1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како со наставник/професор манијак?

Дискусија во 'Психологија' започната од LittlePinky, 7 ноември 2013.

  1. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Мислам дека прашањето е јасно.Како ќе реагирате ако имате наставник или професор (сеедно) кој што е манијак и ве гледа со онаков манијачки поглед или недај боже се обиде да ви направи нешто?
    Во нашето школо има еден манијак што е наставник по физика па наскоро и нас ќе ни предава..а слушам од поголемите девојчиња, ги мавал
    по газ :puke:
    и некои такви работи :fubar:
     
  2. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Аууу среќа немам таков!
     
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Колку си сигурна дека тоа навистина е така?

    Кога ќе почне да ви предава однесувај се нормално како и со секој друг наставник/професор,ако ти рече или проба да ти направи нешто кажи одма дома и разговарајте со школскиот психолог ќе знае што да превземе. Во секој случај не го обвинувајте човекот без да направи нешто што не е во ред,затоа што тоа би го обележало за цел живот,ама од друга страна не се мислете да превземете нешто доколку неговиот однос кон вас не е чисто професорски.

    И уште нешто без разлика дали станува збор за професор/ка никогаш не се останува сам во иста просторија,ниту се водат разговори или консултации во четири очи.Секогаш етички ми е да биде присутен уште еден колега/колешка,во вашиот случај соученик или соученичка.
     
    На Allure, cresa-jagoda, Goticarka и 5 други им се допаѓа ова.
  4. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека е така. Секогаш кога е дежурен и стои в ходник така не гледа.. и нормално дека не би лажеле другите за такво нешто :)
    Едит: пред тоа предаваше во едно село но го избркале и од таму и сега кај нас предава,за ова знам бидејќи познавам девојче кое учеше во тоа училиште,но се префрли во друго.
     
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Е извини ама ако стварно ги мавал по газ, до сега тој веќе нема ни да предавал. Бидејќи тоа не ти е во минатото, професор да ти прави што сака, а ти да ќутиш. А денес, особено на учениците уста не можеш да им затвориш. Така да, да било навистина така, правац кај директорката и ариведерчи би била приказната.
     
  6. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Девојчињата не му ќутат воопшто дури една моја другарка му се издерила буквално и како што кажав не е долго време во нашето училиште,па ако се најде некој да ,,накодоши,, се разбира дека ќе превземат нешто..но сигурно има некоја причина бидејќи сеуште предава тука и никој нема кажано на директорот, психологот или на некој од наставниците.
    Како и да е сигурно ќе се среди ситуацијата додека да дојди време и нас да ни предава..
    А не е лага 100% сум т.е. сме сигурни бидејќи знам некои случки ама тоа е долга приказна |-)
     
    На makgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ќе им кажам на домашните, ќе се консултирам прво со нив, па потоа ќе го пријавам кај директорот или други надлежни органи за вакво одвратно однесување.
    Трагично е што вообичаено никој не реагира сериозно на ваквите воодушевувачи и „мераклии“ на згодни млади девојчиња, туку кружат само некои гласини и приказните се демек предмет на смеа.
    Не знам што има смешно некој напален манијак што носи епитет професор да шлапа девојки по газ, да им зјапа во деколте, да им се обраќа со некој заводнички тон или непристојни изрази. И таков некој едуцира деца. :puke:
    Таквите треба да се казнат под итно.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Кај мене сега нема такви наставници и многу сум среќна поради тоа,но гледам никако да не останам сама со некој наставник.Секогаш има некој со мене,дали е тоа другарка или некоја наставничка.
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Коментирам само за болдираното...
    А каде да зјапа? Вистинското прашање е зошто девојките одат со деколте на часовите по физичко, и вопшто на школо, кога имаат разни видови спортски мајци речиси до врат. Проверете дали и самите дорпинесувате за таквото однесување можеби, на пр. облекуавјќи се и однесувајќи се провокативно. Природно е на мажите да им се допаѓаат младите девојки, и обратно, на жените помладите момци (друго прашање е колку тоа некој го прави отворено и колку некој забележува).

    А тоа шлапкање за г`з :@ не е во ред секако! Дури и да не е во сексуална конотација, не е во ред некој да те допира без твоја дозвола, без разлика дали се работи за наставник, наставничка, другар, другарка... Најпрвин тоа отворено треба да го ставите до знаење на наставниците кои имаат таков обичај. Ако не ја испочитуваат молбата, моежете да побарате помош од надлежните (директорката, класната, психоогот, педагогот...)

    Кој ви гарантира дека и таа не е некоја напалена лезбејка?! :lol:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    LittlePinky,а колку години има професорот?

    И каков е уствари тој `манијачки поглед` ,како што викаш?? :?:
     
  11. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Ау :?: среќа па досега таму каде што сум учела немало вакви. Всушност се збори нешто за еден, ама не ми предава мене. И плус тој по професорки е повеќе, не по ученички :D . Инаку кај нас обратно е, ученичките ги манијачат професорите :D
    А Литл Пинки, ако навистина има нешто, вие белки си разговарате дома со родителите (јас барем за школо се си кажувам), не може тој туку така нападно да се однесува некоја од вас, не верувам, ќе се расчуе веднаш до директорот и ќе лета од работа. Кое е тоа училиште што ќе толерира такви вработени?
     
  12. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Нема тука ништо природно, особено не за жените. Во ред, точно е дека на училиште не се оди облечена провокативно, со деколте и слично, ама тој па ако е човек на место (а такви треба да бидат професорите и воспитувачите) сигурно дека нема да зјапа во тебе колку и да си стегната или нашминкана :^) Размисли дека наместо да ги зјапа може да ги опомене, ама ако тој го избира првото... тој си има поголем проблем. Повторувам, ученичките не треба така да се облекуваат, ама дозволено е и им се може, значи не се само тие криви. Ретко кој/а професор/ка опоменува за такви работи во денешно време, незаинтересирани се едноставно.
     
    На sweet-star и Hipica им се допаѓа ова.
  13. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Ау среќа немам вакви кај нас у школо,а доколку би имала би пријавила кај директорката или прво на класната безобразлук до немај каде |(
     
  14. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    12.244
    Дали се прочита што напиша? Каде да зјапа?! Според тебе, оправдано е да зјапа во градите на неговите ученички?
    Ова мислење многу ме потсетува на она дека девојките што се силувани, самите си се криви, затоа што се облекувале провокативно и со тоа ги предизвикувале силувачите :^) Ако сакам и гола ќе се шетам, и никој не смее да ми направи ништо, затоа што тоа е право на личен избор.
    Да ти одговорам на прашањето погоре - не, никако не може да се оправда некој професор да зјапа во деколтето на ученичка. Тоа како учениците се облекуваат и дали тоа е примерно или не е сосем друга тема на муабет. На мажите им се допаѓаат помлади девојки, и на жените помлади момци, но училиштето не е место за тоа, професорите и професорките треба да останат професионални во секое време и во секакви услови.

    Одговор на прашањето: ако некој професор се обиде да ми направи нешто, јас веднаш би го пријавила кај психологот, уште истиот ден! Доколку немате храброст да го направите тоа самите, кажете им на родителите, мислам дека никој родител нема да остане рамнодушен. Ако јас и кажам на мајка ми за ваква работа, мислам дека со полиција ќе дојде да го собере :D Тоа што некои од девојчињата му враќале на неговите коментари нема ништо да смени, за неговото однесување треба да разбере управата и таа да преземе мерки, само така ќе сфати дека работата е сериозна и неговата кариера е загрозена.
     
    На Hipica и LittlePinky им се допаѓа ова.
  15. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.343
    За да се реши проблемов со професори манијаци, но и девојки кои провокативно се облекуваат за на училиште, најдобро е ама баш сите да носат училишна униформа. Исто така и за час по физичко строго се знае што се носи шорцеви ( не хеланки), бела блуза и шангајки. Често знаат маливе да се облечат провокативно и на час по физичко.
    Униформата е воведена во многу основни и средни училишта, барем во мојот град уште пред 10 години.

    А како со професор манијак?? - Па јас би го накодошила, би кажала дома на моите родители, на класната, не би му се плашела....
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Ми предаваше еден таков. :@
     
  17. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Еден совет од мене до сите оние на кои им предаваат вакви професори/наставници: Не криете, не премолчувајте доколку ви прават нешто. Кажете им на родителите, педагогот, психологот, било кој, нема срамота. :!:
     
  18. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.104
    Пол:
    Женски
    @LittlePinky што испадна со професоров?
     
  19. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Во право биле, стварно зјапа во женскиве, онака, неубо, creepy и само женски скорива пред табла и си мести столче назад во училницата и додека овие пишуваат на табла, на овој цело време му одат очите кај шо не треба. По скали не дај боже пред него да слегуваш или да се качуваш, ќе те измери цела. Бог да чува од вакви :puke:
     
  20. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.945
    Допаѓања:
    30.779
    Пол:
    Женски
    Јас имав еден ваков професор во 1ва година.
    Намерно цело време ги тераше девојчињата т.е нас, да ја бришиме таблата, или пак да пишуваме на табла, само за да не измерка од горе до доле. Ќе те викне кај него на катедра да читаш нешто, тој само те зјапа. Вака беше 1-2 месеци, и се собравме ние девојчињата и патот кај директорката.
    Не го избркаа, ама уште еднаш девојчињата не ги погледна, ни пак му викаше да испаднат на табла. :D
    Само строго за тие професори, и мој совет: Веднаш да кажете такво нешто, не чекајте ни ден да помине!
     
    На makgirl и LittlePinky им се допаѓа ова.