Ја почнав серијава откако ја видов на Тикток. Ми се допаѓа различниот распоред на епизодите, но сепак правило е белата епизода да се изгледап последна. Ваши мислења?
Интересно почна, јас почнав да гледам од "зелената" епизода. Ама понатаму ми се развлече, затупи малце. Како и да е, не е лоша серијата.
И јас ја почнав со зелената па жолта, следна ми е плава. Интередна замисла, минсе допаѓа до сега, малку ме потсетува на la casa de papel со концептот на серијата. Ќе видиме како ќе се одвива
Јас ја изгледав во еден ден, многу ми беше интересна. Ми се бендиса шо беа измешани настаните, па дури во следната се објаснуваше шо како, баш за да те тера да ја гледаш без престан.
Јас ја завршив, и не сум нешто импресионирана. Не ме држеше во неизвесност, да не можам да престанам да гледам, напротив заспивав на епизодите. Да не беше концептот како што е, да се гледаат измешано немаше да е толку популарна. Smart move