Ја почнувам темава бидејќи секогаш се мислам како да ги пополниме викендите и некогаш сум без идеја. Па може да даваме предлози и да споделуваме искуства.
Викендов бевме во Струга и Вевчани, времето ни се погоди топ. Особено го препорачувам Вевчани со прошетка на извори и ручек во некој од рестораните. Дадете предлог за еднодневна викенд прошетка близу Битола- Ресен
Вевчани е секогаш убав избор, посебно сега како што затоплува. Близу Битола/Ресен можеби Преспа, со прошетка покрај езеро и по селата Љубојно и Брајчино. Претор за ручек, во Брајчино најверојатно се уште не работи ресторанот не знам
Можиш исто по асвалтираниот пат, а имаш и кратки патчиња, ама не би ти препорачала доколку не си со професионален водач Инаку времетраењето за пешачење зависи од брзината на одење и правењето паузи, има доста пат. Скоро цел ден, да се тргни посовреме, лабаво пешачење и приквечер да се врати за назад. Јас бев есента и морам да ти кажам се воодушевив, сега се е зелено и претпоставувам пак е убаво.
Викендот обично го користам за пешачење во планина или трчање. Нормално, претходно прам една генералка дома, оти седам делумно сам (татко ми и не е баш заинтересиран за чистење), така да... исполнет ми е скоро цел ден.
Сум била на Пелистер и до Пелистерски Очи во есен и повторно би одела. Ама тоа беше негде 7-8 часа до паузи и се. Да не знаеш случајно дали има некое место да се паркира кола, па да не е долго пешачење, пример максимум 2-3 часа. Се мислам со деца дали да одиме
Секогаш прво чистам за викенд. Е после го користам на учење, или гледање серии и хибернирање. За викенди шетам само навечер најчесто. Преку ден хибернирам буквално. Не ми се живее, може да фатам нешто за факс, гледам серии. На кеј пример ако идам, идам преку недела кога нема гужва. Порано се знаеше. Секој викенд у Парк сите
За следниов викенд одлуката падна Велес да посетиме роднини. Дадете предлог што може да се посети во градот или околината. Пример нешто измеѓу Скопје и Велес?
Костурницата Велес, убав поглед на градот и самиот споменик е необичен. Ние веќе некое време планираме да одиме, ама не сум проверила со што може да се искомбинира. Ако има некој друг предлог нека пише
Јас порано како тебе, ама сега со 2 деца дома, посебно откако тргнаа во школо, не ми се чисти ни за викенди Гледам само да сме излезени негде, дома што помалку. Или нерва ќе ме фати
Кај нас дома рутината е сабота се оди на пазарење, ако се успее да се шетне негде денски фино, навечер гледам да излегувам, мада не секогаш. Недела ни е ден за генералка, пуштање машини и готвење. И вака со години. И вечерта си претепан од чистење и се нервираш оти не си го искористил денот. И почнавме да практикуваме почесто сега да шетаме недела, на чистењето крај нема секако. Одиме со кола до Пантелејмон па од таму пешки нагоре на Водно, се оди на Матка, парк, на кеј ретко искрено. Паркот во Гази Баба ми е во план, Козјак. План ми е некоја недела и со точак до Марков манастир, само малку да се потстопли.
Викендите обично ги користам за одмор и релаксација. Или ако треба нешто да се учи за испрашувања и тестови.Мада,поретко е тоа,затоа што малку по малку учам и преку цела недела. За излегувања,најчесто во сабота,во Градски парк,по моловиве.Ако не сме излезени,во сабота пазариме,па после цел ден е за средување,чистење.
Еве неколку идеи и од мене за целодневни прошетки низ земјава: Има убаво мало езерце во село Бучинци во близина на Скопје. Во околина има и едно брдо Ајватовци што може да се посети, убав поглед, фина природа. Горна Матка, црква Св.Спас има убав поглед на планините, убаво место за пикник. Куклица Кратовско е убаво место за еднодневна прошетка. Кокино, Куманово. Парк Гиновци, убав ресторан на езерце, со мала Зоолошка, убава храна и природа. Отошница езеро, фино место за пикник, шума и природа околу.
Еј убва идеја за темава браво Викенди ретко, ама кога можам гледам стварно да ги искористам без разлика со кого. Околку Скопе стандард, марков манастир, Козјак, Водно, Матка, Треска, Парк и најубав ми е паркот во Железара. Низ МК ако ми дозволува времето си шетам, нема кај што се нема пикнато Околу Битола место да одите на Молика можете да одите Нижеполе и да си направите пикник. Ако имате деца топка и нека си трчаат,а вие ќе си одмарате природата е прекрасна. Исто така, можете да го посетите селото Дихово и да ги видите Капејнци или Ротино со езерото или Цапари. Сите се едни до друго во близина и навистина е прекрасна природа
За со деца низ Скопје: Оваа сабота има маскенбал настан во Ramstore Mall - https://deca.mk/eko-maskenbal-vo-ramstor-mol/. И во SCM: На 8ми и 9ти април во Палас има детски саем: https://kidexpo.mk/programa-2/ Од 31ви март до 17ти април има некој настан со ликови од Paw Patrol во east Gate: За без деца: Во МКЦ на 31ви свират Funk Shui - https://mkc.mk/event/funk-shui/. Језда тоа е идеја само за петок вечерта, јебига. Иначе, преферирам сабота да шетнам со мм и ќерка ни, до некој парк, на некои љуљапки, да се изнатрча и да се подружи со деца. Па на гости кај моите. А недела ми е појќе за средување по дома.