1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како можеше?

Дискусија во 'Канта' започната од Doberman, 28 ноември 2010.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Пред некој ден го сретнав текстов на еден наш форум,и сакам да го споделам со вас.
    ПРОЧИТАЈТЕ ГО ДО КРАЈ,ВРЕДИ!!! :!:

    -Ако имате куче / прочитајте ја оваа приказна...
    -Ако сте имале куче / прочитајте ја оваа приказна...
    -Ако сакате да имате куче / прочитајте ја оваа приказна...

    Како можеше...

    Кога бев кученце,те забавував со своите трикчиња и те насмејував.
    Ме нарекуваше свое дете и наспроти бескрајниот пар изџвакани чевли и неколку уништени перници,станав твој најдобар пријател...

    Кога бев „лошка„ и ќе направев некоја беља,ми се закануваше со прстот и ме прашуваше „Како можеше„? - ама тогаш се откажуваше од својата строгост и ме легнуваше на грб и ми го чешкаше стомачето.
    Моето растурање на куќата траеше нешто подолго од тоа што очекуваше,затоа што ти беше многу зафатен,ама на тоа работевме заедно.Се сеќавам на ноќите кога се мазевме во креветот,кога ги слушав сите твои исповеди и тајни соништа,а јас верував дека животот неможе да биде посовршен од што е.
    Одевме во долги прошетки и трчавме по паркот,се возевме со кола,одевме на сладолед (јас го добивав само корнетот затоа што „сладоледод е штетен за кучиња„ како што кажа ти),се излежував бескрајно долго на сонце,чекајќи го крајот на денот и моментот кога ќе дојдеш дома.
    Поплека,почна се повеќе време да и посветуваш на работата и кариерата,а повеќе време поминуваше барајќи свој човечки партнер.Јас чекав трпеливо,те тешев секојпат кога срцето ти беше скршено и кога беше разочаран,никогаш не приговарав на твоите лоши одлуки,скокав од радост кога си доаѓаше дома или кога ќе се вљубеше.
    Таа,сега твоја жена не беше „љубител на кучиња„ - сепак срдечно ја примив во нашиот дом,се обидував да и покажам дека ја сакам и ја слушав.
    Бев среќна затоа што и ти беше среќен.
    Потоа дојдоа човечките бебиња и јас со тебе го делев твоето восхитување.Бев воодушевена од нивната розова боја,од нивниот мирис и сакав да се грижам за нив како мајка.Единствено ти и таа се плашевте дека ќе ги повредам,така да повеќето време го поминував истерана во другата соба или во куќичката за кучиња.

    Ох,како сакав да ги сакам,станав „затвореник на љубовта„.

    Како растеа,јас станував нивен пријател.Се држеа за моето крзно и се подигаа на климавите нозе,ги буткаа прстите во моето око,ги превртуваа моите уши и ме бакнуваа во носот.
    Сакав се на нив,како и нивниот допир - затоа што твојот допир стана така редок,и ќе го дадев својот живот за да го добијам,ако треба.
    Ќе се бутнев во нивните кревети и ги слушав нивните грижи и тајни соништа,а заедно го исчекувавме звукот на твојата кола како се паркира во дворот.

    Некогаш кога луѓето ќе те прашаа дали имаш куче,ќе ја извадеше мојата слика од новчаникот и раскажуваше за мене.
    Овие последни неколку години твојот одговор беше потврден,по што настојуваше да ја смениш темата.Од „твое куче„ станав само „куче„ а ти ми замеруваше за секој денар што се трошеше за мене.
    Сега имаш прилика за нова работа во друг град и ти и тие ќе се преселите во стан во кој не е дозволено чување на домашни миленици.
    Донесе права одлука за себе и своето семејство,ама некогаш и јас бев тоа твое семејство.

    Бев возбудена кога тргнавме со колата,ама возбудувањето ми спласна кога дојдовме до азилот за животни.
    Заудираше на кучиња и мачки,на страв и безнадеж.Ги пополни сите обрасци и рече „Знам дека ќе и пронајдете убав дом„.Направија гримаса и ти упатија болен поглед .Тие разбираат какви се шансите за средновечно куче,дури и за такво со „документи„ (педигре).
    Мораше да го извлечеш поводникот од раката на твојот син,додека тој викаше „Немој тато! Те молам немој да им дадеш да го однесат нашето куче!„
    А јас бев загрижена за него,си мислев каква поука извлече од тебе за пријателството и верноста,за љубовта и одговорноста и за почитувањето кон се што е живо.
    Ме потапка по глава за разделба,избегнувајќи да ме погледнеш во очи,па пристојно одби да го понесеш со себе поводникот и огрлицата.
    Имаше рок кој мораше да го испочитуваш на работа,а сега јас го добив тој рок.Одкако замина,две љубезни госпоѓи ми рекоа дека веројатно со месеци си знаел дека ќе се преселиш,ама ништо не си направил да ми пронајдеш друг дом.Вртеа со главата со неверување и се прашуваа „Како можеше„?.
    Во азилот ни пружаа онолку нежност и внимание колку што им допуштаат нивните обврски.Се разбира редовно не хранат,ама јас веќе одамна изгубив апетит.
    На почетокот,кога и да поминеше некој пред мојот кафез,јас ќе потрчав напред,со надеж дека тоа си ти - дека си се предомислил,дека е ова само лош сон...или се надевав дека некој ќе дојде ,некој на кого му е битно,некој кој ќе ме спаси.
    Кога сватив дека неможам да се натпреварувам со веселите кученца,кои несвесни за својата судбина го обземаа општото внимание - се повлеков во дното на кафезот и чекав.

    Ги слушав нејзините чекори додека доаѓаше по мене на крајот од денот и каскав долж ходникот по неа од одвоената соба,зачудувачки тивка соба...
    Ме стави на масата,ме почешка по ушите и ми кажа да не се грижам.
    Срцето силно ми биеше во исчекување на тоа што ќе дојде,ама ме обзема и чувство на олеснување.На „затвореникот на љубовта„ деновите му изминаа.
    Како е тоа во мојата природа,повеќе се грижев за неа.Товарот кој го носи е претежок за неа,тоа го знае исто како што ја знаев секоја твоја промена на расположението.
    Нежно ми стави врвка околу мојата предна нога додека солзата лизгаше по образот.И ја лизнав раката онака како што тебе вообичаено те тешев пред неколку години.
    Стручно ја стави иглата во мојата вена.Кога го осетив убодот и ладната течност која течеше низ моето тело,поспано легнав,погледнав во нејзините нежни и насолзени очи и прошепотев „Како можеше„?
    Можеби затоа што го разбира мојот кучешки говор,ми рече „Прости ми„.Ме гушна и набрзина ми објасни дека нејзината работа е да се погрижи да отидам на подобро место,каде што никој нема да ме игнорира,злоставува или напушти и каде што нема да бидам препуштена самата на себе - место на љубов и светлина,толку поразлично од ова на земјата.
    И со последна сила се обидов да и објаснам дака моето „Како можеше„? не и беше на неа упатано.
    Мислев на тебе,на својот сакан газда.На тебе ќе мислам и ќе те чекам засекогаш.
    Посакувам да и останатите во твојот живот продолжат да ти покажуваат волкава верност и љубов како мојата.

    Само едно запомни „СО ТЕБЕ ЗАЕДНО ЗА МЕНЕ СЕ Е ПОЛЕСНО„.
     
    На Srekicka и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  2. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Лелеееееее колку тажно ;( ,целиот текст го прочитав,поготово што сум голем љубител на животни,дома чувам две кучиња едното е од улица го најдов како мало,а другото е расно го земав покасно....не знам што да кажам ова вистински се случува,а кучето е стварно најдобар пријател на човекот...толку се мили со безрезервна љубов и толку верни,јас гледам по моите...стварно не разбирам како некој човек може да се одлучи на ваков чекор да си го остави кучето без да се грижи што ќе му се случи.....а има безброј случаеви што сум слушнала...стварно жално!!!затоа викам полошо ,,ЖИВОТНО'' од човекот нема!!!ако си земал куче тоа е твоја одговорност нема враќање назад,затоа сите што размислуваат за куче,добро размислете...а не вака да испадне на крај.... :doh:
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Зошто мислам дека истиов текст веќе беше постиран на форумов?
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Добро мислиш Хипи :* :* :*

    Го има во темите за текстовите.бројче го постираше ако не се лажам. Сега доберман само ме потсети колку плачев и пак ме натажи :( едит : грешно смајли сум ставила прееска . Сега го сменив :)
     
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    Премногу жално и вистинито ;(
    Поголем процент од луѓето го прават ова, како кучето да е предмет па кога ќе им здосади или ќе им засмета ќе го фрлат. Овој текст треба да се вметне во некоја лекција, во некој учебник и вакви работи треба да учат децата, дека кучето (а впрочем и другите животни) не се предмети туку и тие чуствуваат болка, тага, осаменост :(
     
  6. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Пред некој ден го читав ова и почнав да плачам . Јас нема мојата Пупа да си ја мењам ;(
     
  7. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    ;( :worried: ова ме потсети на моето кученце Буби за кое секогаш ќе имам солзи
    никогаш нема да го заборавам
    со него пораснав ;(
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Квин.С го постираше Меченце :wasntme:
    А јас само го ставив во темата ,,мислења кои треба да бидат запаметени,, :wasntme:
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Најмалку е битно дали текстов некој друг го поставил или не.
    Мене ептен ме натажи. Го читав и солзи ми течеа. Многу е реален.
    Пред малку почнав на мајка ми да и го раскажувам и неколку пати морав да прекинам за да се смирам и да продолжам, а неа гледав како солзи и течат.
    :( ;(
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не знам дали е до тоа што јас сум во пмс, или барем ми е така последни 3 дена иако не треба да сум, или навистина е текстов тажен. :^) :(
     
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ох колку вистина само лежи во текстот. Некои туку така даваат кутриња туку така ги напуштаат а некои ке сонуваат да ги имаат и да ги чуваат до крај.
     
  12. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( Цел текст е вистина и неможам да поверувам дека вакви луѓе постојат. Па и како што сум лубител на животни, а посебно на мачки и кучиња се изнаплакав...Греотичка ;( ;( ;(