1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се направи добра презентација?

Дискусија во 'Образование' започната од riverside, 30 ноември 2020.

  1. riverside

    riverside Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Луѓе ќе ве молам да ми кажете што треба да содржи една презентација, основните работи кој треба да ги ставам.
    Неќам да давам пари сакам сам да си ја напрам! :(
     
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.961
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    @riverside ќе опфатиш во кратки црти неколку клучни потточки (никако цел текст!), повеќе слики и тоа е тоа. Другото ќе си го научиш и кажуваш кога ќе ја презентираш. Нема зошто пари за ова да фрлаш.
     
    На buba4e89, темјанушка, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. riverside

    riverside Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Мора ли многу слики? Зошто неќам многу шарена да биде.
     
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Умерено со слики, ни премалку, ни премногу.
    Обавезно првиот слајд да ти биде само за наслов, да пишеш име, презиме, ментор...
     
    На riverside му/ѝ се допаѓа ова.
  5. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Прво стави насловна нека биде со убав фонт напишан насловот и долу со помали букви напиши кој ја изработил и професорот по предметот. Одбери некој интересен дизајн за слајд имас многу добри на интернет. После на првиот слајд напиши како вовед неколку реченици не мора слика, потоа на другите слајдови исто имај по некоја реченица и побитни подточки, стави на некои слајда слики, најбитно е да не ти е цела презентација текст гледај по 2 3 реченици максимум и најдобро е да имаш максимум 10 слајда, да не стани досадна :)
     
    На riverside му/ѝ се допаѓа ова.
  6. riverside

    riverside Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Да да, тоа знам мене повеќе ме бунеше што да соджат слајдовите.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. riverside

    riverside Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Професорот рече 15 слајда да имаме па ќе видам да опфатам се до 10 ако можам.
     
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    На слајдовите не треба да има многу текст, само потточки што треба да ти служат за потсетник.
    Се согласувам дека дизајнот треба да е интересен, но да не го одвлекува вниманието од содржината т. е. од тоа што ќе го презентираш. Помалку е повеќе во овој случај. Најдобро е да биде едноставно и концизно.
     
    На riverside му/ѝ се допаѓа ова.
  9. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Ако рекол професорот 15 нека бидат 15 сепак тој ги оценува презентациите :D
     
    На riverside му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.593
    Допаѓања:
    36.818
    Пол:
    Машки
    www.prezi.com е интересна страна за кул презентации правење, ако сакаш нешто различно и свежо. :mm:
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Отвораш слајд и прајш план како ќе поделиш материјалот. Лично одбирам симплистички теми и презентацијата сакам да ја делам така по првиот слајд е насловна страна само со наслов и име мое и име на ментор. После прам како "секции". Ако сега ќе зборам за семејство, прво дефинирам семејство и сите теми кои сакам да ги вметнам одат во слајдовите под секцијата семејство. После прам нова секција за семејни модели со кратко објаснување како увод, и после слајдовите се подетално за таа тема.

    Најава шо ќе кажваш во секции се дели и после секоја најава има неколку слајда со точки. Имај си тетратче и пиши за шо ќе збораш на секој слајд. Од то шо планираш да збораш напиши клучни зборови до реченица на слајдот. Кај шо има можност стави слики.

    Презентацијата е да те потсети тебе шо да кажиш, а публиката да се ориентира и потпира на неа дур збораш. Поќе треба да се потпираш да збораш и објаснуваш, а самата презентација да е кратка и концизна. Само потсетник.

    Па од планот шо си прајш дур ја правиш, си учиш и вежбаш како ќе презентираш.
     
    На riverside му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gi.ir.ll192

    Gi.ir.ll192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    На еден слајд ако има реченица да биде со 7 збора, а ако има повеќе текст да е со 7 реченици.
    Повеќе слики.
     
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Од кај излезе бројот 7? :?:
     
  14. Gi.ir.ll192

    Gi.ir.ll192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    И јас се чудам, но на факултет имав предмет Комуникациски вештини и професорката тоа го потенцираше и насловот да е со големина 36, а останатиот текст 26.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.275
    Допаѓања:
    5.170
    Пол:
    Машки
    Некој да не има некакви извадоци за Древна Кина ?
     
  16. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Професорот Владимир од Институтот за сецијална едукација и рехабилитација има добро објаснето на неговиот блог што треба да содржи добра презентација. Ти предлагам да се водиш по некои од неговите критериуми.
     
    На cresa-jagoda и riverside им се допаѓа ова.
  17. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Потруди се повеќе околу тоа да имаш повеќе слики, интересни информации. Ти кажале веќе феминките над мене :)
     
    На riverside му/ѝ се допаѓа ова.
  18. riverside

    riverside Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Ги применив сите ваши совети и топ ми искочи многу сум задоволен, сега и професорот ми пиша дека е супер!
     
    На cresa-jagoda и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. god of the sun

    god of the sun Нов член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    здраво ако уште ти треба пиши ми порака
     
  20. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Повеќе слики кои ти ќе ги објасниш.
    Помалку текст.