Заедно сме веќе една година ама јас сум таков тип што сакам да си седам дома по тренерки и да гледам филм и не сакам многу да се шминкам и дотерувам. Не не сум грда бев мис одев на ревии згодна сум и слично но повеќе сакам да го поминам времето во неговите преградтки дома одколку да се шминкам и мавам по кафичи и дискотеки. И тука дојде проблемот нашата врска стана брак дојде до таа монотонија во врската.Млади сме 18 години, јас ја сваќам мојата грешка не требаше да дозволам да дојде до тоа но не знам во овој момент што да сторам... Тој почна да излегува со своите другари и другарки а јас да седам дома почна да се однесува ладно спрема мене да несака ни да излеземе... му кажав дека ке се променам и се трудам излавам со другарките почнав да се дотерувам да се шминкам но тој е пак истиот ладен тип како да не му значам ништо... Помогнете ми ми треба мојот внимателен принц назад
Па многу нормално дека ќе почне да излегува со другари. На 18 години никој не ти седи дома во прегратки и да гледа филм. Ова е најголемата грешка спред мене што ја прават паровите. Зошто да не излегувате? 18 години имаш, немаш 40! Животот тек сега ви почнува, зарем очекуваш да дреме тој дома со тебе да се досадува по цел ден? Јас не ти викам вие да не се пробирате дома, ама нормално е да се дружите, да излегувате, не мора секогаш заедно. Имаш ли другарки? Оди на кафе, прошетај, види го светов. Има време ќе дојде и тоа кога ќе седиш и ќе дремеш дома, ама на 18 години тоа е незамисливо. Во секој врска има преиоди каде што настапува монотонија, ама вие треба да се потрудите да ја разбиете. Не мора ти да се плескаш со шминка пред излегување и да лумпуваш по дискотеки. Едноставно, излезете било каде, отидете на вечера, во кино...ехеее имаш полно работи што можеш да ги правиш во текот на денот. Нешто прочитав брак? Не знам само зошто толку сте брзале, али ај тоа си е ваше.
Седењето дома може и те како да ја направи врската монотона. Млади сте, имате само 18 години, ако сега не излегувате, кога? Не мора секој ден да одите по кафичи, ајде барем за викенд или еден ден од викендот. Нормално дека и на него му станува досадно, една вечер излези си ти со другарките, а тој со другарите. За седење дома има време, сега уживај и живеј си го животот.
не грешка си сватила не сме во брак туку врската ни стана како брак... Знам дека јас сум крива што дозволив да дојде до овој степен затоа и се посоветував со вас да ми помогнете со некој предлози како можам да ја вратам возбудата во врската и да си говратам мојот сакан
Епа ете ти кажавме. Почнете да излегувате, дружете се, шетајте, забавувајте се. Не мора секогаш заедно. Одете на вечера, диско, кафе, кино, театар, опера, балет Има еден куп места каде што одат младите и нема да ви е монотоно. Со седење дома, ништо не постигнувате. Излезете со други парови, валда имате другари, другарки...
dragi feminki i jas go imam istiov problem samo sto decko mi e takov,ne jas,toj se doma da sedi,na cita po internet se nekoi raboti,igri so berzi ,ekonimija so znam so prai..dodeka jas sakam da izlezam da prosetam da se vmesam vo narod sto se vika,nejkam samo na fax i doma zatvorena non stop,imame po 20 godini..i dodeka moite kolegi,koleski se zabavuvaat jas moram doma da sedam so nego (ziveeme zaedno veke godina vreme) izleguvam ponekogas so drugarki na kafe ,navaka nataka ama jas sakam i so nego da izlezam..i dojde period kade sto mene mi stana mn dosaden,se izgubi i strasta megu nas,jas sea se osekam ko da sum prisilena da ziveam ovde bidejki sum vo stranstvo i studiram,predposledna godina sum...i taka zapoznav eden decko so navistina me ispolnuva,me pravi srekna site rab.sto jas gi sakam gi ima vo nego i se zaljubiv vo nego znaciii poseben ee deckovoo i nz so da pravamm...spored vas feminki? kakov sovet bi mi dale? dali e dobra idejata jas da go ostavam ovoj sto sum so nego i da se staam so drugiot ? help [mod-kirilica:2dgo0rsm][/mod-kirilica:2dgo0rsm]
И јас сум во потполно иста ситуација, и јас не сум нешто многу по искачања и лудување до 4 сабајле... Од преголема желба да бидам со него и да му се посветам само на него изгубив контакт со сите. И со мене е ладен и само се караме и сега сме на пауза и нему му е супер а јас незнам што да правам. Единствен совет што можам да ти го дадам е ако го сакаш немој да го пуштиш, потсети го како вои било на почетокот, изненади го, не се карај со него, не му врши притисок остај го малце сам ке си се врати. најискрено ти го кажувам ова, да постапив јас вака може сега немаше да седам да барам совети туку ке бевме искочени заедно... Се надевам дека ке се среди се, ако ти треба некој бар за мѕуабет слободно пиши позз
девојки најискрено мислам дека во ваков случај треба двете страни да сакаат да биде убаво у врска ,не може секад еден да биде виновен за тоа што станало монотоно,треба компромис,некои денови искачање некои дома, у мој случај многу повеке сме дома одколку што искачаме,а сепак не ни е монотоно 2 год и 5 ,6 мес го правиме тоа,секој ден сме заедно и нонстоп сме у контакт,више сме дома сами него надвор у друштво, и сепак не ни е досадно секад си имаме начин како да си го поплниме времето а девојката што прашуеше шт да прави ,мислам дека си немилосрдна кон дечкото,ако не си го сакала више и ако ти бил досадден одбивен требало да се преместиш на друго место ,и тек тад да се упознаваш со други типови ,а вака си само не фер кон него ,карма
Мојот проблем е сличен, но со доза на различност . Јас и дечко ми сакаме да искачаме и да се забавуваме. Но немаме кога. Тој работи втора смена, се враќа многу касно и тогаш нема со кој да искачаме (ни на гости да си идеме) бидејќи сите спијат за сабајле многу логички, од 7 да идат одморени на работа. Ова не раздели од многу пријатели. Друга работа е тоа што дечко ми зема многу добра плата, а другарите многу му завидуваа. Постојано ги слушав како го зафркаваат, незнаев само зашто ги трпи, почнаа и мене исто да ми прават и се испокаравме со нив. Цело време сме кај него или сами искочени. Убаво ми е но понекогаш имам потреба за нешто плус, за некои други разговори, да се замешаат и други гласови. Јас многу често го чекам да се врати од работа, за да кога ќе дојде да водиме љубов набрзина и да заспиеме. Ретко се случува и додека водиме љубов по некое време да не му е доволно цврст. Јас веднаш си правам филмови дека не сум му привлечна. Како да немаме страст во врската, а јас сакам да сме диви, да живееме живот каков што доликува за нашите години. Сум зборувала со него, он се труди не дека не, но никогаш не доживувам оргазам. Тоа ме јаде многу. Сум пробала со секси долна облека да се стимулираме, но никако да ни зоврие крвта. Му викам да пиеме алхохол за опуштање, да гледаме филм, но тој несака. Незнам повеке како да постапам. Како се да уништувам во неговиот живот. Како да се разделам со него кога и 2 ќе останеме сами, без никој. Полудувам од се. За љубов тука е, се љубиме, се согласуваме, само тоа е проблемот.