Феминџинчинчиња, како реагирате на провокација.... - Бурно - Игнорираш - Враќаш со иста мера...или... Јас искрено правам земјотрес, пердуви летаат..ретко има случаи кога знам да спуштам топка..ама тогаш вријам сама во себе
Блазе си ти..јас и овде на форумов незнам рачна да кренам, одма гас давам....убаво е да знае човек да се воздржи...ама
Zavisi od provakacijata nekogas burno nekogas so ista mera a nekogas i ignoriram....ama poveke vrakam
Со собирање во себе, затоа кога ќе ми пукне филмот прераснува во агресија Ама многу ретко се случува тоа, за среќа.
Самоконтролата во денешно време е вистинска реткост, но вреди да се потрудиш да ја совладаш. Многу нерви ќе заштедиш верувај
Најчесто игнорирам. Знам во некои ситуации да пукнам на чисто и вербално да ја пратам личноста на местото каде што заслужува, но се разбира сето тоа го правам на културен и цивилизиран начин.
Зависи од расположение. Ако сум во ПМС ќе си го окркаат веднаш, тогаш сум посебно лута на цел свет, а кога сум нормално расположена тогаш со сарказам или целосно ги игнорирам, зависи за кого станува збор.
Секогаш си молчам бидејќи знам дека провоцираат, па не сакам да се спуштам на нивно ниво. Воопшто не ги ни забележувам што сакаат нека зборуваат.
Пред десетина години најчесто се спротивставував со агресивен пристап кон соговорниците кои знаеле врвно да ме испровоцираат. Таквото однесување воопшто не носи ништо добро. За никого. Агресијата е деструктивна. Ми беше потребно многу да дојдам до овој левел на зен. Сега умеам да се справам со провокатори на мирен начин.
Преку зезанција (губам контрола) навредувам на лично ниво! Не сум горда, ама тешко се контролирам зошто ако не поднесувам нешто тоа е провокација! Се согласувам дека такви луѓе требаат да се игнорираат но кај мене тешко!
Само им ја спуштам со провокација на нивна сметка така што 4 пати ќе се покајат Со мене памет некој ќе дели
Реагирам на секакви провокации.Лесно подлегнувам на провокации и провокатор сум.Како ќе изреагирам зависи како сум расположена и каква е провокацијата.Или дупло или бурно
Можи некогаш да подлегнам на провокација, ама во глата. Ретко визуелно губам контрола. Се обидувам да објаснам мое гледиште уште еднаш со прво одделенски пример, и ако упорно провокаторот продолжува да провоцира вртам на мајтап и му/ѝ се смеам дур се изнервира и замини. Нема поинтересно. Дали провоцирам? Је. Суптилно. Дај, сите си имаме наши моменти.
Рипнувам и му ги кршам забите на тој што ме нервира. Шала на страна, обично гледам да вратам така што ќе го пецнам провокаторот таму каде што знам дека ќе го заболи. Не игнорирам, неможе некој поттикнат од ништо да јаде трици а јас да му попуштам. Ако не го затнеш ќе продолжи.