1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како треба да изгледаат жените за да не бидат етикетирани како лесни?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 30 декември 2011.

  1. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Лесна или тешка многу ретко да слушнеш од машко, тие придавки најчесто од вас жените доаѓаат :).

    Нас не ни смета ни минич, ни деколте, ни шминка (освен ако не е нашлакана ко сликарско платно :D ) се ни е ок ама вас ви сметаат девојки кои покажуваат повеќе атрибути, така да вие најчесто ги зборите :).

    Интересно е дека машко не го етикетирате дека е лесен (туку е швалериште) а девојка е лесна или уште полошо „курвиче“, сами си ставате двојни стандарди што е баш чудно :).
     
  2. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Зошто тогаш јас такви изрази само од мажи слушам? И тоа не од простаци, туку и од добро ситуирани и образовани мажи.
     
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    женска без карактер, без малку достоинство, патетична што се би направила само некој да ја забележи па дури и на тацна би се послужила.. Девојка што се умислува сите можам да ги имам и тоа и го прави, се што сака го добива па макар и да падне најниско што може..
    Има ги секакви, некои го прават за рекреација, некои да бидат видени..
    Целта и е да помине голем број на мажи и не се смируваат додека не го направат тоа.

    Лесна како пердув , проста ко грав :lol:

    Мене лично не ми сметаат вакви девојки, тоа е нејзина работа.. ако тоа ја прави среќна слободно :)
     
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Не знам, јас во живот од машко (другар или познаник) таков збор немам слушнато така да или се дружам со одбрани или стварно машките десет пати помалку од вас употребуваат такви изрази :).
     
    На WomanInRed му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Ете јас пак од жени ретко слушам такви термини. Од пријателки или од други блиски на мене никогаш. Мажите повеќе се расфрлаат со такви термини. Затоа чудно ми падна ова што го зборуваш. Изгледа ниту сите мажи, ниту сите жени се исти и секој има различна претстава. Не смееме да генерализираме. :)
     
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Што не наведува на заклучок дека има мажи и жени кои воопшто не употребуваат такви термини и не се замараат која како е облечена. Би рекол дека зависи од самодовербата, карактерот, културата како и интелигенцијата на одредена личност дали ќе употреби навредлив термин во сексуална конотација за друга девојка.

    Се слагам, не смее се генерализира :).
     
    На ANGEL1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Секако дека има и мажи и жени кои воопшто не употребуваат такви улични термини за да дефинираат друга жена, јас сум една од тие. :) Но, облеката сепак е важна за формирање на прв впечаток, важен фактор е и при отсликувањето на карактерот, културата и интелигенцијата на една личност. :) Секако, тоа никому не дава за право да навредува, дури ни на некој поинтелигентен кому самобендисаноста му удрила во глава да се обраќа со потценувачки тон, но, за жал, сведок сум како мажи кои на прв, па и на втор поглед никогаш не оставаат впечаток на идиоти или простаци, сепак го прават тоа истотото. Сметам дека колку и да е лош впечатокот, треба да се задржи за себе. И не е тоа најтрагично. Уште полошо е оцрнувањето на девојки кои ниту со однесување ниту со начин на облекување не оддаваат знаци на непристојност, мислам дека повеќе треба да се обрне внимание на таа појава кај мажите отколку на ова. Но да не одам понатаму офтопик. Сакав да кажам дека и тоа како има мажи кои оцрнуваат девојки, заради изгледот или заради некои други причини кои се уште понеоправдани, да не ги наведувам. Далеку од тоа дека мажите не прават така.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Како тие гологазиња погоре дефинитивно не ми се вкусни што ги видов на сликите, а пак камоли во живо. Инаку јас искрено се подзавртувам кога ќе видам стварно некоја добра тип топ пи*ондра, зошто не гледам ништо лошо во тоа е складно со телото облечена и да не и штрчи ништо, а притоа да биде убава и да остави убав впечаток на средена мома. Голем плус е тука и многу убаво средено тело, што понекогаш љубоморам кога дечко ми ќе подзастане за да дофати убаво со неговиот фокус од глава до пети. Инаку не мора да биде пресудна само облеката за да биде "лесна" таа девојка.. од причина што и таа девојка која не е разголена и не покажува се на тацна може да биде сосема спротивна на она "добро, мило" девојче (барем ова од мои искуства помеѓу женските друшки). Така да сега во ова време сите се иску*назија и гледам дека се повеќе е присутна модата на гологазиња (дали намерно или ненамерно), али целта е една да останат забележани вечерта каде и да отидат и да бидат видени од сите за утре да ги има во албумите на night party по забавниве страни и сл. Мене ми е преку глава од цури со екстремно ултра тенка проѕирна облека, зошто реално гледано поголемиот процент врски се расипаа токму поради нив (да не набројувам случаи, верувам си знаете што и како).. :)
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    ИксМен, ова е една од земјичките на Балканот и сите извлекуваме заклучоци или впечатоци, независно дали ги споделуваме или не, со тие околу нас и во ова никој не може да ме разувери. И генетски е запечатено и стекнато ни е од околина, така да бегање нема :lol: , дали постои човек кој за некој од многуте парови манекенки+фудбалери не помислил никогаш - си се нашле :D , звучи ко стереотип и неправедна генерализација, апсолутно да, ама е вистинито до срж. Исто ти е и било кое друго премерување, дали е изразено или не, сепак си постои и нема никогаш и никаде да се искорени, независно од развој на општество, образование и дрн дрн... без истото би се спарувале без да треба секој да има листа на критериуми кои треба да ги исполни партнерот. Дури и кучките бираат кој пес ќе го усреќат од глутницата :D , не па луѓето. И нема машко на кое не му е важно, посебно за врска, колку ,,тежи,, одредена девојка во очите на околината, во ова ама никој не може да ме разубеди. За целоноќна ноу рипит чук чук чао сеанса не важи истиот аршин.

    Друго, на повеќе наврати напоменуваш како секој даден коментар во неодобрувачки контекст, во врска со провокативна облека, е резултат на компетиција и љубомора. Прво, еве говорам за себе и мојата возрасна група, девојчиња од 16-20 години кои најчесто (ама не сите) се приврзанички на овој тип облекување и не ми се апсолутно никаква конкуренција, најпрво имаме различна таргет група на машки по возраст и карактер. Второ, не сите 16 годишни изгледаат подобро од мене ;) . Трето, на избалансирана личност со здрава самодоверба компетицијата била и нелојална :lol: , не и‘ пречи. Четврто, едно 90% од оние кои ја продаваат само ,,фасадата,, потоа кенкаат како не се земаат сериозно и никој не е заинтересиран за нивниот памет. Бидејќи да не се залажуваме, нема човек на кој не му е битно да биде прифатен како паметен, не само како привлечен надворешно. И да бидеме реални, од девојка со просечен изглед со соодветна облека, шминка, фризура ќе се дојде многу побргу до ефектот убава, ама кај девојка со потпросечен памет нема многу што да се направи и маскира, барем што би имало брз ефект. Инаку фактот што бараме наводно како пол еманципација, а сепак во голема мера денес голем број жени играат на секс селс картата и дозволуваат да бидат гледани како секс објекти, те тера да размислуваш во насока дека имаат селективен пристап - еманципација, да, каде што ми одговара и има лицемерност до плафон во чинов, ама тоа е веќе цела тема за дискусија...

    И бидејќи и онака веќе сум прилично аут од првобитната тема, ќе ти го објаснам моето поимање на оваа етикета. Девојка која е најпровокативно облечена со цел да заведе некој веќе таргетиран однапред за една ноќ, за мене лично - НЕ е лесна. Туку тоа е онаа која го остава тековниот дечко или мувач на одредена локација и без цел поставена на почеток, како ќе и‘ се одвива ноќта, дозволува да ја наговори на секс првиот копиљ кој ќе налета. И ова и‘ се повторува толку често и неконтролирано што веќе и‘ преминува во навика. Така да, за мене лесни се сите оние девојки кои дозволуваат неконтролирано да им излета ситуацијата од раце и да легнат, а не планирале. И лабилни се во умот, макар и докторат имале. И ова мислење го имам отсекогаш, не ми е поттикнато од некои неодамнешни информации за вакви дејствија, случајно се вклопија во профилот :) . Додека првите кои свесно отишле на секс и облеката била еден од ресурсите за да дојдат до целта не се тоа. Ова е мое гледиште и не мора никој да се согласи со истото :) .
     
    На marija.hana.una и XMaN им се допаѓа ова.
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Значи има и мажи и жени кои етикетираат само мотивите им се различни. Зашто една девојка која држи до себе би се дрзнала да коментира за некоја друга само врз база на изглед со колку спиела, не е нејзина работа освен ако потсвесно или свесно не љубомори. Освен тоа зашто таква одбојност спрема „лесните“ девојки? Никому не прават лошо ако спијат со мажи кои нив ги интересираат ниту некого присилуваат на секс. Цело општество ги стигматизира како нешто нездраво, дали е навистина нездраво и ако е дали се таквите девојки одговорни за сопственото однесување или е криво општеството и недостатокот на едукација во семејството и пред сѐ школскиот систем?

    Машко кое оговара девојка е барем лесно да се дијагностицира, кисело му е грозјето, не може да ја има или го одбила па сега ќе и се свети и ќе се теши со нејзината „леснотија“, мизерни карактери во секој случај без разлика дели се интелектуалци и образовани. Душата и карактерот на друг начин се образуваат а едно од кодексите на однесување е на вреѓај и не оговарај женско, не е ок и не доликува на машко.

    Целиот пост ми се свиѓа но го издвоив овој дел да го потенцирам. Таквите девојки кои стварно се промискуитетни но не од преголема имтимна желба туку толку им е мозокот (лабилни се) па преку секс и машки комплименти го надокнадуваат тоа што им фали како на пример родителска љубов или пари се за жалење наместо за осуда. Зборам под услов да се со ок карактер и единствен грев да им е покажаната цицка и газе и промискуитетот.

    Образувај ја целата женска популација да исчезнат таканаречените „кокошки“ и „кози“ драстично ќе се смалат таквите појави ама тогаш јазот помеѓу мажите и жените уште повеќе ќе се зголеми затоа што на одредени слоеви вака им е супер. Приглупа и несамоуверена жена лесно се контролира.

    Отидов и јас оф топик ама убава дискусија развивме :).
     
    На simoncelicius и Yipman2 им се допаѓа ова.
  11. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Ја прочитав целата тема :lol: и не си во право една работа кога велиш наназад дека облеката нема врска со карактерот и однесувањето на девојката. Доколку на некој не му се допаѓа тоа и така се изјасни, не мора да значи дека е љубоморен или нешто слично. Ако треба да кажам за себе, не ми е вкусно кога низ градот ќе видам таква девојка, немам навика да оцрнувам никого, но, ако некој ме праша, нормално дека ќе го изнесам својот став кој не мора да се состои од навреди, но нема да биде позитивен. Не знам дали се предрасуди, но во секој случај ќе бидат оправдани. Во Америка имаат убава изрека If she looks like a duck and she quacks like a duck, than she is a duck. Се губиме полека и не знаеме како треба а како не треба. Прво и основно секој сам одговара за своите постапки. Системот и образованието носат одговорност поради недостатокот на едукација, но кога тие не се ефективни барем свеста треба да проработи. Можеби и стигматизацијата е единствен начин за тоа? А и таа полека згаснува, за жал. Не знам што очекуваш да помисли човек кога ќе види така облечена девојка. Мене не ме тангира кој како се облекува, но некакво мислење и став мора да имам инаку ќе бев неиспишана табла. :) Да ми донесе син или брат таква девојка, што не верувам да се случи некој од моето семејство толку плитко да изреагира, нема да дочека позитивна реакција. Да ти повторам, не е резултат на љубомора туку на поглед кон работите. Во врска со машките кои си го лечат разнишаното его се согласуваме апсолутно, и лесно се препознава кај нив во што е проблемот, само мене, и покрај тоа што колку што знам не сум била таргет на такви озборувања, сепак сум била сведок на неоправдани етикети, ме запрепасти фактот што тоа го прават и мажи кои потекнуваат од повисока средина и мажи надвор од Македонија, значи од секаква позадина. На тоа се однесуваше мојот коментар, како реплика на твојот дека мажите не се замараат со етикетирање. Инаку се разбравме.
     
  12. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Изгледот не прави девојка да е лесна или тешка. :!: Девојката може и у бикини да отиде во клуб или дискотека и нема со никој ништо да има. Лесна е онаа која ја има цел град и околината. Лесна е онаа која сменила 73467868 дечковци со кои сите знаат дека имала нешто. Девојка која ја е** цел град е лесна. Не мора да значи дека ако цурата е у мини и кратка маица е лесна. Можда само има јако тело и сака да го покаже. Машките се изјаснија дека не сакаат ролки и калуѓерки.
    Ама има и други случаи, кога некоја фаца ќе ја етикетира девојката како лесна само затоа што тој не може да ја има, го повредила, итн, итн.. Ако си јака, огорчените фаци секако дека ќе те етикетираат како лесна, затоа што си надвор од нивна лига, а женските немаат друга работа. |( А уствари лесните се оние погоре спомнати. ;)
     
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Значи, сите би и се пуштиле на девојка во провокативна облека(не сметајќи дека е лесна), а истата таа девојка мора да биде у мантија кога е во врска(пошо нели кога си во врска, партнерот мисли дека ако шеташ у минич сите ќе те буљат и ќе те сметаат за лесна девојка).
    Прв коментар на машко кога гледа женска у минич(или хеланки, затегнати фармерки-не е битно): Уф колку е јака! И прво нешто што им паѓа на памет е КРЕВЕТ, (и ружи , свеќи, романтики-мало сутра).
    Значи, многу јасно е дека секоја девојка(на овој или оној начин)сака да привлече внимание-фала Богу. Но често пати, се прави погрешен избор, односно комбинација на облека која како сирена нагласува дека е нешто што не е(а можеби и е). И не можам јас да се облекувам за на 245 души у дискотека или низ град да им погодам. Можам да бидам и нај пристојно облечена, и нај пристојно да се понашам-но оној што сака да збори, ќе збори дека сум лесна и све со ред бла бла.
    А тука ги тргнувам на страна девојките со апла дречлива шминка која не може а да не те заслепи( во негативна конотација), анимал принт(мислам на хеланки навлечени у г'з или фустанче од кое гордо ѕирка посакуваната сестра), и било кој друг ептен ама она ептен сексоповикувачка комбинација. Мислам не знам како можеш воопшто да се чувствуваш угодно во таква облека, а камо ли уште гордо да поминеш пред толпа луѓе.
     
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Као луѓето не се гледаат по облеката, арно ама се гледаат. Дали изглед вара или не, тоа си е различно од човек до човек.
    Етикетирање на лесна девојка ми е следниов момент - истакнување на сите можни атрибути, дури и тие што ги нема како такви. Значи се да е испружено на тацна и изглед кој вика „Земи ме и изеби ме“.
    Вакво константно фурање на „провокативен“ изглед ми е слично на проституција, значи еден вид на супститут.
    Досега не сум сретнала девојка која се облекува вака, а да не е лесна. Тоа е за мене факт.


    Искрено не знам што се очекува од машкиот род, кога ваквите девојки погоре наведени, дефилираат по дискотеки и места каде што младичите се шетаат, и воедно бараат ваква таргетна група.
    Дали машкото сетило за гледање дубина (не дубина на деколте), туку дубина - барање карактер на прво гледање ќе проработи, и тоа е индивидуално, како и секое мислење во темава.
    Ваквата константна појава мене ми дава за право да кажам дека ваквите девојки сакаат само забава и со таа мисла облакаат подвезици, фустан или подобро кажано маичка до женски полов орган, се надѕирнуваат гаќички, некад било и секси ако се поднаведнеш тангата да блее пред нечии погледи, истакнуваат гради и сл. Сигурно не отишле да најдат момак за да продискутираат за глобалното затоплување, не?

    Арно ама, се додека машки поглед/мозок размислува површно, и се додека ваквиот начин на „шармирање“ е единствен пат да се стигне до драпање и секс и да се остане на тоа, ваквите девојки нема никогаш да добијат на вистинско значење во машко-женските односи.


    Јас сум ти конзервативец што се тиче шармирање, или пак освојување, или едноставно први date.
    Секако дека најпрво ќе погледнам како изгледа, со тоа нели и се почнува.
    Одмереност, природно однесување, хумор, добар муабет, споделување на мислења - тоа ми е мене добар состанок, и тоа ми е мене почеток на нешто со X персона. Зборувам за нешто кое што сакам да трае, и да остане.

    А за тралалајки...тоа е веќе друг муабет, и друга тема.
     
  15. FST

    FST Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    најлесните девојки кои ги знам ( со кои сум бил ) воопшто немале склоност кон миничи и голотија. Ако под лесни подразбираме лесно да отидеш у кревет со нив. Оние што се облакаат провокативно се само желни за внимание . Или едноставно скаат да провоцираат .. поглед, коментар , приоѓање.. иако дури може и да се понашаат поопуштено во суштина има и полесни од нив.. Оние вистински лесните девојки несакаат многу да се рекламираат како такви па најчесто се помалку разголени. Дури и не се осеќаат многу пријатно ( кога по некоја причина решиле да се облечат така).
    Верувам дека доста од девојките нема да се сложат.
     
    На 20062006 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Колку кила облека да ставам на мене пак сум лесна бе луѓе :( незнам што да правам, пак тежам 40 кила со кревет :(
     
    На Lolo5, Name и XMaN им се допаѓа ова.
  17. JackBrasco

    JackBrasco Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Вака сега оние *лесни женски* со кои сум бил досега се покажало дека си сакаат да си покажат малку мевце. Добро малку отповеќе. :D
    Значи си биле така послободни и во облекување и во понашање. Има тука нешто во врска со надворешната претстава што ја даваш, во главно е така. Начинот на облакање сведочи од каква позадина си. Чак и да не е *лесна* шо ги викате вие, ако лесно потпаѓа под србобугарски-MTV *модни* влијанија, тоа сведочи за слаб карактер кој воедно не познава граница меѓу вкусот и невкусот, а слабиот карактер полесно фаќа *кривини*. Нормално постојат и исклучоци, секакви луѓе постојат.Не викам дека нема и жени кои не се замотуваат до врат, а не се великодушни за онаа работа, али тие се многу ретки. У принцип не ме излажала проценката по физички изглед (само еднаш сум се заебал али и тогаш не бев баш сигурен). :)
     
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Ве молам правете разлика меѓу провокативно и вулгарно.
    Премногу предрасуди има во темава.
    Ако некоја е провокативна таква ќе биди и во пижами и во ролка и во мантија и во минич. Ако некоја не е провокативна џабе му е и гола да се слечи да не речам, а велам. :D
    Значи јас ќе ги разграничам овие поими вака: провокативно-самодоверба, вулгарно-очај,комплекси.
    Две девојки може да бидат облечени во исто фустанче не премногу кратко, не премногу длабоко деколте. Со иста фризура, иста шминка. Се исто. Но, кога ќе ги види еден маж, а и жена, за едната реакцијата ќе биди :geek: :o , а за другата :puke:.
    И ве молам, овде не правиме муабет за проституки по гаќи излезени.
    Ставот исто така е многу битен, ако јас сакам да покажам цицка и ниеден да не се осмели да ми предложи секс за една вечер или да ме наречи лесна така и ќе биде, па макар јас била и гола. Однесувањето и ставот значи.
    Ако јас излезам со цел да ме легнат неколку вечерва и не ми е гајле дали ќе ме наречат лесна, така и ќе биди па макар и во мантија да се облечам.
    Облеката нема никаква врска со тоа дали некоја е лесна или не.
    А вие премногу сте забегале од темата...Заминавте во погрешни насоки како на пример прашање на вкус, интелигенција итн. Некој сака провокативни, некој не. И најлошото во темава дека тие со деколтето и миничот, одма по дифолт се глупави, а оние со ролките најпаметните.
    Според вашите мислења, тешко на тие што се родиле женски.
    Жал ми е да читам дека самите девојки вака плукаме по другите девојки.
    Пак ќе напоменам, моето мислење не се однесува на екстремни случаи опишани во првите страници од темава. И сликите кои беа поставени. Тоа се веќе проституки, тоа нив им е работа. :!:
     
    На XMaN, si.exs и Danilela им се допаѓа ова.
  19. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Како мене иначе одговор ;).
    Дечурланата го има изгубено патот нит знаат да се понашaат нит да се облечат. Онака како што се однесуваш така ќе те гледаат другите. Ај голи да се шетаме и дома и надвор. Надвор сега не можи, зима, внатре може. Кој смее да си помисли на секс кога ќе ме види а не па да ми предлага. Во ролка ако се забутам е веќе друго тогаш, кај сум затуцана и глупа уште и лесна сум во машки очи. :^) И јас што тема најдов да читам уште од сабајле :doh: :yawn:
     
  20. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Изгубив буквално саат време во читање и не би било фер да не дадам мое мислење :lol:
    Едно девојче секој може да го етикетира како "лесна"девојка на свој начин.на некој му се свиѓа можда некоја пинк продакшн стил,пијана дрво камен,кршење до под една цицка надвор нога гол зошто да би ја етикетирал како лесна? :rofl:
    И девојки што толку многу ги напаѓате машките као гледате во разголени,напрчени,провокативни.Чекајте вие што би погледнале и за која би прекоментирале:За онаа со миничот,со деколтето,со шминка,средена,со напрчено газе,со црвен кармин.или онаа забулената што не слушнала за фен,пегла,пудра,креон,маскара,сукња или за жал нема ни да ја приметите дека е дел од просторијата. :lol:

    Според мене лесна девојка е онаа како што ја наведов погоре : пинк продакшн стил(сељачки за мене,без навреда),пијана дрво камен и не соодветно понашање (премногу ниско),кршење до под една цицка надвор, нога гола(многу невкусно).И кога ке и пријде некој и кога ке пристане на се и свашта и ке се понаша ко лудача и одма ке му го побара во мракот сред толпата луге :lol: како би ја етикетирал некој?Би ми било срам да застанам со таква камоли пак да и се пуштам ако би била машко.

    Се сака и деколте,и минич но се со граници.И пред се однесување како нормално девојче.Да би носела минич,горе нормална блуза,коса средена,шминка и соодветно однесување а не урлање и кршење ко луд кое машко не би ти фрлил око?И кога би ти пришол да знаеш да зборуваш нормално да врзиш муабет,и колку и да ти се свиѓа да не паднеш одма на неговите фори (машки ко машки) кој би те етикетирал како лесна?А миничот си го носиш,ногата е гола :!:

    Ова е мое лично мислење .... ајде поздравче до сите :* :*
    и девојки не се плашете толку ако дел од цицето ви зирка барем малку надвор дека ке бидете лесна.... :D