Знам дека малку глупо звучи, али си имам проблем хахах. Паа вака, ме чуди тоа што сите мои другари се запознаваат со девојки кои никогаш не ги знаеле преку фејсбук, додека кај мене тоа не фукционира, имам 19 години а никогаш сум нема девојка. А позитивен лик сум, сакам авантури и дружење, но незнам што правам грешно, некој совет?
Нека те запозне другар некој со негова познаничка,другарка на другарка,другарка на девојка....После тоа пиши и здраво како си што правиш и викни ја да искочите..Може пред тоа да потпрашаш дали и се свиѓаш..
Директно прашање за мување ми е безвеза, барем мене лично. Јас сум тип што сака работите да се случуваат спонтано. Разговарај со неа, насмеј ја, погледот исто кажува многу, ненаметливи допири.. После работите ќе си течат сами по себе ако и таа го сака истото. И да, срамот остави го, тој ти е најголем непријател. Нема зошто да се чувствуваш непријатно, па и да те одбие што?
Па затоа нека ја попраша некој од околу дали и се допаѓаш исто така види дали покажува и она знак некој дека е заинтересирана ...Ако е така ќе излезете ќе ја гледаш во очи додека зборите ,ќе се смешкаш ќе се доближуваш повеќе,некој допир за рака или коса и на крај ќе ја слапаш..Нема да ја прашаш сакаш да се лапаме туку едноставно ќе и се доближиш и ќе ја слапаш...И сега или ќе се тргне или не...Затоа прво ќе видиш дали покажува заинтересираност за да знаеш дали да и се доближиш..
Еј шццц, мала глеај ваму, фати со мене ќе те напраам чоек, lepotica, kolkusi jaka hhehe, nogusi sehy, evo cekam da mi se javat sleperite zaglavia nagranica, ce bite lizel kao sladolec Kukle е крајна опција.
Ќе си прaвиш сoсемa нoрмaлен муaбет, немa некoјa филoзoфијa, мaлку ќе флертувaш и тaкa. Чим викaш декa си пoзитивен лик, не би требaлo дa имaш некoј прoблем зa време нa сoстaнoкoт.
Како да започнеш разговор? Па еве пример ќе пријдеш и ќе и се претставиш ќе ја прашаш како се вика, колку години е, каде учи, каде излегува, дали има некое хоби, кој тип на музика слуша, како го поминува слободното време и ако видиш дека добро течат работите може да ја поканиш сами да се видите некогаш ако веќе сте со друго друштво. Исто и на излегување муабетот треба да тече спонтано. Од една тема произлегува друга. Се сложувам дека нема потреба да ја прашуваш дирекно за мување, доближи се и ќе се случи.
Добро бе зошто одма на лапање одите...пробај да ја освоиш прво однеси ја некаде не навалувај одма поминете повеќе време заедно па после само по себе ќе си дојде се и бакнеж и прегратка и испреплетени рачиња се разбира ако и таа сака..со среќа
Ај вака да ти речам - немој преку фб да запознаваш ...најубо е во клубој појќе да си шеташ, таму као случајно тупни се од чупето и почни- извини се знајме од негде мислам? и ако ти речи не, епа да се запознајме, и насмеј се смотано некако, и почни некое муабетче лабаво, тука со кој си, уба музика нешто црц прц....и на крајот речи и - а да те побарам и на фб можи? па да се читниме и таму. и запамти - само лабаво, никако со оптеретување сега морам со неа и крај...слушај ја ти дада ти, ќе видиш, батали други совети. а за после, мислам ќе се снајдиш све ке си научиш, полека де, 19 имаш не имаш 40 да се грижиш, то ти е ко возење точак - не се заборава кога ќе се научи
Мој совет прочитано од книгата Источно од рајот... "Повекето луге сакаат да разговарате на теми нив лично што ги интересира а не Вас" Така да претпоставувам ако некоја тренира тенис и е фасцинирана од тоа ке ја прашуваш на таа тема иако баш може ти е гајле за тенисот,некоја друга пример шетала во бутици и нашла едно фустанче ама онака уз телце и стоело многу убаво и цел ден за тоа го тупи ке ја прашаш дали го купила...ако е одговорот Да дали има слика да го видиш демек те занима и после се надоврзуваат муабетите Совет од мене нова женска никогаш не ја прекинувај и прави се дека смртно те занима кога збори и објаснува како пример некоја далечна година си го скршила ноктот и некој банални ствари за кои тебе те заболе увото... (ова ти зборам за нова а ако идете подолго време не важи правилово)
Можи не е за овде ама ќе го кажам примеров во воз случајно седевме заедно во исто купе и машково на девојчево цело време и зборува и филозофира и објаснува и почнаа муабет и мене смеа ме фати ко почна ептен стручно да зборува да кажува а мали беа 19-20 години и се заинтересира чупево и си прат муабет едно сат и пол два и пред да слезиме и вели тој јас стално прам една грешка е вака си се запознавам со женски и заборавам за името да ги прашам ама овој пат и вели нема да напрам грешка и го кажа името и број си зеде и вели ај ќе ти се јавам после кафе да пијаме си се договорија од прост муабет за факултети за училишта можи ја фати и за женска хехех
@Iguanaboy, мислам дека е ок разговарате на тема омилена музика? Или филм... секако може да најдеш нешто заедничко (или добро да импровизираш дека ви е заедничко) и да побараш телефон, па да продолжите на кафе. Ако целта ти е само лапање, тогаш не те жалам