Форумџика на годината

Како запознавате нови потенцијални партнери?

Дискусија во 'Сингл' започната од DK_mk, 12 јуни 2024.

  1. DK_mk

    DK_mk Нов член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    За мажи Тиндер и Бамбл се брутални, лично закачив вистински психопатки и ваљда нема квалитет таму, за жени бидејќи имаат премногу избор со +99 мечови исто брутално. Лично со одење по разни активности како собир за медитирање, теретана, трчање итн. Многу ретко некоја ќе ми прииде на журка на места како Маракана, но исто така ретко излегувам по клубови.
     
    На Decibel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. luda.mala

    luda.mala Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Пристапот денес е сведен на 0. Ретко се наоѓа пристоен пристап и од женска и од машка страна. Искрено гледам по мене. По клубови ретко излегувам и јас, претежно летно време со друштво ама не претпочитам да запознаам некој во клуб. Пристапот на инстаграм е претежно.. Е сега и тука има различни. Има некои што од никаде ќе пишат само „Здраво, како си?“ и разговорот станува монотон, нема тема на муабет. Јас како женско, немам комплекси да чекам некој прв да ми пише, би пишала и јас прва.. Ми се случило на 2-3 пати прва да пишам, но приметив дека со тоа му го кревам егото и чека да го „молам“ (јас да поканам на кафе средба, јас да го имам секој прв чекор за понатака)...
    Воглавно, и јас го имам истото прашање.. Како се запознаваат, за наоѓање има и на улица, и во маркет, но прашање е пристапот и запознавањето..
     
    На Mumoftwo30, Seli20, Melissa_39 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    18.856
    Пол:
    Машки
    Здраво, како си:rofl:
     
    На FridaodaMk, luda.mala и Realist1 им се допаѓа ова.
  4. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.061
    Допаѓања:
    1.437
    Пол:
    Машки
    Според мене најдобро е да кажеш на твои блиски дека си заинтересиран да запознаеш девојка и да те запознаат со некоја ако знаат. Реално 99% од нас во секој момент познаваме по некоја сингл особа што може да ја запознаеме со друга сингл особа.
     
    На eliesaab и Stark им се допаѓа ова.
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    18.856
    Пол:
    Машки
    Не ти е лоша идејата, јас така проширив познанства преку братучеда ми. :)
     
    На Mumoftwo30 и FreeToGo им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Секаде можеш да запознаеш потенцијален партнер / ка, па и на работа...

    Али најголемиот проблем е што мужите кај нас прво не знаат како да пријдат, и второ, не приоѓаат...

    Сори, али као маж ако чекаш тебе некоја у Маракана да ти пријде, ќе се изначекаш...
    Ок, некад и ќе се деси, али до тогаш...
     
    На IvvaNeo, CameliaMiller, Tam4yy и 21 други им се допаѓа ова.
  7. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    4.250
    Во библиотека. Пробував да земам книга, се напнував, некако успеав со прстите да ја дофатам таа која ја сакам, но повлеков уште неколку и скоро цел ред книги падна на земјата. Во целиот тој хаос со книги и листови околу мене дотрча да помогне висок, развиен младич, јас не го ни забележав. Додека ги собирав листовите и книгите, машка рака случајно ја допра и поклопи мојата. Се погледнавме срамежливо, во позадина на радио одеше ,,The Power Of Love" од Селин Дион, телата ни трепереа и образите ни станаа црвени.

    Шала мала, најчесто на апликации за запознавање (grindr, tinder, romeo), каде има навала од ,,zdr, kako si, za sto si" зомбија, а потоа следува слика од пенис.
     
    Последна измена: 12 јуни 2024
    На Riki Bambus, CameliaMiller, M&M и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    3.529
    Пол:
    Машки
    За што си? За литро жолта со некое добро парче месиште и рокче у позадина. Зар му пали ова кај жена? Мислам човече :D
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.326
    Пол:
    Женски
    Не запознавам :D

    Шала на страна не сум тип што излегува по клубови, дискотеки и сл, на кафе маживе ретко се осудуваат да пријдат. Еднаш имаше една ситуација, седнати со другарка на кафе, и група машки беа седнати блиску до нас, не гледаа, не меркаа, ни пратија срциња балончиња ама да дојдат и да направат муабет тешко.

    Онлајн дејтинг апликациине во Македонија се благо ужасни, па уште коа ќе пишат мажи дека бараат intimacy without commitment и се ти е јасно. Ситуацијава средно жалосно.
     
    На IvvaNeo, CameliaMiller, senjorita-v и 5 други им се допаѓа ова.
  10. luda.mala

    luda.mala Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Сум имала сличен случај, и без да кажам ќе се обиделе да ме запознаат со некој, сепак не сум престара за запознавање со стројници (24 имам). Ме запознале, и сум се разочарала доста.. На пример еден од нив, на првото излегување, прва средба, седнуваме на маса и ми кажа дека е би......
    На страниците за запознавање од типот на тиндер, не се наоѓа сериозна врска, реално сите се таму или за мајтап, или моментално задоволство (задоволување преку камера)..
    Жално до кај дојдовме со социјалниве мрежи, наместо запознавање еден за друг, запознавањето преку интернет е 2-3 дена и после снемува комуникација, немаш повеќе прашања, не се отвараат теми на разговор па се сведува на праќање рилсови..
     
    На Melissa_39 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.017
    Допаѓања:
    12.371
    Пол:
    Женски
    И како го толкувате ова..? Колку е доволно да се пратат за да се покаже заинтересираност? Прежално..
     
    На Decibel, Melissa_39, Realist1 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. luda.mala

    luda.mala Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Го толкувам така што, гледам дека личноста не знае да коментира на одредени теми, ќе отворам јас тема, ќе кажам некој став, дали од конкретна или секојдневна тема, но на тоа се враќа само кратко „да, така е“ - и продолжуваме со прашањата „И шо праиш ти? шо има ново?“ - А што да има ново коа 7 пати на ден исто прашање поставува.. И со тоа здосадува, се оладуваат односите колку и да сте биле загреани на почеток, и пуф - ве снемува.
     
    На Tam4yy, NoirSerpentine, Melissa_39 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    18.856
    Пол:
    Машки

    Mene ako me citashe posledno so edno devojce taka, se svedi na reels seto i ne ni se obidivam da otvoram temi pojche i se otkazhav.. mi reagira komentira story i nekoi cute postapki vo zivo, ama pisuvanje samo gluposti i reels.. mozebi seushte ne saka nishto seriozno ili ednostavno tqkvi generacii se.. 22 ima taa.
     
    На Mumoftwo30, luda.mala и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. luda.mala

    luda.mala Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Па, немате исти интереси можеби, со тоа и нема теми на разговор.. Можеби ти си посериозен и разговараш на посериозни теми, имаш посериозни намери, а таа можеби уште го живее животот од денес за утре и најголемата „мака“ денеска е кај да оди викендов на провод..
     
    На Melissa_39 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    18.856
    Пол:
    Машки

    Tokmu taka i beshe, najbitno e kaj ce se pie hahah, a jas za zhal ce vrknam 30 mesecov i pominato mi e..

    Ama od druga strana pa vrska imav bas na nejzina vozrasy devojce i beshe sosema poinaku.. ne mora da znaci deka e i do godinite zrelosta.. kako i da e, bilo pominalo..
     
    На Realist1 и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.017
    Допаѓања:
    12.371
    Пол:
    Женски
    @Stark па сето стана преку мобилниве, тоа е тоа. Дома ретко некој да седне со своите, како некогаш што било. Не знаат да се понашаат. Во ред, никој не бара да се преозбилни ама два реда муабет да нема..
     
    На Seli20, angjelina, Melissa_39 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    178.998
    Прво да кажам-дејтав пред 100 години. И да, сегде може да запознаеш некого. Прашањето е што очекуваш од потенцијалниот /идниот партнер.
    Пошто верувам дека треба да кликнеш со некого, во запознавање во кафани и супермаркети не верувам, оти шансите да имаме слично интереси и погледи на свет (освен ако не сме професионални пијаници или купувачи) се скоро никакви. Значи скоро сите луѓе сум ги запознала или како пријатели на пријатели (случајно, но сепак со некаква ,,референца за нормалност,,- оти моите пријатели сум ги одбрала ради слични интереси, нели, па ваљда и нивните би биле тука негде), или во сфера на професионални или полупрофесионални интереси.
    Зборот ми беше, ова пријатели на пријатели сеуште функционира, од лани до годинава колега се пресели и заживеа со жена, со која има и дете - запознаена преку пријатели. Го имаше истиов проблем, не дејташе преку апликации, врските со рандом особи од супермаркет не му функционираа.
    Мислам ако сте двајцата пасионирани плетачи, или вежбачи, или танчери, може и на курс по истиве, ама баш и не верувам дека е тоа честа ситуација.
     
    На Tam4yy, senjorita-v, Snowflake97 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. luda.mala

    luda.mala Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Да, не е до годините, има на 20 што се спремни за 2 деца да гледаат, и на 30 што не ни помислуваат на тоа..
     
    На daylight, Melissa_39, Realist1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.612
    Допаѓања:
    18.856
    Пол:
    Машки

    Jas najgnasnoto stvorenje sho nekogas go imav i ja mislev ljubov na mojot zivot i prijstelka od detstvo e pomala od mene edna godina. :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    3.529
    Пол:
    Машки
    Како ќе работи врска преку апликација, еве одиш на инста секоја една е со 5000+ фоловерс, сликите обработени манекенка, филмски на места париз халкидики брендирани алишта кученце. Што работиш ништо студирам… Теми на разговор секогаш може да се најдат меѓутоа најмногу од се се ориентира на шетање луксузен живот и прикажување на истото на социјалните мрежи додека времето поминато со некој го трошиш да сликаш дека многу ти е убаво а уствари не си сврзал ни два збора. Па ќе сликаат шо си јадел шо си пиел па кај си бил и на овој начин се претставува некој фенси живот кој нема врска со реалноста. Ја преферирам средби во живо запознавање преку колега колеска другар или другарка на некоја журка или кафе и продолжување натаму. Во моментот неќам женска мравка да имам до мене не па партнер. Во секој случај се изменија времињата и вредностите се повеќе се живее за другите одколку за себе. Тоа е тоа имам десет а уствари сум сам немам ни еден/а - европски вредности
     
    На Peharis, 2cents, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.