Здраво девојки, одамна имам еден проблем кој што за жал почна да станува се поголем и не знам како да си помогнам бидејќи неколку пати јас излегувам виновна. Неодамна наполнив 18 години, 4та година средно сум, на училиште сум супер, учам се трудам, ми се погоди генерација што од прва година ептен се здруживме и греота е да се пожалам. Меѓутоа таа генерација ми донесе другарка со која што во прва година ептен се здруживме, си одевме по дома се како што треба, и на крај започнав врска со брат и, кој што е 4 години поголем од нас и ептен не дружеше на почетокот, немаше баш друштво и девојка, први сме си но за жал многу работи се променија од кога врската ни се зацврсти, а тука најголемиот проблем е неговото семејство. Растени сме со драстични разлики, јас сум едно дете и секогаш моите до ден денеска се трудат околу мене, еве сега се радуваат дека сакам да продолжам на факултет, не прават проблеми кога излегувам, дури и имам и од маало и од основно друштво што дури од бебиња сме заедно и се си е како што треба, имам слобода и никогаш не сум злоупотребила доверба. Се започна кога сестрата на дм се омажи за 40год. нивни сосед затоа што било срамота девојка на 17 да е немажена, они живеат во скопско село, а јас сум во населба.Сестра му повеќе не е дел од класот и училиштето бидејќи стана мајка.Неговите на ова реагираа нормално дури и викаа дека таман и се годините, можела и порано, ко да гледаа да се отарасат од неа. Од кога се верија некако работите се сменија, мајка му на дм цело време го напиња да ме земе и мене, сакала внуци, кога бев на веридбата бев до вц, а дм и мајка му се караа во ходникот дека требало срам да му биде што дозволил сестра му да го зезне и да се омажи прва. Инаку уште додека учевме заедно мајка и цело време кажуваше дека е многу глупаво средното училиште да е задолжително, (она е многу млада и има само 4 одд) и дм цело време се нервира кога спомнувам за факултет, инаку знам само дека така и децава се воспитани, но ми е криво што дм во почеток беше ок со мене, излегувавме, се дружевме уживавме и сега се се смени од кога се роди внук му. Од кога се отпиша сестра му кругот на пријатели им се стесни и никаде не излегува, ако не го напнам да се видиме надвор не сака да излегува, се жали дека е стар, дека не ни е за тоа време, дека треба да родам, да станеме родители дека сите другари му имаат деца и нема кај да излегуваме.Он има средно само завршено и сега не работи, кога дискутирав на таа тема ми кажа дека ќе направиме свадба и од тие пари ќе живееме, девојки не знам што му е не беше ваков, повеќе ке го разберев ако имаше друга или ако му здосадев, ама единственото гледање ни е кај него дома или кај неговите напорни другари што им е ок да излегуваат сами, еден другар има жена му што ја тепа, друг ја вараше, и сакам да му ги отворам очите.Во петокот бев кај него и нешто спомнав за матурска и мајка му се подаде ми вика-треба венчаница да купуваш, не фустани за матурска, и ептен ми дојде глупаво..дали некоја имала ваков познат, искуство, другар сосед? Како да го сменам и вратам во реалноста? Јас имам зацртано дека нема да се мажам млада барем не додека не најдам работа, факултет и сл. Единствена добра особина му е што барем не пие, не оди по жени, ме кажува во јавност ама се плашам од иднината.Ве молам за совет навистина ми е тешко
Не знам што уште бараш со дечково, откачи го, немаш иднина со него. Настрана тоа го сакаш, бла бла, млада си, не си го оцрнувај животот. Уште кога дозволила мајка и' да се омажи ќерка и за човек кој може и татко да и биде, за натаму не сакам да помислам. Која е таа да кажува што да правиш и да купуваш? Имај малку достоинство и самопочит.
Девојче верувај можеш да си најдеш дечко со повеќе од тие карактеристики да не пие и да не вара. Седни ги сите и кажи им дека тебе не ти е до мажење дека планираш барем факултет да завршиш, мада со такви после џабе ти е факултетот нема да ти дадат да работиш бидејќи треба домаќинка да будеш Играј со отворени карти и дај им до знаење да земат или остават.
Зарем сеуште постојат затуцани, затупени, прости дип дибидус...бре бре... Абе ај таму откачи проста раја или прати ги на психијатриско посматрање. Такви луѓе не менуваш!!! Затоа душо моја, иди што даље можеш!!!!
Ви благодарам на советите, го мислев и делот со разделбата, највеќе ми е страв бидејќи денеска му смета што учам, утре нема да сака да работам, еве ме искара за факсот утре ќе ме истепа ако нешто му згрешам, ама што е нај интересно од се, во секоја ситуација јас сум кривата
Инаку сестра му иако ми беше буквално во клас, беше драстично различна од сите нас.Исти професори, исти домашни, исти заеднички другарки, исти навики дури и иста облека и храна јадевме. Додека јас и другите излегувавме во петок навечер, она одеше кај свекрвата да научи да биде домакинка, некаков адет што го разбрав од нив. Додека ние саботите и неделите или учевме, или одевме до Водно или парк она дома беше домакинка и мајка и ја учеше на се.Кога одевме на шопинг и кога една наша другарка стави тетоважа, сестра му на дм доби закана дека нема да оди кај сверква со тетоважа.И наредуваа како да се облака, и нај интересното е што додека е запустена во стара облека ко за 70год, маж и си брка млади разголени а оваа исто е млада...не знам што да кажам.Колку се смени не ми се верува.Ме чуди што е од скопско село, што сите ние пробавме да и помогнеме но не успеавме.Не знам што да направам грдо се осеќам ептен.
Колку сте ми јадни вие што ве пали чуството на жртва што си му ти роб? Уживаш во улогата одма да му раскинеш.
После се ова што напиша незнам што уште бараш таму? Јасно е се. Што прави сестра му, ако се земете исто и ти ќе правиш. Млада си, не си го упропастувај животот. Остави го, и продолжи си...
Сакам да раскинам највеќе заради начинот како ја третира сестра му, него му е ок да биде жената роб, инаку стара сум била никој немало да ме сака. Планирам наредно видување да го откачам да не е по мобилен некако ми е незрело, сакам да види дека нема да може да ме зеза. Сакав да го сменам заради него да му е убаво, да сака да работиме, да шетаме да живее во целост но не ми успеа..
Нека му се превземе соодветната нега и терапија. Таквите се опасни за околината и не сакај да те гледа како плен.
Те разбрав, мене ми беше да му помогнам за да му е убаво, да види дека животот е полн со убавини, он се депресира не го разбирам, мислев дека ќе пројде, инаку ептен беше фин во почетокот, за сетра му ми е жал бидејќи навистина сме супер генерација ама ете Дури и рековме да продолжи ако треба вондредно, дури рековме и дека ќе и помагаме ама ништо
Сериозно ли е ова? Вистина? Запиши се на факултет и што подалеку од нив... Турските серии се далеку понапредни. Уствари, искрено, познавам девојче што на 17 се омажи за 40 годишен ама не се од Скопје.
Па кога и викавме дека ќе и помагаме за да си заврши маж и лом ја направи, како ќе сме растурале брак, стануваше збор за испити што ќе и дадеа барем диплома за средно и да си беше раат. Не им е ок жената да учи не знам зашто..
Да ама што може да направи? Нема каде да се врати, нејзините едвај чекаа да ја шутнат.Мајка му смета дека не сум ок бидејќи мислам на иднината, сум била во погрешна насока.Колку мене на возраст а толку различна..
Лелееее бегај што подалеку од такви особи, со нив немаш никаква светла иднина. Абе највеќе мразам такви затупени особи и примитивци. 17годишна со 40годишен да се омажи бе и тоа да им е сасвим океј на нејзините
И заради неа цел однос ни се смени. Стана ладен, депресивен, збори дека му летнал животот барем да се радува малку од малку. Верувајте не сака буквално да излегува не знам што зборат кога не сум таму, јас им кажав дека не е ок, само онака не сакав да се карам но не сум роб за да ме гледа со такви очи..
Сериозно ти е ова што го напиша? Кај има вакви уште? И како ти каква што се опиша девојче нашетано, кое излегува, сака да учи да се образува најде некој таков затуцан? Што те привлече кај него? Простотилакот? И на кој родители им е сеедно детето да им се омажи на 17 и да остане неписмена и да раѓа толку млада? Без разлика што тие се неписмени мислам дека баш заради тоа би се стремеле децата да се образуваат за да не живеат таков живот како нивниот. Мада има секакви. Ако навистина се толку затуцани, откачи го не знам како можеш да бидеш со некој таков кој има такви глупи размислувања и постапки. Најди си некој кој ќе ти парира на тебе. П.с. И јас веќе неколку години живеам на село па немам до сега слушнато некоја толку млада да се омажи. Сите девојчиња скоро што ги знам кога завршија школо се запишаа на фах, или се вработија и за мажење толку млади не им текнува. Кое село е ова толку затуцано...?