Како да ја оженам девојка ми?

Дискусија во 'Канта' започната од Depresivensum, 4 август 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Depresivensum

    Depresivensum Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Здраво феминки.Нов сум на форумот и ми треба совет и мислење.Имам 28 години и девојка 4 години помала од мене, меѓутоа врската ни е на стаклени нозе.За се сум виновен јас.И на двајцата ни е прва врска, кога таа беше на 20тина години започнавме, но неискусен многу слепо верував на другите.Ми викаа прави ја завидлива, лажи ја дека си идел со други, кога сте заедно глуми дека си тажен и ако те праша што ти е кажи и дека ти фали бившата.И јас со цел памет ова го правев, дури натерав една моја подалечна роднина да ми го даде нејзиниот лажен фб кој што и беше со многу слики (направен за да игра покер, и повремено да следи еден нејзин бивш) и од таму си пишував сам со себе, си праќав срциња, и намерно оставав отворен фб да види, дури сакав да ја напраам блиска со моите родители, и викав иди кај нив помагај домакински работи, а ја таман ке излезам ноќе, и на девојкава и пукна филм, кажа дека ке ме остави, и во тој момент разбрав дека оние што ме тераа ова да го правам сакаат намерно да не разделат затоа што еден од тие ја сакаше девојка ми.Едвај со помош на лажниот фб пробав да и докажам дека јас сум тоа, дека не сум ја изневерил, се разделив со друштвото, но после се ова не сака ни да чуе за брак, а сеуште сме заедно и сакам да биде убаво, да ја спасам врскава.Постојано ми збори дека моето семејство е лошо, дека сака друг да најде, дека мрази деца, мајка ми ја праша дали сакаме да се зимаме кажа дека неможе да ветува дека врие мажи на земјата, и отворено и кажа дека сака друг да најде, дека сака романтики, на сите пријатели кога ке излеземе ако ја прашаат колку време веќе сте заедно вика ааа па малку, ама онака кога немам подобар за сега арен е, цело време сака да најде друг, прави споредби со други врски, нејке да ме држи за рака, ме крие дека сме заедно, се нервира ако сум во близина до нејзе, не знам дали ме сака ама несакам да ја изгубам, и кажав дека намерно така правев и ми кажа дека има уште милион луге што си се први па не прават така, и ми кажа дека сум незрел за мои години, и кажа дека не гледа иднина во мене.Што да напраам?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.668
    Допаѓања:
    24.957
    Пол:
    Женски
    Убаво ти прави, јас да сум на нејзино место не би ни била со тебе. Оди и друг пат така по паметот на другарите па далеку ќе стигнеш. Во денешно време ретко ќе најдеш наивни женски кои ќе трпат ти да ги понижуваш и да ги правиш будали. Не ти е изговор дека си бил млад и незрел затоа што на свои дваесетина години од општа култура треба да знаеш кои работи не е убаво да и се приредуваат на девојката.
    Нема што да правиш, сега единствено ти преостанува да бидеш најдобар на свет со неа ама и тоа не ти е гаранција дека нема да те откачи кога ќе си најде друг затоа што очигледно е дека ја изгубила довербата во тебе и и се смачило да ги трпи твоите глупости. Сам си виновен, сам си ја пропуштил шансата. Да не те сакало девојчето ќе те шутнело после првото понижување кое си и го приредил како што повеќето од нас тоа би го сториле. Ама и на неа и се смачило.
     
    На Lolo5, Amona, Cinderfakinrella и 9 други им се допаѓа ова.
  3. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.655
    Пол:
    Женски
    Чекај, што?

    Три пати препрочитав и пак не разбирам. Или си ти луд, или она е, или и двајцата сте (facepalm)
     
    На Lolo5, Amona, Cinderfakinrella и 13 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    9.926
    Допаѓања:
    126.416
    Пол:
    Женски
    Ти кажа дека сака нов да си најди, ако ме прашаш мене, до сега требало да си најди.
    Логично решение за како да ја запросиш не гледам, зошто не сакам да верувам дека девојка би прифатила нешто од некој како тебе, кој се однесуваше со неа како да е партал. И не се вади на прва врска, те молам. Еве, да не сум оф, пробај кажи ѝ дека мислеше дека така повеќе ќе те сака, нека се насмее девојката, можи ќе се сожали.
     
    На Amona, Cinderfakinrella, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Depresivensum

    Depresivensum Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    И кажав, ама вика ти досеа требаше да си зрел, ми вика ти не си сам да се гледаш а не фамилија, ми плесна ми вика нели ти е срам помала сум од тебе а по способна, ми вика требаше да излегуваме, да имаме убави работи, и кажав дека се е намерно, не знам што да направам несакам да е касно...
     
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.668
    Допаѓања:
    24.957
    Пол:
    Женски
    Во право е за се што вели. Искрено и јас такво мислење би имала за некој кој уште сам на себе си праќа срциња од лажни профили. Ова нека ти биде поука за понатаму во животот дека љубовта се стекнува и одржува со убаво однесување а не со понижување, навредување и правење некого на љубоморен.
     
    На Amona, sj *O*, Cinderfakinrella и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Depresivensum

    Depresivensum Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Ми кажа дека намерно спомнува други среќни парови за да ми текне дека треба да се сменам.Што да направам? Каков состанок да смислам,како да ја освојам ептен е ладна, и кажав дека идеални мажи нема и дека никогаш нема друг да најде, ми вика нема да најдам како тебе, тој ке биде подобар. Помагајте ве молам :(
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    12.043
    Допаѓања:
    159.376
    Пол:
    Женски
    pishi propalo. si zaebal ushte na start. se slusha li sekoj shto kje reche!? chustva se toa, ne se vrakja.
     
    На Amona, Cinderfakinrella, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Depresivensum

    Depresivensum Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Пробувам да сум фин, и кажувам дека ја сакам, цело време се присеќа на минатото, и викам заборави го несака.Ми кажа дека сака да е среќна, ја викнав кај мене вика несакам да зборам ни со твоите, ептен е ладна...
     
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    12.043
    Допаѓања:
    159.376
    Пол:
    Женски
    e aj da ne e..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Depresivensum

    Depresivensum Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Да ама сега не правам така, ми вика дека сум нестабилен, се трга од мене.Сакам совет, вие одма ме нападнавте а не кажа никој од вас што да направам
     
  12. forumce

    forumce Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    24.455
    Пол:
    Женски
    Порасни. Те тоа направи го.
     
    На CharmedGirl, Cinderfakinrella, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    12.043
    Допаѓања:
    159.376
    Пол:
    Женски
    Не те напаѓам, само ти кажувам како стојат работите. Вистина е дека си нестабилен, да си бил немало други да слушаш. Ајде да го препишеме тоа на неискуството од врски. У реду. Но како таа да ти верува пак? Со збор нема шанси да ја убедиш, ако поаѓам од себе. Неа не ја знам. Искрено јас би те шутнала и те како. Не се лути, Тоа е мое мислење.
     
    На sj *O*, Petar80, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    73.108
    Овој лаже, баталете:^).
     
    На CharmedGirl, Cinderfakinrella, mode-kristina и 8 други им се допаѓа ова.
  15. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Многу си згрешил премногу еве од женска преспектива.
    Мене дм да ми правеше вака уште од старт очи нема да ми видеше,мртов ќе беше за мене
    немој да помислиш дека сум лоша али незнам како девојкати и после се уште е со тебе.
    Нормално дека ќе и сметаш кога си во нејзина близина и нејке да те држи за рака и друга исто би постапила.
    Незнам дали ќе можеш да ја задржиш и да и предложиш брак дали би прифатила и ако прифати тој брак ќе биде пропаст.
    Единствено решение ти е да седнете како воздрасни луѓе да разговарате во четри очи и да одлучите што ќе биде со таа врска.
    Може и подобро е да прекинете вака само се измачувате двајцата.
    Ова ти е лекција за сл.пат дека не треба никој да слушаш и најблизок да ти е денес нема прав човек денес сите се од завист и љубомора.
    Еве и кај мене многу блиски и кај него правеа се да не бидеме заедно дури ни да искочиме на состанок али бевме силни како војници се боревме силно тешко беше али на крај успеавме за сега веќе да создаваме заеднички живот.
    Искрено мн лоша е ситуацијава вие мажите на сите им верувате мислите дека се што лета се јаде али не е така ,ако другар ви каже изневерија девојкати одма ќе отидете...еден ден бидете МАЖИ и имајте свое јас
    Со среќа
     
    На sj *O*, Cinderfakinrella, blackwave и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Depresivensum

    Depresivensum Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Да лажев ќе немаше да молам за помош.Јас нејзе ја обвинив дека е крива за се, сакав да и набијам психа. На крај ме утепа. Ми е страв стварно да не најде некој добар.Верувате ли дека м се усреќува на лугето? Знаете ли примери: Ете тоа е мојот страв.

    И кажав и дека и е време за дете, кажа дека несака да има деца.И кажав дека сите имаат фамилии и деца, и викам глупи ли се они вика ме замараш.Ја осудив, ама не помогна.
     
    Последна измена од модератор: 4 август 2017
  17. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    9.926
    Допаѓања:
    126.416
    Пол:
    Женски
    Само не сфатив, мислеше дека повеќе ќе те сака ако правеше се што правеше?
    Како бе тоа си ја осудил? :^) Она тебе треба да те суди.
    Никогаш нема да ја ожениш. :lol:
     
    На Lolo5, Amona, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.668
    Допаѓања:
    24.957
    Пол:
    Женски
    Е не рекле џабе дека кој копа гроб на друг, сам влегува во него. Ти сакаше таа да пати, сега ти патиш. Стравот ти е оправдан. Не гледам ништо чудно во тоа дека може да си најде некој друг и подобар. И што е најтрагично, дури ја потценуваш дека нема да најде друг. Со тоа може само да ја предизвикаш да ти докаже.
    Велиш дека те напаѓаме а не те советуваме. Па нема што да те советуваме, ете, и најдобар да си таа веќе не ти верува. Можеме да ти дадеме еден куп романтични идеи ама и повеќе од очигледно е дека не и значи веќе твоето добро однесување. Мора многу да си ја повредил штом не ти простува и покрај тоа што се каеш. За да стекнеш доверба во некого треба многу време ама за да ја игубиш доволна ти е минута.
     
    На Cinderfakinrella, sj *O*, blackwave и 3 други им се допаѓа ова.
  19. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    16.533
    Пол:
    Женски
    Тебе или ти е досадно па се заебаваш со нас, или навистина не знам како било која би те трпела толку време.
    Па уште ја „осудил„ господинот. Ти ли бе ќе и кажуваш дали и кога и е време за дете? Толку ли си ја дигаш цената што ќе и кажуваш дека нема да најде друг, а во исто време ти е страв да не најде?
    Па треба да се молиш да си најде друг и да е среќна, а не тука на 28 години да се однесуваш како да имаш 11 и да живееш уживајќи со тоа друг да правиш мизерен.
    Ги обвинуваш „другите“ кои те учеле така да правиш, аха, а ти со толку години начукани не ти текнуваше да подразмислиш со своја глава што е добро што не, или како во четврто одделение „кој се тепа тој се сака“.
    Бог да чува што уште нема да прочитам, па уште сакал да ја жени.
    Остави ја намира.
    Не знам што уште дреме таа со тебе, кога со тебе нема иднина, а таа заслужува многу подобро.
     
    На Gosh, Cinderfakinrella, crimson и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.266
    Допаѓања:
    12.913
    Пол:
    Женски
    Тебе не знам што да ти кажам, ама дај ми име и презиме на девојката, неа да ја посоветувам нешто ;)
     
    На Amona, buba4e89, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.