1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Калиопи ќе нè претставува на Евровизија 2012

Дискусија во 'Канта' започната од Mini-Mouse, 19 ноември 2011.

  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Калиопи сега пие јајца за да викне вечерва :D
    Досадно ми е нека почне веќе
     
  2. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Во колку почнува? На мтв1 беше нели?
     
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Да, на МТВ1 во 21:00. Втори настапуваме. Прв е Жељко.
     
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    [СДК] Сакам да кажам...

    Епа со цела душа го чекам утрешното издание на Бекстејџ и нивниот прилог за настапот и влезот во финале на Калиопи вечерва, ако спомнат воопшто...
    Нивното очајно, сеирџиско и досадно „voice for kaliopi“ помогна дефинитивно!

    Поздрав Бекстејџови џенцки!!!
     
    На mims-89, cinderella5 и MandyLane им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    [СДК] Сакам да кажам...

    Не чекај за џабе, презафатени се со промовирање на новиот видео запис на мегапопуларниот Били Ѕвер, сигурно нема за кутрата Калиопи да трошат време, тие 15 минути треба да се искористат максимално за форсирање на шундот во државава! :x
     
    На Maca-BT, Smilly и esperanca им се допаѓа ова.
  6. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    [СДК] Сакам да кажам...

    Тада да даам! Еве ги,фамозните бе :^)

    Почитувани ФБ пријатели,

    Прво Ви благодариме што одвоивте време да ни пишете на нашата ФАН страница и што редовно не следите. Уште повеќе што и денес не следите и покрај се сте наши фанови. Се радуваме и ние на историскиот пласман на Калиопи во финале. Македонија на овој фестивал ионака не догурала подалеку. Разните полови органи, гениталии, измети и останати епитети ќе ги сметаме и ќе ги сватиме исклучиво само како восклик на радост и неизмерна среќа, а никако како немање елементарна култура и домашно воспитание.

    Тоа што веднаш по фестивалот некој од фановите одма седнале да напишат навреди и пцовки, ќе го разбереме само како нужна потреба веднаш да се сподели различно мислење, а никако како немање сопствен приватен живот и попаметна работа на полноќ да се исправаат криви дрини.

    Во интерес на што помирно следење на финалната вечер, чисто информативно сакаме да споделиме дека Латас и Sинго немаат никаква допирна точка со Бекстејџ. Напротив, Бекстејџ е приватна продукција која се емитува само на Телевизија Сител. Уредувачката политика на телевизијата не кореспондира со соддржините во Бекстејџ. Напротив, Калиопи вчера имаше настап во централниот Дневник каде што Латас е уредник и афирмативен прилог со сите фалби. Што би рекло сега во сабота можете да навивате со полно срце и безгрешни мисли за овие два лика.

    И на крај најважното. Внимателно прочитајте ги сите текстови кои се објавени во врска со Калиопи. Никаде не пишува дека е спорен нејзиниот глас, песна или евентуален историски пласман во финале. Спорно за нас беше како замина на истата таа Евровизија. Ние без оглед на се, од нашиот став не бегаме. Истиот се потпира на истите факти, како што е факт дека таа влезе во финале. Како што е факт дека беше редовен гостин во Владата на РМ и кабинетот на Премиерот пред да замине во Баку.

    Нема да тужи. Го тужеше Трендо и изгуби... Не е од вчера она...

    П.С. Коментарите на ѕидот какви и да се, нема да бидат избришани. Тие говорат многу повеќе од било кој новинарски текст за ситуацијата во која се наоѓаме...

    П.С.2 Поканата за интервју со поп дивата останува отворена!

    Имајте убав евровизки период и останете насмеани,


    - |( |( Кул стори бро,тел ит аген.
     
    На pink4ever и mims-89 им се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Колку само се патетични овие од бекстејџ, не се свесни ни самите. Глупаци.
     
    На miss.ella и esperanca им се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Дали тоа ќе прикажуваат за Канскиот фестивал, за Дуран Дуран, Били Ѕвер и Кербер, а Симона Ѓокиќ воопшто не ја спомна макар и последна Калиопи на најавната шпица од денешната емисија на Бекстејџ?

    Нивната дрскост ај што не престанува, туку така има да им опадне гледаноста која колку-толку ја имаат поради тоа што се безобразни, што ќе ми се напраи голем ќејф. Сами си ја копаат сопствената дупка.

    ЕДИТ: Ааааааааааа кажаа хахаха :D сепак се решија да кажат 2-3 збора и паметно.
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    A помина бекстејџ? и Hе спомнаа ништо за Kалиопи а? :lol:
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Лудо кажа оваа Симона „и за крај...“ и прочита неколку реченици за настапот, кој влегол во финале досега, кои се другите финалисти и тоа. После кажа за искачања во кафичи, дискотеки дрндрн и толку мислам заврши.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Едно огромно БРАВО за Калиопи! Не претстави во најдобро можно светло. Настапот и беше извондреден, како и самата таа. Преубаво изгледаше. Се и беше погодено. Шминка, облека, фризура, СЕ! И тие што свиреа во позадина го разубавуваа настапот. Оваа година сум ептен задоволна од настапот на нашата држава и можам да кажам дека сум горда што сум македонка. Џабе беа сите критики, подбивања и негативни коментари кон Калиопи. Таа ги покажа своите способности и можам да кажам, им ги затвори устите на сите тие што плукаа по неа. И нема врска англискиот. Па сепак таа е жена од 40-50 години. Срамота е за младите да незнаат, а таа е супер во споредба со некои. И сепак таа не доаѓа да се претстави со својот англиски јазик, туку со гласовните способности. Така да, GO KALIOPI! Едвај чекам да дојде финале. Со Калиопи до крај, до победа!!! :D
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Калиопи испеа прекрасно. До душа, на почетокот малку како да имаше трема, ама по првото извикување-се ослободи. Но, не верував дека ќе влеземе во финале, пошто-зошто-затоа што ова е Македонија. Ама ете имало среќа бре...
    Како и да е, и посакувам голем успех на Каљопа (како што ја викаше мојата покојна парабаба).
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    194
    Јас искрено никогаш не сум ја обожавала како пејачка,никогаш не сум и ги сакала и песните ептен некако ми е антипатична,но искрена да бидам ептен добро не претстави на евровизија,редновно ги следам сите евровизии до сега и мислам дека најдобро се претстави без трема,многу самоуверено дури ме фасцинира нејзиниот настап а бев најголем скептик напред МАКЕДОНИЈА ;и едно големо браво за Калиопи НАПРЕД КАЛИОПИ :music:
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Мислам дека Калиопи не претстави најдостојно и е најдобар настап од сите наши досегашни претставници.
    Иако си признавам не го очекував тоа.
     
  16. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    И јас бев скептик. Не сум некој фан на Калиопи. Ниту плукав, ниту ја обожавав.

    И вчера таман ги прогласуваа 10те кои влегоа во финале седам на компјутер и во позадина само гласот на водителката го слушам. И кога ја спомна Македонија.... :o :o :o :o Што слушам по ѓаволите?? :o
    Не очекував. Потоа враќав на МаксТв да го видам одново моментот. Прајслес. :clap:

    Инаку утре се надевам во топ 10 дека ќе биде. :angel:
     
  17. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Едно големо БРАВО за Калиопи! :clap:
    Не очекував дека ќе влезе 10 финалисти. :) Ама ете `Храбрите среќа ги прати` :nod:
     
  18. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    За вечер очекувам да бидеме барем во првите 10. Да бидеме исркени, Калиопи е една од најдобрите изведувачи таму, со најсилни гласовни способности. Да не претерувам, но можно е и меѓу првите 5 да се најдеме. Дефинитивно, најдобрата претставничка која Македонија би можела да ја има.
    Според новинарите, Калиопи е на 6тото место. Се надевам дека така ќе биде и вечер, па и подобро.
    http://kurir.mk/magazin/scena/72173-FOT ... a-Evrosong
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
  20. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Колку ние луѓето сме дволични и имаме променливо мислење тоа чудо е.
    На почетокот од темата,Калиопи ваква таква , пискава , потплатила да оди, срам за Македонија незнае два збора англиски.
    Сега откако влезе во финале, БРАВО КАЛИОПИ , НАЈДОБРА СИ, никој неможе со Калиопи, има нај квалитетен глас.
    Па луѓе малку став ! Задржете си го ставот не се вртете онака како што дува ветрот :rofl: