Како знаците сакаат и мразат

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 5 април 2012.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.961
    Овен

    Импулсивни, нестрпливи и отворени, вие се вљубувате преку ноќ, на прв поглед. А, кога љубите, тоа го правите силно и страсно, не размислувајќи за последиците. Ваша цел е да го поседувате “предметот на сопствените копнежи” па макар на половина час. И нема ништо лошо во таквото однесување се до мигот кога на истиот начин ќе си заминете и од животот на вашиот партнер, без збор и преку ноќ. Затоа, ако партнерот сака подолго да ве задржи во своите прегратки, ќе треба постојано да ви ласка и отворено да се одушевува на вашето знаење и на мускулестото тело. Секој негов обид да ви се спротивстави го предизвикува вашиот гнев. Во таквите моменти, најдобро ќе биде тој подалеку да избега од вашето видно поле. Во спротивно, не само што ќе ја навредувате личноста која до вчера ја бакнувавте, туку во екот на кавгата ќе искршите се што ќе ви се најде до рака. И можеби миговите на омраза кратко ве држат, но тие се доволно силни да му втераат на партнерот “страв во коските”. Уште повеќе што вие никогаш нема да се покаете, ниту да му се извините.
    Бик

    Меланхолични и бавни, вие тешко го отварате пристапот што води до вашето срце. Но, ако постојано го прегрнувате и бакнувате партнерот, тоа е сигурен знак дека сте веќе вљубени. А, тоа чувство кај вас може да трае вечно. Своите чувства ги изразувате преку нежните допири и тажниот поглед. Не сте способни за големи љубовни изјави и ветувања. Проблемите започнуваат тогаш кога ќе ја покажете својата љубомора и посесивност. Меѓутоа, свесни дека се тоа срамни чувства, вие ниту за “жива глава” нема да ги признаете, иако со нив ќе биде напоена секоја ваша клетка. А, бидејќи ја застапувате идејата дека љубовта доаѓа од стомакот, ќе започнете да го обожавате партнерот кога ќе се уверите во неговите готвачки способности. Но, ако тој ви “згазне на жуљ” и ако одлучите да му ставите “крст”, тоа сигурно ќе биде засекогаш. Вашата тврдоглавост нема да ви дозволи да ги прегазите своите принципи.
    Близнаци

    Во вашето срце не престојува долго ни љубовта, ниту пак омразата. И кога сакате и кога мразите, тоа обично го правите површно и разиграно. Можеби затоа луѓето не ве сфаќаат сериозно. А, уште помалку знаат дека причината за таквото однесување се крие во вашата љубопитна и променлива природа, која ужива во флертот. Но, ако сте навистина вљубени, тогаш отворено ќе му зборувате на партнерот за своите чувства и ќе го затрупате со подароци. Меѓутоа, тој период кратко ќе трае. Главниот предизвик во љубовта за вас не е еротиката, туку духовитиот и интригантен разговор. Значи, партнерот ќе може да го задржи вашето внимание откривајќи ви ги најновите трачеви од градот и раскажувајќи ви масни вицеви. Прекрстените раце и молчењето во ваше друштво ги сметате за најголем грев и полека ќе започнете да се оддалечувате од личноста што така се однесува кон вас. Кога некого мразите, тешко се забележува, бидејќи во принцип ги избегнувате кавгите. Најчесто се одмаздувате со озборување. Значи, ако некого замразите, сите ваши поблиски и подалечни пријатели ќе дознаат за интимните пикантерии од вашиот живот.
    Рак

    Длабоко емотивни, но тивки, вие сте вистински зависници од љубовта. Меѓутоа, љубите и страдате во тишина, не покажувајќи му ги своите чувства никому. Доказ дека сте вљубени е вашата неодолива потреба од нежни допири и срцепарачки зборови. Во таква состојба, во љубовен транс и гугуткајќи на перница, вие сте способни да го поминете и целиот живот. Срцето би можеле евентуално да го отворите пред партнерот за време на некоја романтична прошетка покрај море или на романтичната вечера залеана со добро вино. Но само откако прво партнерот ќе ви ги покаже своите чувства. А, ако тој си го дозволи луксузот да ве повреди, навидум безопасни, вие ќе се претворите во негов најголем непријател кој нема да се смири додека не му се одмазди. И тоа на начин како што тој најмалку очекува. Меѓутоа, и откако ќе му вратите “мило за драго”, вие никогаш нема да го заборавите неговиот грев.
    Лав

    Театрални, гласни и фалбаџии, кога срцето ви го погодува Аморовата стрела, вие го објавувате тоа на цел глас. Не се срамите од чувствата кои се силни, огнени и искрени, па дури ги искажувате на помпезен начин. Партнерот ќе знае дека сте “до уши зацапани” во него ако започнете да го опсипувате со скапи подароци и да го изнесувате по луксузни ресторани. Тоа е вашиот стил, на “голема врата” да влезете во неговиот живот и да го завземете најважното место во неговото срце. Меѓутоа, добро е ако партнерот знае дека “паѓате” на истите работи. Значи, ширум ќе ги отворите очите пред златниот накит и останатите скапи подароци. И што е можеби најважно, партнерот треба да знае дека не ја сакате монотонијата и просечниот стил на живеење. Но, ако некако се случи тој да ја повреди вашата скапоцена суета, сигурно ќе го избомбардирате со куп навреди, ќе се свртите и ќе си отидете од неговиот живот со крената глава.
    Девица

    Нагласено рационални и длабоко аналитични, вие ретко кога безглаво се впуштате во љубовните игри. Всушност, секогаш кога станувате свесни дека при налетот на чувствата “стомакот ви се врзува во чвор” ве фаќа паника и го притискате копчето на кое пишува “Внимавај!” Меѓутоа, и покрај воздржаното и студено однесување, во вашите гради чука немирно срце кое копнее по љубов. Па, ако некој си зел тешка задача да ве освои, ќе мора долго да чека и чекор по чекор да ви се приближува. А потоа, ќе биде пожелно да најде начин да ве увери во својата верност, лојалност, како и во смислата за практично. Притоа, вие дефинитивно ќе го “развиорите белото знаменце” кога на првата посета во вашиот дом, партнерот ќе ги соблече чевлите уште во претсобјето. Простите пак зборови и пцовките ќе му донесат негативни поени. А, ако ја има таа среќа да ви се замери, тогаш ќе почекате прво да се врати дома, бидејќи се плашите од директни судири, за преку телефон да го искритикувате неговото однесување.
    Вага

    Како дете на Венера, божицата на љубовта, вие копнеете по совршена љубов и се чувствувате комплетно само со партнер покрај себе. Но, во земниот живот ништо не е совршено. Затоа често се лажете во проценките и се соочувате со емотивни разочарувања. Сепак, подготвени сте целиот свој живот да го поминете во потрага по идеалниот партнер. А кога ќе помислите дека сте го нашле, тогаш се предавате без многу размислување. Дури сте подготвени и на жртви, со цел да ја одржите идиличната слика за животот во двојка. Личноста што сака да ве освои сигурно ќе успее во тоа само ако кон вас се однесува рафинирано, со многу такт и внимание. Уште подобро ако секојдневно ве опсипува со скапи и одбрани подароци. Но, ако улулкан во вашата доживотна љубов, партнерот се дрзне да ве повреди, тогаш треба да се подготви за вашата одмазда. Ќе сторите се за уште следниот ден да прошетате пред него прегрнати со друг партнер, како тој никогаш да не постоел во вашиот живот.
    Шкорпија

    Оние што барем еднаш се нашле во вашите прегратки тврдат дека љубовта на Шкорпиите е страсна и фатална. А, бидејќи за вас работите се или црни или бели, кога вие сте вљубени, обземени од бранот страсти, не умеете да се воздржите. А, кога со следниот бран ќе ве заплиснат посесивноста и љубомората, започнувате да се однесувате неразумно. Всушност, ако не сте сигурни дека можете да ја имате вечно својата љубов, со истиот интензитет, подготвени сте самите да ја уништите. Но, ако покрај се, партнерот посака постојано да го одржува буден вашиот интерес и вашата страст за него, тогаш ќе мора да го нагласи својот сексапил и таинственоста. Исто така, тој треба да има во предвид дека кај вас е тенка границата што ја дели љубовта од омразата. Па, ако на некаков начин ја испровоцира вашата омраза, тогаш ќе почувствува колку страст и жестина вие можете да внесете во одмаздата. И тоа не е се. Всушност, тоа е само почеток на една долготрајна тортура.
    Стрелец

    Весели, ведри и искрени, вие љубовта ја разбирате како игра која може да ви го разубави здодевното секојдневие. Оптимисти во душа, вие не гледате причина “зошто би ги криеле чувствата, ако сте вљубени?” Затоа, љубите искрено. Но, повеќе од се, ја љубите слободата. Па, со цел да ја сочувате, секогаш верно го следите правилото “љуби, љуби, но главата не ја губи!” Значи, личноста која ќе ве стави во центарот на нејзините љубовни фантазии треба да знае дека најлесно ќе ве освои ако ве однесе на незаборавно патување во некоја егзотична земја. А, вие дефинитивно ќе и “јадете од рацете” кога ќе заклучите дека покрај себе имате весела и неоптоварена личност која ве прифаќа такви какви што сте, без никакви принуди, уцени и љубоморни испади. Но, нејзините шанси кај вас ќе се намалат ако забележите дека долго спие и дека го сака излежувањето во кревет. Сепак, вие не умеете да мразите. И можеби во напад на бес ќе изнакажете сешто. Но, откако ќе сфатите дека сте ја повредиле личноста што ја сакате, сигурно ќе барате прошка.
    Јарец

    Посветени на постигнувањето професионален успех и материјално богатство, вие од мали нозе учите како да ги потиснете чувствата, убедени дека нивната превласт не носи многу среќа во животот. Што е уште пострашно, за вас љубовта најчесто оди “рака под рака” со отфрлањето и страдањето. Но, ако некој смета дека токму вие сте одговорот на сите негови “љубовни соништа” и ако има “време за губење”, тогаш ќе треба да изоди трнлив пат. Всушност, на секој ваш потенцијален партнер ќе му треба многу време и трпение да дочека да се стопи сантата мраз во која го криете своето лесно ранливо срце. Можеби ќе се отворите дури откако ќе се убедите во неговата скромност, штедливост и во неговата смисла за практично. Но, никогаш нема комплетно да му се предадете. Доказ дека повеќе не сте вљубени е студенилото во вашето однесување. А, вие мразите исто како и што љубите, постојано и вечно.
    Водолија

    Потполно непредвидливи за се во животот, вие сте непредвидливи и во љубовта. Во еден миг ќе бидете подготвени да ги симнете сите ѕвезди од небото за личноста што ви се допаѓа. Но, веќе во следниот миг можете да исчезнете или да се однесувате кон неа само како кон најдобар пријател. Меѓутоа, вие сте како измислени за секој оној кој е во потрага по либерална и оригинална љубов, бидејќи вие барате слобода, но истата му ја дозволувате и на партнерот. Притоа, вашиот партнер не смее ниту на сон да помисли да ви ја искажува љубовта преку љубомора. За вас, љубомората не е доказ за љубов. Но, ако работите започнат да се одвиваат во правец на омразата, партнерот треба да ви се тргне од патот во првиот момент, додека сте обземени од бесот и лудилото. Зашто, ако не му направите нешто лошо веднаш, тогаш нема да му направите никогаш.
    Риби

    Кога вие се вљубувате, а тоа често ви се случува, минувате ноќи и денови сонувајќи со отворени очи и пишувајќи поезија за објектот на својата љубов. Но, честопати љубовта ја поистоветувате со солзите и жртвувањето. Па, со цел да го задржите контактот со реалноста, имате потреба од многу нежност и разбирање од страна на партнерот. А, кога стравот од невозвратената љубов ќе надвладее, тогаш запаѓате во хронична депресија и душата си ја олеснувате преку потоците солзи. Секој оној што сака да ве освои треба да знае дека ќе “пливате секогаш до него” ако на уво ви ги шепоти познатите љубовни стихови. А, ќе останете без здив ако за време на летувањето ви предложи да ги исончате и најскриените делови на телото. И нормално, вие не умеете да мразите. Највисок степен на вашата одмазда е да го “дигнете носот” убедени дека тоа ќе ја повреди вашата жртва.
     
    На Liberate, Monii4eto и danichap им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.540
    Допаѓања:
    231.967
    :$ :clap:
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.961
    Тука ќе постирам и др под теми нели поврзани со љубовта и врските и сл. кај знаците ...

    Колку знаците умеат да ја сочуваат индивидуалноста во врските

    Овен

    Ако вашата брзогоречка Овновска љубов не исчезне со првиот налет на страстите и ако се претвори во нешто трајно, тогаш е сигурно дека партнерот барем навидум ви ја препуштил улогата на “газда во куќата”. Тогаш, себични по природа и нечувствителни на туѓите потреби и проблеми, вие ќе се обидете да ги наметнете своите правила на играта. Значи, на вашата територија никој, па дури ни партнерот не ќе може да стапне без ваша дозвола. Вие ќе раководите со своето слободно време. Нема да се откажете од ништо. Но, никако не ќе можете да сфатите дека со претераните изливи на страст и со постојаните барања, всушност го гушите оној за кого тврдите дека го сакате. Меѓутоа, истиот љубовен рецепт не го прифаќате кога доаѓа од спротивната страна. Па, бидејќи не сакате да полагате никакви сметки пред никого, ако партнерот постојано ви повторува: “Те сакам, а ти мене?” ќе исчезнете со брзина на светлината.
    Бик

    На вашето скалило на вредности во животот највисокото место го завземаат сигурноста, еротиката, добрата храна и уметноста. Издржливи и постојани, како што можете да консумирате големи количества храна, така вие можете да консумирате и многу љубов. И макар што во принцип умеете да возвратите со онолку љубов колку што добивате, проблемот би можел да се јави тогаш кога на партнерот ќе му покажете дека го сметате за своја сопственост сето она што ви се допаѓа. Па, на вашиот имотен лист, покрај станот и автомобилот, ќе стои запишано и неговото име.
    Близнаци

    Вие сте силни на зборови и интересни во друштво. Затоа, животот со вас наликува како живот во циркус. Вие честопати заборавате на време да ги платите сметките, да купите леб и млеко, да ги земете децата од градинка. Но, итри и брзи по природа, со својот шарм умеете вешто да ги амортизирате забелешките од страна на домашните и да ги одржите на пристојно ниво односите со семејството. Во своите пак врски, повеќе барате лежерни разговори, многу излегувања, интелектуален склад, отколку емоции. Затоа, “добивате сипаници” ако партнерот го проверува секој ваш чекор. А, дефинитивно бегате каде што нозете ќе ве однесат кога кај партнерот ќе почувствувате премногу силни чувства и разгорени страсти.
    Рак

    Нежни и внимателни, вие сонувате за врска во која партнерот комплетно ќе ви се предаде и ќе обезбеди разни докази за својата љубов. Затоа, не станува збор дека можете да ја доживеете туѓата љубов како гушење. Напротив, вие сметате дека се што му припаѓа на партнерот, автоматски е и ваше и обратно. Значи, вашиот партнер треба да прифати дека неговото слободно време ви припаѓа вам, како и неговите роднини и пријатели, неговите пари и хоби. За сметка на тоа, вие ќе го сакате она што го сака и вашиот партнер, ќе му ги подготвувате омилените јадења, ќе му купувате чорапи и долна облека. Но, ќе барате ист третман и од негова страна. И на крајот, што ќе му е на партнерот времето посветено само на себе, кога ве има вас?
    Лав

    Вие сте вистински семејни луѓе, но само ако сте главни во домот. Па, ако сте маж, никој во семејството не смее да ви пререче, ни старо ниту пак младо. Додека ако сте жена, ќе ги третирате мажите како слуги и поданици кои се покрај вас само за да ги исполнуваат вашите желби. И тоа мора да биде така и никако поинаку. Исто како и мачките кои се галат само тогаш кога тие го сакаат тоа, и вие прифаќате само онолку љубов и внимание колку што во моментот му одговара на вашето его. Значи, на почетокот, љубовта на партнерот ви импонира, бидејќи ја доживувате како потврда на сопствениот шарм и неодоливост. Но, ако партнерот се занесе во изливот на емоциите, вие чувствувате дека ја губите доминацијата во врската. Тогаш сигурно ќе за’ржете за да покажете “кој е кој”. А, ако се знае дека вашите “поданици” мора да кренат два прста кога сакаат нешто да кажат, тогаш сами заклучете каков е вашиот однос кон туѓата индивидуалност.
    Девица

    Како олицетворение на рационалното, вие и своите врски ги градите на тој принцип. Така, во вашиот живот на прво место е работата, па семејството, потоа долго, долго, нема ништо, по што следуваат нежноста, љубовта и еротиката. А, аналитични какви што Господ ве дал, вие уште од мали нозе сфаќате дека кога се во прашање чувствата, тука не може да помогне разумот. Затоа започнувате да ги контролирате своите надворешни реакции. Така, на почетокот од врската, љубовта на партнерот ви помага да се ослободите од своите внатрешни кочници. Но, не можете долго да го издржите тоа напорно темпо. Па, ако партнерот не се соземе на време и не ги намали своите емотивни барања, тогаш сигурно ќе дојде до “краток спој”. Вие барате другата страна да ја почитува вашата интима, додека истовремено будно го следите секој чекор на партнерот.
    Вага

    Вие сте најголемите шминкери и шармери во Зодијакот, имате пробирлив вкус. Затоа ви треба многу време додека да ја пронајдете љубовта на својот живот. Но, откако тоа ќе се случи, ќе направите се за да ги задоволите потребите на партнерот и семејството, а со тоа да го одржите “пламенот во кандилото” на сопствената среќа. Па, ако партнерот сака да ја сочува вашата љубов, тогаш не смее да заборави дека вие сте друштвена личност, дека имате свој личен животен ритам во кој не виреат зборовите “брзање” и “форсирање”. Од друга страна, можете многу долго да ја толерирате и поднесувате врската што ве гуши. Па ви треба долго време да си признаете дека некој однос ви пречи и не ве исполнува. Но, и откако ќе си признаете, ќе го “трпите” партнерот за да не го повредите. Ќе се осмелите да излезете од врската дури откако ќе се почувствувате “притеснети до ѕид”. Сепак, тоа ќе го направите полека и со многу такт.
    Шкорпија

    Вие привлекувате со својот огромен сексуален, емотивен и ментален интензитет и со она нешто “диво” во себе што умее да биде неодоливо за личностите од спротивниот пол. Но, секој нов ден во животот со вас е како лото извлекување, бидејќи никој не може да ги предвиди вашите реакции. Умеете да бидете топли и пожртвувани. Но, кога ќе ви дојде “жолтата минута” се претворате во сурови и цинични насилници. Партнерот никогаш не ќе знае на што е со вас, бидејќи тешко се отворате. Но, ако и покрај се тој е подготвен животот да го помине со вас, тогаш треба да прифати дека постојано ќе биде проверуван, следен и “мрцварен” од вашата љубомора. Но, никако, ниту на сон, не смее да помисли да ви врати со истата мерка! Тоа вие едноставно не ќе можете да го поднесете.
    Стрелец

    За вас е вистинско мачење кога морате постојано да го гледате истото лице и истата покуќнина. Затоа, повеќе ви одговара улогата на пријател и љубовник, отколку на квалитетен партнер за брак. Во брак влегувате или на млади години, кога од незнаење ја мешате краткотрајната страст со љубовта, или како многу возрасни со цел да ги задоволите нормите на општеството. Но, дури и тогаш барате комплетна слобода, време само за себе, за сопствените интереси, хоби и пријатели. Затоа, ако некој се обидува да ве намами во својата “љубовна мрежа” и ако се надева дека ќе ви ги наметне своите правила на игра, тогаш додека да се освести, вие ќе “збришете” во непознат правец.
    Јарец

    Вие сте идеален партнер за личноста чиј животен сон е да има богато и стабилно семејство. Но, бидејќи се си има своја цена, партнерот ќе мора да го прифати фактот дека вие ќе го обезбедите семејството со се што му е потребно, но не со сопственото присуство. А, љубов ќе водите само тогаш кога вие ќе посакате. Во спротивно, ако вашиот партнер ви покаже силини чувства, би можел да ја поремети вашата емотивна рамнотежа и да им се закани на вашите професионални и финансиски соништа. Па, ако се почувствувате “притиснати до ѕид” од силните емоции, тогаш би можеле да “испарите” од неговата близина за миг. Значи, вашиот љубовен живот се одвива по однапред испланирана шема, вие избирате, вие љубите, вие оставате. На партнерот му останува само да се вклопи во шемата или да “крене раце” од се.
    Водолија

    Вие сте забавни, друштвени и весели. Затоа, животот со вас никогаш не е здодевен, макар што знае да биде исцрпувачко искуство. Како толерантна личност, вие имате чувство за туѓата индивидуалност и потреби. Затоа, ќе му оставите доволно слободен простор на партнерот. Чесно ќе ги извршувате брачните обврски. Одлично ќе комуницирате со децата. Сепак, мора да почувствувате дека никој ништо не ви брани и ништо од вас не очекува. Па, ако партнерот се лути што од време на време сакате да се издувате сами, во некое весело друштво, и ако се обиде да ви наредува, тогаш во вас ќе се разбуди бунтовникот и ќе ве натера да дезертирате од бракот. И уште нешто. Вие не трпите постојани изливи на љубов, убедени дека тоа е нешто што само од себе се подразбира.
    Риби

    Вие можете да живеете само во “море од љубов”. Па, ако се случи да се најдете надвор од него, ќе се задушите или компензација ќе побарате во алкохолот, опојните средства, во музиката, уметноста, во духовните дисциплини. Но, ако наидете на личност која се однесува исто како вас и умее да ве задуши со силината на своите чувства, тогаш на среќата ќе и нема крај. Бидејќи вам никогаш не ви е доста од туѓите докази за љубов. Затоа, одлично функционирате со партнер кој има исто толкави барања. Сепак, вашиот партнер ќе треба да прифати дека не се снаоѓате многу во домаќинството и да биде подготвен дека лесно ќе му се “слизнете низ раце” само ако почувствувате дека можете да добиете повеќе љубов на друго место.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.736
    Рак
    Длабоко емотивни, но тивки, вие сте вистински зависници од љубовта. Меѓутоа, љубите и страдате во тишина, не покажувајќи му ги своите чувства никому. Доказ дека сте вљубени е вашата неодолива потреба од нежни допири и срцепарачки зборови. Во таква состојба, во љубовен транс и гугуткајќи на перница, вие сте способни да го поминете и целиот живот. Срцето би можеле евентуално да го отворите пред партнерот за време на некоја романтична прошетка покрај море или на романтичната вечера залеана со добро вино. Но само откако прво партнерот ќе ви ги покаже своите чувства. А, ако тој си го дозволи луксузот да ве повреди, навидум безопасни, вие ќе се претворите во негов најголем непријател кој нема да се смири додека не му се одмазди. И тоа на начин како што тој најмалку очекува. Меѓутоа, и откако ќе му вратите “мило за драго”, вие никогаш нема да го заборавите неговиот грев.Точно од збор до збор :$ :clap:
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.961
    Знаците и верноста


    Како ќерки на Венера и синови на Марс, мажите и жените кога се во прашање љубовта и верноста се однесуваат на различен начин.

    Овен

    Ако сте жена, темпераментна и самосвесна, честопати само за забава и со цел да си докажете себеси дека сте неодолива, ќе се обидете да го заведете токму убавецот по кој останатите жени лудуваат, дури и кога сте во брак. Во такви ситуации, не сте ни свесна дека се впуштате во неверство. А, за иронијата да биде поголема, во исто време позеленувате од љубомора на секоја претставничка од поубавиот пол која ќе се најде во друштво на вашиот измамен сопруг.

    Ако сте маж, сигурно сте горд што ве “бие глас” дека сте најголемиот заводник во вашата средина. Меѓутоа, кога вие изневерувате, го правите тоа без стил, задоволувајќи се само со “еднократна употреба” на својот љубовен плен.
    Бик

    Ако сте жена, сигурно сте свесна дека ја потпалувате еротската фантазија кај личностите од спротивниот пол. Но, вие секогаш одите на сигурно, трудејќи се за себе да ја задржите сликата на стабилна жена, добра сопруга, одлична домаќинка и грижлива мајка. Затоа, кога вие се одлучувате за неверство, тогаш мора да бидете над 90% сигурна дека вашиот љубовник ќе биде ваш следен брачен партнер. Притоа, тој мора да биде личност што би можела да ви помогне во подобрувањето на материјалната состојба и во кариерата.

    Ако сте маж, се однесувате како колекционер. Независно дали се работи за куќи, пари, уметнички предмети, русокоси или бринети. На верност ве принудува само стравот дека ќе биде нарушен вашиот комодитет и ќе биде намалено вашето богатство.
    Близнаци

    Многумина тврдат дека пред знакот на Близнаците треба да стои зборот неверни, напишан со големо Н. Меѓутоа ако сте жена, вие не сте неверна од раѓање, туку вашиот немирен дух и широкиот круг на познајници ви создаваат многу шанси за такво нешто. Исто така, вие можете да се впуштите во неверство и во знак на одмазда. А, можете да бидете верна и до крајот на животот само ако наидете на интелигентен и таинствен партнер кој ќе умее да го задржи вашето внимание.

    Ако сте маж, вие не ги избирате своите жртви. Па, тие не мора да бидат ниту убави ниту паметни, не е важно дали ве сакаат или не, вие напаѓате по секоја цена. За ваша среќа, природата ве направила “силен на збор”. Тоа ви помага да ја повратите довербата од страна на партнерката.
    Рак

    Ако сте жена, убава, еротична, приврзана за домот и семејството, подготвена во име на семејната среќа да се откажете од амбициите, вие би требало да бидете модел за верност. Но, проблемот се јавува тогаш кога не се чувствувате доволно галена и заштитена од страна на оној кому сте му го предале своето срце. Во тие моменти вие посакувате да се впуштите во неверство со првиот човек кој ќе ви понуди ексклузивно место во неговиот живот. Сепак, за желбата да се претвори во реалност би требало да се поклопат повеќе околности истовремено.

    Ако сте маж, честопати размислувате како би изгледало кога би тргнале по “паралелен колосек”. Но, никогаш нема да и дозволите на авантурата да ве “исфрли од колосек”. Вие всушност сакате само малку да пробате од “забранетото овошје”. А, ако тоа ви се допадне, тогаш загризувате до крај.
    Лав

    Ако сте жена, вие “паѓате” на комплименти. Затоа е опасно ако вашиот сопруг загуби интерес за вас, ако се претвори во суштество кое по враќањето од работа се “фрла” во фотељата со весникот в раце, слеп за вашата нова фризура или парфем. Тогаш вие со дигната глава ќе промрморите: “Ако не ти, има кој да забележи” и без око да ви трепне ќе се впуштите во авантура со првиот маж кој умее да дели комплименти.

    Ако сте маж, имате потреба да чуете од партнерката дека сте најдобар во се. Но, кога тоа не е така потврдата ја барате на друго место. Најсреќен сте кога не мора многу да се мачите и кога онаа на која сте и “фрлиле око” сама ќе ви дојде во прегратки. Значи, вие најчесто изневерувате тивко и со малку зборови. Притоа не е важно како, кога и со кого. Важно е дека сте успеале да си ја вратите самодовербата.
    Девица

    И покрај тоа што за Девиците се мисли дека се тивки, срамежливи и верни, жените Девици би можеле да се поделат во две групи. Ако спаѓате во првата група, тогаш сигурно имате силна способност за самоконтрола. Пред да стапите во брак, долго ќе премислувате од страв дека би можеле да направите грешка. Затоа е можно да влезете во брак без љубов. Ако спаѓате во другата група, сигурно се однесувате сосема слободно на секој можен план, вклучувајќи го тука и сексот.

    Ако сте маж, воопшто не сте заинтересиран за некоја авантура на брзина, со неизвесен резултат. Вас ве интересираат само врските што се квалитетни. А, ако некогаш ви се случи некаков излет, по завршувањето на истиот најчесто одлучувате да и се вратите на постојаната партнерката.
    Вага

    Иако институцијата брак е веројатно измислица на некоја Вага, Вагите се мајстори на кокетирањето, со очајничка потреба од комплименти. Па, ако сте жена, ќе дадете се од себе да го направите својот брак среќен. Но во моментот кога ќе почувствувате дека партнерот не ве третира на вистинскиот начин, пофалбите ќе ги побарате на друго место. Интересен е и податокот дека сте во состојба да сакате повеќе мажи истовремено, а вашиот брак притоа да не изгуби на присност и квалитет. Навидум сите се среќни. Додека, потребата да направите неверство само со цел да им ја докажете својата моќ на другите жени, дефинитивно е детинест мотив.

    Ако сте маж, вие имате потреба од цврста врска, како отстапница. Tаа ви дава крилја во моментите кога ќе се појави вистинската шанса за неверство. Всушност, вие сте похрабри да изневерите кога знаете дека имате каде да се вратите.
    Шкорпија

    Ако сте жена, екстремна, страсна, со вулкански темперамент, кога сте во брак со партнер кој не ги задоволува вашите очекувања, најчесто се одлучувате за три екстремни варијанти: или започнувате целибат казнувајќи се себеси за погрешниот избор, или го напуштате партнерот по кратка постапка или се одмаздувате заведувајќи го неговиот најдобар пријател. Меѓутоа, ако сте задоволна од вашиот сексуален живот со брачниот партнер, тогаш сте олицетворение на верност.

    Ако сте маж, вие сте неверен по определба. Па, не е чудно ако наутро се состанете со една жена, на пладне со друга, а навечер со сосема трета. Вие всушност уживате кога ги повредувате женските срца, замислувајќи дека на тој начин ја покажувате својата доминација.
    Стрелец

    Ако сте жена, вашата ведра природа и дружељубивоста ќе ви обезбедат куп додворувачи. Но, ако веќе сте го победиле стравот дека партнерот би можел да ви ја ограничи слободата и ако веќе сте влегле во брак, тогаш останувате верна до крајот на животот. А, ако работите тргнат во несакан правец, тогаш прво ќе го напуштите “семејното гнездо”, па потоа ќе започнете со потрагата по нов партнер.

    Ако сте маж, сигурно си земате преголема слобода и лесно се впуштате во авантура. Но, во последен момент, со цел да не кренете премногу прашина, вие ќе ја примените тактиката на повлекување. Сепак, ретко ви успева да останете незабележан. Додека во некои случаи, за вашите неверства ќе дознае целото соседство.
    Јарец

    Ако сте жена, преполна со чувства што не умеете да ги изразите, најчесто ниту на сон не помислувате да го изневерите партнерот и покрај безбројните шанси. Тајните состаноци ги сметате за недостојни работи бидејќи тие би можеле да ви го искомплицираат животот. Затоа, ако некогаш се одлучите за неверство, тогаш тоа ќе го направите со цел да го казните партнерот за неговата неспособност или заради некаков интерес.

    Ако сте маж, вие навидум сте студен и незаинтересиран. Но, со стареењето и со стекнувањето пари и моќ, станувате вистински заводник кој ќе се гордее со секое освоено женско срце.
    Водолија

    Ако сте жена, кога влегувате во брак, вие навистина планирате да му останете верна на сопругот. Но, бидејќи имате потреба да бидете галена и чувана и бидејќи вашите сензори за самоконтрола се најчесто слаби, не успевате на време да запрете пред искушенијата. Тоа, не значи дека секогаш одите до крај. Затоа, во вашите “врски од страна” повеќе има кокетирање и натегање отколку вистински љубовен жар. Сепак, ако поседувате поголема храброст, најчесто влечете вистински коцкарски потези и одите на “се” или “ништо”.

    Ако сте маж, вие речиси секогаш го правите она што другиот ви го брани. Па, ако партнерката не ви остави комплетна слобода во врската, тогаш ја искористувате првата шанса што ќе ви наиде на патот за неверство. И уште нешто, ќе се обидувате да ги држите под контрола дури и партнерките со кои што повеќе немате ништо заедничко.
    Риби

    Ако сте жена, веројатно веќе знаете дека сте омилена кај мажите заради вашата наводна попустливост и способноста да се жртвувате за партнерот и врската. Затоа, секоја нова врска за вас е всушност очајнички потег за спасување на актуелната. А, неверството е само повик за помош. А, кога вие тонете, тонете до дното. Затоа, ниедна вонбрачна врска не може да ве направи среќна.

    Ако сте маж, тешко се одлучувате на љубовен излет. Но, ако само еднаш запливате во водите на неверството, вие станувате експерти за оправдување на сите сомнителни ситуации. Па, во состојба сте да измислите такви лаги во кои и самите започнувате да верувате веќе по неколкуте изговорени реченици.
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.961
    Знаците, комуникацијата и зависноста од телефонот

    Овен

    Непосредни, отворени и гласни вие немате поголеми проблеми во комуникацијата со луѓето. Посебно со претставниците од спротивниот пол, кои се трудите да ги освоите со духовитите приказни и со секси забелешките. Вашите пак проблеми се јавуваат дури тогаш кога во близина ќе се најде некој што ќе посака да доминира како вас или некој што ќе му се спротивстави на вашето Овновско височество. Не можејќи да ја поднесете конкуренцијата и да разговарате на академско ниво, вие лесно преминувате на навредување. А, бидејќи телефонот е едно од средствата за комуникација, така се однесувате и со него. Зборувате гласно, посебно кога другите треба да чујат колку сте барани. Не се воздржувате ниту од пцовки. А, кога сте вљубени тоа треба да го дознае целиот свет. По сто пати на ден му се јавувате на “предметот на вашите желби”, оставате жешки СМС пораки. За нечија среќа или за жал, тоа брзо ви поминува, бидејќи со каква што брзина се “загревате” за работите со уште поголема ги заборавате. Речиси секогаш го имате најновиот и најсофистициран модел на мобилен телефон. Но, меракот ви поминува во моментот кога ќе ја видите рекламата за уште поновиот модел.
    Бик

    Во комуникацијата со луѓето на почекот сте затворени. Своето вистинско лице го покажувате дури откако ќе бидете убедени дека се наоѓате на “сигурен терен”, меѓу луѓе кои ве разбираат. Тогаш ви се “разврзува јазикот”. Посебно кога ги раскажувате своите или туѓи анегдоти од животот, покрај полна трпеза. И токму поради тоа што верувате дека сите работи полесно се завршуваат крај трпезата и заради тоа што полесно ви оди “живиот контакт” со луѓето, на телефонот гледате само како на средство кое ви помага да ги договорите своите средби и состаноци, да резервирате маса во ресторан. Па, затоа за слушалка се фаќате само кога имате вистинска потреба, а вашите разговори траат кратко. Но, кога сте вљубени се буди вашата сентиментална природа и колекционерскиот порив. Тогаш сте подготвени на партнерот дури и да му запеете на телефон и да го “удавите” со љубовните СМС пораки. И што е најважно, вие никогаш ништо не фрлате, ги чувате љубовните пораки, од време на време ги препрочитувате за да се сетите на минатото, па дури и да го разубавите. Кога купувате мобилен телефон го избирате најквалитетниот модел, па дури и ако скапо чини. Но, не го менувате додека не се расипе.
    Близнаци

    Во комуникацијата со луѓето вие пливате како “риба во вода”, бидејќи сте духовити, љубопитни и детски разиграни. Подобрата страна на вашата двојна природа “испливува на површината” кога сте во друштво, кога запознавате нови луѓе, кога доаѓате до нови информации и до најсвежите трачеви. А, бидејќи телефонот ја олеснува комуникацијата, вие делувате како да сте родени со слушалка в рака и ги правите најголемите телефонски сметки од сите знаци во Зодијакот. Најчесто го купувате најновиот модел на мобилен телефони и се згрозувате од помислата дека сте можеле да се родите во време кога не постоел автомобилот и телефонот. И уште нешто, познати сте по тоа што уживате во испраќањето на СМС пораки. Па, ако сте вљубени, ќе смислувате духовити пораки кои ќе треба да го развеселат партнерот. Нема да ви биде важно што пораките потоа ќе бидат избришани, бидејќи вие сте личност која живее тука и сега.
    Рак

    Оние што површно ве познаваат, гледајќи ја променливоста во вашето расположение и забележувајќи дека често потонувате во мрачните мисли, ќе се чудат на “која финта” ви успева да ги соберете луѓето околу себе. Но, блиските знаат дека вие од секоја работа, па дури и од најстрашната, умеете да направите добра шега и како ретко кој, можете да се смеете на сопствената сметка. Често имате потреба од повлекување во сопствениот оклоп и во сигурноста на сопствениот дом. Тоа обично се случува кога некој ќе ве повреди, кога ќе ве обземат чувствата или кога сакате да ги “наполните батериите”. Ако на тоа се надоврзе и почитта кон старото, корените и традицијата, ете ја причината за вашиот отпор кон техниката. Па, ако работата не го бара тоа од вас, вие најубаво би се чувствувале на некое изолирано место, далеку од цивилизацијата, без телевизор и телефон. Уште повеќе што жалејќи за старите добри времиња, на телефонот гледате како на средство кое го помогнало отуѓувањето меѓу луѓето, како на опасност која во секое време може да ја прекине вашата семејна идила. Мобилен телефон купувате само ако никому не му текне да ви го подари. Го одбирате најефтиниот модел и не го менувате додека работи.
    Лав

    Во непознатите друштва се држите на страна и сте недоверливи. Додека во друштвото на вашите верни “поданици” веднаш се претварате во бучен и забавен “циркуски” Лав кој сака да пее, да раскажува вицеви, да ги имитира другите. Вашата суетна природа во туѓата одушевеност наоѓа потврда за сопствените вредности. Затоа, преку предметите што ги поседувате се трудите да го истакнете својот материјален и општествен статус. Така и на мобилниот телефон гледате повеќе како на статусен симбол, отколку како на вистинска потреба. Затоа, тој треба да биде најновиот модел од најскапата марка, по можност во златна боја, кој вие ќе се обидете ноншалантно да го покажете секому. А, ако некаде треба да оставите добар впечаток, тогаш не ви е срам ниту да се преправате дека разговарате “со таа и таа” позната личност, само ако сте сигурни дека тоа позитивно ќе влијае на вашиот углед во очите на соговорникот.
    Девица

    Критички настроени кон светот околу себе, вие тешко се опуштате. Затоа е потребно многу време за вашата девствено затворена природа да се почувствува пријатно во некое друштво. Посебно ако другите инсистираат на дружење, а вам не ви е до тоа. Но, штом по долготрајните анализи друштвото ќе ја добие преодната оценка, тогаш со вашата истенчена и зајадлива смисла за хумор и со моќта за забележување детали ги освојувате другите. Сепак, не уживате да разговарате по телефон. Но како практична личност која ја става работата на првото скалило од системот на вредностите, вие меѓу првите ќе го купите мобилниот телефон ако сте сигурни дека тој би можел да ви ја олесни работата. Но, и ако сте убедени дека со него би можеле да го контролирате партнерот и децата. Ако сте жена, се заборавате зборувајќи на телефон само кога си разменувате рецепти со пријателките или кога до најситен детаљ го анализирате последниот кикс на партнерот.
    Вага

    За да можете нормално да функционирате, вам ви е неопходно хармонично опкружување. Затоа, внимавате како се однесувате и се трудите никого да не повредите. Но, тоа не е можно секогаш, па затоа често ви се случуваат кавги онаму каде што не ги очекувате, несвесни дека можеби самите ги предизвикувате. Сепак, вложувајќи многу труд во својот друштвен живот, можете да се пофалите со многу познајници и со пристоен круг пријатели. На телефонот гледате како на средство кое го олеснува дружењето. А, бидејќи од секогаш ви значело да видите и да бидете видени на отмените забави, на културните и уметнички манифестации, мобилниот телефон ве прави достапни за оние кои би сакале да ве поканат на нив. Но, и покрај тоа што љубовните пораки напишани на елегантна хартија ви делуваат попривлечно, брзи и површни, вие немате ништо ниту против СМС пораките. Кога купувате мобилен телефон, барате нешто елегантно. Треба да ви се допадне неговата боја и форма, а не неговите перформанси.
    Шкорпија

    Иако изгледате мирно, опуштено и молчаливо, во вас крвта постојано врие. Затоа е подобро ако луѓето не ви се замерат. Уште повеќе што вие “паметите како слон”. Можете да чекате со години, но кога-тогаш мора да им се одмаздите на тие што се обиделе да ве повредат. Од друга страна, секој однос за вас е прашање на нечија превласт и доминација. Затоа се трудите да ги откриете мааните и на најверните пријатели. Всушност, никој не знае што тие би можеле да ви направат утре. Па подобро е ако последниот удар биде ваш. Ако на тоа се надоврзат вродената таинственост и љубомората, тогаш не е тешко да се претпостави дека не гаите убави чувства кон мобилниот телефон. Тој ве прави постојано достапни, ја нарушува вашата интима, ја открива вашата локација, се обидува да доминира со вашиот приватен живот. Мислењето можете да го смените за час само ако “ви падне на памет” дека така ќе можете непречено да го следите и движењето на партнерот.
    Стрелец

    Вие го привлекувате вниманието со убавиот глас и громогласното смеење. А, бидејќи сте “оперирани од срам”, без проблем би можеле да прегрнете и бакнете дури и непозната личност, само ако ја почувствувате блиска. И токму непосредноста е таа што ве прави единствени и на приватен и на професионален план. Затоа, каде што сте вие, таму владее убаво расположение. Неспорно е дека ви недостасува повеќе такт, а помалку ароганција, за да ги спакувате суровите зборови во нешто поприфатливо за ушите на другата страна, со цел да не ја повредите. И секако, динамични и темпераментни, вие се водите од девизата “што поедноставно, тоа подобро”. Па, го благословувате оној кој ги измислил мобилните телефони. Така, полесно и побрзо можете да ги завршите професионалните обврски и да останете достапни за широкиот круг пријатели и познајници. Посебно кога сте на некое од своите бројни патувања.
    Јарец

    Во комуникацијата со луѓето сте недоверливи и полни со сомнежи, ги презирате “разводнетите” ситуации. Затоа ги избегнувате површните дружења и останувате “закопчани до грло” пред непознатите. Сепак, знаете да уживате во разговорот кој ви делува сериозно и значајно. Но, знаете и да молчите како неми, ако луѓето околу вас зборуваат за работи што вам ви изгледаат бесмислено. А, кога е мобилниот телефон во прашање, тогаш не смееме да заборавиме на вашата штедливост, опседнатоста со работата и на чувството на помала вредност. Токму тоа чувство можеби ќе ве натера да дојдете до она што другите го поседуваат со цел да не заостанувате зад нив. Исто така, свеста дека мобилниот телефон многу ќе ви ја олесни работата, а времето нели е пари, можеби ќе биде пресудна да си купите еден. А, кога сме кај парите, ќе се трудите да потрошите што помалку, ќе се јавувате само во најголема потреба и додека разговарате веднаш, на “лице место”, ќе пресметувате колку време зборувате и колку тоа ќе ве чини. Кога купувате мобилен телефон го избирате најстариот и најквалитетен модел, убедени дека за малку пари добивате нешто вредно.
    Водолија

    Дружењето за вас е најважната работа во животот. Притоа, најубаво се чувствувате со луѓето кои послабо ги познавате, бидејќи тие ве забавуваат, а емотивно не ве оптоваруваат. Затоа, неверојатно добро се снаоѓате со непознатите кои ги среќавате на работа или на деловните вечери, бидејќи професионалната аура ве штити од нивните емотивни испади. Но, исто така ги цените и познајниците кои со вас од време на време сакаат да испијат сок или кафе. А бидејќи слободата за вас е императив и бидејќи не се врзувате за минатото туку храбро гледате кон иднината, вие почитувате се што е најново во областа на техниката. Мобилниот пак телефон го почитувате само до таму додека ви го олеснува секојдневието и ви ја обезбедува личната слобода. Но се згрозувате од помислата дека некој на тој начин би можел да ве контролира. Затоа, кога чувствувате дека слободата ви е загрозена, вие без двоумење ќе го исклучите мобилниот. Сепак, нема да заборавате од време на време да ги проверите пропуштените пораки. Најчесто избирате модел на мобилен телефон кој има функција и на компјутер.
    Риби

    Палетата на вашите расположенија е прилично широка. Па, некои би можеле да се заколнат дека сте вие ведра, говорлива и духовита личност, додека оние што ве виделе во поинаков момент, со сигурност ќе тврдат дека сте повлечени, тивки и тажни. А, и едните и другите ќе бидат во право. Но, во право ќе бидат и оние кои ќе ја забележат вашата љубов кон луѓето, смислата за хумор, длабоката повредливост и отпорот кон техничките откритија. Телефонот пак едвај го поднесувате, бидејќи тој се заканува во вашиот свет да го внесе реалниот. А, кога би можеле да бирате меѓу љубовните пораки напишани на мобилниот телефон и оние напишани на огледалото во бањата или на песок, тогаш вие секогаш ќе се одлучите за овие вторите. Тие ви делуваат поромантично. А, во случај кога ќе посакате да преминете на нова љубов, трагите брзо се бришат.
     
  7. MissElly

    MissElly Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    102
    Како имаше нерви да го пишуваш ова? :clap: :clap:
     
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    2.300
    Пол:
    Женски
    Рак

    Длабоко емотивни, но тивки, вие сте вистински зависници од љубовта. Меѓутоа, љубите и страдате во тишина, не покажувајќи му ги своите чувства никому. Доказ дека сте вљубени е вашата неодолива потреба од нежни допири и срцепарачки зборови. Во таква состојба, во љубовен транс и гугуткајќи на перница, вие сте способни да го поминете и целиот живот. Срцето би можеле евентуално да го отворите пред партнерот за време на некоја романтична прошетка покрај море или на романтичната вечера залеана со добро вино. Но само откако прво партнерот ќе ви ги покаже своите чувства. А, ако тој си го дозволи луксузот да ве повреди, навидум безопасни, вие ќе се претворите во негов најголем непријател кој нема да се смири додека не му се одмазди. И тоа на начин како што тој најмалку очекува. Меѓутоа, и откако ќе му вратите “мило за драго”, вие никогаш нема да го заборавите неговиот грев.


    |( Е тоа за одмаздата не е точно.Само ќе речам чао пријатно можеби се гледаме во некој друг живот. :) Повеќе нема да ме интересира што сака нека прати нека крши глава..ама точно е дека никогаш нема да заборавам за неговиот ГРЕВ. :devil:
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.961
    Да пишувам се ова?? :o Не сум до толку :D ... Копи пејст е ;)
     
  10. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.596
    Допаѓања:
    10.775
    Пол:
    Женски
    'А, вие мразите исто како и што љубите, постојано и вечно.'

    Апсолутно.
     
    На Teresa94 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. love.butterflies

    love.butterflies Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    23
    За јарците секогаш пишува како тие се премногу старомодни,штедливи, конзервативни, ладни, никогаш премногу чувствителни, јас сум јарец, но не сум секогаш таква, повеќе се пронајдов во подзнакот овој пат :)
     
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.168
    Ooo за љубовта и омразата ... Све шо ке кажам е дека колку што знаеме да сакаме Знаеме дупло да мрзиме ние Јарците... Ја барем така ..

    Абе све све, ама не бе не сме толку штедливи... Ја барем си уживам да си прам муабет на телефон со саати :rofl: уште жртви што ми фалат... Мал ми е списокот :rofl: :lol:
     
    На love.butterflies му/ѝ се допаѓа ова.
  13. love.butterflies

    love.butterflies Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    23
    Јас сум променлив Јарец.. ахахах, на моменти многу се однесувам како Овен, а на моменти како Јарец.
    Иначе многу верувам во хороскоп зошто кога читам се чувствувам како да ме гледале и да пишувале за мене (А)..
    WildCherry- Јас сум штедлив јарец за се освен за облека ..хахахах иначе не мразам, многу брзо заборавам.Тоа не ми се фатило на мене.
     
  14. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Овен

    Импулсивни, нестрпливи и отворени, вие се вљубувате преку ноќ, на прв поглед. А, кога љубите, тоа го правите силно и страсно, не размислувајќи за последиците. Ваша цел е да го поседувате “предметот на сопствените копнежи” па макар на половина час. И нема ништо лошо во таквото однесување се до мигот кога на истиот начин ќе си заминете и од животот на вашиот партнер, без збор и преку ноќ. Затоа, ако партнерот сака подолго да ве задржи во своите прегратки, ќе треба постојано да ви ласка и отворено да се одушевува на вашето знаење и на мускулестото тело. Секој негов обид да ви се спротивстави го предизвикува вашиот гнев. Во таквите моменти, најдобро ќе биде тој подалеку да избега од вашето видно поле. Во спротивно, не само што ќе ја навредувате личноста која до вчера ја бакнувавте, туку во екот на кавгата ќе искршите се што ќе ви се најде до рака. И можеби миговите на омраза кратко ве држат, но тие се доволно силни да му втераат на партнерот “страв во коските”. Уште повеќе што вие никогаш нема да се покаете, ниту да му се извините.


    taka e.. :/
     
  15. B.Waldorf

    B.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    33
    Бик

    Меланхолични и бавни, вие тешко го отварате пристапот што води до вашето срце. Не сте способни за големи љубовни изјави и ветувања. Проблемите започнуваат тогаш кога ќе ја покажете својата љубомора и посесивност. Меѓутоа, свесни дека се тоа срамни чувства, вие ниту за “жива глава” нема да ги признаете, иако со нив ќе биде напоена секоја ваша клетка. Но, ако тој ви “згазне на жуљ” и ако одлучите да му ставите “крст”, тоа сигурно ќе биде засекогаш. Вашата тврдоглавост нема да ви дозволи да ги прегазите своите принципи.


    значи точно :)
     
  16. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    133
    Девица :lol: Па до некаде точно е за сите работи. :D
    ми текна.. За тоа дека не уживам во зборување на телефон, не се сложувам баш. :tmi:
     
  17. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Рак

    Длабоко емотивни, но тивки, вие сте вистински зависници од љубовта. Меѓутоа, љубите и страдате во тишина, не покажувајќи му ги своите чувства никому. Доказ дека сте вљубени е вашата неодолива потреба од нежни допири и срцепарачки зборови. Во таква состојба, во љубовен транс и гугуткајќи на перница, вие сте способни да го поминете и целиот живот. Срцето би можеле евентуално да го отворите пред партнерот за време на некоја романтична прошетка покрај море или на романтичната вечера залеана со добро вино. Но само откако прво партнерот ќе ви ги покаже своите чувства. А, ако тој си го дозволи луксузот да ве повреди, навидум безопасни, вие ќе се претворите во негов најголем непријател кој нема да се смири додека не му се одмазди. И тоа на начин како што тој најмалку очекува. Меѓутоа, и откако ќе му вратите “мило за драго”, вие никогаш нема да го заборавите неговиот грев.

    Рак

    Нежни и внимателни, вие сонувате за врска во која партнерот комплетно ќе ви се предаде и ќе обезбеди разни докази за својата љубов. Затоа, не станува збор дека можете да ја доживеете туѓата љубов како гушење. Напротив, вие сметате дека се што му припаѓа на партнерот, автоматски е и ваше и обратно. Значи, вашиот партнер треба да прифати дека неговото слободно време ви припаѓа вам, како и неговите роднини и пријатели, неговите пари и хоби. За сметка на тоа, вие ќе го сакате она што го сака и вашиот партнер, ќе му ги подготвувате омилените јадења, ќе му купувате чорапи и долна облека. Но, ќе барате ист третман и од негова страна. И на крајот, што ќе му е на партнерот времето посветено само на себе, кога ве има вас?

    ..Колку е само се најточно! :lol:
     
  18. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.803
    - Врска нема... Во подзнак сум рак и во последно време повеќе ги имам неговите карактеристики. Еве на пример ова многу повеќе личи на мене:
     
  19. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    Лав

    Театрални, гласни и фалбаџии, кога срцето ви го погодува Аморовата стрела, вие го објавувате тоа на цел глас. Не се срамите од чувствата кои се силни, огнени и искрени, па дури ги искажувате на помпезен начин. Партнерот ќе знае дека сте “до уши зацапани” во него ако започнете да го опсипувате со скапи подароци и да го изнесувате по луксузни ресторани. Тоа е вашиот стил, на “голема врата” да влезете во неговиот живот и да го завземете најважното место во неговото срце. Меѓутоа, добро е ако партнерот знае дека “паѓате” на истите работи. Значи, ширум ќе ги отворите очите пред златниот накит и останатите скапи подароци. И што е можеби најважно, партнерот треба да знае дека не ја сакате монотонијата и просечниот стил на живеење. Но, ако некако се случи тој да ја повреди вашата скапоцена суета, сигурно ќе го избомбардирате со куп навреди, ќе се свртите и ќе си отидете од неговиот живот со крената глава.


    *** интересно :)
     
  20. Jessie-J

    Jessie-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    60
    Театрални, гласни и фалбаџии, кога срцето ви го погодува Аморовата стрела, вие го објавувате тоа на цел глас. Не се срамите од чувствата кои се силни, огнени и искрени, па дури ги искажувате на помпезен начин. Партнерот ќе знае дека сте “до уши зацапани” во него ако започнете да го опсипувате со скапи подароци и да го изнесувате по луксузни ресторани. Тоа е вашиот стил, на “голема врата” да влезете во неговиот живот и да го завземете најважното место во неговото срце. Меѓутоа, добро е ако партнерот знае дека “паѓате” на истите работи. Значи, ширум ќе ги отворите очите пред златниот накит и останатите скапи подароци. И што е можеби најважно, партнерот треба да знае дека не ја сакате монотонијата и просечниот стил на живеење. Но, ако некако се случи тој да ја повреди вашата скапоцена суета, сигурно ќе го избомбардирате со куп навреди, ќе се свртите и ќе си отидете од неговиот живот со крената глава. :D