1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се спасам?

Дискусија во 'Канта' започната од Bitanem, 7 јули 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bitanem

    Bitanem Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Живеам во источна Македонија и сум од едно село кај шо има многу турци. 8 месеца бев во врска со турчин од соседното село ама и во моето село има многу турци кои се роднини со него и се познаваат сите турци овде во околината. Се гледавме скришно и многу го сакав а и тој мене е сега моите дома никогаш нема да дозволат да бидат со него и ако дознаат многу ке ме караат. На татко ми на колега некое девојче така како мене излегла со турчин кој со неа учел класната кажала на родителското и дома татко и ја тепал и татко ми додека праеше муабет со комшијата му викаше и јас имам ќерка она да направе така лошо ќе биде. Затоа и многу се исплашив со ноќи не спиев и плачев. На крај му се јавив на дечко ми и му реков дека мора да зборуваме и му раскинав со изговор дека сум си нашла друг дечко македонец на почетокот не правеше проблеми и му рече добро. И неколку дена не ме бараше се додека еднаш не излегов по веце а лаптопот со се уклучен фб го оставив на креветот ко се вратив лаптопот беше во рацете на мајка ми и видов дека тој ми пишал ама пораките не беа отворени и и го зедов на мајка ми лаптопот од рацете и го исклучив тоа шо ми пишал ни не прочитав. Последните денови ко одевме на школо го видов еднаш во град со некои негови другари ама навреме се сокрив. Истиот ден отидов во продавницата во нашето село да земам некои работи арно ама мајка ми на лист ми беше напишала и листот го дадов на продавачот кој исто така е турчин и тој читаше и едно по едно оставаше на касата и тоа последното изгледа неможеше да го прочита и ме праша што пишува и јас гледав ама и јас не разбрав оти на мајка ми ракописот и му викам ее незнам не го пишував јас и тој ми вика а кој ти го пишуваше А.... ( името на бившиот дечко) и во тој момент нешто како да ме пресече и му реков стави ги овие во кесе за ова последното не е важно ќе се вратам после и толку. Од тој ден наваму немам мир тој сигурно знае и може и на други да им каже а ако разбере татко ми немате претстава шо ќе мис е случи ќе го засрамам пред сите. А друго што е пострашно куќата ни е на 2 спрата откако умре баба ми првиот спрат е празен има 2 соби празни а третата голема соба ја направивме како моја соба и најчесто јас таму спијам а мајка ми и татко ми горе на 2 спрат бидејќи наутро рано стануваат се подготвуваат за работа и да не ми тропаат јас спијам доле. И пред некоја вечер се избањав јас моите си легнаа ис е симнав доле и јас да си легнам и прозорецот ми беше отворен и си ги облеков пижамите и сок пиев и наеднаш некој ми тропна на прозорецот прво се исплашив и наеднаш го тргна пердето тоа беше мојот бивши дечко ако верувате срцето ми застана многу се исплашив. Се чудам како влегол имаме ограда + куче големо. И ме тераше да излезам ама неможев ако кучето почне да лае ќе направам галама и моите ќе станат и ми викаше ако не излезеш ти јас ќе влезам низ прозорецот и влезе а по него и другар му влезе. И почна да ме вознемирува да ми кажува дека негова ќе сум била и незнам уште што. И дека не сум смеела да бидам со друг. Јас само молќев и го гледав се плашев како никогаш во животот незнаете какви се мисли ми поминаа низ глава и за среќа му зазвоне телефонот некој го бараше изгледа накај дома да си оди и заминаа. И од тогаш непрекинато звони постојано на фб не му враќам ама псотојано пишува веќе незнам што да правам прозорецот постојано го затворам ноќите не спијам чим шушне нешто веднаш станувам :( дома несмеам да кажам ама оваа ситуација премногу ме вознемирува и се плашам да не стане поголема работата дајте ми некој совет да се спасам дур е време ...
     
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски

    Најдобро е да кажеш дома, сепак и да те караат тие ти се родители и не ти мислат ништо лошо. Родителите најдобро ќе ти помогнат да се ослободиш од него.
    Друг излез од ова нема.
     
    На rose60 и Twinkles им се допаѓа ова.
  3. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Од почетокот додека го читав твојот пост помислив дека сакаш совет како да се спасиш од родителите и да бидеш со момчето. Да се работи за навистина голема љубов и нормален дечко, можеби и би те поддржала. Но ти бараш совет како да се спасиш од дечкото што ми е многу мило бидејќи мислам дека е најпаметно. Тој не може да те сака искрено ако штом му речеш дека имаш друг дечко веднаш ти рече „добро“ и ништо повеќе, ни што, ни како, ни зашто, ни не верувам (ако те познава доволно ќе знае дека лажеш)...... Тој не може да е карактер ако после тоа пак ти пише и ти ѕвони. Тој не може да е нормален ако насилно влезе во твојата куќа навечер додека спиеш СО ДРУГАР И ТОА и користи такви зборови како „не смееш да бидеш со друг“. Кој си бе ти? Ако сакам ќе бидам со уште 10 други, ако сакам и ку*ва ќе станам, кој си ти да ми кажеш дека со тебе треба да бидам ако не сакам? Има уште закоравени муслимани брее, со сила убавина не бидува не сфаќаат ли. Спас? Да кажеш на твоите, потоа се ќе биде во нивни раце и ти нема ни да се плашиш ни да се мислиш што да правиш, бидејќи како твои родители ќе го решат тоа сигурно и тоа по брза постапка. И да ти се налутат, и ќотек да ти мавнат ќе помине, ама ЗАПАМТИ дека никој не ти мисли подобро од твоите родители и никој не може да те заштити како нив. Си згрешила, ќе се лутат ќе помине, родителското срце е огромно.
     
    На simply-red, Umbrella22, simoncelicius и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    И јас се сложувам со cresa-jagoda. и Lovely93
    Вака се уништуваш сама себе. Викаш дека не спиеш ,само плачеш..на ваков начин само тонеш..
    Какви такви , родители ти се , ке сфатат и ке те разберат, а тоа дека ке те караат , секој родител да слушне за вакво нешто ,сигурно нема да рече Браво ќерко! ..
    Мој совет е да поразговараш со нив...сепак тие се тука за тебе секогаш..и во добро и лошо :)
     
    На rose60, lobenickaa97 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Bitanem - Деактивирај си го профилот некое време, две три недели, па ако го сретниш некаде не му збори. Ако се случи да направи некој инцидент или да дојде кај тебе, ако толку ти е страв од твоите не им признавај дека си имала нешто со него.
    Бидејќи од ова напишаното сватив дека ти си цврсто решена да не продолжиш со него, тогаш кој и да ти спомне речи им дека немало ништо, и дека тој ти се пуштал и те замарал и дека не сте биле во врска (се разбира доколку не ве гледале цело време заедно предходно).
    Ако ептен стане напорен и почне да те малтретира психички и физички тогаш кажи им на твоите некако одоколу.
    Не се плаши, што не поминало па и ова. Тој ќе види невиди ќе се откачи.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Прво, реалниот проблем во нивната врска било однесувањето и карактерот на бившиот дечко на Битанем, а не неговата националност. Кутрата, исплашена од реакцијата на нејзините, не може ни нормално да комуницира, да се посоветува како да се држи настрана од луѓе кои вака се однесуваат (а ги има меѓу сите нации), како да избере партнер кој ќе ја усреќи во иднина, битно срамот од комшиите е поголем.

    Штета. Од вакви предрасуди (има ли пари, од каква фамилија е, од која националност е, каде живее) многу девојчиња се фокусираат на „аман, само тоа да не е“ и прават големи грешки во идниот избор на партнер прескокнувајќи препознавање на клучните особини кои директно ќе влијаат на текот на нивната врска. И таквите врски може да прераснат во неуспешни бракови и тн и тн. Или како во овој случај, треба да се мисли дали да каже на родителите ако е во опасност. На оние на кои би требало најпрво да се обрати.

    Да и јас сум слушнала дека и во 21-иот век постојат робовладетелски типови „или со мене или со никој друг“ мажи. Сешто. Штом ги детектирате, бегајте од такви. Што друго да речам, самата помисла на таков профил на луѓе ме остава без текст.

    Совет: Ако се прашувам јас, постапи како што ти вели Елиса. Изврти ги работите колку што можеш во твоја корист, затоа што реално ти И СИ жртвата.
     
    На rose60 и Elissa им се допаѓа ова.
  7. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38
    не им кажувај на твоите и друг пат гледај пак да не ти влезе дома оти лошо ќе биде ќе види дека не се замараш и не ти е страв од ништо ќе те остави, што и да прави не му се плаши тој сигурно знае дека ти е слабост тоа што си одела со дечко од различна вера и со тоа ќе те плаши нареден пат ако ти рече нешто такво речи му ќе кажам на моите или веќе им кажав ќе се уплаши и ќе те остави на мира :!:
     
  8. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    106
    и јас да би била на твое место би се плашела од реакцијата на моите родители :/ но сепак мислам дека тоа најдобро решение. да дознаат од тебе а не од некој друг и да навалат глава додека тој некој друг им раскажува за твојот приватен живот. тој доколку те сака вистински би ја прифатил секоја твоја одлука. се разбира дека и би се борел за твојата љубов и би се борел за тоа да се смирите, но тукка не спаѓаат овие напади на лудак ! не си должна да ги трпиш тие негови испади и закани. јас доколку би била во твоја ситуација би кажала дома дека сум направила огромна грешка и дека сега се сносам со последици. најдобро е прво да кажеш на родителот со кој што сметаш дека си поблиска (мајка ти или татко ти ) . доколку не чувствуваш доволна доверба во нив побарај совет од некоја повозрасна и позрела блиска личност (било братучед/братучедка) .... сепак има решение и за ова. а типов е лудак нема сомнение во тоа ! немој да трпиш нечиво вознемирување ! реагирај на време. поздрав :*
     
  9. Bitanem

    Bitanem Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Би благодарам на сите за советите, прекрасни сте :inlove: ама луѓе ситуацијата многу се измени. Јас него многу го сакам. Кога не го гледам ми е полесно ама мора барем еднаш во неделата да го видам и тогаш неможам веќе :( Кoга почнав првата година во градот на школо имав еден дечко Стефан бевме заедно 5/6 месеци првите 2 месеци се беше ок но тој почна да пуши да пие а беше од дома изгледа му даваа по 40/50 денари за џепарлак и со тие јадеше за цигари не му остануваа а јас секогаш носев по повеќе пари татко ми ми даваше викаше за лошо за арно ќе ти се најдат. Мислам не повеќе ама под 100 денари не бев никогаш. Најчесто јадев нешто од 30/40 и другите ми остануваа. Еднаш тој дечко ми бившиот Стефан седевме заедно на една клуичка ме удри и ми ја зеде ташната почна да ми ја пребарува имав може околу 170/180 денари ми ги зеде. Тоа се случи уште 2/3 пати. После тоа пак ме удри со бокс кај окото ми беше модро дома излажав дека сум се повредила на физичко татко ми сакаше да се јави во школото и јас морав да признаам. Се јави татко ми повикаа и негов родител дојде и татко ми во школото многу се караа тој мораше да ми се извини и од тогаш не ми ни зборуваше ниту ме гледаше ниту ништо. И од тогша ветив дома дека ќе кажувам за се, за секој проблем. Ама ова беше нешто друго јасовој турчинот за кој ви пишувам не го запознав на фб како некои или по кафичи туку ме запозна едно дете тука од селото на една турска свадба. И после тоа нашол број тој мис е јавуваше ми викаше да зборуваме ама јас несакав оти беше турчин и се плашев не го знаев ама некако ме убеди и дури тогаш се аднавме на фб. Се гледавме во ридот, се качуваше по дрвата ми носеше цреши, си правевме пикник и се беше многу убаво ама требаше да знам дека ова еден ден ќе заврши. Вчера ми пишал од на брат му фб да отидам на нашето место ако не сакам да му се јавам и да кажам и решив да отидам и му објаснив дека тоа што ми влезе во соба така башка по него и другар му многу ме исплаши и дека се плашамд а заспијам а жешко е и не смеам прозорец да оставам тој се извини рече дека бил изнервиран и затоа така направил рече нема да се повтори. И верувам во тоа 19 години е + сериозен е стабилен човек. И тој самиот рече знам дека немаш друг така кажа само за да не бидеме заедно веќе. И демек нешто се смиривме ис ега демек пак сме заедно ама нема да се гледаме толку често за да не се дознае нешто. И навистина неможам повеќе имам се еднод ете сум имам лаптоп, компјутер, ајфон, уредена соба, скапа облека и се ама ми недостига внимание. Осамена сум. Татко ми и мајка ми стануваат во 5 некогаш и јас одам со нив тутун береме после тоа татко ми оди на друго место работи а мајка ми го нижи тутунот на машина и потоа спие. Навечер ко ќе стане си ги гледа турските серии кога и да сакам да прашам/кажам нешто таа ми вели после, чекај, нека почнат реклами едноставно сериите се поважни од мене тоа е јасно. А татко ми си доаѓа мртов уморен јаде се тушира и легнува. Но сепак мајка си е мајка таа е женско таа подобро ќе ме разбере. И сум осамена и сама по цели денови. Имам другарка турчинка од селото моја возраст е ама таа има 3 браќа еден постар 2 помали и мајка нема сета одговорност дома леб месење, перење е на неа и несакам да и досадувам си има и таа работа. Тие 2 другарки што ми беа и двете си се во градот на гости и цело лето ќе се таму ќе си излегуваат. Другите девојчиња се 6/7 одд. И јас имам тетка во градот ама таа и тетин ми се на работа имаат еден син 30 години што не му се работи и цел ден си седи на пц и чека од мајка му и татко му пари за своите потреби ии ништо не први по цел ден. И навистина веќе незнам што да правам. :(
     
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558

    Ке морам со обоено да се разбереме

    Многу го сакаш и мораш да го видиш и да си донесеш проблем на главата. не забегувај со малото неискористено мозоче. Не се сака некој кој те плаши. Заљубеност е едно, љубов е друго. Ти си мала и незнаеш што е љубов. КРАЈ и не се разсправај понатака за ова, да не ти пфторуваат сите феминки.


    За овој мочкото Стефан, нема да коментирам, пошто гледам ситуацијата се средила, ама ти си виновна што си дозволила да те истепа. Искрено тебе и ти треба добар ќотек.

    Е сеа овој турчинов, добро бе дете викаш дека на почеток не си сакала со него, ама си излегла сепак. Па имаш бре памет, друга нација друга вера, друг менталитет, други сваѓања, друга традиција, други обичаи. Малку македонци има па морало турчин да биде? Ок стефан е ненормален, ама што е со другите??
    И како тоа другар те запознал на турска свадба? Значи тој што те запознал е исто турчин? Ок и ние сите кои живееме во мешани места се дружиме со сите, ама се си има граница. Што пак имаш ти да одиш на турска свадба + селска, каде мажите и жените се двојат?

    Како бре од берење цреши и пикник го засака манијакот што ти се заканува па и уште го сакаш? Е тоа е детски памет и понашање. Како што кажав тоа не е љубов туку залубеност.


    Ти влегол во соба заедно со другарму и викаш дека е сериозен дека имал 19 години? Дете бре, наместо да врискаш и него да го накривиш дека те манијачи и малтретира, ти си се смирила со него. Абе нема страв, ке викнам татко мајка полиција. А што ако те силуваа. Што ако еден ден те викне на ридот и те чека со некој другар па онака да те изрендаат убаво? Тогаш што ке правиш? КОј ке биде крив? Со време се се кажува на родители па макар и од дома да не излезеш 2 години. Подобро родителска казна отколку шамар од животот кој може да биде многу трауматичен и болен и никогаш да не се опоравиш.
    Освестисе и мирно на твоите да си им кажеш што било и како било. Цело село веке знае, секако дека и твоите ке дознаат, само тогаш да не биде касно.


    Викаш дека си осамена а имаш се што ти треба за да не си осамена. Ти си само глупо дете ( извини на овој речник, ама подобро јас со зборови да те освестам, одколку да се зезнеш за цел живот и да ми е криво што не сум помогнала).
    Ке си отвориш нов фб профил, со друго име или надимак, ке си запознаваш други луѓе, земи едуцирај се нешто. Има многу курсеви за јазици, готвење, изработка на накит онлине и се бесплатни. Ете со тоа занимавај се и да ти ине осаменоста. СИте сме понекогаш осамени, ама не трчаме одма со турци да излагаме, туку правиме нешто што би не исполнило. Мисли на иднината и мисли како да се надградиш како личност, за да утре можеш да најдеш дечко кој ке те цени и почитува. Ако ти требаат дополнителни совети, како да си го пополниш времето отвори си тема ке ти дадеме милион совети за да не должам овде.



    Другарката турчинка која е на твоја возраст, да ја прашаш дали таа некогаш би излегла со најубавиот македонец, да и бере цреши, па после размисли дали ке и кажеш на нејзината мајка, ко да твојата не е способна. Демек нејзината е пофакман од мајкати, дека пере готви и нез што ( па тие најчесто се и домакинки) а твојата на тутун од сабајле да ти обезбеди тебе лаптоп, телефони, чуда, врагови, таа не вреди. АХ бе да си ми мене да те претепам добро, па да видиш.
    Викаш дека турчинкава има постар брат а. Па да не очекуваш тој да те одбрани? НЕ бе дете, тие си се бранат меѓусебе, а македонките гледаат да ги искористат. Зар не го знаеш ова а живееш во таква средина? Другаркати уште некоја год ке ти биде другарка и после чифте чанче ке ја мажат и ке те заборави. Не се потпирај многу на нив. Само твојот блискиот може да те сака и да ти помогне.
    Ок немаш летово со кој да се дружиш, другарките се во градот, епа тогаш дружи се со мајка ти, со татко ти, дружи се со тие од школо на фб, на скајп, тамо вамо....


    Имаш тетка и тетин а тие работеле, а братучедот имал 30 год и ништо не работел, чекал од други? А ти мор од кого чекаш? Што пак тебе ти е гајле за нивното семејство како функционира. Кажи дека не ти се оди во градот поради турчинов, а не поради мрзата на братучедот. Јас да сум имала толку постар братучед, би отишла кај нив да седам, да шетам да се науживам, без да се замарам дали некој на криво ке ме погледне.
    Пакувај куферите и право кај теткати.



    Бог да чува, да му е страв на човек женско дете да роди.
     
    На rose60, Umbrella22, SV1911 и 18 други им се допаѓа ова.
  11. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    106
    okcenzi каков исцрпен ииииии реален одговор !!! се надевам дека со читање на твојот пост ќе отвориш очи на нашиве наивни девојчиња кои мрдаат со опашката и сами си ја бараат бељата :* браво
     
    На rose60 и okcenzi им се допаѓа ова.
  12. devojka54

    devojka54 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    44


    За тој Стефан не коментирам.

    За дечкото турчин- откачи го..ете погоре ти предложија и начини како да го направиш тоа. Викаш дека живееш во Источна Македонија. И јас сум од таму, само тука нема толку многу турци. На врската помеѓу наш/а и турчин/ка се гледа како на табу тема. Знам дека сме 21ви век и не треба да се ставаат граници во љубовта, ама АКО тој што си го избрал вреди за тоа. Дали ти навистина мислиш дека тој дечко што сега ти создава такви главоболки ќе ти овозможи спокоен и релаксиран живот кога утре-задутре ќе имате вистински проблеми (сметки, деца и сл.)? Може тогаш ќе ја тресне вратата и ќе си замине а ти сама ќе си ја трескаш главата. Многу фактори се земаат во обзир кога се бира партнер за многу сериозна врска. Не можеш да процениш дека ќе ти биде добар маж по тоа што ти берел цреши и се качувал на дрвото заради тебе. Многу тинејџерско однесување ова, многу незрело. И да, 19 години има. Како можеш да кажеш дека е сериозен??

    Друга работа, пиша дека си единица и дека не можеш да разговараш со мајка ти за да се зближите или да и се довериш. Е тоа проблем. Ама не е нерешлив. Штом имаш/те пари, користи ги паметно, девојче. Не знам колку години си, ама учи, надоградувај се, запиши се на факултет. Кога ќе бидеш на факултет ќе бидеш во нова средина, ќе запознаеш многу нови луѓе и тек тогаш ќе видиш колку стеснето гледаш сега на работите.

    Не те осудувам или нешто слично. Само не избрзувај со одлуките. Размисли, долго размисли пред да се одлучиш. :)
     
    На Lovely93 и tessie им се допаѓа ова.
  13. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Целосно, потполно, апсолутно се согласувам со тебе. И не само со цитираново туку и со целиот твој пост. А Битанем ме интересира колку години имаш? Зар мислиш дека си доволно возрасна за сама со него да изградиш живот? САМА зошто твоите ќе се откажат од тебе ( во никој случај не би ги обвинувала) а и без неговите??? Немој да мислиш душо дека они ќе те прифатат тебе, прво што ќе си помислат нема почитување спрема нејзините а камо ли спрема нас...
    Најубаво пакувај куферите и правец на гости кај роднините. И немој да зборуваш за љубов, со ваков пост повеќе од јасно е дека е КОРИСТ само за него (Турчин со Македонка) и СРАМ за тебе.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Толку ли многу сакаш да се спасиш од него што и никнејмот ти е турски збор bitanem :fubar: !?
    Ај да е турчин, ама сигурно не е. Оти правите турци си држат до достоинство, барем тоа го знам од оние што ги познавам. Е сега кај нас во ист. Македонија, посебно во струмичките села, таквите како твојот Шабан или Калпазан ги викаат е-ѓупци (донесени од Египет), и многу од нив се декларираат како турци, а знаеш како лапат свинско месо!?
    Девојче, собери си го умот в глава, прекини ја таа врска веднаш, кажи на родителите. Подобро еден добар ќотек да изедеш, отколку цел живот срам.

    Нека ме извинат феминките за грубото изразување, не е во мој стил, ама морав така се испровоцирав, ми стана жал за родителите, во село се се знае, тие вредно работат, се трудат да и обезбедат се, не заслужиле така зад грб цело село да им се смее, а таа на каков начин им враќа.

    https://www.youtube.com/watch?v=v7bm8JY0kPY
     
    На rose60 и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Девојко очигледно е дека ти не сакаш да се спасиш. И не да те тепаат твојте, нека те утепааат. ЦЦЦ не можам да ве сватам како можете да одите со туги вери, па после како кукате дека сакате да се спаситее. Жалосно за родителите со вакви деца.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    106
    ама само девојчево влегува во проблем. ти доколку започнуваш врска треба да си знаеш какви последици ќе те очекуваат. а посебно врска со момче од друга вера. секако дека се неизбежни проблемите со родителите и роднините. секако дека мајка ти нема на златна тацна да те даде кај него. секако дека ќе с е противи. ајде да речеме си млада и не си свесна за последиците, не си размислувала. ГРЕШКА СИ НАПРАВИЛА ОК Е ТОА АЈДЕ ЌЕ ПРЕЈДЕМЕ ПРЕКУ ТОА. ама после се што ти направил, тоа влегување во соба ко некој манијак !!! .... и после тоа се да му простиш и повторно да бидеш со него, значи ги забораваш неговите испади што не доликуваат на психички нормална личност :) ти свесна за тоа повторно влегуваш во врска со истата личност. со самото ова следуваат поголеми проблеми. е текк сега ќе ти биде пекол кога ќе ја дознаат родителите твојата приказна од други соселани :) се што ќе ти се случи сама ќе си сносиш последици. па после нека ти бере цреши типот и ти пак радувај му се :*
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    106
    и уосталом... што се разбираш ти од љубов бе малечка :/ ? АМА ЈАС МНОГУ ГО САКАМ... досадна фраза со која си ги дозволувате сите глупости и ви служи како оправдание за лајнениците (се извинувам на изразов) кои ги правите. и наводно од љубов сте го направиле тоа...
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Девојко ти не си свесна какви поголеми проблеми можеш да си направиш?
    Раскини што е можно побрзо, кажи му на твоите дома.. Ќе те караат но се ќе помине.. сепак тие се твои родители, не ти мислат лошо :^)
     
    На rose60 и daks им се допаѓа ова.
  19. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Оф леле мори мајко, читам и се чудам како може девојка од 31 година да има вакви проблеми?!? Па после читам школо, Стефан.... а и овој турчинот, сериозен човек, 19 години ееееј...Некој тука не дрибла или ми се чини :?:
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Раскини со него и готово,ама работата е што не сакаш да раскинеш и си бараш некоја што ќе ти даде поддршка тука во тоа. Секако дека никоја тука нема да даде поддршка за врска со различна вера (секако има и девојки со друг став, не сакам да се навредат). Плус едниот те боксира како стигне за пари-ТОА НЕ Е ЉУБОВ, нормална созреана 19 годишна особа- НЕ УПАЃА ДОМА И ВЛАГА НИЗ ПРОЗОР и што уште знам.

    Така да твоето ГО САКАМ МНОГУ не значи ништо. 5/6 месеци врска, не е асална врска исто и некое мало време поминато со турчинов за да го запознаеш доволно дечкото и да знаеш дали вреди да се заљубиш во него.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.