Здраво!! Имам доста убава природна и виткана коса и секој ден си правам различни фрисурички со неа,но би сакала и малку да сменам со тоа што ке ја исправам.Но сум се обидела многу пати со пегла и многу ми е оштетена После ке ми требаат недели за да и го вратам сјајот кој го имам!!Ве молам ако знаете некој спреј или нешто друго кажете ми
Па мислам дека со фенирањето помалце ја гориш косата него ли со преса, и има поубав изглед. Сега не дека фенот не ја гори, но не како пресата. И барем побујна ќе ти е(ако имаш слаба) Јас избегавам преса зошто ем одма ми се мрси ем како сплескана ми е, плус и МНОГУ изгорена... Фенчето четката и бркај работа Пробај, па ќе кажеш...
Пробај со регенератор од нивеа за исправање на косата.Јас имам брановидна коса и колку толку ја исправа Сега нормално не е права како со пегла ама сепак е ок)
Фенирај ја, ама не кога ти е мокра, туку влажна. Значи, откако ќе ја измиеш држи ја некое време во пешкир, а потоа со фен и не користи пегла потоа. Друг начин нема
пробај со некој спреј за заштита на косата од горење, и јас имам вртена коса го користам овој од авон, не ја уништува косата при пеглање, побарај и од други фирми сигурно имаат такви продукти
Јас исто така го користам спрејот за заштита на косата од горење од Авон и сум многу задоволна! Исто така овој спеј и ти помага полесно да ја обликуваш косата.Купи го не е многу скап а вреди
Јас исто така го користам спрејот за заштита на косата од горење од Авон и сум многу задоволна! Исто така овој спеј и ти помага полесно да ја обликуваш косата.Купи го не е многу скап а вреди
Искачам од дома-убава права исфенирана коса,доагам дома-пајажина у глава уште па ако е влажно и врнело no comment Иначе да не бидам офф топик и ја порано ја пеглав ама џабе само горење и расцветани врвови коа пак после некое време ми беше исто ко да не сум ја пеглала, па сеа ја фенирам пошо демек не се горела толку мада пак некако исто ми расцветува.Така да мој совет боље фен него пегла и нема безболен начин за исправање како и да е ке ја оштетиш али због лепота тоа е ке си трпи косата Им завидувам на оние девојки со прачка рамна коса што се !
^^^ А тие девојки ти завидуваат тебе на витканата коса. Секогаш е така. Јас затоа научив да си ја сакам и природно виткана и пеглана. Не постои начин да се исправи косата без оштетување, затоа што косата од се реагира, дури и од ветер и сонце. Ама секако дека може да се намали оштетувањето. Јас кога ја исправувам прво ја фенирам, а потоа и ја пеглам, ама и ставам силиконски капки, спрејови, при бањање маски и слично. Се оштетува, ама малку повеќе од што при нормални услови би се оштетила. И си ја шишам поредовно, по сантиметар до два и така некако си ја одржувам нит предолга нит прекратка.