1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да побарам покачување на плата?

Дискусија во 'На работното место' започната од Tanjamm, 1 септември 2015.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Добро што правите ако на работното место не сте доволно платени за она што го работите?Се ужаснав денеска кога слушнав дека девојка која има едвај година искуство, а јас имам6 зима повисока плата од мене. Да си кажам отворено дека сакам поголема плата или како да му ставам до знаење на работодавецот дека сакам и заслужувам повеќе пари?
     
    На angelche16 и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Кога јас дознав пред неколку месеци дека една нова која работи половина од работата што јас ја работам зема поголема дневница од мене, толку збеснав што немаше сила што ќе ме задржи да не одам до шефот и да се искарам макар до последно да е. Меѓудругото реков дека од денес ќе работам исто како и таа па и помалку, и ако не му одговара слободно нека ми даде отказ.
    Зависи и каков ти е шефот, и колку си ти потребна, да речам неопходна на таа позиција, ама ако не кренеш глас и не си побараш никој нема да ти даде. Сметаат дека си задоволна и толку.
     
    На crazylady, anina, Oscar Lady и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Многу сум потребна. максимално сум лојална, вредна, ама таа лојалност и труд почнаа да ја злоупотребуваат. Многу се изреволтирав вчера, многу. Уште сум под стрес. Некој што не работи ни пола колку мене зема 2500 денари плус. Тоа е почетник. па јас за љубов ли ќе работам. Прво ќе почнам да одбивам да и помагам на таа што зема повеќе од мене, макар и со информација. Ќе бидам поостра и ќе се однесувам дрско, аз не љубезно и да мислат “аа оваа будала си работи и си ќути“.
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    А да си кажеш отворено? Можеш и така, да забушаваш, ама зошто да чекаш на некој да му текне или погрешно да ги интерпретира твоите знаци и на крај можно е пак без покачување да си останеш.
    Инаку мислам дека ова ти е одлична можност да побараш, да не била новата како и во мојот случај, ќе си работиш, ќе ти кажуваат дека нема за повеќе, толку се можностите и сл. Вака ако има за неа, мора да има и за тебе.
     
    На LivingGlam, angelche16, Magnolija и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Не знам што би било најпаметно. Значи збеснав. Јас работам највеќе, на сите сум им тука за помош и на крај испаѓа дека земаат повеќе од мене.
     
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Одиш и јасно и гласно кажуваш што мислиш.
    Јас да сум на твоето место би го применила советот на Бриџет.
    Те молам немој со тоа праќање сигнали:" кажем ти ќерко, сети се снао" муабети.
    Имаш уста, бори се. Ако ти не се цениш, мислиш на друг ќе му текне?
    Ако си па добар работник нема да те пушти така лесно, освен ако е идиот. Верувај, во денешно време тешко се наоѓа и добар работник.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm седни со шефот, разговорот почни го со истакнување на твоите квалитети и твојот придонес, не онаа вчера дојде толку и толку ја плаќате, да изгледаш ко налутено дете. Почни со Јас, јас сметам, а се надевам и Вие дека одлично си ја вршам работата, вреден работник сум, никогаш не сум одбила задача, исполнителна сум и мислам дека мојот труд треба да се цени и награди. Толку и толку време сум тука и мислам дека сум заслужила покачување на плата. Најкултурно и фино ќе си го побараш тоа што ти следува. Е доколку тоа не упали ќе видиш каде стоиш и дали можеш поостро да настапиш без да го загрозиш работното место.
     
    На glosipgirl, crazylady, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Вреен работник тешко се наоѓа. Еве во наша бранша секакви мутави влегуваат и земаат плати колку способните и повеќе дури. Се прават наивни, а земаат повисока плата. на прсти с ебројат тие што се квалитетни, а при тоа никој не ги ни пофалил со збор, не па плата да им покачи.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Биди сигурна дека точно ова болдираното си го мислат.
    Се додека не реагираш нема да добиеш никакви бенефиции, ни покачување на плата, ни ништо. Само уште повеќе може да те трупаат со задолженија бидејќи нели си работиш и ќутиш.
    Реагирај, покажи им дека не си глупава- вака со правење дијалози во твојата глава ништо не правиш. Толку години работиш таму и уште се надеваш дека тие ќе сфатат колку си важна и сами ќе реагираат. Зарем не ги научи досега какви се и дека тоа кај нив не пали?
    Собери сила, вдиши длабоко и оди во канцеларијата да разговараш.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.777
    Пол:
    Женски
    А каковти е статусот на работното место? Дали имаш некаков договор написмено кој меѓудругото наведува колкава ќе ти е платата? Дали таа која е повеќе платена е на иста работна позиција со тебе или на некоја друга која диктира и друга плата? И како знаеш дека таа зема повисока плата? Јас на моето шрошло раб.место без со месечен договор кок секој месец го потпишував и имав стартна минимална плата, а рие кои беа со решение имаа стартна многу повисока од мојата, јас ќе се окозев од работа и пак тие сп цел ден кафе пиење земаа 300 посто повеќе од мене, но не можев да се бунам, по правило никој никогаш јав о не смееше да дафа инфо за висината на платата, имаше и таква клаузула која ја потпишувавме, си разменувавме информации од прилика меѓу нас со заокружени цифри. Незнам за твоето раб.место, но како добивате инфо за платата на другите.. И сепак ако решиш да зворуваш за покачување оди на карта истакнувајќи се себе и твоите квалитети, не со сппредба таа новата зема повеќе... Позз
     
    На okcenzi и Eli23 им се допаѓа ова.
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Каде што работев летово зимав поголема плата од една жена што работеше таму веќе седум години. Кога ја прашав шефицата зошто е тоа така ми одговори зашто сум била повеќе едуцирана. Жената е постара од мене 20 години и е супер фина, па и не ми изгледаше многу фер на почетокот. Но, бидејќи работев во продожба, подоцна забележав зошто е тоа така. Кога му продадов на еден шорцеви што на почетокот ги одби зашто не му биле таман, а потоа му ги дадов истите (пошто и немав веќе што друго да му дадам) тој ги купи зашто му биле добри; другата ќе се откажеше на првото не. Е, треба повеќе само грижлив човек да е и да му текнува.

    Сепак, не се сите како мојата бивша шефица. Повеќето не знаат каде тераат и се безобразни. Ако му објасниш и анализираш зошто треба да добиеш покачување, ако е фер и коректен и ќе ти даде. Всушност, ако е фер и коректен ќе ти даде и без да му побараш ако виде дека си добар работник. Повеќето добиваат бонуси кои требаат да ги делат со вработните, ама не! дебел газ не се најадува.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    baraj na internet job performance interview
    Ubavo e objasneto sto treba da reces vo sekoja situacija.
    Uste koga ke spomnes deka sakas da imas job performance interview, rabotodavacot znae sto sakas. Ke ti postavi i malku po nezgodni prasanja. Spremi se za sekakov, no se razbira kulturen i dostoen odgovor.
    Good luck
    [​IMG]
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Машки
    Еве јас да ви кажам пример based on true story.

    Во поголема фирма во Скопје со помрсни плати (30 000+ ден.) работат повеќе луѓе и една жена земала поголема плата од уште неколку други кои биле на иста позиција, но сосема заслужено заради искуството и знаењето. И сега некако се дознава дека она зема поголема плата од нив и овие другите се пожалиле кај газдарицата и она наместо да им даде покачување, ја намалува платата на таа што земала повеќе за да ја изедначи со другите. :o

    Ете има и такви примери, после ај кажете не сме биле малограѓански и алчен народ. Колку ти даваат толку, ќути, работи и кркај пари - ова е 90% од македонските работници, затоа платите се толку ниски секогаш ќе дојде друг да те замени ако дадеш отказ.

    Кажи си отворено ама направи го тоа на перфиден начин, не мораш да потенцираш дека другата девојка зема поголема плата па затоа ти сакаш повеќе, не дека неа ќе и наштетиш, да не си направиш на самата себе контраефект. Кажи дека сметаш со твојот труд и лојалност заслужуваш повеќе за да имаш повеќе мотивација при работата и дека едноставно ти треба промена, осеќаш дека си заглавена на иста плата цело време и дека доживотно ќе останеш на таа плата (последниов дел за заглавување не мораш). Ако добиеш негативен одговор тоа е тоа не се разочарувај кога тогаш или ќе добиеш покачување или ќе си најдеш подобро платена работа.

    За многу работи во животот ако не побарате никој нема да ви даде ништо. :) Таков е светот, nobody cares, секој си ја гледа својата работа, шефот нема шанси да знае дека не си задоволна од платата, чим не се буниш смета дека си среќна. Стави до знаење дека не си! Ако си навистина ценета и потребна на работното место ќе добиеш покачување. Со среќа!
     
    На onladybug и Magnolija им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Иста работна позиција. Јас работам овдека 3.5 години, а претходно во појака фирма работев исто 3.5 години. Таа се на се нема ни година искуство. Договорот е на една сума, ама другиот дел на рака и го даваат. Не само што не ја заслужува платата, туку и ме ѓњави нон стоп да и помогнам и објаснам се што можам. Која демотивација е тоа. Се се знае. И да не се знае се дознава кој колку плата зема. Ова е тотално нефер.
     
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.777
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm те ρазбитам потполно κаκо се чувствуваш демотивиρано и понижено, но согледај ги сите фаκти пρво, κолκава е фиρмата, κаκов тип сопственост, да не има неκои позадинсκи пρичини опρавданија за таа попρивилегиρано платена.... пρед да истапиш со κавги со газдата, зошто κај нас знаеш κаκо лесно може да бидеш отпуштен. Пρави κаκо мидлиш, само те советувам да не си ја забушаваш ρаботата да не имаш само негативни последици.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Нема да забушавам, бидејќи и да кажам така, јас не сум тоа. Не можам да дремам, се трудам да работам максимално. Инаку при прва прилика општо ќе кажам дека сум демотивирана и дека не е во ред почетници да земаат повисоки плати од искусни работници. Дотогаш ќе одбивам да помагам на тие што се поплатено и не знаат да се снајдат. Да се осеќам искористено, понижено. Се осеќам како да сум дојдена тука да му бидам слуга на некој и да му ја бркам цела работа за да си игра со мене.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.777
    Пол:
    Женски
    Шо стори @Tanjamm ? Побара ли покачување ?
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Не. Претпоставената има некои обврски и не се видовме. Ќе си спомнам.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Не само што немам бенефиции, туку и ми се мешала многу пати во приватен живот и секогаш се фали што се купила и ги потценува другите како не можат да си купат стан или куќа. Ќе купи кога “дере“ и иксористува луѓе, па ќе кажува приказни. Ќе и покажам заби во прва прилика па макар останала без работа. Идиот не смао што ме користи максимум, па и ќе ми кажува како животот да си го живеам.
     
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    @Tanjamm според мене и малку незрело постапуваш во целата ситуација. Целиот твој гнев и нервоза се спрема девојката кој има повеќе плата од тебе, како таа да е одговорна за буџетот. Не' прашуваш за совет за тоа како да побараш покачување, што мислам дека е супер тема, а од друга страна шириш маалски муабети за тоа каква била таа.

    И да не те интересира каква е, оние кои го распоредуваат буџетот се виновни и тоа е тоа. Кога веќе не можат да видат која заслужува повеќе оди и покажи и. Крај краева не е целта да се работи пренапорно, туку да се работи паметно.

    Очигледно си фрустрирана, па ако сакаш нешто само побарај, не се кочи самата во место.
     
    На Doozy, tessie, Waka-waka и 4 други им се допаѓа ова.