Кармата е своевиден закон за причините и последиците кои владеат во материјалниот свет. Постои добра и лоша карма и таа постојано се создава - со добрите постапки се создава добра карма, а со лошите лоша. Овој хороскоп ви открива како секој хороскопски знак најдобро може да влијае на својата карма. Според таа филозофија, треба да се потрудиме да правиме добри дела и да си простуваме себеси поради повремените падови и грешки. Ова е мал потсетник како секој хороскопски знак најдобро може да ги искористи своите карактерни особини за позитивно да влијае на светот околу себе. Овен - Генерално, потрудете се да бидете љубезни, топли и весели, а не надуени. Потрудете се вашето добро влијание да се прошири на другите. Обесхрабрената личност секогаш можете да ја расположите со вашиот оптимизам и мотивација. Бик - Вие имате око за се она што е убаво во материјалниот свет. Препуштете се на вашиот ентузијазам, нека се види на секој чекор и поделете ја вашата љубов кон добрите работи, колку и да ви изгледаат мали. Животот е уметничко дело. Близнаци - Вие сте комуникаторот на зодијакот. Ги слушате и охрабрувате луѓето да кажуваат што мислат и да се изразуваат на било кој начин на кој знаат и умеат. Дружете се со луѓето, бидете им друштво за шопинг. И мала услуга може целосно да го промени животот, без разлика на тоа дали станува збор за вашиот или туѓ живот. Рак - Вие знаете да ги направите луѓето да се чувствуваат како дома. Затоа тие се отворени кон вас и кон другите. Вашата емпатија и топлина лесно можат да го избришат чувството на осаменост. Лав - Живеете во центарот на вниманието, па со некој го делите тоа место или доброволно му го предавате на некој друг, што значи дека тоа од вас е многу добар гест. Вие сте во состојба да влијаете врз самопочитта на луѓето како нитуеден друг знак. Девица - Практичноста и трудољубивоста се вашето второ име. Вие можете без проблем да бидете шампион кој не е доволно ценет. Комплиментот или убавиот збор кажани од вашата уста имаат големо влијание врз другите луѓе. Вага - Мир, тишина и хармонија се во вашата срж, а тоа е она по кое тежнеат луѓето. Вие, самите по себе, ги гледате двете страни на несогласувањата, па затоа луѓето чувствуваат како секогаш да можат да разговараат со вас, а вие можете да ги разберете без разлика за што станува збор. Бидете секогаш достапни за нив и ислушајте ги, тоа е моќен пат кон добрата карма. Шкорпија - Вие сте цврти и сочувствителни и можете да бидете со луѓето кога никој друг не може. Исто така, кај вас голема доблест е тоа што го поднесувате она што другите луѓе не би можеле да го поднесат. Стрелец - Вие живеете спектакуларен живот и не се плашите на начинот на кој светот и вселената функционираат. Бидете до вашите драги личности и советувајте ги, утешете некого кој е премногу лабилен и нервозен за да се соочи со проблемите. Јарец - Вие сте неуморен работник и најдобар пример како некој кој оди напред и кога работите не функционираат. Вашата работа и труд треба да бидат признати јавно, а вие треба да сте признати како луѓе кои најмногу инспирираат. Водолија - Вие сте адвокат на луѓето, агенти на иднината. Вашата неверојатна, иновативна перспектива им дава надеж на другите луѓе. Секогаш сте способни да смислите план Б. Поделете го вашиот вроден оптимизам со другите луѓе и гледајте како со него луѓето се преродуваат. Риби - Вие добро знаете што личноста крие длабоко во себе. Луѓето ви веруваат и сакаат да разговараат со вас. Заштитете ја вашата нежност, но бидете до вашите сакани за да ги ислушате и да ги сфатите. За возврат ќе имате мирен и среќен живот.
Близнаци - Вие сте комуникаторот на зодијакот. Ги слушате и охрабрувате луѓето да кажуваат што мислат и да се изразуваат на било кој начин на кој знаат и умеат. Дружете се со луѓето, бидете им друштво за шопинг. И мала услуга може целосно да го промени животот, без разлика на тоа дали станува збор за вашиот или туѓ живот. hm da
Стрелец - Вие живеете спектакуларен живот и не се плашите на начинот на кој светот и вселената функционираат. Бидете до вашите драги личности и советувајте ги, утешете некого кој е премногу лабилен и нервозен за да се соочи со проблемите. хммм да...
Спојлер julie77-напиша за Водолија: Вие сте адвокат на луѓето,агенти на иднината.Вашата неверојатна,иновативна перспектива им дава надеж на другите луѓе.Секогаш сте способни да смислите план Б. Поделете го вашиот вроден оптимизам со другите луѓе и гледајте како се преродуваат Навистина точно и водолијата секогаш има план Б
Хороскопските знаци и кармата Вага Мирот, тишината и хармонијата ви се во сржта, а тоа е она кон што тежнеат повеќето луѓе. Вие сами по себе, природно, ги гледате двете страни на секое несогласување, па затоа луѓето чувствуваат како секогаш да можат да разговараат со вас, вие ќе ги разберете. Бидете тука за нив и сослушајте ги, тоа е можен пат кон добрата карма. Секогаш сите ги сослушувам ,ама нема кој да ме сослуша мене кога ми е потребно. И каква карма е ова?Ваљда bitch.
Јарец - Вие сте неуморен работник и најдобар пример како некој кој оди напред и кога работите не функционираат. Вашата работа и труд треба да бидат признати јавно, а вие треба да сте признати како луѓе кои најмногу инспирираат. ... Апсолутно...
Рак - Вие знаете да ги направите луѓето да се чувствуваат како дома. Затоа тие се отворени кон вас и кон другите. Вашата емпатија и топлина лесно можат да го избришат чувството на осаменост. Точно е.
Јас сум скорпија и она што е напишано одговара со мојот карактер. Настрана од тоа, каква врска има хороскопот со кармата?