1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Калиопи ќе нè претставува на Евровизија 2012

Дискусија во 'Канта' започната од Mini-Mouse, 19 ноември 2011.

  1. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Многу ми е гајле кој ќе не претсавува одвратна манифестација ми е.

    Ја забораваат вредноста на музиката луѓето очигледно, па мешаат политика во нешто кое е толку вредно убаво корисно нешто кое те орасположува .......

    А инаку кој и да испратиме се исто ни се фајќа
     
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Епа не бидете толку песимистички настроени.
    На сите ни е јасна ситуацијата и гласањето, ама кога можеше Србија да победи, зошто и ни е не? ^_^ :lol: Тоа малку потешко :tmi: ама можда ќе имаме годинава добар пласман.
    За евровизијава ја су скептик уште од времето кога Мартин Вучич не претставуваше па навака ич немаме квалитетна песна пратено.
    Ќе видиме што ќе направи Калиопи(изборот на песна значи следи допрва ко што разбрав), народот со гласање ќе одбира песни ко за Тоше што се бираше(од неколку песни) таа со најмногу гласови ќе оди.
    Е тука е важно, да има согласнот и да се одбере навистина најубавата и најквалитетната за сечие уво, и да биде силна, моќна и певлива. Се надевам дека Опи ќе успее да изнесе таква песна.
    Во неа не се сомневам и во нејзините гласовни способности, иако знаеме каква политика е евровизија ја и посакувам многу среќа ДОСТОЈНО ДА НЕ ПРЕТСТВИ И ДА НИ ГО ОБЕЛИ ОБРАЗОТ веќе еднаш после овие две години брукања и исмевања, со јазикот и критиките, местени, не местенки.
    Уште да ги слушнеме песните, па после ќе дисуктираме за квалитетот и за изборот. :)
     
    На Mini-Mouse му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Жената е супер има прекрасен моќен вокал ...ам џабе ни е се ,пошо евровија е наместена секоја година го гледаме тоа сите земји си ги разделуваат поените на своите соседи и се веќе однапред си знаеме како ќе биде ,дури нема ни потреба да се гледа мислам јас |(
     
  4. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    леле...па неееее! зш еднас не се одбере некој пеач со стас и глас..и да се осмисли асална кореографија и сцена....ова пак ке биде нешто кич како и до сега, со исклучок на Eлена Rистевска
     
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Баш ОВА е нашиот проблем. Секогаш сакаме(т.е. не сакаме ние, туку ги праќаат без врска) да пратиме што потешка песна и што поквалитетен вокал, наместо да се гледа пред се песничката да е лесна, певлива, па макар и вокалот да не е најнај.. И секогаш истата тема, или се пее за МУЗИКА или за некојаси животна филозофија. |(
    И да е наместено, не велам не, ама на Евровизија победува лесен ритам и претпознатлив сценски настап, а не квалитетни дападнешнаг*з вокали.
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Што се буните за Калиопи, кого треба да испратиме Дарко Илиевски или Панчо?
    Жената е колку толку позната барем на Балканот, има прекрасен глас. И поубаво што нема избор, зашто е само трошење пари и местенки.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Што ако има квалитетен вокал, кога песната ќе биде тапа и пак ништо. |(
    Кај нас нема уникатност, нема креативност. Јас отсекогаш се прашувам зошто синтезис не ги пуштат, имаат преубави песни во етно стил, абе милина. Сигурна сум дека со нив би освоиле повисоко место.
    Али шта је , ту је.
     
    На thinkerbell и MandyLane им се допаѓа ова.
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Не секогаш победува лесна песничка, певлива. Да не речам глупава.
    Еве пример Марија Шерифовиќ со Молитва. Преубава песна, статичен сценски настап, балада, а плус и на мајчин јазик пееше. И победи. Заслужено.
    А ние секоја година што се брукаме тоа е факт.
    Калиопи барем има глас. И џабе зборите не е битен вокалот, кога е битен. Само ние немаме добра песна. И никогаш нема ни да имаме. Затоа и пејачот и неговиот глас не доаѓаат до израз. Што ако Тоше беше на Евровизија. Кога песната беше никаква. А таа година Жељко партал направи исто со балада. Или неколку години после тоа мислам, Хари Мата Хари со Лејла. Балада.
    Единствена песна (песна зборам, не пејач) што вредела на Евровизија е Црно тиквешко од Владо.
    На наш јазик испеана, без глупирања и сл.
    Си мислат таму некои дека ако пееме на англиски ќе собереме некое поенче повеќе.
     
    На Divinebutterfly и tropix4e им се допаѓа ова.
  9. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Мора да рециплирам на болдираново..Мислиш дека синтезис би прифатиле понуда да одам на еден циркуз како што е евровизија? Мене не ми се верува... Тие веќе им се познати на доста луѓе во светов, и не верувам дека ќе сакаат преку евровизија да ги покажаат своите способности, а воедно и да се рекламираат самите себе...

    Јас евровизијата ја сметам како една промоција на пејачот надвор од нашата држава, да стекне некое искуство и колку толку да му биде познат на балканот(секако дека нашиот изведувач никогаш нема да се спомне на скадинавските земји, како што и ние тоа го правиме) :$
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    А кога имало избор за песна на ТВ ?
    Или немало ? ..
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Па изборот на песна не е направен, Калиопи како претставник ја избрале без конкурс без избор, а нејзината песна ќе треба да се одбере веројатно со гласње преку смс пораки.(Како што беше изборот на песна за Тоше) :)
     
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Oва излгеа зашто плачеше пред година две зашто не ја избраа.....па нели демек никогаш немаше да се врати во Македонија да пее, бла бла....
    Циркузи, во сколоп на целта манифестација
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Калиопи ако ништо друго е одличен вокал, никој неможе да оспори дека има прекрасен глас. Подобро таа да не претставува, отколку некои што беа испратени последниве години.
    За песната ќе видиме, ама и јас како и повеќето, не се надевам на којзнае каков пласман. Дај Боже да грешам. :)
     
  14. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Ве молам малку воздржете се од коментарите за Калиопи.
    Се најде некој по асален од нејзе во претходните години?
    Кој друг може таа обврска цврсто да ја превземе?

    И годините и се таман, има искуство и грешки од кои верувам дека научила повеќе од секој кој може да биде ново изберан претставник за да не претставува.

    Добро знаеме какви сме, на што сме, каква е Македонија и какви песни има, НО тоа не значи дека истото треба по 100ти пат да се повторува во секоја тема. Во ред такви сме, но не стоиме во место, се движиме можеби со милиметри, но сепак се движиме.

    Баш ми е мило да нема избор и нејзе да ја испратат. Нека проба бре, шансата ја имаа многумина кои се знаеше дека нема да направат ништо, зошто да не видиме дали може нешто?
    Се пријавуваше упорно повеќе пати, верувам ова и е силна замисла и дека може да ја зграби.

    И онака не ве занима евровизија нели? И онака ви е гајле дали Македонија ќе учествува?
    Па што тогаш се буните? :)
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Нека оди кој сака знам дека нема да влеземе во финале не се надевам,така да сеедно ми е .
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Прво се извинувам, што отворив тема за ова, не видов дека веќе постоела. :$
    Па искрено, мене веќе се ми е исто. И онака како што кажавте, не се пласираме никогаш високо, дури веќе неколку години по ред, не одиме во финале. Иако сега сигурно Калиопи ќе не претстави со некоја балада, но барем, нема да не претстави некој дебитант, што прв пат слушам за него. Како што рече Сашко на Златна Бубамара? Какви се македонските песни? Се некој некого оставил, ми отиде за друг, јас го имам волот, она мене не ме воле.. |( И не ми е јасно, како може цела година, да има некои солидни песни, а кога станува збор за Евровизија, сите се која од која, неможат една асална песна да направат. Иако Калиопи е доста солиден вокал, требаше НИЕ да одбираме, а не МРТ.. ама се знае.. какво с*ање се.
     
  17. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    сеисто ми е ..... како и да е нема којзнае што да постигнеме :|
     
  18. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Нормално дека не би прифатиле, затоа досега не се ни пријавиле. Кажувам само дека со нив би имале некаква шанса, а што се пријавуваат тикви на евровизија, тоа е друго.
     
  19. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Кој сака нека ја претставуваа државава i don't care anymore. И така нема да влеземе у финале, нит ќе се пласираме за у полуфинале (не се сеќавам кога последен пат сме се пласирале). :!: Не сакам да бидам погрешно сфатена дека зборувам лошо за државава, дека не верувам во неа итн итн, ама како бре луѓе очекуваат да влезат во финале кога пеат на македонски?! :fubar: Па брате мили кој ќе ја разбере песната освен србине, хрватине и бугарине? И после очекуваат да влезат во финале? И на евровизија веќе не доаѓаат луѓе кои се стварно познати и имаат квалитетен глас, туку дечишта што мислат дека ако се облечат како Лејди Гага ќе влезат во финале! :x Искрено не вреди да се коментира. Нека и е со среќа на Калиопи, дај боже она да успее да не донесе до финале.
     
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Калиопи се откажа дека никако не и` дошол редот за Евровизија, а е во првите вокали, ама еве сега шанса и одма скокна за себе промовирање. 8)

    Однапред предвидувам лоша песна и лош пласман. (Иако Калиопи е искусна, итн...) :^)

    Однапред ја замислувам со црна долга коса како перика, силна шминка, долг темен фустан како мантија. |(

    Со должна почит кон Калиопи, ама за Евровизија треба нешто младо, разголено, растресено, лесна песна, а не тешка, ама квалитетна... :rock: