После доручок,вечера,ручек имам потреба да јадам благо?чоколадо,торта,колачи...Како навика ми е..Како да се одвикнам?
Како да се одвикнам од благото ? Тешко Тоа е зависност, ама среќа со упорност може да се победи. Најдобро е постепено да намалуваш - прво откажи се од благо за вечера, па за ручек, а за појадок и да јадеш скоро секој ден не е страшно. И мислам дека најдобро е да има период од 3-4 недели помеѓу откажувањето за ручек, и тоа за вечера - на телото му требаат околу 3 недели да се навикне на нешто. И јас сум иста, и многу често ми варира тежината токму поради слатките работи. Јас се одвикнав од чоколади - мојата најголема зависност, кога постев. Секако не можев да јадам - знам дека има некои што се посни, ама не сакав ни да ги барам, сакав да се откажам - и се откажав. Сега дури и ми горчат, и ако воопшто посегнам по нешто благо - тоа не е чоколадо, а од другите работи и онака јадам малку. Е сега, во минатото неколку пати сум се откажувала, па пак сум се враќала, најчесто од при емотивни кризи. Ќе видиме колку ќе ме држи овој пат.
Како да се одвикнам од благото ? Непостои начин, само треба силна волја. Понекогаш на организмот му е потребно повеќе шеќери, понекогаш помалце, ама воглавно потребни му се само во умерени количини. Пробај малце по малце да отгнуваш, прво почни од вечерата да го отгнеш благото, после некое време мирувај...па од ручекот.... На се што си се навикнала, можеш да се одвикнеш.
Како да се одвикнам од благото ? Еееее јас на пример никогаш нема да се одвикнам од благото,зависник сум . Може да се обидеш ако насабајле јадеш овошје за појадок,пред ручек некоја супичка,почни да јадеш и повеќе кисело,пр.кисело млекце,јогуртче ,ем ќе си одржуваш линија ем нема да ти сака душата пробај јас така правам кога ќе претерам со благцето
Како да се одвикнам од благото ? Јас и да сакам да се одвикнам-неможам. Или несакам, не сум сигурна. Ама знам дека денот неможе да ми помине без да каснам нешто благо. Не јадам толку често после секој оброк, ама обавезно еднаш-двапати на ден. Ако не јадам се чувствувам како да ми фали нешто, колку и да било убаво јадењето пред тоа. Јас ќе те советувам да не јадеш благо касно навечер, после вечера никако. Постепено можеш да се одвикнеш, инаку нема ништо лошо, само да не се претера.
Постојат многу врсти на диетална чоколада со која што може да ја победите желбата за благо, конзумирајте овошје наместо благо
Мене пак ми е многу чудно кога некој толку не може без благо.Мислам и јас многу јадам некои чоколади,палачинки,сладолед.Ама потешко би ми било да се откажам од чипсови и брза храна отколку од благо. Па за почеток,ќе пробаш да јадеш во ептен мали количини.Значи по едно чоколатце,на некои два-три дена,не мора после секое јадење да се трупаш со благо.Ако имаш проблем со линијата,не е само благото проблем.Треба повеќе работи да исфрлиш од кои се дебелее повеќе.А ако немаш проблем,тогаш пробај да јадеш по малце и со време ќе се одвикнеш.
Значи вака,на секој организам му е потребно малку благо.Ти не треба да не го јадеш,ти јади го ама умерено,во помали количини. Да јадеме благо ни е задоволство,ни дава енергија и добро е за памтење. И не смееш скорз да се одвикнеш од тоа,јади го наутро,тоа е добро,и за десерт после ручекот.А,ако имаш проблем со линијата,тогаш храни се здраво и одвикни се од други лоши навики во врска со хранењето,ама благо мора да јадеш.
Немора да се откажуваш. Јас имам потреба после секое јадење да каснам благо. Ама наместо чоколада, колачиња или слично нездраво благо касувам сушено овошје, најчесто папаја која е многу блага и ми ја заситува желбата, ем си јадам благо. Или имаш темно чоколадо, може лажичка мед, можеш житни чоколадца да каснеш. Сето ова е благо што не ти штети туку напротив, одлично е за огранизмот и нема диета која забранува овошје, мед или житарки Ако пробуваш да не јадеш благо секогаш кога ќе добиеш желба, нема да успееш. Наместо тоа задоволувај си ја потребата со овие работи што ти ги набројав. Значи совет од мене за сите што неможете без благо: пробајте сушена папаја. Ем здраво, ем благо
Исто и јас ќе речам, не мора да се откажуваш, само не јади често, така повремено, односно кога ќе почувствуваш потреба од истото.Може да мислиш дека ти се јаде, а всушност не ти се јаде, има голема разлика, на тој начин го правиме организмот зависен од многу работи.Јас имав периоди кога дури и воопшто не јадев благо, многу ретко, некогаш пак често, помини - замини, ксни си благо ами сега кога ми е на дофат на рака, не ќе го гледам само Инаку можам и тотално да се откажам од благото ако решам дефинитивно, чим решам, крај, нема отстапување.Треба да се знае колку е доволно и потребно, оти како ќе го научиме организмот така и прави.
Па вака,прво пробај да не купуваш благо воопшто.Пробај да избегнеш,доволно е за почеток.Потруди се и во домот да немаш благи работи. А и биди порешителна пред се'. Второ,пробај со црн чај и со мастики. Јас,инаку зависник од чоколадо,секогаш кога ќе ми се пријаде,а знам дека сум претерала пијам црн чај и после чајот не ми се јаде благо,а и вкусот ми е глупав. Или пробај со бонбончиња благи.Изеди едно и веќе не е истото.
Мое најново откритие бидејќи јас сум голем зависник од благото а поготово од чоколадите е цимет. Ако за доручек јадам некаков корн флекс обавезно ставам и 1лаж цимет или пак во капучино. Циметот ми ја намалува желбата за чоколадото а башка што делува делотворно на др работи во организмот
Истиот проблем и кај мене беше до пред некоја година.За разлика од сега можам некако да се контролирам со благото.Ти препорачувам да земеш јаболка,портокал,банана,кикири,кокос,сусам или зеленчук кога ќе почуствуваш дека ти се јаде благо,јас така правев и успеав да се ставам во некоја контрола.И сега јадам благо не викам не ама не толку претерано,додуше знам некој ден да претерам ама затоа тогаш не јадам благо 2-3 дена.Поздрав
Јас го заменив благото барем онаа поголемата количина на благо со интегрални барови од виталија или некои слични,ем ми ја заситуваат желбата за благо ем се поздрави.
Јас полека полека почнувам да се одвикнувам, ако ми се пријаде благо зимам витанова или пак чај со цимет