Како ја препознавате вашата пријателка?По што препознавате дека токму таа е вистинска пријателка?Од каде знаете дека ви е верна ? Сакам да слушнам мислења од вас,што мислите вие? Спојлер (Ако е дупла-канта)
Paa se zapoznavme taka uste od mali, sosedki sme si razgovarame za se, ubavo e no veruvaj nikogas nemozes da ja zapoznaes idealnata prijatelka i ne i se doveruvaj mnogu... [mod-kirilica:2jesrdi6][/mod-kirilica:2jesrdi6]
. .....имав срека да имам две вистински пријателки во животот.... ...се знаеме неколку години,ама како да се знаеме цел живот...јас сум како чупе од битола но сум мажена во друг град,така да немам околу мене нит мајка,нит сестра,нит брат,нит другари од детство... така да митребаа луѓе на кои можам да се потпрам во секој момент за били што,и за арно и за лошо... ....случјно се запознав и со двете,и почнавме со обично кафе дружење,за понатака да станиме и куќми пријатели ги споивме и сопрузите....од кафе дружење,во текот на животните ветрови ,секогаш бевме тука една за друга,да си помогниме финансиски,морално,без завист,несебично чување на слатки тајни....хахаха....прикривање на лошите и гордеење со убавите случки..едноставно се одеше спонтано,ненамерно,и опстана многу,многу години......пресреќна сум што ги имам а мислам дека и тие се со мене.. ...
Не постојат такви! Ова време е невреме, кога луѓето се себични и си ги гледаат само своите интереси. Пријателствата се повеќе се од интерес отколку од добра воља и желба да му се помогне на другиот. Вистински пријатели денес можат да ви бидат само членовите на вашето семејство. Зашто само тие искрено се радуваат на вашиот успех и со иста болка ја делат вашата тага. Останатите само(јавно или скриено) ви љубоморат на успехот, а се радуваат на неуспехот.
Одевме заедно во основно,до петто одделение и не се дружевме толку,но потоа почнавме многу да се дружиме...е сега како ја препознав...таа е исто вага во хороскоп,не интересираат исти работи,слични сме,си кажувавме тајни,и сега сме неразделиви,ма да имало и многу караници,но ете нашето пријателство опстана
За среќа јас имам неколку такви.Ги препознав така што кога ќе им кажам некоја тајна,не ја издаваат,и сум сигурна дека можам да им кажам се.(добро,не баш се)..
Сметам дека во денешно време е доста тешко да се најде некоја таква на која баш се можеш да и кажуваш во доверба..Инаку постојат некои добри другарки што всушност се и наше друштво кои многу пати ни помагаат во разни ситуации.
Многу е тешко во денешно време да имаш вистинска пријателка...но среќна сум што барем 2 ги имам... Едната ми е и втора братучеда но исто како сестри да сме... Можам да им кажам се што ме мачи и секогаш би ми помогнале а исто и јас кога им треба помош... Сепак вистинското пријателство не можеш да го предвидиш или препознаеш...само по себе си доаѓа
Се знајме од мали , имногу си веруваме една на друга имам 2 такви вистински пријателки а другите се само онака.. никој неможе да ги замени..
Епа вака... ♥ Првата, и од двете најдобри по добрата, а воедно и мојата најблиска братучетка е онаа на која навистина можам се да и кажам, а притоа да не каже ни збор на некој друг . Поголема е од мене 3-4 години, но како сме се повозрасни, тие години не се ни приметуваат. Живее на другата страна од улицата. Буквално секој ден сме заедно и се што се случува во нашите животи го знаеме и двете. За секој проблем била до мене, за секоја мака се потрудила да ми помогне. Ја сметам за НАЈдобра другарка, братучетка, за едно од повредните нешта во мојот живот, но знам дека и јас неа многу и значам, едноставно знам дека тоа е така и многу ја сакам, МНОГУУУ. Секако се караме понекогаш, како мали си бевме страшни ''непријателки'', многу се имаме карано, но како што кажав, тоа беше кога бевме мали, сега сме неразделни. ♥ ♥ Втората, за нијанса не толку доверлива пријателка ја запознав уште во градинка, пред многу, многу години, дури и во забавиште имаме заедно одено, обрзованието заедно го поминавме, и сеуште сме премногу блиски. Разликата е во тоа што неа за пријателка ја сакаат и моите вистински сопернички, па така понекогаш таа потпаѓа под нивно влијание, но иако тие се група од околу 5-6 девојки, а ние само две, секогаш бевме и сме подобри од нив, и успеваме да се смириме по секоја кавга, а ја сметам за најдобра пријателка, затоа што и покрај тоа што некогаш ги одбирала нив наместо мене за да отидат да се напијат по едно кафе, НИКОГАШ не издала што и да е. Неа ја сакам премногу и не би ја заменила за ништо на овој свет. ♥ Јас тешко им се отвара на луѓето, несакам да претерувам и да звучам невозможно, но никогаш освен на овие две девојки и моето семејство, не сум си кажала што ми лежи на душата. И затоа фала му на Бога никогаш не бев изгорена и понижена, секогаш бев во предност од моите непријатели затоа што јас ги знаев нивните маани и слабости, а тие моите воопшто или многу малку. Затоа внимавајте кого одбирате за пријател, а кој/и е/се вистински пријател/и ќе се покаже кога ќе ви биде нај, најтешко, и секако кога нема или ќе ви ја кажат тајната. ! Долго е, но навистина од се срце се потрудив да го напишам ова и да споделам овој дел од мојот ЖИВОТ!
Јас имам две вистински другарки. За едната знам откако знам и за себе. Комшивки сме, уште од мали се тепавме, си игравме, кога едната ќе се повредеше во игра двете заедно плачевме. Секогаш сме си биле поддршка една на друга. Со другата се запознавме во забавиште, заедно одевме и заедно седевме. И со нејзе сум комшивка, (малку подалеку ми е она), после 1-4 не бевме толку блиски оти бевме во разни класови, а од 5 пак сме заедно. Од тогаш сме неразделни. И двете ми се посено драги, ретки се тие како нив.
Се познаваме од 6 годинки и сите овие години сме заедно а дали и 5 пати се имаме скарано и тие караници не се некои големи. По фер е од мене, морам да признаам.. Знам дека звучи клише "кога сум тажна е до мене" ама навистина е така. Во тажните моменти само таа може да ме насмее.
Имам две вистински пријателки на кои можам се да им кажам.Како што има:Прашај го вистинскиот пријател кој сум, најубаво ќе ти каже.Вистинската пријателка е тука кога ти е тешко и тагата ја делите заедно.Исто така и среќата.Заедно се радувате, плачете , се смеете.По однесувајнето и по постапките можеш да забележиш кој ти е вистински пријател а кој лажен.Сум имала и лажни пријатели на кои подоцна им паѓа маската
Паа вистинска е кога ке се налути веднаш прави нешто за да се смири со тој/таа.. А не некоја која само чека да направиш и најмала грешка и одма не се др со тебе ...
- искрено ти кажува се што мисли, не ти прави лице и не те тапка по рамо - не ти се лути кога ти и сугерираш за нешто - со тебе плаче и во радост и во смеа - ти се наоѓа во секое време за се - точно знае самата кога ти треба - сочувствува и преживуваат заедно се - не постои кавга - и најубаво од се...кога ќе те нарече дадичка (pozz meU)
Од кога знам за мене сум со неа комшивки сме уште од мали сме заедно Секогаш сме си биле поддршка една на друга уште од мала неа сум ја избрала како најдобра друкарка и така си остана со години
Мојата другарка ни ден денес незнам дали ми е вистинска. Не можам целосно да верувам на никого али за тоа дека имам најдобар другар да. Го познавам по тоа што му се качувам на глава и не ми се лути за ништо,не можам ни ја да му се налутам па ни тој мене,ми ги знае сите тајни ги знам и ја неговите и секогаш е тука за мене и секогаш сум тука за него.Со никого не сум максимално опуштена колку со него и во пекол да сум пак му верувам и не се плашам од ништо кога е со мене,ме разочарал не викам не ама се потрудил да се смириме и така