Како основате мислење за други личности?

Дискусија во 'Психологија' започната од angel92, 29 ноември 2011.

  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.729
    Каква личност сте? Дали сакате луѓето сами да ги запознавате или чекате т.е. oсновате мислење за другите според она што другите ќе ви кажат и известат? Дали им верувате на трачевите на другарките за други личности и како тоа да се држиш настрана и да не комуницираш затоа што јадела г*мна за некоја личност наоколу?

    Пример: Се дружам со една личност за која што имав зборувано, но и се извинав. Во последно излегувам со нејзините другарки т.е. со една другарка која што ги вика и нејзините другарки. Но, таа едната која е поблиску до другарка ми мислам дека им кажува на другарките нејзини како зборувам многу итн. А јас еден збор немам речено од тогаш. Знаете кога ќе се изгориш на млекото, ќе дуваш на кајмак. Си го сменав животот од тој ден, нова личност сум. Мислам дека нејзините другарки го мислат истото иако не сум баш сигурна.
     
  2. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    2.614
    Не можеме да ги процениме луѓето по тоа што се зборува за нив. Со тоа што сме таква држава и сите зборуваат едни за други, не смееме да веруваме во гласините што кружат за другите па и за нас. Кога некој зборува за тебе значи ти љубомори или досадно му е во животот па да си поигра со твојот малку. :lol: Нема зошто да се грижиш дали и што зборуваат за тебе другите. Треба да се помириш со тоа, а тие со текот на времето кога ќе те запознаат поубаво ќе сватат каква си всушност. Порано бев таква, признавам. Но како си летат години, секој ден сваќам дека ништо не е така како што изгледа. Прво треба човек да се запознае во душата каков е, а потоа да се "оценува". ;)
     
  3. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    317
    основам мислење за друга личност најчесто по првата средба првиот впечаток кај мене е пресуден,како се понаша што збори и секогаш ама баш секогаш проценките ми биле точни :)
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Ретко кога првиот впечаток ме излажал, особено во последно време. Инаку им давам шанса на луѓето да ги запознаам подобро, па дури после тоа формирам некое "конечно" мислење за нив.
    А за тоа што го зборуваат другите, искрено кажано, сеедно ми е. Ако јас имам формирано убаво мислење за некоја личност, воопшто не ме засегаат муабети од типот рекла-казала. Не верувам во гласини, додека јас самата не се уверам во тоа.
     
    На Gluvcee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    По карактерот и по панашење. Се познават татини мази кои се .
     
  6. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.417
    Страшно се маскирани...Тешко е да стекнеш мислење за некои. Од страв да не стекнам погрешно мислење понекогаш и не му придавам значење на некои луѓе. Онака, за моја сигурност.
     
    На Princess.S и awee им се допаѓа ова.
  7. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    651
    ^ Навистина во овие денови е тешко да основаш претстава за другиот. Најмногу затоа што се лицемерни, дволични, искористољубиви. Никој не е свој и сите глумат нешто повеќе само за да бидат прифатени од “јакото“ општество. Основам мислење за личност кога навистина ќе го запознаам. Вака од око, ретко ми успева. Лесно се основа мислење за татини, мамини, некој по стилот на облекување, ама никогаш не сум успеала да оценам некој, да стекнам мислење кога не го познавам карактерно. Има такви кои се облекуваат и се понашаат како последни дрољи и размазотини, кога уствари може се талентирани, ведри, хумористични. Според прв впечаток - не, доста пати е погрешен.
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Првиот впечаток ми е основа. Врз него градам мислење. Никогаш не се поткрепувам на трачеви. Колку некој да ми кажува нешто за личноста додека не се уверам сама не верувам во музбетот.
    Се трудам од комуникација и од однесувањето да изградам некое мислење кое не мора да значи дека е конечно. Ретко можам да проценам дали некој има маска на ваква или онаква личност. Најчесто тоа знае да ме изгори. А кога маската ќе падне, се менува и мислењето.
     
  9. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    633
    по нивниот карактер како се однесуваат кон другите...
     
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.541
    Фала Богу многу,многу ретко ми се случува да погрешам во процеканта на некоја личност. Доволно ми е само од прв впечаток да формирам мислење за некоја личност.

    Некои луѓе се многу провидни и со самото тоа што сакат да се докажат на некој начин тоа најчесто го прават на погрешен и што уште одма му стваараат одбивност. Но секоја чест на оние кои толку добро се прекриваат и се толку подмилни што многу е тешко да ги процените на прв поглед.

    Најлош впечаток ми оставаат оние ‘‘лижачите‘‘ што прв пат ме гледаат и одма се обтаќаат со срце, душо сонце и такви ствари. Уште кога ќе ги слушнам ми ствараат одбивност.
    Не сум таков карактер кој лесно се зближува и за сварање на нови пријателства потребно ми е време.
     
  11. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    На прв поглед, прв разговор, нивното однесување...Секогаш така основам мислење, и досега никогаш не сум погрешила 8) Ке си проодолжам така :P
     
  12. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    I jas dosega ne sum se izlazala, abe ima nesto vo aurata vo vozduhot koga ke ti dojde nekoj pred tebe i nesto ti glumi, barem mene lesno mi e da prepoznaam i ne se sekavam da sum se izlazala za nekoja licnost dosega. Edna tipka na rabota koga prv pat ja zapoznav pocna da mi se smeska toa e ok no nesto me prasuva i gledam deka ne me slusa sto i odgovaram nego vremeto go koristi da me izanalizira od glava do peti sara so ocite po mene sekoj detal na mene go primetuva kako da i e toa najvaznata rabota na svetot, a jas se trudam da i odgovoram nesto... i plus me gleda so taka podzamizani ljubomorni oci analiticki bez nimalku sram dali toa jas go primetuvam ili ne- taa e eden samo primer koj spaga vo kategorija epten prozirni licnosti... a gi ima mnogu...toa e
    [mod-kirilica:24j7yo0a][/mod-kirilica:24j7yo0a]
     
  13. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.366
    Пол:
    Женски
    Ниту судам, ниту величам карактер на човек кој штотуку сум го запознала.
    Оставам место да пушти комотно чекор и да се покаже. Сум погрешила неколку пати при основање мислење за одредени луѓенца ама ништо страшно.
    Во главно, јас не се осудувам веднаш заклучувам врати пред некој кој уште на запознавање не ми изгледа како океј персона.
     
  14. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    118
    по карактер и понашање... :lol: но прво и на поглед сепак си створам некое мислење за некој ... но сепак нестојам секаогаш на тоа... многу многу пати знам да згрешам ;)
     
  15. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Најчесто мислење основам уште на првата средба според тоа како се понаша, зборува... Најчесто тоа е пресудно кај мене, но некогаш давам шанса и поубаво да ги запознаам луѓето :)
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Давам неколку шанси кога запознавам нови луѓе.
    Сметам дека првиот впечаток е силен, но не и пресуден.
    Тие кои што тврдат дека од прво видување успеале да "прочитаат" некого ми се најинтересен феномен.
    Ко во заден џеб да носат тарот карти, а ги имаат Милан и Сабинче на спид дајл, па знаат се' од едно здраво-живо.

    Мислењето за некого го креирам по неговиот поглед, гестикулациите, размислувањата и навидум ситните работи - се потресува ли за едно денарче, го/ја маваат ли напади на хистерија, љубомора, има ли хипстерски очила...?

    Кога ми е оформено мислењето, обично после 2-3 средби, донесувам одлука ми игра ли некаква улога таа личност во животот и сакам ли да ја задржам или можам да ја пратам по ѓаволите, односно да ја игнорирам.
     
  17. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Лесно ми е да основам мислење според : како се однесува . ако го знам тоа потоа ќе ми биде лесно и карактерот да му го дознаам . па ќе основам мислење
     
  18. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Секогаш кога ќе запознаам некој добивам некоја, ајде да ја наречам интуиција, која ми кажува каков е тој човек.На пример еднаш сретнав едно девојче и мислев дека е обична шмизла, подоцна се здруживме малце и дури помислив дека сум згрешила во врска со неа но со текот на времето испадна дека мојата интуиција ми ја кажувала вистината.Ми се имаат случено уште многу вакви случки,но секогаш извлекувам поуки од нив.НИКОГАШ ЦЕЛОСНО НЕ МУ ВЕРУВАЈ НА НИКОЈ ОСВЕН НА СЕБЕ! ;)
     
  19. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    133
    По карактерот и по однесувањето. Кој што збори, како се однесува и се тоа. Никогаш не судам според облеката и други работи. Облеката не го прави човекот, човекот го прави зборот. :)
     
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.157
    Јас постепено оформувам мислење за некој. Значи не се залетувам веднаш со заклучоци. Анализирам и спознавам што особата прави, како се однесува со другите, со мене, колку е дволична (тие ми се најдолните луѓе, бидејќи ако ја имаат оваа особина несомнено е дека се и злобни)... Најчесто ги проценувам луѓето по нивната насмевка и по смислата за хумор. Ако се гледа дека се смеат вештачки веднаш им удирам едно големо делите. Толку е погрешно да си го трошам времето на нив. Ако немаат свои ставови и копираат зборови и мислења од другите, ете тие ми зрачат со некоја мизерна темнина.