТИ не си среќна,а не дека ТОЈ е во прашање. И дека животов е еден побогу и не треба да го нудиш за без пари на некој си торко што не знае да живее.
    Твоите може да не се согласуваат,ама секако ќе прифатат. Тоа му доаѓа како да те поддржуваат да се дрогираш. Се упропастуваш и патиш. Умре тоа време кога жената требаше да го става мажот на прво место.
    Собери храброст,зборувај со твоите и продолжи. Немаш што да бараш повеќе со него. Времето за иднината ќе покаже. Ако се промени,може ќе се сретнете пак и ќе се случи нешто убаво и ново, а може да бидете среќни со различни луѓе. Ако има потреба од тебе,кажи му дека секогаш ќе си тука за него како пријател,дека може да ти се јави,но не за да те убедува да бидете заедно,туку како пријател за кој се грижиш.
     
    На Angela-2403 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angela-2403

    Angela-2403 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2

    Ти благодарам за твоите совети и се надевам дека ќе соберам храброст да ставам крај на сето ова и да продолжам понатаму да живеам како сакам и со кого сакам