1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се извлечете со убиство (How To Get Away With Murder)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MaggieTatum, 31 октомври 2014.

  1. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Лелее, не мислев дека ќе направам тема за една од најјаките серии.. :wasntme:
    [​IMG]

    How To Get Away With Murder, или HTGAWM е нова серија која со секоја епизода станува се подобра и подобра, мене ме навлече уште со првата епизода и веднаш ми се искачи на листата на омилени, дури и другарка ми ја "заразив" што воопшто не гледа серии, така да и вас ви ја препорачувам :D Ваквите серии (драма, комедија, мистерија, трилер, акција...) си ги викам се во едно и лично ми се најдобрите и најинтересните серии за гледање, па ако сакате такви жанрови не смеете да ја пропуштите ^_^

    Еве нешто за содржината, од IMDb -

    "Секси, неизвесен трилер за група амбициозни студенти по право и нивната брилијантна, мистериозна професорка за кривична одбрана. Стануваат замешани во убиство што ќе го затресе целиот универзитет и ќе го промени текот на нивните животи."

    Значи секоја епизода во серијава има некој нов случај на кој студентите работеле заедно со професорката пред неколку недели, на тој начин се запознаваме со ликовите, а моментално, во секоја епизода се провлекува истиот настан - 4 од петте студенти имаат убиено некој/а (да не ви давам спојлери, ќе си видите сами :smirk:) и сега прават се што е потребно за да не бидат фатени, се отарасуваат од телото и доказите, си прават алиби итн, фактички се што научиле на предавањето за how to get away with murder :D

    Исто да напоменам дека серијава е од Shonda Rhimes (креаторка на Scandal и Grey's Anatomy, ако ги гледате тие серии сигурно ќе ви се допадне оваа), што значи дека има огромна разновидност кај ликовите што ја прави посвежа и поинаква од другите серии :)



    [​IMG]

    Ете и трејлер за првата епизода, ама многу интересни работи се откриени така да ако планирате да ја започнете, не го гледајте бидејќи има повеќе спојлери.. -


    п.с. остануваат уште 3 епизоди од сезонава така да побрзајте (waiting)
     
    На simonna.a, the.vampire.girl и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    ^Јас се мислев уште кога излезе да направам тема, ама кога почна се разочарав и не ми беше мерак после.
    Серијава ми е најголемо разочарување, очекував премногу кога видов дека е од Шонда. Наместо тоа добив сцени кои се повторуваат, нелогични настани за кои и да си лаик па тешко е да се проголтаат.
    Актерите исто ми се ужасни, оној Вес полошо да глуми не знам дали е возможно.
    Последнава од вчера само не ми е гледана, ќе ги догледам сите кога ќе заврши сезоната, па ќе се размислам дали ќе ја гледам од втора сезона.
     
  3. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да ја гледам и очекував многу. И навистина ми се допаднаа првите епизоди.. Но потоа некако се изгубив, не можев да се сконцентрирам на настаните и престанав да ја гледам.
    Можеби ќе се поправи во иднина, но не би знаела :^)
     
  4. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Леле не знам зашто толку сте разочарани од досегашниве епизоди, мене серијава ми е полн погодок. Ептен ми е интересна и заразна, ја пратев уште пред да излезе првата епизода така имав големи очекувања и уште ме нема разочарано.
    Што се однесува до ликовите, за Виола нема сомнение дека е извонредна актерка, одлично го доловува ликот на Аналис, толку ладна на прв поглед, многу ми е моќна ко појава.
    Исто и Вес ми е засега добар, малку наивно ми делува, па засега секакви теории ми паѓаат на памет.
    Лорел и Конор исто ми се едни од посолидните карактери, посебно Конор, ептен ми е психопатски лик:)
    Најодвратна за сега ми е Микејла, најслаб и најлигав лик.
    Во принцип , имам илјада и една теорија у памет, што би можело да се случи и кој е одговорен за убиството, ама толку ми е збунувачки во моментов што се надевам дека во наредните епизоди ќе ми е разјаснат некои работи.:)
     
    На kjukli и Sm1ley им се допаѓа ова.
  5. KittyCat84

    KittyCat84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Баш мислев да започнам да ја гледам.Вчера догледав Teen Wolf, па некако да си тепам време додека да излезе новата сезона а тоа е во 2015. ;(
    Вака изгледа интересна како што кажувате, да започнам со гледање па да видиме што ќе биде хех :P:lol:
     
  6. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    :shake: Wow, првпат читам негативни коментари за серијава.. И бидејќи ми е во топ 6 заедно со the big dogs, ќе се обидам да ја одбранам.. Прво, во врска со тоа дека настаните се повторуваат - единствен настан што се повторува е тој во сегашноста, и тоа само неколку секунди е истото, после тоа секогаш добиваме нови информации.. И за мене тоа е предобро, што не добиваме се наеднаш и мора да чекаме до крај на сезона за да дознаеме.. Второ, за тоа дека се губи вниманието и дека е тешко да се поверуваат некои работи (ги ставам заедно бидејќи мислам дека зборувате за настаните од минатото) - не сфаќам точно што е толку неверојатно, мислам не е ништо поразлично од било која полициска серија, кога виновникот го наоѓаат како да е ништо.. Мислам океј, малце е неверојатно Аналис да го добива секој случај ама сепак е серија.. А за вниманието, еве јас отсекогаш сум имала short attention span, па епизодиве речиси напамет ги знам :D Тоа мора да е до ставот, ако мене не ми се допаѓа некоја серија сигурно нема да обраќам внимание на настаните.. А за глумењето - незнам што толку лошо виде во изведбата на Alfie Enoch? мене и тој и останатите ми се супер, а за Viola па да не зборувам :wasntme:
    Како и да е, знам дека секој има различен вкус и не можам да ви го променам мислењето, само сакав да прокоментирам во случај некој да се обесхрабрил од гледањето на серијава поради негативните критики :)
     
  7. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    А каде можам да ја гледам серијава? :?:
     
  8. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    ^ јас ја гледам на watchseries.ag, секогаш е во Most Popular Series, ама ако не можеш да ја најдеш оди на series и барај на буквата H :) Кога ќе отвориш некоја епизода има многу линкови, јас би ти го препорачала vidzi зошто има супер слика, брзо се полни епизодата (немораш ни да чекаш, само пушти ја и нема кочење), можеш и од мобилен да гледаш, а и често има subtitles на англиски, што е голем плус зошто некогаш брзо и неразбирливо зборуваат :lol:
    Може да ја гледаш и на couchtuner (нема толку линкови) и primewire (најмногу ја користев оваа порано ама што и да прицниш ќе ти се отвори ad).. Има и многу други сајтови ама овие најмногу сум ги користела досега :) Нови епизоди излегуваат секој четврток, значи онлајн ги има во петок.

    Инаку ај да си коментирам за ликовите и епизодиве, можеби ќе развиеме дискусија со Tiki додека да ни се придружат други феминки (fingers)

    На Шонда страшно сум и лута што толку добро ги осмислила ликовите и ми ја даде првата серија во која не можам да одберам омилен лик :lol: Прво мислев дека ќе е Конор, посебно ја сакав неговата епизода, ама потоа почнав да размислувам за Лорел... Па Вес.. Па Микејла.. Па Ашер.. ^_^ Навистина незнам кој ми е омилен... На една страна ми се Конор и Микејла, малку различни во тоа што Конор е многу поопуштен а Микејла е перфекционист, ама па и толку многу слични во тоа што би искористиле секого за да добијат нешто што сакаат, а и што сосема го губат разумот и паничат кога ќе се најдат во тесно.. Подеднакво паметни и знаат да се приберат кога треба.. (Не)пријателството помеѓу нив ми е супер, очекувам повеќе сцени со нив двајца :3 А од друга страна, Лорел и Вес ми се најголемите срцки :smirk: Исто препаметни и снаодливи, и секогаш сакаат да го направат тоа што е правилно.. Е нивното пријателство ми е најомилено, како се поддржуваат секогаш и како се гордеат кога другиот ќе постигне нешто -

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    па и како се гледаат -

    [​IMG] [​IMG]
    :inlove: Првпат толку да ми се допаѓа нечие пријателство а да не ги гледам како пар :3

    Е Ашер си е приказна за себе.. xD Толку ненормален лик... незнам ни што да кажам за него, па само ќе постирам гифови -
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    :rofl: последнава епизода беше предобра, не дека не го сакав претходно ама сега уште повеќе го засакав..

    Од сите епизоди досега, мислам дека најмногу ми се допадна последниот случај.. Особено делот кога Аналис го распарчи онај сенаторот, значи говорот што му оддржа беше најдобар досега и реакцијата ми беше како на Ашер, се изнаплакав од среќа :mm: Исто и од "We're Not Friends" ми се допадна случајот, и тогаш имав алергии :3 А инаку за со ликовите, омилени ми беа "Let's Get to Scooping" и "We're Not Friends", првата зошто беше со Конор и Оливер (сакам да се врати:() а другата зошто конечно се истакна Лорел..

    За убиството на ... има многу шпекулации ама јас одбирам да не се замарам со тоа зошто сигурно ќе биде сосема поинаку, а и уште малку ќе дознаеме :3 Инаку, прва теорија ми беше дека ... ја уби Лајла и Ребека некако ќе дознае, па затоа ќе сака и неа да ја убие ама Вес ќе ја спаси и некој ќе го убие Сем.. Е сега тој некој прво мислев дека е Ребека или Вес, ама тие заедно со Лорел беа премногу смирени така да не ми се верува... Конор и Микејла беа испаничени ама не мислам дека би можеле да убијат некој.. Ама не гледам друга причина зошто би биле таму ако не беа замешани во самото убиство.. Мислам ај Вес зошто е како кученце на Ребека, Лорел зошто му е другарка на Вес и сигурно ќе му помогне, ама Конор и Микејла навистина не се од типот што би се жртвувале себе си за да помогнат на некој друг.. Навистина немам појма, едвај чекам да се открие..
     
    На andreafeminaa и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Прво, не функционира воопшто правниот систем така како што е прикажано во серијава. Предавањата, влечакњето на сите студенти во судница, или по куќите на клиентите или каде и да беше, ништо не е автентично. Ама баш ништо. Има страшно добри правни серии, оваа не може ни со една да се носи.
    Нема ниту еден добар лик, мене лично сите ми с еодвратни. Виола, или како и да се викаше во серијата, толку се испотресе за маж и, а она сама ги прави истите работи. Вес поима нема од право, само поради низа глупави ситуации се довлечка каде што е сега.
    @MaggieTatum прочитај ги критиките на имдб, па ќе видиш некои навистина негативни критики.
    Треба човек ептен да ги затвори очите за да ја проголта приказната.
     
  10. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.214
    Пол:
    Женски
    Мене пак, серијава ми е супер. Ликовите ми се секој посебна приказна за себе. Пример, Микејла ми е страшно иритантна, ама затоа па Конор ми е срцка:) Вес ми се провлекува онака, без некоја причина па очекувам повеќе од него во наредните епизоди. Ашер е кул, ќе излезе нешто повеќе од него во серијава, така ми мириса. Лорел онака, се уште не знам дали ми се допаѓа или не, уште ја варам:D

    Ги изгледав сите шест епизоди, си предвидувам дека ќе биде интересна серија со многу заплети и неочекувани случки.
     
    На the.vampire.girl и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  11. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    @RainBow океј, сето тоа го имам веќе прочитано, па што? Ете ако немаш време да прочиташ се на линкот, ќе ти цитирам еден дел -

    "Of course, no one watches these shows for their accuracy. A show all about law school would be terrible. It's a lot of work, heavy old books, weekends in the library, and it costs an arm and a leg to boot. Law students wouldn't even watch a show about law school. HTGAWM, like other procedurals, allows us to escape and gasp and kiki with other viewers on Twitter – just the kind of thing you'd need to relieve the stress of being a 1L."
    Значи незнам за тебе, ама јас не ја гледам серијава за да научам како да поминам на правен факултет, зашто од серија тоа не се учи, а и немам огромен интерес за тоа. Исто како што не ја гледав Breaking Bad за да научам како да готвам meth, така и оваа не ја гледам за да научам како да бидам адвокат. Ја гледам за да се внесам во некој фиктивен свет со фиктивни ликови и да се релаксирам. За Аналис си во право, стварно нема смисла, ама сепак било кој лик од било која серија има направено бесмислени работи. Еве сега дека ја зедов Breaking Bad за пример, ај да го земиме Волтер. Совршен беше?? Не.. Имаше некој давано критики за него и за серијата?? Јас колку што знам не, ама можеби ти имаш нешто против.. Волтер имаше лош карактер ама не беше лош лик, беше еден од најкомплицираните ликови. И знам дека не ни може да се спореди Волтер Вајт со Аналис (и глупава е самата споредба со масивно шоу како Breaking Bad), ама муабетот ми беше дека тешко е да се најде совршен лик што не направил или не рекол нешто што е сосема спротивно од неговите почетни принципи.

    Ако имаш гледано серии каде што се е во најдобар ред и сите ликови се совршени, тогаш супер, би сакала да слушнам кои се тие серии за да не морам да "затворам очи" кога ги гледам...

    И на крај краева незнам зошто толку си hellbent за навредување на серијава и ликовите, ако толку ти се одвратни и ако толку многу не ти се допаѓа, незнам зошто воопшто ја гледаш.. Има илјадници други серии со оваа тема кои и самата рече дека се подобри. Незнам зошто сите се толку концентрирани на гледање серии и филмови што не им се допаѓаат само за да можат да ги критикуваат.. Добро е да се има критичари и редовно да се читаат артикли и за доброто и за лошото на нешто, ама незнам каде е уживањето во тоа?
     
    На MissDior, Tiki-lolipop, the.vampire.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    @MaggieTatum мое право е да ја критикувам серијата. Убаво што ти си ја сакаш и си ја гледаш, ама темите не се отвораат само да ги фалиме сериите.;) Се отвораат за дискусија.
    Супер што ти ја сакаш серијата, твое си е, и јас гледам серии кои некој друг не може да ги свари, па никому ништо.
    Инаку, не си ја гледала BB да научиш да готвиш meth, ама замисли да го готвеа со не знам, некои сосем трети супстанции кои никако не може да се искористат за meth. Тогаш немаше да биде исто нели?
    Како што реков, ја почнав серијава бидејќи е од Шонда, кога ќе заврши сезоната можеби ќе ја догледам, па ќе пишам мислење тогаш.:hai:
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Arabella

    Arabella Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Од почеток ја следам серијата, и засега ми е ок. Првата епизода ме воодушеви најискрено и едвај ја чекав втората. Тука малку се оладив. Се сложувам дека има нелогичности во работењето на адвокатите, но тоа го има помалку или повеќе во секоја серија. Виола ми е многу моќна, права бизнис жена и ми се допаѓа многу нејзиниот стил на облекување.Од другите ликови Конор ми е многу сладок, и Лорел ми е ок. Серијава не е на исто ниво со дугите на Шонда, но ќе видиме, јас и давам шанса, ќе продолжам да ја гледам, и очекувам интересна серија,
     
  14. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Јасно е дека Шонда секогаш преку серијата сака да крене прашина и секогаш го постигнува тоа.Серијава и за мене е благо разочарување, но од друга страна ми се допаѓа што е тотално спротивна од Грејс и од Скандал.Сите знаеме дека на Шонда главни ликови и се жени но Аналис искрено ми е малку морничава.Преку ден јака и силна жена а навечер без шминка и перика и со милион мани.Некако ми нема човечност и емотивност.
    Од другите ликови најкомлетни ми се Лорел и Конор, а најмногу ме нервира лиглата Микејла.
    За шанса ќе и дадам сигурно бидејќи сметам дека со текот на времето ќе има објаснување и причина за однесувањето на сите ликови.
     
  15. Milky.Way

    Milky.Way Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Касно дознав за серијава(пред 3 дена) и и благодарам на Meggie што ми кажа:bow:. 6те епизоди во еден ден ги изгледав и премногу ми се допадна. Едвај чекам новата епизода да излезе! Па уште кога дознав дека е од Шонда... уште повеќе ми се допадна( Grey's Anatomy ми е омилена)!

    Омилен лик немам. Поточно сите ми се омилени! :3 Хахах :D На моменти е збунувачка, но ако гледаш со внимание ќе разбереш :)
     
    На Miss666 и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    38.210
    Пол:
    Женски
    Јас се залетав по серијата уште пред да излезе, ја чекав зошто очекував многу и првите 2-3 епизоди добив супер приказна и одлична серија, затоа и ја препорачав.Со тек на епизодите почнав да се разочарувам од ликовите и од недоследноста на приказната.Актерите ми се океј, но ликовите кои ги глумат ми станаа многу одбивни.Анализ е патетична, во првите епизоди ми беше супер, онака моќна и непобедлива, сега е зависна од маж и, патетична и плачка.Лорал ми се допаѓа најмногу, но ме нервира што се понаша како демек многу јака пичка и ги врти сите мажи.Конор сите информации ги добива со секс, демек сите се скриени педери.Микејла е тип на жена што ми оди на нерви, перфекционист до коска, напорна и кучкач.Вес ми беше супер, а сега ми е онака, мх.
    Како и да е ќе продолжам да ја гледам за да видам што се случило, ама за втора сезона ако има ќе се размислам.А и секако гледам премногу серии и немам време за нови или за лоши.

    Патем погледнете ја Forever, не е ова соодветна тема ама ме мрзи на пишувам во друга, а серијава е одлична.
     
    На Trnche му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    И мене ми се допадна серијата. Точно е дека некои работи малку ми се без врска, на пример што сите влегуваат и излегуваат кога и да им текне од станот на Анализ, што као демек и канцеларија е нели. Некои работи во правото што го претставуваат се без врска, бидејќи сум правник и знам, ама сепак луѓе серија е, такви работи и се очекуваат заради поголема гледаност. Се ако се прави како што е, од досада никој нема да сака да ја гледа.
    Се' не се' мене многу ми е интересна денеска си ги изгледав сите епизоди и не ми се чека за наредната :worried:8-|
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  18. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Аууу епизодаваааа леееле, што велиш Maggie, м?
    Подзината останав на крајот, прејако. :D
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    ^^ Остај, Maggie разочарана и налутена е зошто дозволи Тамблр да и ги уништи најважните сцени :doh:

    Шала на страна, стварно беше прејака епизодава :D Цело време бев on the edge, како беше напнато и брзо се.. ^_^ Ми се допаѓа тоа што колку прашања што одговорија, толку и поставија, па ќе треба уште еднаш да ја гледам епизодава за да си објаснам некои работи :lol:
    Е сега не знам дали зошто бев преморена (најверојатно..), ама некако убиството не ми беше нешто посебно.. Мислам можеби толку бев навикната на убиецот секогаш да е некој сосема трет, што сосема игнорирав дека сигурно биле сите виновни и очекував некој поголем шок, на пример Бони или Нејт, или не знам, девојката што во секоја епизода ја фрлаат кај огнот (ова последново од фејсбук го украдив, не го земајте за озбилно :rofl:).. И малку чудно ми беше *убиецот* да е толку ладнокрвен, мислам /кученцето/ право /кучиште/ стана :lol:
    Конор како и секогаш срцка ми беше во епизодава, “Shut up about the ring, Frodo.” :rofl: Ама како што кажав, Тамблр ми ја уништи сцената со Оливер (а јас не сум воопшто крива што не ја гледав епизодата на време, ама воопшто :wasntme:).. Инаку за она со дрогата, не знам дали да го сакам или да го мразам, мислам ај сигурно не сака да го замеша и него во убиството, ама пак со лагите.. :worried:
    Лорел исто ми беше супер во епизодава, најпаметна од сите испадна ^_^
    Ама се разбира, цела епизода ја "украдија" Вес и Аналис, поточно Аналис... На мнооогу моменти ме остави ваква -
    [​IMG]
    и тоа баш ваква, таман ќе се случи нешто збунувачко и одма продолжува темпото.. :3
    А конечно направи нешто паметно, ако навистина му имаше простено ќе беше преглупо.. Не му прости така?? Незнам јас со овај timeline-от се ми се измеша, колку што разбрав беше со Нејт додека овие го убиваа Сем, па после дојде пред да се појави Вес и после му остави порака на Сем за демек ако полицијата го најде телефонот да имаат некаква приказна зошто би заминал... Така??
    Кажвајте мислења оти не сум јас тука Шерлок па да пазам на сите детали, сигурно имам заборавено нешто :lol:

    Btw, да споделам две теории што ги сретнав на Фејсбук (зошто други не ми текнуваат во моментов xD):
    - Ребека или Бони ја уби Лајла (оваа малку ми нема смисла ама ја оставам за дискутирање),
    - Прстенот на Микејла ќе биде во некоја од кесите и така ќе ги фатат (исто ми изгледа малку неверојатно ама којзнае...)

    И сега ќе си чекаме до 29ти Јануари, тоа е :/
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Абе не дека е толку лоша серијава, ама не е ни совршена. Додуша серијава и не е баш на Шонда, зашто она е само продуцент не е ни сценарист нит режисер. Како и да е, она и баш не ми е некој знак за квалитет, има толку многу утки во сите серии, вклучувајќи ја и Скандал која е најдоброто нејзино дело според мене.
    Нејсе, за серијава, интересно почна многу, го отупеа ненормално во остатокот.

    Прво што не ми се допаѓа, премногу главни ликови. Ај тоа, па сите се толку многу коплексни, со толку ишјус и настраности, што е невозможно да се обрне внимание на сите подеднакво. На некои проблеми се задржува толку ради реда, површински и се тоа делува многу млитаво и прозирно.
    Второ, лош кастинг, ужасен. Виола Дејвис е навистина добра актерка, ма да не ми се допаѓа баш нејзината улога и тука џабе талент кога не е жена туку жениче. Да не речам најкатастрофален лик, заедно со нејзините асистенти, кои ми се посебна тема на муабетот.
    Толку спротивности се содржани во нејзиниот лик, да навистина е невозможно да замислам дека се работи за една особа. Навидум алфа женска, од друга страна, кога се работи за маж и, со кој нависитна не ми е јасно заради која причина е, се претвара во бетер од пи*ка. Моралот на страна, неморална е океј, ама алфа женска без тронка гордост и самопочит не сум видела никаде.
    Вес ми е ужасно млитав и скроз вишак во призната на моменти, па од дружината само Конор можам да кажам дека е навистина солиден, одличен на моменти. Поточно тој и ја прави серијава да биде пошкакљива и поинтересна за пратење.Mихаела ми е ужасно досадна, налик на пријателот нејзин Ашер, навистина ми се досадни и заморни за пратење. Млитави глумци. Лорел знаеа некогаш да излезе од мртва точка, ама многу стеротипни ликови во глобала се сите они тројца, ужасно предвидливи.
    Асистентите ми се најутка од цела серија, не знам дали и се на Аналис соработници или кучиња потрчовци. И двајцата се ужасни, посебно Бони ми е толку нејасна да не знам како да ја перцепирам и не сакам ни да ја коментирам. Не сум нешто импресионирана ни од нивната глума.

    Има нависистина одличен потенцијал, претежно заради името, навистина шкакљив наслов кој боде очи, ама содржинатата и е шупливка, многу дупчиња и нејаснотии. Можеле многу подобро да ја перстават, поедноставно ама пореално.

    Конор ми е навистина одличен како лик и самиот глумец нависитна се има внесено во улогата, и затоа он ми е најсилно изразен, нагласен и највоочлив, едноставно не може да не го засакаш, покрај се.

    Јас секако ќе ја догледам до крај, ме интересира како ќе ги скоцкаат работите со најсмешното убиство на светот, мислам таа сцена ми е една од полошите сцени која сум ја видела, како планират да се извадат од перфектно ибецилно убиство со чисти раце. Видечемо.
     
    Последна измена: 8 декември 2014
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.