Здраво, ја отворам оваа тема зашто имам чувство дека цел живот се справувам со манијаци од секаков вид. Сфатив дека е тешко да се биде жена, но мислам дека сепак постојат некои работи кои треба превентивно да се превземат со цел да се намали бројот на таквите немили настани. Па, еве неколку tips од моја страна: 1. Не се качувајте во кола со мажи! Знам дека звучи многу строго, но моето искуство покажало дека мажите се чувствуваат како да имаат контрола кога се во кола. Реално, и не каде да избегате. Ова се однесува и на соседи, подалечни роднини и сл. И, изгледот лаже, така да, ако некој ви изгледа смирен и културен, може да излезе најголем перверзњак. 2. Не седете во автобус до мажи, ако имате слободни места! Што е сигурно, сигурно е. Во автобус често се возат некакви манијаци кои може и случајно ќе почнат некоја наивна тема за разговор или случајно ќе ве допрат за нога. Ако веќе немате избор, може да си ставите слушалки и да се исклучите. 3. Не се шокирајте! Прифатете го фактот дека во животот ќе се справувате со многу манијаци и тоа не е ваша вина. Научете брзо да реагирате во таквите ситуации, наместо да останете занемени или да избувнете, така се си го заштедите времето, наместо да ви се уништи денот. 4. Внимавајте на зборувањето! Манијаците бараат ведри и позитивни девојки кои сакаат да зборуваат. Затоа, треба да бидете внимателни да не навлегувате во подлабоки муабети. Манијаците секогаш најпрво се фини и културни и покажуваат интерес за вашиот живот со прашања за да го одржат разговорот, но многу лесно ќе се познаат кога во текот на разговорот, како што стануваат поопуштени ќе се издадат во нешто, како на пр. може да ви кажат дека комшивката заработувала малку пари и одвај имала за градник да си купи или прашање како дали често излегуваш навечер... Мојот совет е да немате многу жал и да не ви биде многу срам и да се држите на дистанца, особено ако приметите некаков знак што не ви се допаѓа. Поточно, бидете резервирани, а под ова подразбирам и да не се смешкате цело време. Толку за сега ми текнува... Се надевам дека и вие ќе ја сфатите сериозно темава и ќе споделите некаков совет.
Од манијак една жена не може да се заштити баш, може само да има таква среќа да ја одмине или да му се ,,излизга низ прсти" некако. Ќе го прокоментирам првиот совет - Не се качувајте во кола со мажи. Многу женски влегуваат во такси незнаејќи какви се луѓе можат да се најдат позади воланот. Значи неизбежно е да се влезе во кола со маж. Второто - не седете во автобус до мажи. Ако е манијак, поголема е веројатноста тој да е оној што ќе седне до девојката. За четвртото, ние сме такви какви што сме, зарем треба да се ограничуваме во говорот или однесувањето поради опасност од манијаци? Тие не се знае од каде ќе се појават... ако нешто би можела јас да советувам, тоа е само да ги игнорираат ликовите кои се сомнителни и кои им дофрлаат и да не возвраќаат никако.
Не можеш да игнорираш ако ти се попрати будалата. Нема белки да дозволиш да доаѓа по тебе, да дознае каде живееш. Одлучно спротиставување, кревање галама на цел глас, пожелно е и познавање од некоја боречка вештина. Тоа. Или некој остар предмет во џеб не е на одмет, во случај да нема луѓе наоколу. Не дека луѓе би биле од помош, кај нас се сите исплашени човечиња кои само гледаат отстрана како девојче е малтретирано, ама сепак, во присуство на луѓе, еден сам манијак не ви може ништо, нема храброст и ќе се повлече. И не им се плашете, обично се тоа идиоти со ментален капацитет на ниво на 4-годишно дете, веруваат дека и останатите се малоумни како нив. Би требало да се носат на еутаназија, ама ај, наводно, хуман свет сме биле.
Од 1година средно значи секогаш си го носам во ташна..не дека ќе касапам некој ама сигурно ако ми го изваде нападно јајцата ќе му ги пресечам
Спреј од пипер да се има при рака незнам каде може да се купи ама лесно е за правење, на јутуб има видеа.
Навика од средношколски денови ми е кога се враќам дома сама доцна навечер, да ги наредам меѓу прсти клучевите кои ги носам во мене. Изгледам ко Вулверин или барем така мислам. Читав некаде дека може да се најде како „реквизит“ за заштита во такви моменти, па ми останало во навика иако за среќа не сум имала потреба да го употребам. Се надевам дека нема.
Не ми било потребно ама никогаш не се знае. Може и најдобриот другар да испадне манијак а вие да не го знаете тоа. Ова со автобусот не држи многу вода,во полн бус може и не може да те нападне.
Ако некој те праша три прашања може и да се оцени дека е манијак кој денот си го поминува по автобуси. Чекај да ти кажам нешто,во маала имавме еден што го викавме лигавиот. Лигавиот идеше по автобуси и си го драпаше ама беше безопасен пошо беше заостанат и во бус ќе влезеше и памтам знаев да го начекам да седи до жени од 50 години и да си го драпа а таа абер да нема за стануење од таму. Друго често беше бркан од бус и често бркаше девојки низ паркови. Ако некој те праша колку е саат,до кај оди бусот не е манијак,ама не можеме да знаеме. Може и да не прашува па да е. Кажав не може да се знае.
Абе ајде.. Не сте сериозни, нели? Ме има нападнато таксист, со конци по лице заврши.. И уште една немила случка имав, ама заврши сосема ок Немам проблеми со тоа, знам да тепам. Па и повеќе од тоа.. Кој сака нека повели
И мене ме има нападнато таксист сакаше по кафани да ме носи ама му се заканив здраво и ме врати дома точно на време.
Мене од Два Елена во тоа мракот место да ме носи дома, сакаше нешто повеќе... Од бес не знам како мозокот не му го разлеав по пат
5.Најдобро да не излегувате надвор. Што помалку социјализација тоа помала шанса да налетате на маш. А се знае дека маш=манијак. Изградба на бетонска коцка во која ќе се изолирате е исто така добра идеја. АБХ заштита и залихи за наредни 36 месеци се препорачуваат. Што е сигурно - сигурно е! That would be Љубе Лигавиот Мањак стартер пек : - мантил, по можност 3-4 броја поголем од што треба - ципела, црна, по можност со шпиц - црна чарапа притегната со ластиче под колено. - отсуство на долен и горен веш освен набројаниот - се препорачува и пореметен сексуален нагон со нагли ерекции на јавни места. - цвикера со дебела рамка и по можност, тегла диоптер (не е обавезно) - изгореност по женски особи кои тукушто прославиле полуматура, но не треба да се ограничува еден таков лик и да се замара со општествените конвенции. Може да послужат и постари женски особи, па и пензионерки. Опционално - ноќна камуфлажа, женска чарапа на глава или како што е сега модерно, маска со кловновски мотиви.
Навечер треба да се внимава каде се движите, да избегнувате сами да поминувате на темни места, ако случајно забележите нешто сомнително, веднаш алармирајте, викајте помош, јавете се прво кај најблиските, а потоа и во полиција.
Положи за кола и по кои сакаш улички акај у 3 по полноќ. Посебно ако ја затемните како мене ќе мислат Алфи дека сте и раат глава.
Мене често таксистите започнуваат да ми прават муабет иако седнувам на задно седиште.Еднаш еден таксист ме праша како се викам и дека многу сум личела на ќерката на некој другар наводно.И друга ситуација:кога сум била мала сме се враќале со мајка ми од болница јас како бебе и таксистот за малку ќе не однесел под граница.За среќа не се сеќавам на тој немил настан.А мислам и дека сосема глупаво и непотребно прашање на интервју за работа е дали имаш дечко доколку е поставено од машка особа.Тоа е знак на флерт.Поправете ме ако грешам.
Се сеќавам порано кога излегувавме друштво другарки и ако си одевме со такси, а некоја останува на крај сама запишувавме кое такси е број и каква кола. И обавезно да ни пише или титне кога ќе стигне дома. За заштита трева да си се носи пепер спреј во ташна.