1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се борите против обезвреднување на трудот?

Дискусија во 'На работното место' започната од Tanjamm, 14 јануари 2018.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Знаеме дека газдите во Македонија се немилосрдни. Секоја слабост ќе ја искористат за да ви намалат плата и да им работите за помалку пари. Во смисла ако сте немажена, млада, вие сте ок за нив, ќе им бидете достапни секогаш, но ако сте мајка дали и ќе ви дадат работа. Ако сте од внатрешноста, знаат дека нема добри плати таму, па ќе ве користат за да им работите за помалку пари. Јас мислам дека квалитетот и вложувањето во себе колку толку ќе ве спаси да не си играат газдите со вас. Ако знаат дека сте снаодливи, брзи, вредни, нема да може туку така да ве зафркаваат. Што мислите вие?Сте имале ли такво искуство?
     
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Сум имала негативно искуство во поголема компанија каде имав некои ненормални надредени кои или порано уште заради немање на избор биле поставени на таа позиција или пак му биле по некоја линија блиски на газдата. Проблемот беше што ги штитеа своите позиции газејќи ги останатите, правејќи сплетки и сл. Истите тие даваа мислење за останатите во секторот и врз основ на тоа зависеше напредокот. Нормално дека колку и човек да е добар работник тие го влечеа наназад стравувајќи да не се докаже па да заземе некоја подобра позиција или да сменат некој до нив. Се е тоа ок, проблем беше што газдата беше многу глуп и им веруваше. Секој умееше во фирмата да процени за какви идиоти станува збор освен него. Ги биваше вешто да му го лижат задникот и да се прават најдобри и најчесни работници пред него. За гниди како нив сосема својствено беше да напредуваат на таков начин. А за плата, истите тие легачи кои по цел ден се забавуваа на интернет и правеа рекла-казала земаа многу повеќе од останатите кои асално работеа. Ама пак ќе кажам, сето тоа се должеше на капацитетот на самиот газда кој беше инаку многу учен ама за бизнис изгледа не го биваше.
    Исто така, ми се случило и да ме прашуваат по интервју дали сум мажена. Искрено, ми пукна филмот и многу фин одговор им дадов на тоа оти после такво прашање сфатив дека тоа не е место каде сакам да работам.
    Да не збориме и за пазарење со кандидатите. Скоро никаде нема наведено плата по огласите. Ги малтретираат само кандидатите да одат на интервју. Па пишете плата идиоти, ако на некој не му одговара нема ни што да аплицира.
    Се на се, мислам дека по луди газди од нашиве нема никаде. Да можеа да најдат ангарија која ќе рмба деноноќно за џабе би им било најарно. :devil:
    Ќе го заборавев најважното. Нема како да се избориш во туѓа фирма против овие неправдини. Ако самиот сопственик не е свесен и не знае што е добро за неговиот бизнис џабе е се. Јасно е дека не вреди да дигаш бунтови оти типично Македонче ќе ти рече да си одиш ако не ти е добро. Единствено решение е сопствен бизнис, ете таму нештата може да се подредат како што ни одговара.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Други искуства?Јас мислам дека работа, работа, лојалност, но само кога се цени се добри особини на еден работник. Но, ако човек работи на себе, тогаш лошиот работодавец нема да може лесно да си игра со него. Тој ќе најде алтернатива.
     
  4. bubi75

    bubi75 Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2017
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Не се слагам дека сите газди во Мк. се немилосрдни. Некако тука се најдов навреден , а сметам дека и др. предприемачи доколку ги има на форумов ќе го поделат моето мислење. Приватник сум некаде околу 20 г. и во ниту еден длучај секој вработен кој е или бил во фирмата не ги добил дите права кои му следуваат. Почнувајќи од плата, регрес за год. одмор, одмор, боледување, потреба од слободен работен ден без да му се запре дневница, парично стимулирање доколку има повеќе направено промет од планираното и ред др. стимулативни мерки. Добар и културен однос спрема вработениот, да почувствува дека е ценет, а не врз него да се изживува. Тоа не е добро и не е на арно, треба да го знаат работодавачите. Само тогаш има среќа и бериќет во работата.
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Се согласувам. Ако е така како што пишавте, вие сте газда за пример.
     
    На bubi75 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bubi75

    bubi75 Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2017
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Blagodaram! Da znaes Ima I takvi rabotodavaci.
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Сакам да ви пишам во инбокс ама не можам, не знам што е работата, ама на никој не ми дава порака да пратам форумов.