Како да останеме здрави, среќни и присебни за време на карантин?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Doozy, 15 март 2020.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    58.841
    Јас последниве пет години работам од дома и мислам дека начисто ќе полудам ако не го сменам ова во следниве неколку години... пошто верувале или не, не е само седи си дома и работи си (како што впрочем, многумина и ќе видат сега следниов период кога мора да работат од дома). :tmi:

    Од мое искуство, самодисциплина, ред и рутина се КЛУЧНИ во целово седење дома БЕЗ да полудиш. Во пракса тоа значи нешто вака отприлика, мислам дека ќе се најдат советиве за сите да си го задржиме здравиот разум во следниов период.

    - Нема спиење до кога сакаш и седење до кога сакаш. На почеток е интересно - еј брат утре не сме на работа, седи рано е за спиење - ама тоа е идеална формула да се изреметиш и физички и психички. Значи легнување во исто време, станување во исто време и БЕЗ дневни дремки. Нека денот ви има некаква структура, да не биде еден голем хаос од дремење пред ТВ.

    - Нема седење по пижами цело време. Наутро станете, облечете се, девојките нашминкајте се ако треба, појадете, пијте кафе... буквално исто како да треба да одите некаде.

    - Нема лапкање на што било и како било. Ќе ви биде досадно и ќе ви се јаде од досада, ама бидете дисциплинирани со храната барем периодов, треба да испаднеме здрави и прави од ова, не со пандемија на дијабет и срцеви болести после да се расправаме.

    - На тема лапкање, јадете бар нешто од нешто овошје и зеленчук периодов. Ете маркетите нема да ги затворат... колку повеќе јадете храна богата со диетски влакна, толку повеќе ви се лачи серотонин во цревата, толку подобро ќе се чувствувате.

    - Јас секојдневно пешачев по 10,000 чекори, пракса што сега ќе ја заменам со вежбање дома. Не мора да правите којзнае какви кардио-тренинзи, доволно е едно лајт јога тегнење од 15-тина минути или вежби за зацврствуање. Колку повеќе сте физички активни, толку помалку ќе сте анксиозни! (се случува биолошки процес во телото што спречува да бидете анксиозни) Бонус - вежбајте заедно со децата за да се изрипаат и да заспијат полесно

    - Сварете кафе, слушалки на телефон и УПАЛЕТЕ СКАЈП, МЕСЕНЏЕР, ВИБЕР! Сите се дома и со сите може да се слушнете и видите преку камера. Не само да си пишувате со некого, пуштете камера и видете се лице во лице. Не е исто ама помага малку човечки контакт да се разбистрат мисли ќе ЗНАЧИ многу!

    - На тема кафе, не претерувајте со кафиња... нема да може да спиете, а нема да сте доволно изморени за да заспиете без физичка активност.

    - Ако не можете да заспиете од анксиозни мисли, еден лист, пенкало и пишувајте СЕ' што ќе ви падне на памет без да се филтрирате... и одма е подобро, инстантно.

    - Мора да имате што да правите... едно нешто, било што. Ќе плетете, ќе везете, ќе цртате, играјте игри на ПЦ, играјте друштвени игри, пресадувајте цвеќиња, читајте книги, учете онлајн (има страници за бесплатно учење), ако имате мали деца, на земја и со нив... ако имате дворче, седете печете се на сонце во двор, ако имате тераса, одете на тераса. Редете плакари, чистете, редете подруми, гаражи, организирајте, броете макарони во пакетче... :D

    - Тие што останувате да работите од дома, нека има дел од денот за работа и дел од денот за одмор. Не може да е се' наопаку, пак ќе речам, ќе ви удри на психа.

    - Ова мене лично ми е најтешко, ама пробувам да има период во денот кога НЕ сум онлајн... 1-2 часа пред спиење или саат време додека правам јадење или додека јадам... мора да најдете начин да бидете присутни офлајн со мислите и емоциите за да може да се соочите/процесирате разни емоции. Се' друго е одвлекување внимание и после ќе ве направи уште поанксиозни. Ова е добро и за кој било ден и за секој човек што мора да биде онлајн по 9-10 часа дневно оналјн.

    - ЕДНА работа дневно мора да ви биде забавна, смешна, релаксирачка... нешто да те расположи. Пример, правиш мезе, си ставате вино, седнувате си правите муабет. Мажот ако не е тука, си правите јадење со детето, си ставате несквик и си пиете несквик со цевче. Семејства со мали деца, пример, секој ден во 5 поручек пуштаме да гледаме смешен филм на ТВ, и секој ден гледаме по еден.

    Значи буквално, еден вид на војнички ред. Досадно звучи вака од страна ама ќе ми се заблагодарите после сето ова, не дозволувајте деновите да ви станат едно големо сивило на едноличност и дремење во пижами пред ТВ со телефонот во рака... ова ќе ве отепа психички НАЈВЕЌЕ!

    А да, да напоменам. Војнички ред не значи самопрекорување и разочарување ако една работа не оди по список или како што се наумиле.... значи полека, смирено, со љубов и трпение сами кон себе. Се' ќе биде добро :hug:
     
    На Regina.Phalange, sanjaeva, CarrieBradshow и 95 други им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.905
    Допаѓања:
    145.088
    Пол:
    Женски
    Ако претходно сум уживала дома, сега не е тоа така. Психа убива. Јас сум андер прешр личност. Не можам вака да се снајдам. Среќа мм од понеделник е дома па може да одам до работа....
     
    На GoodGirl45, Nightwish11, kristina.k и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Среќичка

    Среќичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    И мене психава ќе ме докрајчи. Бремена 19+, син ми со мрсули и поткашлува. 2 години не бил болен сега кај и ова. Не бев јас оваков малер.
     
    На GoodGirl45, boomsleng, malerozna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.905
    Допаѓања:
    145.088
    Пол:
    Женски
    Не си ти малер. Не сме никој малер. :hug:
     
    На Среќичка, boomsleng и Doozy им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.434
    Пол:
    Женски
    Ми е гајле што сум оф топик
    Абе те обожавам значи. Со задоволство те читам.
    Слушајте ја Дузи, умна е!
    Дузи за претседател!
     
    На GoodGirl45, Tinaaa, FreeMind и 12 други им се допаѓа ова.
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    30.241
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам Дузи за советите :hug:
    За мене само место кафе, какао и место вино сокче, не пијам ни едно ни друго :)
    Мм ме зеза сега бил моментот да почнам да пијам се рамно ќе ми било :D
    И јас исто пешачев многу по препорака од лекар, и за тоа ме фаќа страв ќе ми влијае на здравјето, денес планирам горе доле по скали да одам и нешто ако можам дома да повежбам.
     
    На Purplelilac, LiliBoz, emiliana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.905
    Допаѓања:
    145.088
    Пол:
    Женски
    Баш помислив дека е потребна ваква тема. Браво @RainBow
    Мене ни книга ни филм не ми одвлекува внимание. Баш напротив, ако налетам на комедија ме иритира. Зедов да се шљапам со маски за лице и да барам комплексни рецепти за готвење, да правам нешто:D
    Ај...утре ќе одам на раб:rock:
     
    На Nightwish11, Doozy, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  8. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    5.790
    Мене не ми преставува потешкотија карантинот камо ли да го имаше да беше целосен,но ете мора на работа да се оди,ако треба месец дена дома ке се затворам и никаде нема да излезам само што побргу се отарасиме од чумава,кога би бирала помеѓу ковид19 или карантин,јас сум за карантин.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.772
    Допаѓања:
    108.637
    Имате одлични видеа за вежбање на јутјуб, особено за јога, препорачувам Yoga with Adriene.
    Имате видеа со медитации.
    Правете смирувачки работи. Важно е да се релаксирате ако сте човек што не може да биде затворен.
    Фамилијарни игри како Монопол и слично секогаш се супер идеја.

    Прашајте интроверти, све ќе ви кажат.
     
    На тп18, Bezimenka90, Thallia и 13 други им се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.561
    Допаѓања:
    4.987
    Од мене пар веб страни да ви се најдат.

    - Lilit ја спомнала Yoga with Adriene, топла препорака за сите. Има 30 дневни предизвици, сега имате таман време да се навлечете на неа. Ако сакате поинтензивни варијации на јога, со потење, со се', https://www.doyogawithme.com/.

    - за читачи на Киндл и налик: https://libgen.is/. Речиси сите книги што ми текнале ги имам најдено тука (Elizabeth Gilbert - The signature of all things, една од последните книги што скроз ме навлече, 4 дена компјутер не уклучив зашто ја читав)

    - https://tabletopia.com/ онлајн board games

    - гответе луѓе, секој рецепт за кој сте рекле "немам време за тоа" сега му е мајката. Криво ми е што не сум дома со цела кујна на располагање, знаете како ќе се усовршев за јуфки и тарана правење....
     
    На emiliana, kristina.k, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  11. MarigoldA

    MarigoldA Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    7.318
    Пол:
    Женски
    За мене регулар викенд карантинов.

    Читам две книги паралелно, една на македонски, друга на англиски. Еднава ко ќе ме замори, за пауза читам од другата.
    Проверувам телефон повремено, форуми, вести, што има ново, до кај е апокалипсава и така.

    Покасно ќе си пуштам некој филм (серија не ми се пушта, ќе заглавам до 2 ноќеска :D).

    Мрдам до кујна по јадење, кафе, сокче (или Ц витамин шумеча). И до тоалет, пуштам машина, пружам алишта. Што се однесува до физичка активност ќе чистам малку подоцна. Правосмукалка и џогер маратон.

    Утре сум на работа, ама има некоја најава за од дома да работиме, па ќе видиме. Иако работа од дома не ме радува многу. Ќе ми треба концентрација за тоа. :shake:
     
    На JollyGirl, GoodGirl45, kristina.k и 3 други им се допаѓа ова.
  12. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.641
    Допаѓања:
    100.498
    Пол:
    Женски
    Пред се', ценете го фактот што вие сте среќници што сте дома, за разлика од некои што МОРА да се на работа изложени на ризик, пример вработени во маркети, аптеки...
    Кога веќе од сите страни сме бомбардирани со информации за вирусот, барем избирајте што читате и читајте паметно, од релевантни и проверени извори!
    Размислувајте со ладна глава, гледајте долгорочно, поголема штета си правите ако дозволите да паничите. Штедете енергија и нерви, стресот го паѓа имунитетот.
    Сфатете го ова како можност да го правите она за кое стално сте велеле - немам време.
    Изолацијата не ве спречува да сте блиски со фамилијата и пријателите - колку и да се далеку, еден видео повик ве дели од нив.
    Книги, книги, книги - сигурно ви се наоѓаат неколку дома, дури и да не е така - решение има : интернет.
    Платформата самоглас е одлична идеја.
    Генералка по дома, прередување плакари, испробување нови рецепти, разлистување стари фотоалбуми...
    Филмови, серии...
    Ако имате деца, забавата е уште поголема :D Зависи и од возраста на децата додуша, но сепљк, колку и да е напнато и изнемоштувачки затворени со деца дома, со добра организација со партнерот или членовите со кои живеете заедно, ќе се истера денот. Договорете 'време за себе', 15 мин, пола саат, пијте кафе/читајте/сурфајте на нет/медитирајте... сами на тераса, во друга, соба..
    Потребно е ваков издувен вентил секому.
    Играјте друштвени игри, вклучете се во предизвиците на инстаграм од типот #dabidemekreativnipredizvik, заследете профили од типот @aktivnosti_za_deca..
    Најбитно од се' - не паничете, останете присебни, следете препораки.
     
    На JollyGirl, dunika, Nightwish11 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.014
    Допаѓања:
    74.319
    Јас па одвај чекам дома да бидам... не сум била 3 години и кусур...
    Многу ми е мака пто сите мајки се дома, освен јас и ме убива тоа...

    Да сум дома, има цел ден да играм игри со ќерка и да испеглам се :) да готвам се и кафе у двор :)
     
    На Nightwish11, Cosmic Girl, BlackNight и 9 други им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.905
    Допаѓања:
    145.088
    Пол:
    Женски
    јас сум човек кој поминува минимум 8 часа дневно во болести. ништо од ова не ми помага :rofl:
     
    На ♡BuBaLe♡ и JuLleE им се допаѓа ова.
  15. Hunger

    Hunger Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Супер тема! :D Мене ми почнува втора недела самоволен карантин, се грипосав и сама си се затворив уште пред Цаца да не благослови :D, баш ден пред да ги откријат овие од Дебар.

    И јас како Дузи работам од дома веќе со години, во моментов знам колкава предност ми е тоа затоа што рутината не ми е премногу сменета, ама сум далеку од моите, ги немам видено од Божиќ и којзнае кога пак ќе ги видам, на моменти ми паѓа тешко. :(
    Татко ми се јавува секој ден да ме провери, ме осеќа дека сум малце нажалена за дома, џабе пораснав. :D

    Со маче од дневна на тераса, средување и чистење по дома како и секогаш, рутината да се држи најблизу до тоа како да е и било кој друг ден. И јас на моменти откачувам, ама ве читам и ми давате и надеж и храброст.

    Денес генералка по дома, па некој господски ручек, гајле ми е дека е само за мене - да замириса станов на кромидче. :D
     
    На kristina.k, Purplelilac, Stephen Amell и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    2.689
    Допаѓања:
    15.492
    Пол:
    Женски
    Периодов ќе го искористам да кулирам колку што можам без да имам грижа на совест, без да забушавам. Што значи дека покрај слободна литература, ќе се учи оти за тоа имам грижа на совест одамна.

    Таман време за да почнам со рутина за некои навики кои сакам да ги стекнам, и да се присетам на работи кои ги правев лани ова време враќајќи се кон правилното за мене.

    Тајм аут во правилен момент ќе ми дојде.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Demiii

    Demiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Истo кaкo дo сегa, незнaм гледaм сите викaaт вo кaрaнтин биле a мене кaрaнтинoв ми делувa кaкo секoј ден дo сегa (wfh):bug:
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.959
    Допаѓања:
    135.090
    Јас сум човек кој во денот мора да излезе, макар и до маркет.
    Ме убива тоа што не одам на работа, што не се дружам итн, итн.
    Ама од друга страна сум мајка и покрај себе имам и дете за кое јас сум одговорна. Среќа што сум сериоман, па една сезона ја гледам до крај.
    Иако, ете уште немам време за да почнам и серија.
    Овие денови средував по дома, чистев, алишта, бев и до работа, пазарев. Веќе направив се што треба, ми остана да гледам серии нели.
    Иако со дете ид 6 ипол години, прваче, воопшто нема да ви досадно.
    Што правеме?
    Играме Не лути се човече, Монопол, некои негови измислени игри со коцки(facepalm). Црта, пробувам да вежбаме математика ама вешто избегнува]:). Љуби га мајка, правник ќе да е или доктор:rofl:. Нејќе математика.
    Ок, ја руши куќата со топките, имаме гол дома(facepalm) Во слободно време сум голман:^). Фудбалер на мајка:D.
    Значи, ич не ми е досадно.
    Е сега што до крај на карантин ќе останам без покуќнина е друга работа, али подобро тоа отколку корона:emo:.
     
    На bittersweet, bicycle, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.583
    Допаѓања:
    94.035
    Нoрмaлен ден ми е мене ден вo изoлaцијa, рaбoтa, дoмa, туш, пижaми... Oсвен викенди кoгa шетaме, oд пoн дo петoк не ми прaви рaзликa. Стрaшнo би билo зa мене дa речaт -сите нaдвoр и штo пoвеќе кoнтaкти сo луѓе :o :D
     
    На Bezimenka90, do-re-mi, Ordinary и 7 други им се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    5.854
    Допаѓања:
    31.108
    Пол:
    Женски
    Не си сама и јас одам на работа, не важат за нас мерките. Еве :hug:
     
    На Cosmic Girl, BlackNight, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.