1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се помирам со...

Дискусија во 'Сингл' започната од Xepp, 28 јануари 2012.

  1. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Како да се помирам со фактот дека е подобра од мене :?:
    Значи вака таа е таа што е секогаш во центарот на вниманието,таа е таа што секогаш сите машки трчаат по неа,таа е таа што мојот симпатија ја сака па и многу други момчиња,таа е таа по која трчаат сите фреари,таа е таа која е најважна во се поради која другите не се приметувани,таа е таа што ги прави сите мои другарки,па и мене,со намалена самодоверба.Како да се помирам со тоа???
    Самата сум свесна дека на други полиња сум подобра сто пати од неа ,но неа сите ја приметуваат,а таа си го храни егото и другите девојки ги прави да се чувствуваат понижено.
    Дали е во малоумноста нејзина ( да бидам искрена сите се подобри у мозок од неа,ама ете ) ,дали е до ц*****е (само тоа и го има,широки колкови, газ залепен со тава,сало...) до што ли е незнам.
    Можеби сега ви изгледам како исфрустрирана и љубоморна тинејџерка,а можеби и сум,но ве молам помогнете ми и кажете ми што да правам :headbang: :punch: :u:
     
  2. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Никој не е подобар од тебе. Што ако ја приметуваат неа сите? Па ти не живееш за сите. Ќе видиш за неколку години дека ти ќе си многу по успешна од неа, а таа ќе може само вода да ти носи. ]:) Остави ја настрана таа љубомора и почни да размислуваш позитивно. Ти си попаметна, поубава, подобра од неа. Таа ќе остане без другарки еден ден затоа што е таква каква што е, не ти. Сега стави ја на игнор и продолжи со животот. :)
     
    На Xepp му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ја ставив на игнор и сега виде дека не ја приемтуваме и почна неш да се вифка за да повлече внимание,инаку за мои години имам добри планови за две години одам на медицинско средо у скопје и бегам одовдека.
    инаку еднаш бевме на една забава и беше на метро две одмене и ме оговараше..па понекогаш се замислувам дали вреди да се нервирам и за него и за неа...
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Ќе остане без другарки зошто умее да си го живее животот?! Клевр,вери клевр. Затоа ќе останат останатите од друштвото на наредната која ќе се истакне да и завидуваат,дур една по една не останат сами.
    Некои луѓе не можат да сфатат дека никогаш нема да станат некои на кого му завидуваат се додека се споредуваат,а друго е што го немаат оној клучен фактор х.
    Кој ти е муабетов бе девојче,не е паметна?!Јас сигурна сум дека ти мислиш дека меѓу сите вас кои викаш дека има попаметни,сметаш дека ти си најпаметната. Што се однесува до тебе,ти сакаш да бидеш таа која ќе биде обожавана и во центарот на вниманието. Нејзиното сало и гз ти се предмет на тешење?! Па тоа е жално. Ти си исфрусрираната и злобна другарка. Искрено,кога би била тоа девојче,јас би одбрала да не се дружам со вас. Мене ми делува како многу самостојна и самосвесна девојка,а вие околу неа болни и недокажани нарциси.

    Немаше да пишам,ама сериозно сум загрижена дека како што се расте работите се влошуваат. Затоа што веќе не се работи за симпатии,која е најубава,туку за сериозни работи со кои се случуваат ама баш истиве овие работи.


    Ако не се промениш ти,многу е веројатно да останеш ти сама. Секогаш кога ќе има во близина подобар од тебе ќе го доживуваш како да те обесправил,како тој да е виновен и ќе го мразиш. Секогаш има и подобри и полоши,прифати го тоа и живеј си го животот. Ти си ти и не можеш да бидеш поинаква. Може ако престанеш да се споредуваш ќе откриеш дел од себе кој е поинтересен од личноста на твојата другарка,а кој ќе им биде занимлив на луѓето. Уствари што се битни другите луѓе и нивната потврда?!

    Сериозно ова сега е тинејџерска безазлена глупост,ама после кулминира и е страшно... средувајте ги овие бубачки дур сте помали,да не пати светот.
     
    На GlamorousGirl, Saki15, Rock-a-Fella и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Остави ја нека прави таа што сака ти гледај си за тебе, на тебе да ти е убаво. Таа те оговара затоа што или сака да биде како тебе или ти љубомори. Тие луѓе се безвредни. Нема зошто поради таква некоја ти да се нервираш и да си го скратуваш животот од нервоза. :) Остави ја, ќе сватат сите еден ден каква е и ќе и завртат грб сите.
     
    На Xepp му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Бјутефли благодарам за подршката,ќе пробам да си го живеам детството без нервози :)
    Инаку Лилит цела вечер размислувам и навистина ми е жал што ти оставив ваков впечаток па ти така да ме осудуваш, навистина ми е жал што имаш такво мислење за мене...
     
  7. Geronimo

    Geronimo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    62
    Често во светот на машките се случуваат некој такви големи заблуди. Јас памтам по една уште во основно сите трчаа, а реално гледано - ништо убаво немаше на неа, па не беше ни мила особа...

    Абе батали ја таму. Веројатно машките се околу незе поради лесен пристап (плус има и големи ц***и :tmi: ), а девојките пошто гледаат некаква друга корист. Инаку, искрено, никој не сака сало... :P


    Отфрилија од твојот свет. Најди друго друштво, собери ги исфрустрираните девојчиња околу тебе или било како...... сигурно можиш да бидеш хармоничен лидер на едно друштво. Немој да се помируваш со улогата на послушник. :D т.е. скоро никогаш не мораш да се помириш со нешто , туку можеш да го искористиш како сопствено добро ;)
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    немој да и бидеш на таа девојка љубоморна, оти зависта е лоша работа
    фокусирај се кон себе, и не се преоптеретувај дека сите фраери се околу неа, постои некој на овој свет кој ке те сака, цени и почитува(и нема да му биде важно што немаш големи гради) со срека :)
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Ова што го кажуваш е нормално...и сите некогаш сме го помислиле или осетиле....
    Ама, таа ќе е поубава од тебе, само ако навистина ти мислиш дека е така...
    А, иначе, сите очи не гледаат исто...За тебе можеби е убава, за друг е чиста грдотија...
    Се` е прашање на вкус...

    Но, најбитно е каква е во срцето? Дали е добра особа или не? Ако карактерно не е убава, со какви перја сака нека се украси, џабе е...

    Така да, не се замарај околу неа, каква е и дека е стално околу машките. Машките таквите како неа ги препознаваат и ги сакаат само за забава, ама за ништо повеќе. (барем повеќето машки).

    Уживај, терај си го своето и не се замарај со другите женски. Верувај во себе и во своите способности. ;)
     
  10. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Благодарам на поддршката и ќе се потрудам да ги слушам вашите совети,ќе се фокусирам на нешто друго и ќе се потрудам да не мислам на тоа :*
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Xepp, искрено никој не може од зад монитор, да ти одговори со сигурност, дали вниманието што го добива твојата другарка е заслужено или пак не е. Како и да е, фактот што тврдиш дека си сто пати подобра од неа, не фрла баш добро светло врз твојата личност. Наместо да го сфатиш ова како атак или осуда, размисли навистина самокритично околу тоа колкава е твојата потреба од тоа да си центар на внимание и колку всушност се компарираш и патиш при вакви компарации со другите луѓе.

    Околу тоа дека девојчето е сега мета на сите фраери, тоа може драстично да се измени во поглед на приоритет со кој не се помируваш, конкретно за тебе зборувам, ти моментално не си ни свесна колку ти е всушност бесмислена зависта, бидејќи за едно 5 години, ти сама не ќе наоѓаш допирни точки со најголемиот дел од нив, бидејќи созревањето носи природно отфрлање на фраерите кои се интересни низ средношколскиот период, барем за оној голем процент од нив, кои ќе останат на исто ниво на развој во текот на целиот живот. Ова ми е интуитивен заклучок бидејќи претпоставувам од постот, дека ти е значајно вниманието од таквите фраери. А претпоставувајќи за кој профил машки се работи, се надевам дека ќе ја надминеш таа потреба.

    Ако барањето на внимание ти е опсесија, научи да се справиш и избориш со истото со време, бидејќи дури и во 30-тите и 40-тите и постојано, ќе го влечеш со себе овој проблем, бидејќи верувај ова и тоа како е проблем, кој ќе ти го загорчи и твојот и животот на тие околу тебе. Атенш сикр хардкор персона е ноќна мора и е во најнепожелните при избор без разлика дали за партнер, другарство или било каква интеракција...

    И за крај, размислувај во насока на тоа да се прифатиш и цениш како посебна индивидуа, да се вреднуваш секогаш реално, бидејќи никој од нас не е 100 пати подобар од другите на било кое поле, колку порано го сфатиш ова, толку подобро. Сите имаме и доблести и маани и можности и ограничувања, запознавање на своите негативни страни и минимизирање на истите е единствената правилна борба кон тоа да станеме подостојни луѓе.
     
  12. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Што бе тинејџерка? 19 години има, мала ли е?

    Доста со зајадливоста, мора да сватиш дека ти си таа што е празна, штом се занимаваш толку со неа. Гордоста, билдање на егото и суетата исфрли ги надвор од употреба и не се ставај во филм дека ти си таа што заслужува толку внимание, бидејќи како што гледам, доста површно ги проценуваш работите -имала вишок килограми, грда била...

    Уозбили се и свати дека не си 13 годишна овца што се споредува со другите, срамота...
     
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас како што разбрав од ова мислење,девојчево е 6 одд.


     
  14. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Да шесто сум. Сега случајно ја видов темата и се сетив дека јас ја имам отворено па само се запрашав на што дрога сум била тогаш?? :?:
    Сигурно во лутина изавист и љубомора е напишано со оглед на тогашната ситуација. ОФ боже чудна сум..
     
  15. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    26
    Немој да се секираj ке ти поине и на мене ми се има случено да и љубоморам на најдобрата другарка само поради машките ама веќе не ти си подобра попаметна со подобар карактер и ке видиш еден ден ке те засака неко машко сто навистина те заслужува позз :)
     
  16. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Со самото тоа што си го напишала ова и ти си во тој дел што и обрнува внимание и прави да биде зборувана од другите, на овој или оној начин.
    Секаде постојат такви, батали ја, гледаш дека нема никакви квалитети. Можеби сега машките трчаат по неа затоа што гледаат каква е и можат лесно да дојдат до неа и да добијат што сакаат, но верувај дека и тие знаат да ги ценат вистинските квалитети кај една девојка која ја гледаат за долг пат.
    Така да, не се замарај, биди си ти своја каква што си, со сите свои маани и доблести, а таа нека биде главната ѕвезда, да видиме до кога ќе тера. Не ја оговарајте, не зборувајте за неа, така само повеќе и давате на значење, таа тоа и го сака. Со другарките бидете си свои, правете тоа што вие сакате и едноставно живејте си го животот без да се замарате или да и љубоморите на неа, не гледам потреба од такви работи...
     
  17. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Секогаш ќе има подобри, поубави, попаметни, поинтелигентни, позгодни од нас.
    И што сега?
    Сите ние останати треба да паднеме во депресија и да се убиеме бидејќи не сме совршени?
    Не. :!:
    Не сите луѓе се во потрага по совршенство.
    Ама затоа пак сите, без исклучок, сме посебни, уникатни на свој начин. Сите поседуваме нешто што го немаат другите, само треба да откриеме за што станува збор и да ја истакнеме таа особина, тој квалитет.
    За да бидете среќни, единствена цел во животот не треба да ви биде да бидете подобри од другите, туку подобри од самите себе. :)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Сите ние сме убави и посакувани,но тоа е,секој човек си има своја харизма :) .
    Зависта е лоша работа,посвети си се на себеси ,случајно да не испуштиш некој кој навистина ќе те сака,бидејќи ако се опседнуваш со другите,никогаш нема да приметиш какво внимание ти привлекуваш ;) .
     
  19. GlamorousGirl

    GlamorousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    101
    Ќе се помириш со тоа дека секогаш ќе има некој што е поубав,попаметен,подружељубив,подобар и поснаодлив од тебе. Не можеш да си секогаш најдобар. Најдобар,всушност,и не постои. Секој е во нешто подобар од другиот, како и обратно. Не можеш да ги мразиш луѓето поради тоа. Ако твојата другарка има повеќе среќа кај машките,тоа не значи дека тебе ниедно машко те нема забележано.
    И замисли ти да си на нејзино место.Да се плашиш да напредуваш,да бидеш среќна и успешна, поради другарките? Мислејќи дека со твојата среќа предизвикуваш туѓа несреќа.
    Всушност,ако си и вистинска другарка,треба да си среќна за убавите нешта кои и се случуваат. :)
    А самата исфрустрираност можеби се одразува на тебе,па шириш негативна енергија на тие околу тебе и оставаш впечаток на завидлива и себична личност.
    Уживај, опушти се и очекувај спонтано да дојде и твојата среќа. :)
     
  20. yxe21

    yxe21 Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    тоа дека живее во друга држава ? многу ми фали, го сакам...