Како да знам дали е уште со неа?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Softi, 21 ноември 2010.

  1. Softi

    Softi Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Devojki Nova sum tuka...pa ne znam kade da go smestam ova pa zatoa otvoriv nova tema..se nadevam deka nema da mi zamerite..i da eve go moeto malo problem4e :// : ke gledam da bidam pokratka i se nadevam deka ke mi pomognite.Vaka mi se bendisuva edno dete..izleguvavme nekolku pati no ne napravivme nisto bez muvanje .. i dojde i toa..izlegovme i se smuvavme..2 pati..a 2pat cel den bevme zaedno..preubavo si pominavme.Odnosive mi se super se slusame se citkame i taka.No pred da se smuvame.Toj mi rece mene t.e sakase da me zamolit..ako nesto se desi pomegju nas seto toa da e izvesno vreme vo tajnost..pa ako e sve vo red da objavime oficijalno..i jas togas mu rekov deka jas nemav vo plan nisto vo javnost.pa taka se razberivme nekako.I po toa pak seuste ne se imavme smuvano..I pred da se smuvame..toj me prasa kako bi izgledalo od moja strana pocetok na nekoja vrska so nekogo..I jas mu rekov deka prvo bi sakala da e vo tajnost..pa posle vo javnost..zosto i vo denesnovo vreme okolnostive ne se kako so trebit pa pretpostavuvav deka mn ke ni se mesaa..zatoa i mu rekov taka..No problemov e vo toa sto toj ima bivsa devojka so koja odel 2 god..Na stariot profil na fb negov imase seuste sliki so nea..no toj profil go izbrisa pa sega imat nov..na koj vo toj profil nea ja nemat ni za prijatel,no gi imat site nejzini drugarki..No kaj nea na profill...taa seuste imat sliki kaj sto se zaedno..i toaa mnnn sliki..a se skarani...Neznam sto da pravam..sve si mislam deka imaat nesto pak zaedno..zosto eden vikend gi nacekav vkafic kaj sto zboruvaat i se guskaat..no toj mi rece deka mu e samo bivsa i sekako deka ke imat muabet no nisto pojke od toa i deka ke mi dokazel ko ke sme bile vo isti kafic so koj ke sedel koja ke mu bila povazna..Devojki mn sum zbuneta..mn ubavo mi se ponasa sve e kako so trebit..no se plasam da ne me pravi budala da ne e i so nea a da si igra i so mene...sega se izmuvavme i ne znam na so sum..ne sakam odma da go prasuvam nesto zatoa sto imat samo 2 pati izlezeno kaj sto se smuvavme..no nemozam da gledam kaj nea na profil kaj sto gi cuva zaedno slikite..krivo mi e mn...a kaj nego na profil bratmu na bivsava negoja mu ostavat linkoj komuniciraat i sve toa..a i sestramu na detevo komunicirat so bivsava negova..zatoa sve si mislam deka imat nesto pomegju niv..Kako da razberam..ne sakam da sum glupava koja ke ja lazit ikoja ke si igrat i so mene i so nea...Sto da pravam..a ina4e mn sakam da sum so nego..preubavo mi e,..mn sakam vrska..Sto mislite..imat li nesto so nea ??
    [mod-kirilica:3bhe0fdo][/mod-kirilica:3bhe0fdo]
     
  2. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    150
    Kako da znaam dali e uste so nea ?

    Епа ти самата си кажуваш дека не сакаш да испаднеш глупава.И ти гледаш дека он пак контактира со неа,значи тука има нешто.Ако толку се сомневаш,откачи го!Подобро вистински сама,него да си лажно со некој.Тоа е моето мислење!
     
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.938
    Допаѓања:
    6.669
    Пол:
    Женски
    не смееш да испаднеш глупава ни да те изигра тоа никако не смееш да си го дозволиш биди паметна и размислувај ладнокрвно не дозволвај да те понесат само емоциите кон него сепак само сте се смувале и тоа не е ништо сериозно не почитувам машки што мислат дека ќе можат да ја имаат секоја што ќе посакаат напротив ги мразам и знам како да му ги скратам крилата и без око да ми трепни да си заминам очигледно дечкото не му е сеедно што се скарани па затоа го чува стариот профил сликите зошто не го избрише ете му нов профил нова девојка нов лист :) но не е така сигурно уште е во некаков контакт со девојката според мене ти преостанува да се понашаш поладнокрвно да види тој дека не му си на располагање дека не ти е многу важно што ќе биде со вас да знае дека имаш карактер потребно ти е да имаш трпение кон таков дечко и од страна да ги посматраш работите малку до каде ќе оди тоа нивното контактирање и да одлучиш да се бориш за него направиго тоа со стил за неговото убаво понашање немој да бидеш мн.сигурна сите душо на почеток се понашаат убаво и ѕвезди симнуваат знаеш и сама ова е мое мислеље и мн.сум искрена се надевам дека на убав начин ќе го сватиш мојот совет ако и после све не престани да контактира баталиго не ти треба скршено срце и врска полна со сомнежи позз :*
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.859
    Допаѓања:
    30.426
    Пол:
    Женски
    По она што го прочитав јас мислам дека тој сеуште има нешто со бившата. Да не те разочарувам, но мислам дека само те матка да си го пополни времето ;( Инаку не би сфатила зошто има да се криете, зошто тој сеуште се гледа со бившата му девојка и со неа не се крие? Јас да сум на твое место би го откачила. Нека одлучи прво дали сака нормална врска со тебе или пак сака да си има една за во јавност друга за тајност. Ова го пишувам како најдобронамерен совет, сепак ти си знаеш најдобро како ќе одлучиш. Само немојте бре девојки при толку машки во светот да се залепите за некој што нема да ве цени и почитува доволно :)
     
  5. Softi

    Softi Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Добри мислења ми дадовте..ги ценам советиве..но што мислите...сигурно утре ке ме викни да се видиме или во теков на оваа недела..Што мислите?Што да правам..да го прашам на што сме?И ако би ми рекол за тајна врска..да му речам дека не сакам тајно...?? Мислам дека така би било најдобро макар и да го изгубам..а мн се трудев да направам нешто со него..и навистина не сакам да да се заврши вака..сакам врска со него..и знам дека би ми било убаво..но не сепак не сакам да сум глупава и да ме играт..не го сакам тоа "TAJNO" но претпоставувам дека би го изгубила.. ://
     
  6. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    453
    Едноставно кажи му дека нема причина за тајно гледање,али според мене најубаво е да го откачиш пошо чим си седел на кафе и се гушкал со бившата кога тогаш ке се смири со неа ипак 2 год не се малце
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.938
    Допаѓања:
    6.669
    Пол:
    Женски
    размисли душо тајна врска не ти треба зошто тајна од кого да се криеш?нема потреба него така му одговара и затоа така ти предлага немој тоа да си го дозволиш биди искрена и отворена да треба да го прашаш на што сте ништо нема да изгубиш ете пишуваш дека си се потрудила а каде е тој? убаво размисли види колку вреди процениго ако сака човекот нов почеток нова врска и тој ќе почни да се труди за тебе нормално ако не баталиго одма пак ќе ти речам за таков човек пет пари да не даваш со среќа...
     
  8. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Нормално дека не сакаш тајно, кога веке си заљубена во него.Кога јас би била на твое место би му кажала дека ако сака да имаме врска тогаш тоа ќе треба да е нормална, јавна врска. Каква корист од тоа да му бидеш златна резерва Софи. Не давај да те матка нека биде фер и нека се изјасни. Ако го изгубиш тоа е сега. Очигледно не сакал ништо сериозно, но можеби ќе се одлучи и да си тргнете нормално. Како и да е , само разговор може да ти помогне да си бидеш на чисто. :* Ај па пиши шо ќе направите ;)
     
  9. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    201
    Можеш да го прашаш на што сте,во ред е да знаеш.Ако сака врска побарај да не биде тајна.Ако тој сака тајна не прифаќај (мене лично тоа тајна врска ми изгледа дека он уште нема завршено со бившата па сака тајно да се гледа со тебе) нека биде јавно ако сака да сте заедно нека го покаже тоа пред сите,само така ќе ти докаже дека си му поважна :) се најдобро па пиши ни што си направила
     
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    623
    Па и тебе е тешко човек да ти угоди! Та нели ти си се согласила тајно да се гледате...и сте се мувале тајно и сега наеднаш ти смета тоа тајно среќавање! Затоа бе девојки не се убави тајните врски оти многу ретко останува само на мување, секогаш се јавуваат чувства од едната страна и многу често едниот останува повреден! Во твојот случај ти ќе бидеш повредената ако не му се изјасниш на дечкото дека тајно нема да се гледате! Барај од него да се одлучи и да расчисти со бившата ако сака да биде со тебе! Ако не успееш да го убедиш во тоа, тогаш пробај да останеш во контакт со него но немој да продолжиш тајно да се гледаш! Постави му услов, или нека расчисти со бившата или нека се откаже од тебе! Изјасни му се и потруди се да звучиш убедливо,барај да имате врска (пошто тоа го сакаш нели?) а не само тајни средби! Ако не се согласи или ако бара време (најчесто тоа го прават) тогаш дистанцирај се од него и остави го извесен период да се среди! Меѓувремено запознавај нови дечки,оти сегашниов што те сака само за мување најверојатно е сеуште во контакт со бившата девојка! :?: Се најдобро!
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.900
    Следи го, и ќе дознаеш. Поинаков метод, незнам. Башка, од овој би била најсигурна дали е или не е со неа 8)
     
  12. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.885
    Jас мислам дека тој е уште со неа,штом имаат слики заедно,се гушкаат,ако биле скарани,ке беа смртни скарани,не ке имаше слики и гушкања :envy: тој можеби ја изневерува неа со тебе,затоа ти рекол,да е во тајност,не им верувај на таквите врски,2 години се многу,те советувам да се тргнеш од него,ако толку му е до тебе нема да се гушка и да излегува со неа,ај замисли си ти со бивши да се гушкаш-значи има некоја си искра тука сеуште, пак ке речам 2 години се во прашање :worried: само да те прашам:ја знаеш причината за тоа што се скарани?
     
  13. Softi

    Softi Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Да знам дека 2 години се многу...И мислам дека до некаде разбирам да има едно здраво со неа..но само тоа..но тука не ми изгледат така..и браќава и сестриве нивни си контактираат меѓу себе .. Но ова мислам не е само со едно здраво..кога таа веќе уште ги чува сликите со него...сигурно би имало нешто ... Но не ми е јасно значи и да се гледаат пак зошто би било тоа тајно(значи тој ја нема ни на фб..нема ни слики со неа ништо од тоа)..кога веќе сите знаат дека оделе 2 год.. Иначе не му ја знам причината за што се скарале...но што имам од други слушано демек тој ја изневерувал неа..но од други слушано..а причината не му ја знам...:worried::worried: и ми останува само да направам муабет со него кога ке ме викни да излезиме..Ви благодарам на мислењата..:*
     
  14. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    1.848
    Допаѓања:
    7.643
    Пол:
    Женски
    Отворен муабет најубаво,ќе си кажеш дека ете сте се смувале сте виделе дали си се свиѓате и ако сакате да продолжите нема зошто тоа да продолжи во тајност.А тоа дека две години се многу и не знам што нема врска,јас сум имала врска 6 години,а сега имам врска една година па не би го оставила овој дечко заради тоа што сум била со бившиот 6 години,значи може еднооставно не иде тоа меѓу нив и тоа е тоа.Меѓутоа сепак би те советувала да си правиш муабет со него најотворени тоа е тоа
     
  15. Softi

    Softi Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Devojki vcera razbrav nesto od sto mn se razocarav..drugarka moja sto uci so mene..minatata nedela go videla ovaj kako ja kacuval svojata bivsa na motor..no ne mi kazala nisto bidejki ne znaela kako ke go svatam toa...a i mojot brat raboti vkafic i toj go videl vikendot vkafic sedel samo so zenski..i jas mu ja pokazav negovata bivsa dali e taa..i toj mi rece deka bila i taa tuka..epa gledate devojki ocigledno e deka se gledaat.. i vcera si odevme zaedno od naskolo..deka ziveeme blisku komsii si sme..i mu velam Ah be **** Mislis ako sum vo drug grad deka ne gi gledam rabotive tuka so se desavaat..I Toj se zbunaa mn mnn..se zbuna i me prasuvase so sakam da kazam so e rab..i samo mu rekov deka muabetov ne e za na brzina i mi rece deka ke se vidime vecerta...no ne se vidovme taka ispadna..deka premnnn vrnese...i rab e za da se vidime vecerva...ama nema koga saka toj..taka da jas ke si se vratam vo mojot grad deneska?mislam deka ke postapam poubavo..a ne koga ke saka toj..Ina4e jas ziveam vo eden grad..a ucam vo drug od kaj sto e detevo i imam kukja tamu i ziveeme mn blisku..i si ostanuvam sekogas koga ke mi tekni sedam koga ke mi tekni si patuvam...???Sto mislite??
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.938
    Допаѓања:
    6.669
    Пол:
    Женски
    мислам дека и од твојата другарка и од твојот брат го доби одговорот и све е јасно ...
    непријатно е знам но мораш да имаш достоинство да ја кренеш главата и да повлечеш линија вратисе во твојот град излезиси со друштво насмевнисе заборави и тргнувај пинатаму нема за што да жалиш воопшто нека си остани со неа сигурна сум дека таму некаде има некој што тебе те чека ;)
     
  17. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    623
    Мислам дека дилемите се разрешени! Дечкото си има девојка, а со тебе сака само мување! Не велам дека е невозможно да ја расипеш нивната врска и да започнете ваша врска,ама и да го постигнеш тоа мислам дека кратко ке трае! затоа батали го, само ќе се нервираш и никогаш нема да бидеш спокоја со него... Има многу други слободни дечковци со кои би можела да имаш врска а не само мување... Само потебно е да запознаеш некој кој ќе ти го одвелече вниманието подалеку од сегашниот ,,дечко,, (или муватор :^) ,не знам како точно да го наречам)
     
  18. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    Сте излегле само два пати, а ти веќе цела книга напиша.Ако веќе се мувате што има да водиш евиденција,бар јас мислам дека мувањето би требало да биде без обврски,зошто да си создаваш непотребни нервози?

    Башка ти си била таа што повлекла конци за тајно гледање :?: Нејсе...Очигледно зацапуваш во типот,а он има други планови и идеи,така да нема потреба времето да го поминуваш во очекување на информации каде е,со која е и сл,јасно е дека ти носат разочарувања.Јас викам да кратиш додека е со време,после да не чукаш глава уште повеќе :geek: ...Ти си знаеш најубаво,ама сепак мислам дека местото не ти е покрај него ;)
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.900
    Типот планирал да се смири со бившата, а тебе те завел само колку за да те има како кец во ракав. Ако случајно таа не му се врати, да официјализира со тебе. Нема ништо нејасно и чудно.Можеби планирал да ја прави љубоморна со тебе. Никад се незна :) А мене ми е интересно како им верувате на маживе дека имаат сериозни намери :D Кога би имале машки за другари (блиски) тогаш многу работи би ви се разјасниле :)
     
    На Scarlet88 му/ѝ се допаѓа ова.