1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се поцрне побрзо по природен пат?

Дискусија во 'Тело' започната од meredith, 18 април 2010.

  1. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Се ближи летото....секое лето кога одам на одмор преокупирана сум што повеќе да поцрнам.Секој ден се "печам" на сонце и секако има резултати.Другарките секој ден на плажа ме зафркаваат во врска со сончањето, дури и ми измислија прекар - СОНЧАЛО. Хахахахаа :rofl: И ова лето како и секое се спремам да се сончам по цели денови....По солариуми одење не практикувам , повеќе сакам на природен начин....Па ако знаете некое трикче за побрзо и подобро потемнување кажете.....
     
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Кантарионово масло, по можност дома приготвено, ќе си се мачкаш на цело тело, јас со такво секое лето поцрнувам, прво само се сончам со крем со заштитен фактор, после терт,четврт ден се мачкам со тоа и боја добивам преубава. Плус и ја штити кожата, мазна и мека ја прави.
     
    На Dikinzi, kjukli и okcenzi им се допаѓа ова.
  3. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    А во кантарионовото масло се додава некоја друга состојка или само тоа?
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Не, ништо повеќе, само кантарионово масло, не знам дома како се приготвува, јас од една другарка го земам, ама ќе ја прашам. Ама има и по аптеките, побарај, сигурно, ќе си се мачкаш на цело тело, масло е тоа, ќе ти свети кожата, и уште веднаш се забележува разлика. Ептен добра боја дава.
     
  5. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Благодарам на советот.Ќе прашам во аптеките , ако можеш пиши ми кога ќе ја прашаш другарката во врска со приготвувањето на кантарионот :)
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.088
    Бета каротен таблети,еден месец пред одмор,секојдневно и додека си на одмор и после одмор и така!Јас лани така направив,ем поцрнев многу,ем ми се чинеше бојата засекогаш ќе ми остане! :lol:
     
    На sj *O*, kjukli, Veki4kaa и 2 други им се допаѓа ова.
  7. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    А тие таблетките на природна база се нели,не е ништо штетно ????
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.088
    Па не знам,не би требало да се штетни,јас си се консултирав со фармацевт,која патем ми е добра пријателка,ми рече дека нема апсолутно никакви контраиндикации,затоа што не е лек,туку додаток.Еве сум јас,жива,здрава со цел црн дроб,неоштетен и добар! :D
     
  9. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328

    Beta carotene vsusnost e Vitamin A! :D
     
  10. orient

    orient Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
     
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    Тоа со кантарионот е точно, јас секогаш првите 3-4 дена се мачкам со млеко за сончање и после откако ќе добијам боја, наредните денови се мачкам со кантарион и се добива ептен црна боја чоколадна :) Ама треба да се внимава да не се нанесува првите денови затоа што можеш да изгориш бидејќи кантарионот го привлекува сонцето.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Масло од кантарион се прави така што во тегличка ќе ставиш маслиново масло, во него ќе потопиш сушени цветови од кантарион колку што сакаш да биде концентрирано, и ќе го чуваш 40 дена на сонце. Тоа е природно кантарионово масло, ама зошто сама да го правиш ако имаш во аптеки? И таблетите бета каротен се добри, заради каротенот кој помага за подобро поцрнување и подолготрајност на бојата. А кантарионовото масло помага и во лекувањето на изгорениците ако не дај Боже дојде и до тоа.
     
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    тие таблети се даваат без рецепта така! колку пари се отприлика?
     
  14. anji

    anji Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    A bitno li e dali ke stoi masloto so kantarion na sonce 40 dena ili pak terba na senka da stoi?
    I uste edna rabota, vo toa maslo nema zastiten faktor, sto znaci кожата ни е директно изложена на UV зраците.
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    И јас сум за бета каротен таблетки, по советот на Лилит, еве 20 дена веќе ги пијам.
    Во аптеките ги даваат и на парче, 5 ден една ;) одлични се, веднаш се приметува разлика, ќе продолжам да ги пијам и додека сум на одмор, и после тоа.
     
    На bojanalove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски


    Па колку што знам и што сум гледала како се прави, треба на сонце да стои. А за заштитниот фактор - навистина го нема, ама секако ти нема да се печеш на пладне (тогаш ни СПФ 50 не те штити, нека кажуваат што сакаат). Ќе си се сончаш до кај 10 саат сабајле, или после 5 попладне. А меѓу 10-17 под сенка или дома. Кантарионот помага во добивање на убава рамномерна боја, а не штити од изгореници, само помага во нивното лекување.
    Јас наместо бета каротен таблети јадам моркови по три пати дневно, обавезно пред јадење. Од една страна, ми помага помалку да јадам, а од друга страна убава боја добив од овие неколку дена што се акам по сонцево (не дека сакав, ама морав).
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.088
    Со моркови кој циркуз го имав како мала.Опсесивно сум јадела моркови,просто сум ги обожавала...дланките ми станаале темно жолти,добро не е ништо...сум продолжила со јадење,резултат цела портокалова! :D До душа јас не се сеќавам многу,блур ми е како седам во бавчичката на дедо ми,чучната и си корнам морковчиња и си јадам и тоа со се земја на нив,ама имам слики од тоа време,моите ми кажуваа,ама факт е дека ги имам прејадено и сега не можам да ги смислам,пред одмор со сила ги рендам и ги мешам со друго изрендано овошје,што се најде,ако се најдат јаболки (ама летно време потешко) или летни круши или па во соковник ги цедам...нема шанси инаку.
    Кај мало дете сигурно дека е многу веројатно ова да се случи,ама кај возрасен не ретко се случува да пожолтат дланките.
    Во секој случај бета каротин таблетките се одлични,ви викам јас лани ми се чинеше цел живот ќе останам ко црнец! :D
     
    На kjukli и bojanalove им се допаѓа ова.
  18. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    645
    колку пари се тие таблетките во аптеките...
     
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    хммм :?: се мислам дали да ги земам овие таблетките или да и се јавам на баба ми да ми испрати масло од кантарион, таа цело време си прави :lol:
    ама немој да станам портокалова :( а инаку голем фанатик сум на црната боја, и кога одам на одмор мислам дека дехидрирам на сонцето :rofl:
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Јас кога се мачкам со кантарионово масло, после 4,5 ден сончење со крем, ставам пак прво крем со спф, па врз него маслото и тоа во подебел слој, колку што може. И секако не се сончате во 14 часот, кога е најако. А морковите, јадам и јас, не често, ама знам да си ги рендам во салати, и за тоа што Лилит вика, со портокаловите раце, имам една другарка, поради болест мораше да јаде по 6 моркови дневно, и за неколку дена целата беше и во раце и во лице портокалова, ама мораше, со тоа здравјето и се врати.
    Бројче, од маслото се црнее, буквално :lol: