Оние кои имаат искуство со проекти од нво, како се пишува, што треба да содржи, колку да е обемен. Сакам за една стипендија да си ја пробам среќата, ама бараат проект, препораки, и еден куп други детали. Кој знае нека пише. И препораките, што треба да содржи една препорака?
За каков проект станува збор? Сигурно ли е за НВО штом велиш, за стипендија аплицираш? Каква стипендија, за што, каде? Повикот постирај го. Да не е случајно некаков тип на проектна задача за факултетот каде аплицираш? Мора кога веќе бараат проект.. да постои и некаков образец? Препораката од работодавач или од професор треба да биде нивно мислење за тебе во кое изразуваат пофални зборови за тоа каков работник/студент си (била), какви квалитети поседуваш, како си продонела со нешто за работата пример и нивна препорака до х да ја прифатат твојата апликација за...бидејќи сметаат дека ти си совршениот кандидат за тоа и тоа,дека одлично ќе се справиш со тоа и тоа...
Уметнички проект. Ако има некој искуство нека пише. Ако сакам како уметник да одам на престој, како да осмислам проект и да ги убедам дека тој заслужува да се реализира?
Знаеш ли англиски? Пример, погледни објаснуање што треба да содржи тука. и тука. Пример, еден образец,во случај да нема за местото каде аплицираш,за да се водиш по нешто тука. Пример готов проект. Разгледај.